УНХЦР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unhcr/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 16:23:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УНХЦР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/unhcr/ 32 32 УНХЦР предвидуваат сурова зима во Украина поради повеќекратните руски напади врз електрани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhtsr-predviduvaat-surova-zima-vo-ukraina-poradi-povekekratnite-ruski-napadi-vrz-elektrani/ Sat, 20 Jul 2024 16:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=798783

Луѓето во Украина ќе се соочат со тешка зима поради енергетската криза предизвикана од руските напади и им е потребна дополнителна помош за да ги преживеат студените месеци, предупреди Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), цитиран од ДПА.

„Енергија, енергија, енергија. Никогаш никаде не сум видел такво едногласност. Тие се навистина загрижени за овој проблем“, рече висисокиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди за ДПА, опишувајќи го својот впечаток од разговорите со украинските власти.

Според него, властите се многу загрижени за ситуацијата. Тој истакна дека обичните луѓе, особено во источниот украински град Харков, веќе стравуваат дека ќе останат без греење во зима.

„Неопходно е да продолжиме да ги поддржуваме“, рече Гранди.

По разорните руски ракетни напади врз украинските електрани, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации забележа благ пораст на бројот на бегалци во последните два до три месеци.

Тие се загрижени дека ќе мора да се соочат со зимата - или дури и оваа многу жешка сезона, без струја“, рече високиот комесар.

The post УНХЦР предвидуваат сурова зима во Украина поради повеќекратните руски напади врз електрани appeared first on Република.

]]>

Средба на Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-toshkovski-so-gualano-de-godoj-pretstavnik-na-kantselarijata-na-visokiot-komesarijat-za-begaltsi-na-on-unhtsr/ Fri, 19 Jul 2024 15:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=798520

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава.

На средбата, како што соопшти МВР, била потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати. Соговорниците разговарале и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.

Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци, рече министерот Тошковски.

Од страна на Габриел Гуалано де Годој бил потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.

Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил, истакна министерот Тошковски.

На средбата била нагласена заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР.

Притоа, во однос на досега постигнатото, Габриел Гуалано Де Годој ги пренел благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците.

The post Средба на Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава. На средбата, како што соопшти МВР, била потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати. Соговорниците разговарале и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.
Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци, рече министерот Тошковски.
Од страна на Габриел Гуалано де Годој бил потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.
Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил, истакна министерот Тошковски.
На средбата била нагласена заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР. Притоа, во однос на досега постигнатото, Габриел Гуалано Де Годој ги пренел благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците.

The post Средба на Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) appeared first on Република.

]]>
Претставникот на УНХЦР во Македонија: Прифаќањето на бегалците не е само морален императив, туку и меѓународна обврска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnikot-na-unhtsr-vo-makedonija-prifakaneto-na-begaltsite-ne-e-samo-moralen-imperativ-tuku-i-megunarodna-obvrska/ Fri, 21 Jun 2024 11:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=789537

Светскиот ден на бегалците, меѓународен ден организиран секоја година на 20 јуни од страна на Обединетите нации, годинава го одбележуваме со рекордна бројка на присилно раселување во светот. Извештајот за глобалните трендови од 2024 година покажува дека 12-та година по ред се зголемува бројот на раселени лица, а конфликтите од Судан до Газа и Мјанмар создаваат ново раселување кое бара итна акција. Околу овие бројки, состојбата и препораките за решенија во МИА интервју разговараат со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР во Република Македонија.

Годој вели дека ова е тажен светски рекорд кој апелира на посилно здружување за поголема заштита на бегалците низ светот.

До декември 2023, државите изјавиле дека повеќе од 117 милиони лица биле присилно раселени. Ова значи дека 1,5 проценти од човештвото е принудено да ги напушти своите домови како последица на грубо кршење на човековите права. Ова е светски рекорд, но и тажен рекорд. Го одбележуваме Светскиот ден на бегалците за да повикаме на посилно здружување за да пружиме заштита на бегалците низ светот, вели тој.

Според него, главните причини за ова се актуелни, стари и нови конфликти во кои е тешко да се адресираат главните причинители на војна, како и немањето волја да се сподели одговорноста, и воедно, тие претставуваат главни аспекти кои го отежнуваат тоа да нема повеќе бегалци.

