Унија на млади сили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unija-na-mladi-sili/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 17:54:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Унија на млади сили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unija-na-mladi-sili/ 32 32 Мицкоски: Вашите најдобри години дајте ги за идеите и за вредностите во кои верувате, среќен роденден УМС! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vashite-najdobri-godini-dajte-gi-za-ideite-i-za-vrednostite-vo-koi-veruvate-srekjen-rodenden-ums/ Wed, 06 Apr 2022 17:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=484202

Оваа година се навршуваат точно 31 година од формирањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Под слоганот „Визија за победи, шанса за промени“ во салата „Марко Цепенков“ во Прилеп пред младината се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да го потврдиме и одбележиме значењето на оваа структура, која 31 една година е сопатник на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот најдобар чувар и следбеник. И секој член на ВМРО-ДПМНЕ е посебно врзан за оваа структура, затоа што во нашата партија редот е да се започне токму во УМС, прво да се запознае со сонот на ВМРО, потоа да се изнедри во човек кој ќе стои зад националните и државни интереси, да учи од повозрасните, да ги слуша раскажувањата пренесувани низ поколенија за тоа колку скапа и жестока била борбата за Македонија, дека за ова парче земја гинеле луѓе со храбри срца, луѓе кои биле движени од сон, идеја и челична волја, рече Мицкоски пред присутните.

УМС од секогаш било и место каде човек може да го вложи својот потенцијал, да ја вгради својата енергија и заеднички да градиме визија. Визија која ќе е нашата заедничка иднина, визија која ќе е нашиот дом, нашето парче надеж за кое вреди да се бориме, додаде тој.

УМС минувало низ искушенија, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО секогаш било во првите редови за татковината и не само кога требало борба, туку и кога требало да се гради и да се создава. Ако е ВМРО-ДПМНЕ историскиот сопатник на Македонија, Унијата на млади сили е енергијата која го движи ВМРО-ДПМНЕ. И таа енергија е неуморната сила која носи промени, расадникот од кој доаѓаат идеите, од кој следат генерациите кои создаваат движење и прогрес.

Мицкоски, како некогашен член на УМС, зборуваше и за чувствата на младината, за волјата за докажување, но и честа да се работи и создава за сопствената Македонија, да се брани сопствениот став, да се исполнува чекор по чекор сопствениот сон.

И затоа барам од вас да се борите за работите во коишто цврсто верувате, да имате почит, но и да стоите на вашите ставови, затоа што тие ставови се сликата за вас, вашите ставови се дефиницијата по која ќе ве разпознаваат од останатите. Бранете ги секогаш, покажувајте карактер, затоа што вие сте личности на силни индивидуи кои секогаш ќе ја имате мојата поддршка. Затоа, од срце ви кажувам, УМС СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! Уште многу години плодна работа, борба, беспоштеден ангажман. Вашите најдобри години дајте ги за идеите и за вредностите во кои верувате. За сонот што го имате. Имате шанса, за која мора да имате визија. Борбата за нашата татковина е борба за вашата и наша заедничка иднина како луѓе. Покажете карактер, имајте ставови со кои ќе ги менувате работите, идеите во кои верувате нека ве водат низ животот, низ сите бури и искушенија. И не само затоа што младите ѝ требаат на ВМРО-ДПМНЕ, туку затоа што вие ѝ требате на Македонија.

The post Мицкоски: Вашите најдобри години дајте ги за идеите и за вредностите во кои верувате, среќен роденден УМС! appeared first on Република.

]]>