унгарски заем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ungarski-zaem/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 07:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png унгарски заем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ungarski-zaem/ 32 32 Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-i-bankite-prodolzhuvaat-so-pregovorite-okolu-ungarskiot-zaem/ Mon, 18 Nov 2024 07:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=839006

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара.

- Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски.

Целта, е како што рече, каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да ги добие парите по пониска камата.

- Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски.

Според него, банките изразиле желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, а во однос на рочноста заземен е заеднички став тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата.

- Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата - до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа дека имаат одделни клиенти кои сакаат можеби и пократок рок итн. Затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата, рече Мицкоски.

За премиерот Мицкоски, важно е преговорите со банките да завршат успешно за конечно компаниите да ги добијат парите наменети за нив. Со унгарскиот заем, смета тој, ќе и се помогне на македонската економија со оглед на информациите дека автомобилската индустрија запаѓа во сериозна криза, а голем број компании во земјава произведуваат за автомобилската индустрија.

- За волја на вистината лично разговарам со некои од нив, велат дека немаат намалување на нарачките, досега нема таква најава дека ќе има намалување на нарачките, што значи дека останува истиот волумен, истите парчиња кои што од претходно се нарачани. Но ако има намалување на побарувачката единствен начин да се борите, а да ја одржите економијата е со инвестиции. Ние преку овој кредит со минимум 20 проценти сопствено учество ќе обезбедиме бран од 300 милиони инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции што ги прави Владата во вредност од околу половина милијарда евра доаѓаме до отприлика 800 милиони евра инвестиоциски бран кој што треба да резултира со околу 4-5 проценти од нашиот БДП. Само така можеме да се одбраниме од овој предизвик, изјави Мицкоски во саботата.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот. Aпелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Во неговата најнова колумна, Азески, побара парите веднаш да бидат ставени во функција со што, според него, власта ќе и покаже на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, има и способност за поддршка на бизнисот.

-Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите ,да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8% што беше просек во изминатиот период, пишува Азески во својата колумна.

Потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара. - Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски. Целта, е како што рече, каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да ги добие парите по пониска камата. - Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски. Според него, банките изразиле желба и подготвеност да бидат дел од овој процес, а во однос на рочноста заземен е заеднички став тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. - Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата - до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа дека имаат одделни клиенти кои сакаат можеби и пократок рок итн. Затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата, рече Мицкоски. За премиерот Мицкоски, важно е преговорите со банките да завршат успешно за конечно компаниите да ги добијат парите наменети за нив. Со унгарскиот заем, смета тој, ќе и се помогне на македонската економија со оглед на информациите дека автомобилската индустрија запаѓа во сериозна криза, а голем број компании во земјава произведуваат за автомобилската индустрија. - За волја на вистината лично разговарам со некои од нив, велат дека немаат намалување на нарачките, досега нема таква најава дека ќе има намалување на нарачките, што значи дека останува истиот волумен, истите парчиња кои што од претходно се нарачани. Но ако има намалување на побарувачката единствен начин да се борите, а да ја одржите економијата е со инвестиции. Ние преку овој кредит со минимум 20 проценти сопствено учество ќе обезбедиме бран од 300 милиони инвестиции. Кога на тоа ќе се додадат капиталните инвестиции што ги прави Владата во вредност од околу половина милијарда евра доаѓаме до отприлика 800 милиони евра инвестиоциски бран кој што треба да резултира со околу 4-5 проценти од нашиот БДП. Само така можеме да се одбраниме од овој предизвик, изјави Мицкоски во саботата. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот. Aпелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Во неговата најнова колумна, Азески, побара парите веднаш да бидат ставени во функција со што, според него, власта ќе и покаже на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, има и способност за поддршка на бизнисот. -Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициони активности што ги најавува Владата на РСМ и оние што ги планираат компаниите ,да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1.8% што беше просек во изминатиот период, пишува Азески во својата колумна. Потпретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Бугарија. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Владата и банките продолжуваат со преговорите околу унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
За македонската економија оваа зима има два предизвика, откри Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-makedonskata-ekonomija-ovaa-zima-ima-dva-predizvika-otkri-mitskoski/ Fri, 15 Nov 2024 13:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=838148

Многу важно за Владата состанокот што ќе го имаме в недела со банките да заврши успешно и конечно да почнеме со користење на заемот, во јавноста познат како унгарски заем, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска по годишната конференција на граѓански организации одговараше на новинарско прашање, дали е задоволен од инвестициите во сопанството и дали ќе продолжи инвестицискиот циклус.