Ситуацијата во главните земји како Авганистан, Сирија, Украина, но и Сомалија, Конго, во поскоро време и Судан, Палестина – ова се земјите кои се потенцирани во извештајот на „Глобални трендови“. На пример, има повеќе од 10 милиони лица во Судан кои морале да заминат. Ако помислиме на конфликтот во Газа во државата Палестина, 80 проценти од Палестинците се внатрешно раселени како последица на грубото прекршување што се случува таму, појаснува Годој.

Најголемиот број од овие лица, според Извештајот, се присилени да бегаат во соседните земји. Годој вели дека 69 проценти наоѓаат безбедно прибежиште во земјите кои се до нивната земја на потекло.

Ова значи дека можеме да најдеме бегалци блиску до земјите кои што ги наброив од каде произлегува огромен дел од популацијата која е присилно раселена. Исто така, потребата да се најдат решенија на друго место се зголемува. Секоја земја може да биде земја на азил и затоа е важно да се размислува за научените лекции од овој процес и што може да се направи за да се најдат повеќе подобри решенија за бегалците. Тоа се лица кои треба да бидат добредојдени. Тоа не е само морален императив, туку и меѓународна обврска, нагласува тој.

Во Македонија 106 барања за азил од 2024 година чекаат одлука од институциите

Конвенцијата за бегалци од 1951 е дизајнирана да ги заштити бегалците и барателите на азил, а УНХЦР е Агенцијата која ги поддржува бегалците низ светот и ги поддржува земјите-домаќини како и заедниците-домаќини да се осигура дека лицата кои бегаат од војна ќе имаат можност да започнат нов живот на безбедно во други земји. Македонија се обврза на оваа Конвенцијата пред 30 години, во 1994.

Во однос на ситуацијата во нашата држава, Годој вели дека Македонија била сведок на раселена популација во минатото и многу македонски семејства ги виделе последиците на војна и конфликт.

Денес, имаме друга ситуација. Минатата година, 602 барања за азил биле поднесени, а оваа година 106 барања за азил чекаат одлука од Министерството за внатрешни работи и секторот за азил. Нашата агенција ја поддржува Владата, Секторот за азил, има тесна соработка со здруженијата на адвокати и невладините организации за да се осигура дека барателите на азил и бегалците имаат пристап до правна помош, обезбедува превод и толкување како и за време на процесот за нивна интеграција, вели тој.

Годој дополнува дека е важно да се обрне внимание на другите форми на заштита кои се достапни како што се супсидијарна заштита и привремена заштита за украинските бегалци, што, според него, е многу важно бидејќи во нашата земја има украински бегалци кои примаат привремена заштита.

Овие аспекти се многу важни, да се осигураме дека имаат правен статус, можноста да се има пристап до права, заштита и да се стане дел од општеството, повторно да си ги изградат своите животи, како и безбедноста, додека не се стави крај на војната, нагласува Годој.

Тој вели дека УНХЦР може да ја поддржи Македонија во две главни цели, зајакнување на правото на азил и правата во тој систем.

Можно е да се зајакне системот на азил за да има подобра стапка на признавање на случаите на кои им треба меѓународна заштита. Исто така, треба да се обезбедат правата на бегалците, не само правото на азил туку и социо-економските права кои се дел од меѓународната заштита. Тоа значи дека постарите деца треба да одат на училиште, да имаат пристап кон здравствениот систем, легални документи, да можат да отворат сметки во банки и да бидат дел од пазарот на трудот со што ќе може да плаќаат данок и да придонесуваат кон локалната економија, вели тој.

Во однос на прашањето дали овој процес функционира добро во земјава, тој набројува дека соработуваат со Владата и повеќе сектори од академската фела како и невладини организации, но, треба да се обезбедат повеќе сојузници од приватниот сектор.

Годој посочува дека нашата држава се обврзала до 2027 да го поддржи и зајакне системот за азил, што, според него, е многу важна мерка која ќе го направи системот поправеден и поефикасен.

