ундп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/undp/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 17:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ундп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/undp/ 32 32 Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-vo-nujork-ostvari-sredba-so-ahim-shtajner-administrator-na-undp/ Thu, 26 Sep 2024 18:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=819986

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, се разговарало за досегашната соработка и активностите на УНДП што се реализираат во земјава преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласила дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области.

Соговорниците изразиле задоволство од досегашниот тек на заемните активности што се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија.

The post Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, се разговарало за досегашната соработка и активностите на УНДП што се реализираат во земјава преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласила дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области. Соговорниците изразиле задоволство од досегашниот тек на заемните активности што се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија.

The post Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП appeared first on Република.

]]>
МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-undp-ke-prodolzhat-da-gi-unapreduvaat-politikite-za-obezbeduvane-mozhnosti-za-obrazovanie-za-site/ Fri, 19 Jul 2024 13:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=798495

Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните.

Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.

Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика), соопштија од Министерство за образование и наука.

 

The post МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните. Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.
Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика), соопштија од Министерство за образование и наука.
 

The post МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите appeared first on Република.

]]>
Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-durmishi-na-sredba-so-postojaniot-pretstavnik-na-undp-grigorjan-posveteni-sme-na-prodlabochuvane-na-sorabotkata-za-ekonomski-rast-i-sozdavane-na-novi-rabotni-mesta/ Thu, 18 Jul 2024 10:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=798008

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работен состанок со Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија.

Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата.

Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот кој што УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Македонија.

“Министерството за економија и труд со реорганизацијата на министерствата има нови надлежности. Фокусот на работа ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, подршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме.Поддршката од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор во Македонија“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој.

Од страна на  постојаниот претставник наУНДП, Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа.
Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд  ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.

 

 

The post Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работен состанок со Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија. Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата. Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот кој што УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Македонија. “Министерството за економија и труд со реорганизацијата на министерствата има нови надлежности. Фокусот на работа ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, подршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме.Поддршката од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор во Македонија“ кажа министерот Дурмиши. Министерот потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој. Од страна на  постојаниот претставник наУНДП, Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа. Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд  ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.    

The post Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места appeared first on Република.

]]>
Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор https://arhiva3.republika.mk/zivot/tsentarot-za-klimatski-promeni-i-undp-so-aktivnosti-za-spravuvane-so-zagaduvaneto-na-vozduhor/ Fri, 24 May 2024 18:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=781488

Центарот за климатски промени (ЦКП) во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), со финансиска поддршка на Шведска, во периодот од ноември 2023 година – мај 2024 година, успешно спроведе 11 тренинзи на кои учествуваа 278 општински службеници.

„Во рамки на Програмата за чист воздух беа опфатени повеќе теми, меѓу кои и дефинирањето на соодветни индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичко планирање и заштита на животната средина, развивање на стандардни оперативни процедури за инспекција и поднесување на годишни планови за инспекција, а при тоа беа прикажани и добри пракси за подобрување на квалитетот на воздухот од Македонија, при што постојано имавме родово балансирано учество и теми кои директно ги адресираат потребите на социјално ранливите категории. Исто така во тренинзите редовно ги вклучувавме и аспектите поврзани со борба против корупција и човекови права “наведе претседателката на ЦКП, Бојана Станојевска, на денешниот, последен тренинг, што се одржа во Скопје.

Таа додаде дека со тренинзите биле опфатени и креирањето на соодветни планови за квалитет на амбиентен воздух, како и за програми за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани. Имено, како што посочи таа, биле спроведени и тренинзи за инспекциски надзор во животната средина, за обезбедување на податоци за подготовка на успешни планови за квалитетот на амбиентниот воздух, како и за развивање на координативна платформа за чист воздух.

„Морам да го истакнам значењето на овие тренинзи кое е во насока на подготовка на општинските службеници за подобро спроведување на законодавството за квалитет на амбиентен воздух. Беа опфатени сите сегменти од ова поле и речиси сум сигурна дека за скоро време ќе имаме видливи резултати преку примена во нивното работење. Сите наши заложби се во насока на создавање на здрава и чиста животна околина и токму затоа сметам дека е од суштинско значење да се спроведуваат ваков вид на тренинзи со кои се надградува знаењето на лицата кои се вработени во локалната самоуправа“, потенцираше Станојевска.