Очекуваме тука да се акцелерира еден бран од најмалку 300 милиони евра, тоа е некаде 1,6, 1,7% од нашиот вкупен домашен производ, плус имаме бран инвестиции во општините, кои се финансирани од страна на централната Влада ќе ве потсетам шест милјарди денари во овој циклус, 15 милјарди денари веќе следната година, шест милјарди проекти, коишто преку Министерството за животна средина, знаете дека имавме настани во вицепремиерот, Меџити на оваа тема за проекти кои беа запоставени од претходната Влада сега се реализираат во делот на изградба на водоводи, канализациски системи, системи за третирање на отпадни води и слично и тука очекувам еден огромен бран отприлика 27,28 до 30 милијарди денари, изјави Мицкоски.

Премиерот, Мицкоски забележа дека тоа се многу пари за македонската економија. Но, забележа дека оваа зима чувствува дека ќе имаме два предизвика, од кои првиот ќе биде енергетската стабилност,а вториот ќе биде кризата која се чувствува од Германија, посебно во автомобилската индустрија. Посочи дека за овие предизвици веќе се бараат и решенија, како да се надминат.

За првиот видовте и вчера, месеците претходно, многу внимателно планиравме и мислам дека таму состојбата е стабилна, со потпишување на меморандумот за разбирање меѓу ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ и Сокар азербејџанскиот гигант и ќе имаме стабилно и евтино снабдување со природен гас, што е многу важно за затоплувањето на Скопјани, но и за производството на електрична енергија. Дотурот на јаглен и ископот веќе функционира најнормално, би рекол и повеќе од нормално, веќе Блоковите работат на моменти по 200 мегавати нешто што беше незамисливо во изминатите седум години, вели Мицкоски.

Премиерот истакна дека сепак хидрологијата е проблематична, но какошто рече „очекувам дека со есенските дождови, со зимските снегови тука ќе можеме ситуацијата да ја подобриме“.

Тоа не зависи од нас, тоа зависи од некои други метафизики. Но, како и да е, тој проблем е под контрола и мислам дека ќе имаме, не мислам сигурен сум дека тоа ќе биде успешно и граѓаните не треба да се грижат, изјави Мицкоски.

Што се однесува за вториот предизвик поврзан со економијата на Германија, премиерот Мицкоски смета дека е  можно намалување на економската активност за некои од компаниите, коишто се дел од автомобилскиот сектор. Но, негово мислење е дека овој предизвик може да се совлада со инвестиции.

Затоа овој бран што го кажувам 300 милиони плус 500 милиони евра, околу 800 милиони евра имајќи предвид дека некаде околу 15, 16 милјарди е нашиот БДП, зборуваме за бројка меѓу четири и пет проценти и мислиме дека на тој начин нема да се почувствува таа криза и нема да се афектира негативно на нашиот Бруто домашен производ(БДП), изјави Мицкоски.

Забележа дека тоа се двата генерално суштински проблеми, а какошто рече „покрај многуте стотици коишто ги решаваме на дневна основа, но тоа ни е работата и наша природна задача“.

The post За македонската економија оваа зима има два предизвика, откри Мицкоски appeared first on Република.

Во втората половина на идната недела состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-vtorata-polovina-na-idnata-nedela-sostanok-so-makedonskata-bankarska-asotsijatsija-za-ungarskiot-zaem/ Sat, 09 Nov 2024 12:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=835857

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората половина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсистирам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам - рече Мицкоски.

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обврската на државата кон нив. Домашните компании тогаш ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени, подвлече Мицкоски.

The post Во втората половина на идната недела состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.
Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората половина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсистирам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам - рече Мицкоски.
Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обврската на државата кон нив. Домашните компании тогаш ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени, подвлече Мицкоски.

The post Во втората половина на идната недела состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-se-najde-zaem-po-podobri-uslovi-nema-da-se-povleche-vtorata-transha-od-kreditot-od-ungarija/ Thu, 17 Oct 2024 21:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=828043

Втората транша од заемот од Унгарија во износ од 500 милиони евра ќе се повлече доколку не се најдат пари по поволни услови од тие што ги нуди унгарската Експорт импорт банка, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашања на новиарите, при неговата посета на Брвеница, рече дека тие пари се потребни за да се врати еврообврзницата која што доспева во 2025 година.

Петстотини милиони евра од Унгарија веќе се стигнати на сметка во Народната банка, или тоа ќе се случи во текот на утрешниот и од тие пари 250 милиони ќе се намалат за бизнисот, а другите за капитални инвестиции. Другите 500 милиони евра ќе ги повлечеме доколку не успееме да најдеме подобри услови, односно средства со кои што ќе ја вратиме еврообврзницата земена од претходната влада во 2018 година која што стасува на 25 јануари 2025 година. За да го стигнеме рокот, нормално е што отпочнуваме преговори за втората транша“, рече Мицкоски, посочувајќи дека доколку во меѓувреме Владата успее да обезбеди средства по подобрти услови, унгарските пари нема да бидат повлечени.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на денешната дебата во Владата посветена на економијата, финансиите и јавната администрација, исто така рече дека парите од втората транша ќе бидат наменети исклучиво за подмирување на еврообврзницата.