Земјата, исто така, почна да работи на инфраструктурата за подобра локална интеграција на бегалците, да го усогласува законодавството, пристапот до едукација, здравство, социјално-економски права, вклучувајќи го и правото на работа за барателите на азил и мигрантите. Пристап до тие права може да биде ефикасен и навремен. Во моментов, на барателите на азил им требаат многу месеци за да можат да уживаат во правото на работа. Секако дека тие ветувања се многу важни, бидејќи тие ги поставуваат очекувањата, но со остварливи цели. Мислам дека таа цел може да се постигне со посилен сојуз за заштита и да се вклучат мигрантите, вели тој.

Професионалното новинарство сојузник во заштитата на бегалците

Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, заедно со Македонското здружение на млади правници и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ десет години по ред доделува награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Македонија.

На прашање колку професионалното известување помага во заштитата на бегалците, Годој вели дека новинарите се нивни сојузници и добро е што тие не известуваат само за бројките, туку и за личните приказни што стојат зад нив.

Ваквите приказни ни помагаат да остваруваме напредок, да го признаеме тоа и напорите МВР и МНР, граѓанскиот регистар, но, исто така, и да ја истакнеме пошироката цел да не оставиме никого зад себе, почнувајќи од лицата без државјанство и бегалците, вели претставникот на УНХЦР во земјава.

Прекинот на војните и дијалогот на оваа тема клучни за подобрување на состојбите

Годој вели дека мирот и стабилноста се неопходни за бегалците на светот. Прекинот на огнот и меѓународниот дијалог на оваа тема ги посочува како клучни фактори за подобрување на состојбите. Тој ги повикува граѓанските организации, академската фела и приватниот сектор да се придружат кон целта со која ќе се создаде план за акција и дизајнирана тура од очајност до надеж.

Неговите очекувања во врска со неговата работа во Македонија, се земјата да стане пример во однос на почитување на правото за азил, подобрување на стапката на признавање на оние кои заслужуваат меѓународна заштита, и достапност кон правата на барателите на азил.

Тоа значи дека би сакале повеќе деца да се приклучат на образовниот систем, да имаат пристап до високо образование, да станат дел од неформалниот пазар на труд и активната економија. Верувам дека бегалците претставуваат додадена вредност за економијата, дека нашата мрежа на сојузници ќе ја поддржи новата влада во остварувањето на тие цели и краткорочни мерки кои можат да се веднаш да се спроведат, вели тој.

Како што дополнува Годој, едно решение е давање привремена заштита на украински бегалци, мерка која е во сила, но истекува во август.

Би сакале новата влада да ја продолжи привремената заштита, како што направија и другите европски земји. Ова е конфликт кој најмногу влијае на нашиот континент. Секако, постојат и други конфликти. Ако се фокусираме на барателите на азил овде ќе видиме дека доаѓаат од земји во конфликти како што се Авганистан и Сирија. Бегалците се луѓе, како мене и тебе, и заслужуваат да бидат добредојдени со отворени врати. Многу е важно да се зборува за таа ситуација, за да можеме да разбереме што значи да се биде бегалец и дека постојат можности да се справиме со ситуацијата, дека земјата домаќин не е сама, дека владата не е сама, вели тој.

Годој се надева дека преку соработката ќе бидат постигнати позитивни резултати како што беше решавањето на случаите со бездржавјанство.

Оваа земја претходно имаше 800 случаи, а денес само 194. Затоа, очекуваме дека овие последни случаи ќе бидат решени и тогаш земјата ќе биде глобално позиционирана како една од првите нации кои ја оствариле нашата кампања „Јас припаѓам“ на прогресивно движење кон нула за лицата без државјанство, потенцира претставникот на УНХЦР.