Претседателката на ЦКП посочи дека тренинзите се одржале во градовите Струмица, Струга, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Скопје и дека на нив, општинските службеници, како и овластените инспектори за животна средина добиле можност да добијат приказ на состојбите, како и да разменат мислења, со предавачи од Шведска, Словенија, Косово, Државниот инспекторат за животна средина, универзитети од земјава, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во УНДП, презентираше дел од резултатите што се постигнати во рамки на овој проект, но и на претходната фаза на проектот, задржувајќи се на поддршката за подобрување на енергетско ефикасните перформанси на домовите во населба Лисиче, каде се постигнати видливи промени во однос на намалувањето на аерозагадувањето. Овие мерки вклучувале поставување на енергетски ефикасни фасади и покриви, нови прозорци и врати, а исто така се вложило и во замена на системите за затоплување на домовите, од шпорети на дрва во еколошки уреди.

Последниот тренинг од Програмата за чист воздух, беше посветен на јакнење на капацитетите, при што консултантите Весна Кардалевска и Александар Караев, изнесоа добри примери за јакнење на капацитетите во Македонија и се осврнаа на важноста од менторството за подобрување на капацитетите, како и на потребните обуки во таа насока.

Тие заклучија дека ефектите од ваквиот тип на програми се забележуваат на долг рок, со имплементација на знаењето во секојдневното дејствување.

Консултантите им порачаа на присутните да останат мотивирани и да вложат напори во локалните самоуправи да се пресликаат добрите практики, а со тоа да се постигнат видливи резултати.

Претседателката на ЦКП им се заблагодари на учесниците за големата посветеност и интеракцијата на тренинзите и посака одржување на уште многу продуктивни средби со кои ќе се постигнат успеси на национално ниво.

The post Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор appeared first on Република.

]]>

Центарот за климатски промени (ЦКП) во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), со финансиска поддршка на Шведска, во периодот од ноември 2023 година – мај 2024 година, успешно спроведе 11 тренинзи на кои учествуваа 278 општински службеници. „Во рамки на Програмата за чист воздух беа опфатени повеќе теми, меѓу кои и дефинирањето на соодветни индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичко планирање и заштита на животната средина, развивање на стандардни оперативни процедури за инспекција и поднесување на годишни планови за инспекција, а при тоа беа прикажани и добри пракси за подобрување на квалитетот на воздухот од Македонија, при што постојано имавме родово балансирано учество и теми кои директно ги адресираат потребите на социјално ранливите категории. Исто така во тренинзите редовно ги вклучувавме и аспектите поврзани со борба против корупција и човекови права “наведе претседателката на ЦКП, Бојана Станојевска, на денешниот, последен тренинг, што се одржа во Скопје. Таа додаде дека со тренинзите биле опфатени и креирањето на соодветни планови за квалитет на амбиентен воздух, како и за програми за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани. Имено, како што посочи таа, биле спроведени и тренинзи за инспекциски надзор во животната средина, за обезбедување на податоци за подготовка на успешни планови за квалитетот на амбиентниот воздух, како и за развивање на координативна платформа за чист воздух. „Морам да го истакнам значењето на овие тренинзи кое е во насока на подготовка на општинските службеници за подобро спроведување на законодавството за квалитет на амбиентен воздух. Беа опфатени сите сегменти од ова поле и речиси сум сигурна дека за скоро време ќе имаме видливи резултати преку примена во нивното работење. Сите наши заложби се во насока на создавање на здрава и чиста животна околина и токму затоа сметам дека е од суштинско значење да се спроведуваат ваков вид на тренинзи со кои се надградува знаењето на лицата кои се вработени во локалната самоуправа“, потенцираше Станојевска. Претседателката на ЦКП посочи дека тренинзите се одржале во градовите Струмица, Струга, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Скопје и дека на нив, општинските службеници, како и овластените инспектори за животна средина добиле можност да добијат приказ на состојбите, како и да разменат мислења, со предавачи од Шведска, Словенија, Косово, Државниот инспекторат за животна средина, универзитети од земјава, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање. Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка во УНДП, презентираше дел од резултатите што се постигнати во рамки на овој проект, но и на претходната фаза на проектот, задржувајќи се на поддршката за подобрување на енергетско ефикасните перформанси на домовите во населба Лисиче, каде се постигнати видливи промени во однос на намалувањето на аерозагадувањето. Овие мерки вклучувале поставување на енергетски ефикасни фасади и покриви, нови прозорци и врати, а исто така се вложило и во замена на системите за затоплување на домовите, од шпорети на дрва во еколошки уреди. Последниот тренинг од Програмата за чист воздух, беше посветен на јакнење на капацитетите, при што консултантите Весна Кардалевска и Александар Караев, изнесоа добри примери за јакнење на капацитетите во Македонија и се осврнаа на важноста од менторството за подобрување на капацитетите, како и на потребните обуки во таа насока. Тие заклучија дека ефектите од ваквиот тип на програми се забележуваат на долг рок, со имплементација на знаењето во секојдневното дејствување. Консултантите им порачаа на присутните да останат мотивирани и да вложат напори во локалните самоуправи да се пресликаат добрите практики, а со тоа да се постигнат видливи резултати. Претседателката на ЦКП им се заблагодари на учесниците за големата посветеност и интеракцијата на тренинзите и посака одржување на уште многу продуктивни средби со кои ќе се постигнат успеси на национално ниво.