Не се брза со втората транша од унгарскиот заем. Мора да бидеме сигурни дека ќе ги имаме парите затоа што еврообврзницата доспева во јануари следната година“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека не се брза со ништо, но еврообврзницата мора да се сервисира на почетокот на јануари.

Ние не можеме да ја почнеме постапката на 1 јануари и до 25 јануари да ги имаме средствата. Затоа започнуваме сега, но секако средствата ќе се користат за еврообврзницата и ќе легнат во јануари, а не до крајот на годината. Мора да бидеме сигурни дека имаме обезбедено средства. Не можам како одговорен министер да чекам да дојде јануари, па потоа да почнеме постапка за втората транша за заемот“, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија appeared first on Република.

Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredstvata-od-ungarskiot-zaem-treba-da-legnat-na-smetkata-vo-narodna-banka-zapochnata-postapkata-za-vtorata-transha/ Thu, 17 Oct 2024 08:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=827885

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.

-Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој, рече министерката.

Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.

Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.

Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.

Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл.

Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа. -Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој, рече министерката. Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка. Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година. Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%. Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл. Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>
Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-ke-se-odluchuva-koi-opshtini-i-proekti-ke-dobijat-od-ungarskite-pari/ Wed, 16 Oct 2024 12:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=827623

На денешната седница на Владата ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николоски.

Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Владата ќе се доносе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти. Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.
Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николоски.
Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

The post Денес ќе се одлучува кои општини и проекти ќе добијат од унгарските пари appeared first on Република.

]]>
Денеска во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-vo-budimpeshta-ke-bide-potpishan-dogovorot-za-ungarskiot-zaem/ Tue, 08 Oct 2024 06:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=823988

Во Будимпешта денеска треба да биде потпишан договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра од кои дел ќе бидат наменети за бизнис секторот, а дел за реализација на проекти на општините.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта и дека истиот ден ќе го потпише договорот.

Условите под кои се зема заемот, според Владата, се поволни. Кредитот се зема со каматна стапка од 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Законот за унгарскиот кредит, што го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, беше изгласан во Собранието на 17 септември годинава.

Намерата на Владата, како што неодамна изјави премиерот Мицкоски, е парите наменети за македонското стопанство да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начини за да му се стават на располагање овие средства на бизнис секторот.

The post Денеска во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Во Будимпешта денеска треба да биде потпишан договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра од кои дел ќе бидат наменети за бизнис секторот, а дел за реализација на проекти на општините. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела изјави дека на 8 октомври патува за Будимпешта и дека истиот ден ќе го потпише договорот. Условите под кои се зема заемот, според Владата, се поволни. Кредитот се зема со каматна стапка од 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Законот за унгарскиот кредит, што го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, беше изгласан во Собранието на 17 септември годинава. Намерата на Владата, како што неодамна изјави премиерот Мицкоски, е парите наменети за македонското стопанство да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начини за да му се стават на располагање овие средства на бизнис секторот.

The post Денеска во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Втората половина на октомври или првата половина на ноември очекувам да биде ставен во функција унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vtorata-polovina-na-oktomvri-ili-prvata-polovina-na-noemvri-ochekuvam-da-bide-staven-vo-funktsija-ungarskiot-zaem/ Sat, 21 Sep 2024 13:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=818517

Првите индикатори во економијата со промената на власта се навистина изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата... наплатата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП и тоа охрабрува, вели премиерот Христијан Мицковски и посочува дека очекува покачување на платите во реалниот сектор.

Одлуката на Централната банка за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, според Мицкоски, значи дека полека, но сигурно во овие два-три месеци состојбата се стабилизира и полека економијата заживува.

Мицкоски, исто така, нагласи дека очекува уште поголема економска активност во третиот и четвртиот квартал и поинтензивен раст на БДП и годината да биде завршена подобро од прогнозата на меѓународните финансиски институции.

Очекувам тоа да продолжи така, бидејќи сега во Парламентот помина заемот од 500 милиони евра. Веќе очекувам втора половина на октомври или првата половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија... и македонските компании да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат, изјави Мицкоски по посетата на Кавадарци.

Со Министерството за финансии, како што посочи, се анализираат условите од банките за користење на заемот.