The post Претставникот на УНХЦР во Македонија: Прифаќањето на бегалците не е само морален императив, туку и меѓународна обврска appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на бегалците, меѓународен ден организиран секоја година на 20 јуни од страна на Обединетите нации, годинава го одбележуваме со рекордна бројка на присилно раселување во светот. Извештајот за глобалните трендови од 2024 година покажува дека 12-та година по ред се зголемува бројот на раселени лица, а конфликтите од Судан до Газа и Мјанмар создаваат ново раселување кое бара итна акција. Околу овие бројки, состојбата и препораките за решенија во МИА интервју разговараат со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР во Република Македонија. Годој вели дека ова е тажен светски рекорд кој апелира на посилно здружување за поголема заштита на бегалците низ светот.
До декември 2023, државите изјавиле дека повеќе од 117 милиони лица биле присилно раселени. Ова значи дека 1,5 проценти од човештвото е принудено да ги напушти своите домови како последица на грубо кршење на човековите права. Ова е светски рекорд, но и тажен рекорд. Го одбележуваме Светскиот ден на бегалците за да повикаме на посилно здружување за да пружиме заштита на бегалците низ светот, вели тој.
Според него, главните причини за ова се актуелни, стари и нови конфликти во кои е тешко да се адресираат главните причинители на војна, како и немањето волја да се сподели одговорноста, и воедно, тие претставуваат главни аспекти кои го отежнуваат тоа да нема повеќе бегалци.
Ситуацијата во главните земји како Авганистан, Сирија, Украина, но и Сомалија, Конго, во поскоро време и Судан, Палестина – ова се земјите кои се потенцирани во извештајот на „Глобални трендови“. На пример, има повеќе од 10 милиони лица во Судан кои морале да заминат. Ако помислиме на конфликтот во Газа во државата Палестина, 80 проценти од Палестинците се внатрешно раселени како последица на грубото прекршување што се случува таму, појаснува Годој.
Најголемиот број од овие лица, според Извештајот, се присилени да бегаат во соседните земји. Годој вели дека 69 проценти наоѓаат безбедно прибежиште во земјите кои се до нивната земја на потекло.
Ова значи дека можеме да најдеме бегалци блиску до земјите кои што ги наброив од каде произлегува огромен дел од популацијата која е присилно раселена. Исто така, потребата да се најдат решенија на друго место се зголемува. Секоја земја може да биде земја на азил и затоа е важно да се размислува за научените лекции од овој процес и што може да се направи за да се најдат повеќе подобри решенија за бегалците. Тоа се лица кои треба да бидат добредојдени. Тоа не е само морален императив, туку и меѓународна обврска, нагласува тој.

Во Македонија 106 барања за азил од 2024 година чекаат одлука од институциите

Конвенцијата за бегалци од 1951 е дизајнирана да ги заштити бегалците и барателите на азил, а УНХЦР е Агенцијата која ги поддржува бегалците низ светот и ги поддржува земјите-домаќини како и заедниците-домаќини да се осигура дека лицата кои бегаат од војна ќе имаат можност да започнат нов живот на безбедно во други земји. Македонија се обврза на оваа Конвенцијата пред 30 години, во 1994. Во однос на ситуацијата во нашата држава, Годој вели дека Македонија била сведок на раселена популација во минатото и многу македонски семејства ги виделе последиците на војна и конфликт.
Денес, имаме друга ситуација. Минатата година, 602 барања за азил биле поднесени, а оваа година 106 барања за азил чекаат одлука од Министерството за внатрешни работи и секторот за азил. Нашата агенција ја поддржува Владата, Секторот за азил, има тесна соработка со здруженијата на адвокати и невладините организации за да се осигура дека барателите на азил и бегалците имаат пристап до правна помош, обезбедува превод и толкување како и за време на процесот за нивна интеграција, вели тој.
Годој дополнува дека е важно да се обрне внимание на другите форми на заштита кои се достапни како што се супсидијарна заштита и привремена заштита за украинските бегалци, што, според него, е многу важно бидејќи во нашата земја има украински бегалци кои примаат привремена заштита.
Овие аспекти се многу важни, да се осигураме дека имаат правен статус, можноста да се има пристап до права, заштита и да се стане дел од општеството, повторно да си ги изградат своите животи, како и безбедноста, додека не се стави крај на војната, нагласува Годој.
Тој вели дека УНХЦР може да ја поддржи Македонија во две главни цели, зајакнување на правото на азил и правата во тој систем.
Можно е да се зајакне системот на азил за да има подобра стапка на признавање на случаите на кои им треба меѓународна заштита. Исто така, треба да се обезбедат правата на бегалците, не само правото на азил туку и социо-економските права кои се дел од меѓународната заштита. Тоа значи дека постарите деца треба да одат на училиште, да имаат пристап кон здравствениот систем, легални документи, да можат да отворат сметки во банки и да бидат дел од пазарот на трудот со што ќе може да плаќаат данок и да придонесуваат кон локалната економија, вели тој.
Во однос на прашањето дали овој процес функционира добро во земјава, тој набројува дека соработуваат со Владата и повеќе сектори од академската фела како и невладини организации, но, треба да се обезбедат повеќе сојузници од приватниот сектор. Годој посочува дека нашата држава се обврзала до 2027 да го поддржи и зајакне системот за азил, што, според него, е многу важна мерка која ќе го направи системот поправеден и поефикасен.
Земјата, исто така, почна да работи на инфраструктурата за подобра локална интеграција на бегалците, да го усогласува законодавството, пристапот до едукација, здравство, социјално-економски права, вклучувајќи го и правото на работа за барателите на азил и мигрантите. Пристап до тие права може да биде ефикасен и навремен. Во моментов, на барателите на азил им требаат многу месеци за да можат да уживаат во правото на работа. Секако дека тие ветувања се многу важни, бидејќи тие ги поставуваат очекувањата, но со остварливи цели. Мислам дека таа цел може да се постигне со посилен сојуз за заштита и да се вклучат мигрантите, вели тој.

