унилатерална изјава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unilateralna-izjava/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 17:22:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png унилатерална изјава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unilateralna-izjava/ 32 32 Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-temov-gospodine-osmani-kako-doktor-kakva-vrska-imate-so-lingvistikata-i-dijalektologijata/ Thu, 21 Jul 2022 17:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=531923

Господине Османи, По професија сте доктор, по вокација – политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете, каква врска имате со лингвистиката, конкретно со дијалектологијата!?, пишува лингвистот и професор Јовица Темов од велешката гимнанија на интернет објавувајќи дијалектна карта на македонскиот јазик со која ја демантира унилатералната декларација за јазикот на министерот Бујар Османи во која се тврди дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на територијата на денешна Македонија.

Дијалектологијата е наука, како што е наука и медицината, како што се и политичките науки. Кога Вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија.
Јасно е дека не можеме ниту јас, ниту Вие, да знаеме сè, ама оставете им го тоа што не го знаете на Вашите советници (ги имате десетици). Ако немате советник за лингвистика, еве јас се нудам, ги имам потребните квалификации.
Еве што не знаете: дијалектна и политичка карта не е исто. Во ниту една држава, државните и дијалектните граници не се исти. - Зошто? – Затоа што дијалектите постоеле многу пред тие земји да станат држави, порача Темов.

Додава дека на објавената фотографија е прикажана ДИЈАЛЕКТНАТА карта на македонскиот јазик, изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот „Крсте Мисирков“.

Обоените растери надвор од државните граници се области каде се говорат македонски дијалекти. Значи, ги има и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Албанија и во Србија...
Да тврдите дека македонски дијалекти има само на територијата на Македонија, е исто како да кажете дека албански јазик се зборува само во Албанија. Некој ќе рече дека не е исто... да не е исто, бидејќи сите знаеме дека албански јазик се зборува и во делови на Грција, на Македонија, на Црна Гора, во Косово. И никој тоа не го спори.
Нејсе, ќе ги изоставам Србија, Грција, Бугарија, за пример ќе ги наведам само местата во Албанија (сигурно тие Ви се познати), каде покрај албанскиот, се говори и македонскиот јазик: Билишта, Борје, Владоешта, Владимирица, Врбник, Глобочани, Запод, Зрновско, Клење, Корча, Лин, Подградец, Пустец, Себишта, Стеблево, Требишта, Туминец, Шиштавец...
Демантирајте ме, Вие или некој од Вашите советници, дека тоа не точно, а ако е точно, зошто Ви беше потребна таа несреќна изјава!?, прашува Темов.

The post Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? appeared first on Република.

]]>

Господине Османи, По професија сте доктор, по вокација – политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете, каква врска имате со лингвистиката, конкретно со дијалектологијата!?, пишува лингвистот и професор Јовица Темов од велешката гимнанија на интернет објавувајќи дијалектна карта на македонскиот јазик со која ја демантира унилатералната декларација за јазикот на министерот Бујар Османи во која се тврди дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на територијата на денешна Македонија.
Дијалектологијата е наука, како што е наука и медицината, како што се и политичките науки. Кога Вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија. Јасно е дека не можеме ниту јас, ниту Вие, да знаеме сè, ама оставете им го тоа што не го знаете на Вашите советници (ги имате десетици). Ако немате советник за лингвистика, еве јас се нудам, ги имам потребните квалификации. Еве што не знаете: дијалектна и политичка карта не е исто. Во ниту една држава, државните и дијалектните граници не се исти. - Зошто? – Затоа што дијалектите постоеле многу пред тие земји да станат држави, порача Темов.
Додава дека на објавената фотографија е прикажана ДИЈАЛЕКТНАТА карта на македонскиот јазик, изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот „Крсте Мисирков“.
Обоените растери надвор од државните граници се области каде се говорат македонски дијалекти. Значи, ги има и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Албанија и во Србија... Да тврдите дека македонски дијалекти има само на територијата на Македонија, е исто како да кажете дека албански јазик се зборува само во Албанија. Некој ќе рече дека не е исто... да не е исто, бидејќи сите знаеме дека албански јазик се зборува и во делови на Грција, на Македонија, на Црна Гора, во Косово. И никој тоа не го спори. Нејсе, ќе ги изоставам Србија, Грција, Бугарија, за пример ќе ги наведам само местата во Албанија (сигурно тие Ви се познати), каде покрај албанскиот, се говори и македонскиот јазик: Билишта, Борје, Владоешта, Владимирица, Врбник, Глобочани, Запод, Зрновско, Клење, Корча, Лин, Подградец, Пустец, Себишта, Стеблево, Требишта, Туминец, Шиштавец... Демантирајте ме, Вие или некој од Вашите советници, дека тоа не точно, а ако е точно, зошто Ви беше потребна таа несреќна изјава!?, прашува Темов.

The post Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? appeared first on Република.

]]>
Владата нема да интервенира во унилатерална изјава за македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nema-da-intervenira-vo-unilateralna-izjava-za-makedonskiot-jazik/ Thu, 21 Jul 2022 15:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=531884

Унилатералната изјава претставена на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на земјава во Европската Унија е еднострана изјава чија првенствена цел е да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јазик во документи на Советот на ЕУ, без какви било објаснувања, додавки или фусноти, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во таа функција, со оваа изјава се соопштува нашата позиција, пропишана во Уставот на Република Cеверна Македонија за македонскиот јазик како службен јазик на Република Cеверна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека изјавата во себе содржи релевантни делови од Уставот, Резолуцијата на Собранието од 29 јули 2021 година, и заклучоците од собраниската седница од 16 јули 2022 година.

Во согласност со форматот на унилатералната изјава, даден е кус осврт поврзан со кодификацијата на литературниот македонски јазик и неговата заснованост на специфичниот развој на дијалектите кои се земени како основа за кодификацијата и кои биле распространети на територијата на денешна Република Cеверна Македонија, а тоа се централните говори на западното македонско наречје односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес – Кичево. Поради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука, се истакнува во соопштението на МНР.

Од Министерството потсетуваат дека Преговарачката рамка за пристапувањето на Македонија во ЕУ, која беше усвоена на 18 јули 2022, е првиот документ на Советот на ЕУ во кој е содржана чиста формулација за македонскиот јазик.

Како што беше најавено од Европската комисија, наскоро ќе биде склучен Договорот за статусот на Фронтекс со јазична одредба во која покрај 24-те службени јазици на ЕУ ќе биде поименично наведен и македонскиот јазик. Договорот за статусот на Фронтекс ќе биде првиот билатерален договор меѓу Cеверна Македонија и Европската унија кој ќе содржи стандардна јазична одредба со вклучен македонски јазик. Сите идни документи на Европската Унија каде што ќе треба да биде наведен македонскиот јазик, во нивната целосна правна, политичка и административна форма ќе ја гарантираат рамноправната позиција на македонскиот јазик и неговата употреба без какви било објаснувања, додавки или фусноти, се додава во соопштението.

The post Владата нема да интервенира во унилатерална изјава за македонскиот јазик appeared first on Република.