The post Центарот за климатски промени и УНДП со активности за справување со загадувањето на воздухор appeared first on Република.

]]>
УНДП: Македонија да вложи во создавање пристојни работни места, научни истражувања и поттикнување одржлива економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/undp-makedonija-da-vlozhi-vo-sozdavane-pristojni-rabotni-mesta-nauchni-istrazhuvana-i-pottiknuvane-odrzhliva-ekonomija/ Tue, 19 Sep 2023 10:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=683125

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави глобално истражување, што детектира дека добросостојбата на луѓето и на планетата, премногу често зависи од рамнотежата на фискалните и финансиските ограничувања. Станува збор за анализата на целите за одржлив развој, реализирана во соработка со 95 земји во развој, вклучително и Македонија, која содржи посебни извештаи за секоја од овие држави. Во неа се потенцира дека стандардните практики за развој на овие држави, заради комплексните фискални и финансиски ограничувања, резултираат со јаглерод интензивни и неинклузивни исходи, соопшти УНДП.

Во делот за Македонија се посочува дека сите чинители треба да посветат поголемо внимание и да вложат повеќе ресурси во човечкиот капитал, создавањето пристојни работни места, поттикнување на научните истражувања, како и да се работи на одговорно ползување на природните ресурси и поттикнување одржлива економија.

На самитот на ОН за одржлив развој, УНДП повикува на меѓународна акција за остварување еколошки одржлив и инклузивен економски раст. Неопходно е преуредување на меѓународната финансиска архитектура и на домашните политики, кои ќе им овозможат на земјите подобро да ги усогласат своите фискални и финансиски ресурси кон целите на одржлив развој, се наведува во пишаната изјава на Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите Нации.

Новите проекции покажале дека во последните три години, 72 од 95 држави ги зголемиле јаглеродните емисии, а кај 38 од нив, тоа зголемување е дури за 10 проценти. Истовремено, само една од пет земји, го намалила нивото на сиромаштија од 2019 година, додека таа останала на исто ниво или се зголемила во 72 од 95 земји.

Според директорката за интеграција на целите за одржливиот развој во УНДП, Лорел Патерсон, „анализата открива дека националните приоритети на владите како работните места, инфраструкурата, градовите и институциите може да доведат до поширока усогласеност на социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок. Но, за да го направат тоа, овие приоритети мора да бидат поврзани со комбинирање на целите за одржлив развој.“

The post УНДП: Македонија да вложи во создавање пристојни работни места, научни истражувања и поттикнување одржлива економија appeared first on Република.