Професионалното новинарство сојузник во заштитата на бегалците

Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, заедно со Македонското здружение на млади правници и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ десет години по ред доделува награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Македонија. На прашање колку професионалното известување помага во заштитата на бегалците, Годој вели дека новинарите се нивни сојузници и добро е што тие не известуваат само за бројките, туку и за личните приказни што стојат зад нив.
Ваквите приказни ни помагаат да остваруваме напредок, да го признаеме тоа и напорите МВР и МНР, граѓанскиот регистар, но, исто така, и да ја истакнеме пошироката цел да не оставиме никого зад себе, почнувајќи од лицата без државјанство и бегалците, вели претставникот на УНХЦР во земјава.

Прекинот на војните и дијалогот на оваа тема клучни за подобрување на состојбите

Годој вели дека мирот и стабилноста се неопходни за бегалците на светот. Прекинот на огнот и меѓународниот дијалог на оваа тема ги посочува како клучни фактори за подобрување на состојбите. Тој ги повикува граѓанските организации, академската фела и приватниот сектор да се придружат кон целта со која ќе се создаде план за акција и дизајнирана тура од очајност до надеж. Неговите очекувања во врска со неговата работа во Македонија, се земјата да стане пример во однос на почитување на правото за азил, подобрување на стапката на признавање на оние кои заслужуваат меѓународна заштита, и достапност кон правата на барателите на азил.
Тоа значи дека би сакале повеќе деца да се приклучат на образовниот систем, да имаат пристап до високо образование, да станат дел од неформалниот пазар на труд и активната економија. Верувам дека бегалците претставуваат додадена вредност за економијата, дека нашата мрежа на сојузници ќе ја поддржи новата влада во остварувањето на тие цели и краткорочни мерки кои можат да се веднаш да се спроведат, вели тој.
Како што дополнува Годој, едно решение е давање привремена заштита на украински бегалци, мерка која е во сила, но истекува во август.
Би сакале новата влада да ја продолжи привремената заштита, како што направија и другите европски земји. Ова е конфликт кој најмногу влијае на нашиот континент. Секако, постојат и други конфликти. Ако се фокусираме на барателите на азил овде ќе видиме дека доаѓаат од земји во конфликти како што се Авганистан и Сирија. Бегалците се луѓе, како мене и тебе, и заслужуваат да бидат добредојдени со отворени врати. Многу е важно да се зборува за таа ситуација, за да можеме да разбереме што значи да се биде бегалец и дека постојат можности да се справиме со ситуацијата, дека земјата домаќин не е сама, дека владата не е сама, вели тој.
Годој се надева дека преку соработката ќе бидат постигнати позитивни резултати како што беше решавањето на случаите со бездржавјанство.
Оваа земја претходно имаше 800 случаи, а денес само 194. Затоа, очекуваме дека овие последни случаи ќе бидат решени и тогаш земјата ќе биде глобално позиционирана како една од првите нации кои ја оствариле нашата кампања „Јас припаѓам“ на прогресивно движење кон нула за лицата без државјанство, потенцира претставникот на УНХЦР.

The post Претставникот на УНХЦР во Македонија: Прифаќањето на бегалците не е само морален императив, туку и меѓународна обврска appeared first on Република.