Ги повикувам банките да бидат солидарни со бизнисот и македонската економија и каматната стапка со којашто е земен овој кредит, да ја имаат и тие, да не ја зголемуваат и калкулираат со трошоци, бидејќи и онака премногу трошоци се калкулираат. Доколку тоа не биде така, тогаш ќе одиме со Македонската развојна банка и со механизмите што ги имаме, ќе го започнеме овој проект, затоа што не сакаме македонската економија да биде дополнително оптоварена, изјави Мицкоски.

Во однос на платите, премиерот рече дека Државниот завод за статистика со податоците за јули годинава ги побил тезите на поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да растат.

Државниот завод за статистика со бројката што ја објави за јули, не само што ги демантираше, испорача и две контра тези на тоа. Прво, видовме дека платите во јули, што реално беше прв месец на оваа влада, продолжија да растат со исто и забрзано темпо, споредено со она што се случуваше изминатиот период. Но, разликата е што тогаш се ограбуваше буџетот на грбот на граѓаните и инфлацијата беше двоцифрена, па платата што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана, изјави Мицкоски.

Денеска, нагласи Мицкоски, платата повторно расте забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во август, споредено со истиот месец лани и е на ниво од 2,2 проценти, а од почетокот на годината, заклучно со август е помала од 3,5 отсто.

The post Мицкоски: Втората половина на октомври или првата половина на ноември очекувам да биде ставен во функција унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Првите индикатори во економијата со промената на власта се навистина изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата... наплатата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП и тоа охрабрува, вели премиерот Христијан Мицковски и посочува дека очекува покачување на платите во реалниот сектор. Одлуката на Централната банка за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, според Мицкоски, значи дека полека, но сигурно во овие два-три месеци состојбата се стабилизира и полека економијата заживува. Мицкоски, исто така, нагласи дека очекува уште поголема економска активност во третиот и четвртиот квартал и поинтензивен раст на БДП и годината да биде завршена подобро од прогнозата на меѓународните финансиски институции.
Очекувам тоа да продолжи така, бидејќи сега во Парламентот помина заемот од 500 милиони евра. Веќе очекувам втора половина на октомври или првата половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија... и македонските компании да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат, изјави Мицкоски по посетата на Кавадарци.
Со Министерството за финансии, како што посочи, се анализираат условите од банките за користење на заемот.
Ги повикувам банките да бидат солидарни со бизнисот и македонската економија и каматната стапка со којашто е земен овој кредит, да ја имаат и тие, да не ја зголемуваат и калкулираат со трошоци, бидејќи и онака премногу трошоци се калкулираат. Доколку тоа не биде така, тогаш ќе одиме со Македонската развојна банка и со механизмите што ги имаме, ќе го започнеме овој проект, затоа што не сакаме македонската економија да биде дополнително оптоварена, изјави Мицкоски.
Во однос на платите, премиерот рече дека Државниот завод за статистика со податоците за јули годинава ги побил тезите на поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да растат.
Државниот завод за статистика со бројката што ја објави за јули, не само што ги демантираше, испорача и две контра тези на тоа. Прво, видовме дека платите во јули, што реално беше прв месец на оваа влада, продолжија да растат со исто и забрзано темпо, споредено со она што се случуваше изминатиот период. Но, разликата е што тогаш се ограбуваше буџетот на грбот на граѓаните и инфлацијата беше двоцифрена, па платата што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана, изјави Мицкоски.
Денеска, нагласи Мицкоски, платата повторно расте забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во август, споредено со истиот месец лани и е на ниво од 2,2 проценти, а од почетокот на годината, заклучно со август е помала од 3,5 отсто.

The post Мицкоски: Втората половина на октомври или првата половина на ноември очекувам да биде ставен во функција унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
Ефектите од унгарскиот заем се многу важни за општините и за бизнис секторот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/efektite-od-ungarskiot-zaem-se-mnogu-vazhni-za-opshtinite-i-za-biznis-sektorot/ Wed, 17 Jul 2024 18:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=797811 Професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски, во гостување за централниот дневник...

The post Ефектите од унгарскиот заем се многу важни за општините и за бизнис секторот appeared first on Република.

]]>
Професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски, во гостување за централниот дневник на Сител изјави дека позитивните ефекти од унгарскиот заем од милијарда евра ќе се почувствуваат.

Наумовски истакна дека оваа финансиска инјекција ќе биде значајна за македонската економија, особено за општините и бизнис секторот.

Професорот по економија потенцираше и дека средствата ќе бидат распоредени рамномерно за општинските проекти и за развојот на приватните бизниси и тоа ќе биде причина за раст на македонската економија.

The post Ефектите од унгарскиот заем се многу важни за општините и за бизнис секторот appeared first on Република.

]]>