]]>

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави глобално истражување, што детектира дека добросостојбата на луѓето и на планетата, премногу често зависи од рамнотежата на фискалните и финансиските ограничувања. Станува збор за анализата на целите за одржлив развој, реализирана во соработка со 95 земји во развој, вклучително и Македонија, која содржи посебни извештаи за секоја од овие држави. Во неа се потенцира дека стандардните практики за развој на овие држави, заради комплексните фискални и финансиски ограничувања, резултираат со јаглерод интензивни и неинклузивни исходи, соопшти УНДП. Во делот за Македонија се посочува дека сите чинители треба да посветат поголемо внимание и да вложат повеќе ресурси во човечкиот капитал, создавањето пристојни работни места, поттикнување на научните истражувања, како и да се работи на одговорно ползување на природните ресурси и поттикнување одржлива економија.
На самитот на ОН за одржлив развој, УНДП повикува на меѓународна акција за остварување еколошки одржлив и инклузивен економски раст. Неопходно е преуредување на меѓународната финансиска архитектура и на домашните политики, кои ќе им овозможат на земјите подобро да ги усогласат своите фискални и финансиски ресурси кон целите на одржлив развој, се наведува во пишаната изјава на Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите Нации.
Новите проекции покажале дека во последните три години, 72 од 95 држави ги зголемиле јаглеродните емисии, а кај 38 од нив, тоа зголемување е дури за 10 проценти. Истовремено, само една од пет земји, го намалила нивото на сиромаштија од 2019 година, додека таа останала на исто ниво или се зголемила во 72 од 95 земји. Според директорката за интеграција на целите за одржливиот развој во УНДП, Лорел Патерсон, „анализата открива дека националните приоритети на владите како работните места, инфраструкурата, градовите и институциите може да доведат до поширока усогласеност на социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок. Но, за да го направат тоа, овие приоритети мора да бидат поврзани со комбинирање на целите за одржлив развој.“

The post УНДП: Македонија да вложи во создавање пристојни работни места, научни истражувања и поттикнување одржлива економија appeared first on Република.

]]>
Работилница за приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotilnitsa-za-prioretizatsija-na-strateshkite-oblasti-na-natsionalnata-razvojna-strategija/ Thu, 11 May 2023 11:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=639696

Денеска се одржа работилница фокусирана на приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија. Цел на оваа работилница беше методолошки и според дефинирани чекори да се издвојат најбитните стратешки области на Националната развојна стратегија. Националната развојна стратегија е комплексен процес за водење, на кој е потребна заедничка работа и синергија на сите постоечки сектори во државата. Овој процес е од големо значење за иднината односно развојот на нашата држава и затоа бара методичност и внимателен пристап при креирањето.

Националната развојна стратегија како 20 годишна стратегија за развој треба да ги мапира и да ги постави насоките на развојот и соодветно да ги искористи ресурсите со кои располагаме како држава. Креирањето на стратегијата не смее да зависи само од политичка волја, туку мора да биде заеднички процес, на сите чинители. Во таа насока освен денешниот настан, одржани се состаноци со академија, собрание, МАНУ, граѓански сектор, над 40 визионерски работилници во сите плански региони на кои учествуваа над 3.000 граѓани, а поставена е и платформа за јавни консултации - www.nrs.mk.

На настанот свое излагање имаа Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

За важноста на настанот, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна - „ Националната развојна стратегија ќе нѝ ја даде потребната јасност и визија за развојните цели и патека на нашето општество. За остварување на оваа стратегија, ќе биде потребно да вложиме напор и придонес сите ние, заедно, за нашата држава. Пред 30 години одлучивме дека ќе имаме суверена независна држава, сега 30 години подоцна имаме остварено една од главните стратешки приоритети а тоа е дел од НАТО алијансата. Веќе сме на патот за исполнување на втората главна стратешка определба која е заедничка, а тоа е полноправно членство во Европската Унија. Сега е време, имаме доволно искуство и колективна мудрост заедно да го видиме развојот кој ни е важен и каков сакаме да биде во следните 20 години“.

