унифицирани табли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unifitsirani-tabli/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png унифицирани табли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unifitsirani-tabli/ 32 32 Унифицирани информативни табли на сите објекти во чаршијата во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/unifitsirani-informativni-tabli-na-site-objekti-vo-charshijata-vo-ohrid/ Wed, 27 Nov 2024 13:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=842332

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.

Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.

За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро. Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот, информираат од Општина Охрид.

Каталогот за стандардизирана урбана опрема содржи типизирани и стандардизирани модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл).

Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.

Сите чекори на локалната власт во овој проект претходно беа дискутирани и усогласени со широката заедница на корисници на јавни трибини и меѓусебни консултации. Претставниците, сопствениците и корисниците на деловните простори, дуќанџии, занаетчии, угостители, заеднички ги креираат идните чекори во заедничка координација со општинскиот проектен тим, па дури потоа се спроведуваа процедурите на набавка и поставување на опремата, посочуваат од Општина Охрид.

Проектот се спроведува со одобрение на Управата за заштита на културното наследство. Проектот е во согласност со Стратегискиот план за рехабилитација на светското културно наследство на охридскиот регион и препораките на мониторинг и мисиите на центарот за светско културно наследство на УНЕСКО.

The post Унифицирани информативни табли на сите објекти во чаршијата во Охрид appeared first on Република.

]]>

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија. Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.
За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро. Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот, информираат од Општина Охрид.
Каталогот за стандардизирана урбана опрема содржи типизирани и стандардизирани модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл). Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.