]]>
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во финансиска криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/visokiot-komesarijat-za-begaltsi-na-obedinetite-natsii-vo-finansiska-kriza/ Mon, 09 Oct 2023 12:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=689555

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации денеска соопшти дека организацијата се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја бидејќи страда од недостиг на средства во време кога 110 милиони луѓе ширум светот се раселени.

Задачата што му ја доверивте на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации е една од најкомплексните во нашата историја“, рече Филипо Гранди пред извршниот комитет на организацијата во Женева.

„Светот е се повеќе поделен, сè пофрагментиран и егоцентричен“, додаде тој.

Гранди рече дека организацијата е погодена од недостиг од финансирање од 640 милиони долари оваа година, а изгледите за следната година се „уште поалармантни“.

The post Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во финансиска криза appeared first on Република.

]]>

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации денеска соопшти дека организацијата се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја бидејќи страда од недостиг на средства во време кога 110 милиони луѓе ширум светот се раселени.

Задачата што му ја доверивте на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации е една од најкомплексните во нашата историја“, рече Филипо Гранди пред извршниот комитет на организацијата во Женева. „Светот е се повеќе поделен, сè пофрагментиран и егоцентричен“, додаде тој.
Гранди рече дека организацијата е погодена од недостиг од финансирање од 640 милиони долари оваа година, а изгледите за следната година се „уште поалармантни“.

The post Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во финансиска криза appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhtsr-vojnata-vo-ukraina-predizvika-najgolem-bran-begaltsi-od-vtorata-svetska-vojna/ Sun, 08 Jan 2023 15:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=594639

Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна.

Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.

Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на Украина, која има 41 милион жители.

The post УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна appeared first on Република.

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhcr-vo-svetot-ima-nad-100-milioni-prisilno-raseleni-lica/ Mon, 23 May 2022 06:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=505677

Војната во Украина е еден од факторите што принуди неколку милиони луѓе да избегаат од своите домови, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се дополнителните фактори што стојат зад бројката од неколку десетици милиони прислно раселени лица.

Ова е рекорд што никогаш не требаше да биде поставен, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги тераат невините луѓе да ги напуштат своите домови“, навдува тој во изјавата.

Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји.

Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселени лица достигнал рекордни 60 милиони до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, додавајќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.

-За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутна опасност дома или несигурно бегство и прогон, додаде тој.

The post УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина е еден од факторите што принуди неколку милиони луѓе да избегаат од своите домови, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се дополнителните фактори што стојат зад бројката од неколку десетици милиони прислно раселени лица.
Ова е рекорд што никогаш не требаше да биде поставен, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. „Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги тераат невините луѓе да ги напуштат своите домови“, навдува тој во изјавата.
Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји. Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселени лица достигнал рекордни 60 милиони до крајот на минатата година. Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, додавајќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.
-За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутна опасност дома или несигурно бегство и прогон, додаде тој.

The post УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина надмина 5,8 милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhcr-brojot-na-begalci-od-ukraina-nadmina-5-8-milioni/ Sat, 07 May 2022 17:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=499180

Во изминатите 24 часа Украина ја напуштиле над 44.000 бегалци , што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на руската воена инвазија врз оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Според УНХЦР, од 24 февруари до вчера Украина ја напуштиле 5.801.159 лица.

УНХЦР наведе дека во текот на изминатиот ден 44.145 бегалци се преселиле во соседните земји.

Според УНХЦР, досега 739.418 бегалци отпатувале во Русија, 3.167.805 во Полска, 857.846 во Романија и 557.001 во Унгарија.

The post УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина надмина 5,8 милиони appeared first on Република.

]]>

Во изминатите 24 часа Украина ја напуштиле над 44.000 бегалци , што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на руската воена инвазија врз оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Според УНХЦР, од 24 февруари до вчера Украина ја напуштиле 5.801.159 лица. УНХЦР наведе дека во текот на изминатиот ден 44.145 бегалци се преселиле во соседните земји. Според УНХЦР, досега 739.418 бегалци отпатувале во Русија, 3.167.805 во Полска, 857.846 во Романија и 557.001 во Унгарија.  

The post УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина надмина 5,8 милиони appeared first on Република.