Дополнително министерот за финансии, Фатмир Бесими забележа - „Националната развојна стратегија ги инкорпорира стратешките определби кои веќе се поставени високо на листата на приоритети на земјата и за нивно спроведување се очекува широка поддршка и силна организациска структура. Таа е сублимат на сè она што и досега го правиме и ја изразува нашата силна волја во тоа да успееме“.

Свое видување за Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство кој наведе дека - „ Долгорочна Национална стратегија за развој бара поддршка од сите. Потребни се заложби од сите политички партии, отсликани во изборните програми на политичките партии. Граѓаните треба да ја видат политичката посветеност за постигнување заеднички договорени цели во сите политички визии. Многу труд се вложи за да дојдеме до оваа точка. Податоците собрани во претходните фази на Националната стратегија за развој сега треба да се стават под теми со фокус на потребите на граѓаните на оваа земја“.

Забелешката по однос на настанот и важноста на Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка, кој кажа - „Фактот дека постои голем интерес е доволен и сигурен показател дека е избран вистинскиот модел за изработка на документ за кој слободно можам да кажам дека е од клучно значење за економскиот и социјалниот напредок на земјата”.

Како сублимирање на напорите за креирањето на стратегијата свој осврт даде и Армен Григорјан, постојан Претставник на УНДП кој потенцираше - „ Според мене, нема поголема потврда дека сме на вистинскиот пат, од искажаната поддршка на сите оние кои не само што пројавија голем интерес, туку и споделија креативни идеи и иницијативи“.

На работилницата имаше големо присуство на претставници од најразлични институции од Владата на Република Македонија, претставници од граѓанскиот сектор, МАНУ, експерти од различни полиња на делување, меѓународни донатори и други релевантни институции кои дадоа свој придонес во дискусијата.

Ова е редок пример каде преку инклузивен процес се вклучуваат сите вклучени страни, со цел заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко креирање на Националната развојна стратегија, од која ќе зависат многу клучни процеси во следните 20 години.

The post Работилница за приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија appeared first on Република.

