уништени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishteni/ За подобро да се разбереме Wed, 10 May 2023 11:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уништени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unishteni/ 32 32 Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iskrsheni-letnikovtsite-dolzh-patekata-pokraj-ezeroto-mladost/ Wed, 10 May 2023 11:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=639250

Посетителите и рекреативците од Велес апелираат до локалната власт да ги реновира летниковците од другата страна на велешко езеро Младост оти се речиси целосно уништени. Тие бараат и поставување нова урбана опрема, нови клупи и повеќе корпи за отпадоци.

Од осум летниковци на првата локација на патеката, само еден е сочуван. Најчесто се скршени нивните кровови но и целосно уништени и на останатите локации долж велешко езеро „Младост“, а кое е сè поатрактивно за гостите од земјава, но и бројни странски посетители.

Граѓаните кои се чести посетители на велешко езеро Младост апелираат до Општината и ЈКП „Дервен“ да ја засили чуварската служба за да ја чува урбаната опрема и летниковците, а несовесните да се казнуваат. Тие посочуваат дека во деновите на викенд и празник корпите за отпадоци треба почесто да се празнат и да се постават нови.

Од друга страна пак, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до посетителите да не ги уништуваат летниковците, клупите, корпите за отпадоци, како и опремата поставена во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“.

Инаку Општина Велес пред десетина години постави 60 летниковци на повеќе локации над велешко езеро. Тие се честа мета на поединечни вандалски посетители.

The post Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост appeared first on Република.

]]>

Посетителите и рекреативците од Велес апелираат до локалната власт да ги реновира летниковците од другата страна на велешко езеро Младост оти се речиси целосно уништени. Тие бараат и поставување нова урбана опрема, нови клупи и повеќе корпи за отпадоци. Од осум летниковци на првата локација на патеката, само еден е сочуван. Најчесто се скршени нивните кровови но и целосно уништени и на останатите локации долж велешко езеро „Младост“, а кое е сè поатрактивно за гостите од земјава, но и бројни странски посетители. Граѓаните кои се чести посетители на велешко езеро Младост апелираат до Општината и ЈКП „Дервен“ да ја засили чуварската служба за да ја чува урбаната опрема и летниковците, а несовесните да се казнуваат. Тие посочуваат дека во деновите на викенд и празник корпите за отпадоци треба почесто да се празнат и да се постават нови. Од друга страна пак, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до посетителите да не ги уништуваат летниковците, клупите, корпите за отпадоци, како и опремата поставена во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“. Инаку Општина Велес пред десетина години постави 60 летниковци на повеќе локации над велешко езеро. Тие се честа мета на поединечни вандалски посетители.

The post Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост appeared first on Република.

]]>
Поради птичји грип во Бугарија се убиени 39.000 кокошки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-ptichji-grip-vo-bugarija-se-ubieni-39-000-kokoshki/ Sun, 02 Jan 2022 14:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=439614

Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа со уништување на над 39.000 кокошки во село во јужниот дел од земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасковската област.

Ангелов истакна дека двете живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А.

Ова е втора епидемија во селото Криво Поле од април минатата година, кога беа уништени повеќе од 40.000 кокошки.

Во Европа и Азија во изминатите недели се проширија потешки форми на птичји грип, кој е фатален за живината.

Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но има некои случаи на инфекција кај луѓето кои предизвикаа загриженост меѓу епидемиолозите.

The post Поради птичји грип во Бугарија се убиени 39.000 кокошки appeared first on Република.

]]>

Бугарските ветеринарни власти денеска почнаа со уништување на над 39.000 кокошки во село во јужниот дел од земјата, откако беше потврдена епидемија на птичји грип на две тамошни индустриски фарми, изјави Минко Ангелов, гувернер на Хасковската област. Ангелов истакна дека двете живинарски фарми се погодени од високопатогениот вирус на птичји грип тип А. Ова е втора епидемија во селото Криво Поле од април минатата година, кога беа уништени повеќе од 40.000 кокошки. Во Европа и Азија во изминатите недели се проширија потешки форми на птичји грип, кој е фатален за живината. Птичјиот грип не може да се пренесе преку храна, но има некои случаи на инфекција кај луѓето кои предизвикаа загриженост меѓу епидемиолозите.

The post Поради птичји грип во Бугарија се убиени 39.000 кокошки appeared first on Република.

]]>