]]>
По суспензијата Русија го прекинува членството во УНХЦР https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-suspenzijata-rusija-go-prekinuva-chlenstvoto-vo-unhcr/ Fri, 08 Apr 2022 16:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=485439

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата го суспендираше своето членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, а одлуката е донесена откако Генералното собрание на ОН вчеравечер ја усвои резолуцијата за суспендирање на членството на Руската Федерација во ова тело на ОН, чие седиште е во Женева.

„Руската страна ја смета резолуцијата усвоена од Генералното собрание на ОН на 7 април во Њујорк за суспендирање на членството на Руската Федерација во Советот за човекови права на ОН како незаконски и политички мотивиран чекор за пркосно казнување на суверена земја-членка на ОН која води независна домашна и надворешната политика“ се наведува во соопштението на руското МНР.

„Кога се прогласија за стандард во областа на човековите права, овие земји директно се вклучија во грубото и масовно кршење на човековите права“, се додава во соопштението.

Министерството соопшти дека Русија ќе продолжи да придонесува за заштита на човековите права.

Генадиј Кузмин, заменик постојан претставник на Русија во ОН, по гласањето изјави дека одлуката на Генералното собрание е „нелегитимен и политички мотивиран“ чекор чија цел е да се казни суверена земја-членка на ОН, па дури и ја нарече „отворена уцена на суверените држави“. “

Тој уште и тврдеше дека Советот е монополизиран од група држави кои го користат за краткорочни интереси и дека „таквите дејствија го прекршуваат мандатот што меѓународната заедница му го довери на Советот за човекови права и ја поткопува довербата во ова тело во целина“.

The post По суспензијата Русија го прекинува членството во УНХЦР appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата го суспендираше своето членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, а одлуката е донесена откако Генералното собрание на ОН вчеравечер ја усвои резолуцијата за суспендирање на членството на Руската Федерација во ова тело на ОН, чие седиште е во Женева. „Руската страна ја смета резолуцијата усвоена од Генералното собрание на ОН на 7 април во Њујорк за суспендирање на членството на Руската Федерација во Советот за човекови права на ОН како незаконски и политички мотивиран чекор за пркосно казнување на суверена земја-членка на ОН која води независна домашна и надворешната политика“ се наведува во соопштението на руското МНР. „Кога се прогласија за стандард во областа на човековите права, овие земји директно се вклучија во грубото и масовно кршење на човековите права“, се додава во соопштението. Министерството соопшти дека Русија ќе продолжи да придонесува за заштита на човековите права. Генадиј Кузмин, заменик постојан претставник на Русија во ОН, по гласањето изјави дека одлуката на Генералното собрание е „нелегитимен и политички мотивиран“ чекор чија цел е да се казни суверена земја-членка на ОН, па дури и ја нарече „отворена уцена на суверените држави“. “ Тој уште и тврдеше дека Советот е монополизиран од група држави кои го користат за краткорочни интереси и дека „таквите дејствија го прекршуваат мандатот што меѓународната заедница му го довери на Советот за човекови права и ја поткопува довербата во ова тело во целина“.

The post По суспензијата Русија го прекинува членството во УНХЦР appeared first on Република.

]]>
Кина остро протестира за исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-ostro-protestira-za-iskluchuvanjeto-na-rusija-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ Fri, 08 Apr 2022 07:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=439059

Кина се противи на суспендирањето на членството на Русија во Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ).

Остриот протест го соопшти постојаниот претставник на Народна Република Кина во ОН, Џанг Јун, на состанокот на Генералното собрание за решавање на ова прашање.

Резолуцијата ќе ја лиши земјата од легално членство во УНХЦР. За толку важно прашање треба да се решава внимателно, само врз основа на факти, мирно, објективно, разумно. Оваа резолуција не е подготвена на отворен и транспарентен начин. Принципот на одржување консултации со сите земји на ОН за да се слушне што е можно поширок опсег на мислења не е применет - порача Џанг, за позицијата на Кина.