]]>

Денеска се одржа работилница фокусирана на приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија. Цел на оваа работилница беше методолошки и според дефинирани чекори да се издвојат најбитните стратешки области на Националната развојна стратегија. Националната развојна стратегија е комплексен процес за водење, на кој е потребна заедничка работа и синергија на сите постоечки сектори во државата. Овој процес е од големо значење за иднината односно развојот на нашата држава и затоа бара методичност и внимателен пристап при креирањето. Националната развојна стратегија како 20 годишна стратегија за развој треба да ги мапира и да ги постави насоките на развојот и соодветно да ги искористи ресурсите со кои располагаме како држава. Креирањето на стратегијата не смее да зависи само од политичка волја, туку мора да биде заеднички процес, на сите чинители. Во таа насока освен денешниот настан, одржани се состаноци со академија, собрание, МАНУ, граѓански сектор, над 40 визионерски работилници во сите плански региони на кои учествуваа над 3.000 граѓани, а поставена е и платформа за јавни консултации - www.nrs.mk. На настанот свое излагање имаа Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство, Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП. За важноста на настанот, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна - „ Националната развојна стратегија ќе нѝ ја даде потребната јасност и визија за развојните цели и патека на нашето општество. За остварување на оваа стратегија, ќе биде потребно да вложиме напор и придонес сите ние, заедно, за нашата држава. Пред 30 години одлучивме дека ќе имаме суверена независна држава, сега 30 години подоцна имаме остварено една од главните стратешки приоритети а тоа е дел од НАТО алијансата. Веќе сме на патот за исполнување на втората главна стратешка определба која е заедничка, а тоа е полноправно членство во Европската Унија. Сега е време, имаме доволно искуство и колективна мудрост заедно да го видиме развојот кој ни е важен и каков сакаме да биде во следните 20 години“. Дополнително министерот за финансии, Фатмир Бесими забележа - „Националната развојна стратегија ги инкорпорира стратешките определби кои веќе се поставени високо на листата на приоритети на земјата и за нивно спроведување се очекува широка поддршка и силна организациска структура. Таа е сублимат на сè она што и досега го правиме и ја изразува нашата силна волја во тоа да успееме“. Свое видување за Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство кој наведе дека - „ Долгорочна Национална стратегија за развој бара поддршка од сите. Потребни се заложби од сите политички партии, отсликани во изборните програми на политичките партии. Граѓаните треба да ја видат политичката посветеност за постигнување заеднички договорени цели во сите политички визии. Многу труд се вложи за да дојдеме до оваа точка. Податоците собрани во претходните фази на Националната стратегија за развој сега треба да се стават под теми со фокус на потребите на граѓаните на оваа земја“. Забелешката по однос на настанот и важноста на Националната развојна стратегија даде и Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка, кој кажа - „Фактот дека постои голем интерес е доволен и сигурен показател дека е избран вистинскиот модел за изработка на документ за кој слободно можам да кажам дека е од клучно значење за економскиот и социјалниот напредок на земјата”. Како сублимирање на напорите за креирањето на стратегијата свој осврт даде и Армен Григорјан, постојан Претставник на УНДП кој потенцираше - „ Според мене, нема поголема потврда дека сме на вистинскиот пат, од искажаната поддршка на сите оние кои не само што пројавија голем интерес, туку и споделија креативни идеи и иницијативи“. На работилницата имаше големо присуство на претставници од најразлични институции од Владата на Република Македонија, претставници од граѓанскиот сектор, МАНУ, експерти од различни полиња на делување, меѓународни донатори и други релевантни институции кои дадоа свој придонес во дискусијата. Ова е редок пример каде преку инклузивен процес се вклучуваат сите вклучени страни, со цел заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко креирање на Националната развојна стратегија, од која ќе зависат многу клучни процеси во следните 20 години.

The post Работилница за приоретизација на стратешките области на Националната развојна стратегија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Григоријан: Поддршка од УНДП за натамошните чекори во евроинтеграциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-grigorijan-poddrshka-od-undp-za-natamoshnite-chekori-vo-evrointegraciite/ Tue, 08 Nov 2022 10:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=571334

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, придружуван од  Хиронори Савада, амбасадорот на Јапонија во нашата држава.

На состанокот е изразена поддршка за натамошните чекори на Република Македонија во интеграцијата кон Европската Унија.

Констатирано е дека УНДП може да помогне во пристапниот процес кон ЕУ, во рамки на реформите.

Исти така разговарано е за значењето на Националната стратегија за развој што ја спроведува УНДП во земјава и придонесот во развојот на демократско општество, унапредување на социјалната инклузија, во заштитата на животната средина, во делот на иновациите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на УНДП, во изградбата на институциите, развојот на економијата, образованието, инфраструктурата, спроведувањето на зелената агенда во земјава, до денешниот придонес во напредокот на евроинтеграциите.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата е фокусирана на решавањето на актуелните предизвици во областа на енергетиката и паралелно со тоа на евроинтеграцискиот процес, со цел да се осигура европски квалитет на живот за граѓаните.

На состанокот е разговарано и за пријателската и значајна соработка со Јапонија од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете држави, во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Јапонија.

The post Ковачевски – Григоријан: Поддршка од УНДП за натамошните чекори во евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, придружуван од  Хиронори Савада, амбасадорот на Јапонија во нашата држава. На состанокот е изразена поддршка за натамошните чекори на Република Македонија во интеграцијата кон Европската Унија. Констатирано е дека УНДП може да помогне во пристапниот процес кон ЕУ, во рамки на реформите. Исти така разговарано е за значењето на Националната стратегија за развој што ја спроведува УНДП во земјава и придонесот во развојот на демократско општество, унапредување на социјалната инклузија, во заштитата на животната средина, во делот на иновациите. Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на УНДП, во изградбата на институциите, развојот на економијата, образованието, инфраструктурата, спроведувањето на зелената агенда во земјава, до денешниот придонес во напредокот на евроинтеграциите. Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата е фокусирана на решавањето на актуелните предизвици во областа на енергетиката и паралелно со тоа на евроинтеграцискиот процес, со цел да се осигура европски квалитет на живот за граѓаните. На состанокот е разговарано и за пријателската и значајна соработка со Јапонија од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете држави, во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Јапонија.