Тој истакна дека прашањето за членство во УНХРЦ во оваа форма само ќе ја зголеми конфронтацијата во областа на човековите права, ќе влијае на системот на ОН, но и ќе повлече сериозни последици. Затоа, според него, Кина била „приморана да гласа против нацрт-резолуцијата“.

https://republika.mk/vesti/svet/moskva-reagira-na-odlukata-za-isfrlanje-na-rusija-od-sovetot-za-chovekovi-prava/

The post Кина остро протестира за исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Кина се противи на суспендирањето на членството на Русија во Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ). Остриот протест го соопшти постојаниот претставник на Народна Република Кина во ОН, Џанг Јун, на состанокот на Генералното собрание за решавање на ова прашање.
Резолуцијата ќе ја лиши земјата од легално членство во УНХЦР. За толку важно прашање треба да се решава внимателно, само врз основа на факти, мирно, објективно, разумно. Оваа резолуција не е подготвена на отворен и транспарентен начин. Принципот на одржување консултации со сите земји на ОН за да се слушне што е можно поширок опсег на мислења не е применет - порача Џанг, за позицијата на Кина.
Тој истакна дека прашањето за членство во УНХРЦ во оваа форма само ќе ја зголеми конфронтацијата во областа на човековите права, ќе влијае на системот на ОН, но и ќе повлече сериозни последици. Затоа, според него, Кина била „приморана да гласа против нацрт-резолуцијата“. https://republika.mk/vesti/svet/moskva-reagira-na-odlukata-za-isfrlanje-na-rusija-od-sovetot-za-chovekovi-prava/

The post Кина остро протестира за исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhcr-povekje-od-3-8-milioni-begalci-od-ukraina-pristignaa-vo-sosednite-zemji/ Sun, 27 Mar 2022 15:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=479353

Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Според податоците објавени на страницата на организацијата, од 24 февруари, заклучно до вчера, Украина ја напуштиле дури 3.821.049 лица, пренесе Тасс.

Вкупно 2.267.103 бегалци се заминати во Полска, 586.942 во Романија, 381.395 во Молдавија и 349.107 во Унгарија.

The post УНХЦР: Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Според податоците објавени на страницата на организацијата, од 24 февруари, заклучно до вчера, Украина ја напуштиле дури 3.821.049 лица, пренесе Тасс. Вкупно 2.267.103 бегалци се заминати во Полска, 586.942 во Романија, 381.395 во Молдавија и 349.107 во Унгарија.  

The post УНХЦР: Повеќе од 3,8 милиони бегалци од Украина пристигнаа во соседните земји appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Украина ја напуштиле два и пол милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhcr-ukraina-ja-napushtile-dva-i-pol-milioni-lugje/ Fri, 11 Mar 2022 09:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=471195

Два и пол милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција во Украина, а поради војната во земјата има и два милиони внатрешно раселени лица, соопштија денеска Обединетите нации.

Бројот на бегалци од Украина – трагично – достигна денес 2,5 милиони. Исто така, проценуваме дека околу два милиони луѓе се раселени во Украина. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови поради оваа бесмислена војна, објави на Твитер шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди.

Пол Дилон, портпаролот на Меѓународната организација на ОН за миграција, рече дека меѓу два и пол милиони луѓе кои побегнале од Украина има 116 илјади странски државјани.

Според статистичките податоци, пред воената интервенција на Русија во деловите на Украина што беа под контрола на централната власт во Киев имало повеќе од 37 милиони жители.

The post УНХЦР: Украина ја напуштиле два и пол милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Два и пол милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција во Украина, а поради војната во земјата има и два милиони внатрешно раселени лица, соопштија денеска Обединетите нации.
Бројот на бегалци од Украина – трагично – достигна денес 2,5 милиони. Исто така, проценуваме дека околу два милиони луѓе се раселени во Украина. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови поради оваа бесмислена војна, објави на Твитер шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди.
Пол Дилон, портпаролот на Меѓународната организација на ОН за миграција, рече дека меѓу два и пол милиони луѓе кои побегнале од Украина има 116 илјади странски државјани. Според статистичките податоци, пред воената интервенција на Русија во деловите на Украина што беа под контрола на централната власт во Киев имало повеќе од 37 милиони жители.

The post УНХЦР: Украина ја напуштиле два и пол милиони луѓе appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhcr-brojot-na-begalci-od-ukraina-dostigna-368-iljadi/ Sun, 27 Feb 2022 12:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=464675

Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000   и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР.

„Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти“, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер. Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.

The post УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади appeared first on Република.

]]>

Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000   и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР. „Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти“, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер. Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.

The post УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади appeared first on Република.

]]>