The post Ковачевски – Григоријан: Поддршка од УНДП за натамошните чекори во евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>
Во најновиот Извештај на УНДП, Македонија на 78 место, зад сите земји од регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-najnoviot-izveshtaj-na-undp-makedonija-na-78-mesto-zad-site-zemji-od-regionot/ Mon, 07 Nov 2022 14:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=571003

Од 181 земја колку што се анализирани во најновиот Извештај за човековиот развој „Патоказ низ несигурни времиња“ на УНДП, Македонија се најде на 78 место, зад сите земји од регионот.

Земјите во извештајот се групирани во четири групи – земји со низок, среден, висок и многу висок раст на човековиот развој.

Откако е воведен во 1990 година на светско ниво, но и во случајот со Македонија растот е континуиран, се до 2018 година, каде што како земја почнуваме да назадуваме, но тоа не е проблем само на нашата земја, туку е и глобален проблем“, посочи на презентацијата на извештајот Марко Трошановски од Институтот за Демократија Социетас цивилис – Скопје.

Тој посочи дека во светот овој тренд почнува да се менува во 2019 година, односно пред ковид кризата, а со неа дополнително се забрза и станува сѐ понегативен. Така, 2021 година е првата година во која што Индексот за човековиот развој откога се мери опаѓа две години по ред. Уште полошо е што вредноста во 2021 на глобално ниво е пониска од 2017 година што значи дека светот изгубил пет години од своите заложби за постојано унапредување подобрување или развој.

„Ако се земе низ години може да се види дека постојано сме имале зголемување на индексот на човечки развој. Сѐ до 2020 година. Во 2021 година во случајот на Македонија е на ниво на развојот од 2017 година“, рече Трошановски, додавајќи дека за разлика од светот каде што има петгодишен регрес, во Македонија се случува регрес од четири години, односно вратени сме во развојот за период од четири години.

Но, како што посочи, она што исто така загрижува е ако ова продолжи и во наредната година, проектираното враќање нема да биде пет, туку седум години наназад, што е прилично загрижувачки податок.

Ако го земеме 25 годишниот тренд на развој на земјата сепак можеме да кажеме дека во нашиот случај, како и во многу други земји во светот имало континуиран човеков развој, односно за периодот 1995 – 2001 година растот е речиси 20 проценти. Очекувањата за животниот век се зголемиле за 2,2 години, се подобрила и средната вредност за образование за 4,7 години, а очекуваните години за школување за 2,2 години, а бруто домашниот приход (ГНИ) по жител се зголемил за 77 проценти“, рече Трошановски.

Инаку, во 2021 година средната вредност на очекуваниот животен век е  73,8 години , очекуваните години на школување се 13,6 додека средната вредност на години кои што луѓето ги поминуваат реално во школо наспроти колку се очекува од нив се 10,2 години.

Претседателот Стево Пендаровски, обраќајки се на презентацијата на овој важен извештај, рече дека на економската криза предизвикана од пандемијата, но и руската агресија врз Украина доведе до ценовни шокови и раст на животните трошоци во Европа и светот.

Ние сме високо рангирани во однос на смртноста од Ковид-19, загаденоста на воздухот ни е хроничен проблем, а имаме слаби резултати во образованието и медиумската писменост. Мора да ги удвоиме националните напори за да постигнеме посилен економски и општествен развој“, рече Пендаровски.

Тој во своето обраќање за време на презентација на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), рече дека половина од земјите во регионот на југоисточна Европа се со многу висок човеков развој, а другата половина се со висок човеков развој. Ние, како што додаде, сме на дното на втората група.

Тоа не треба да не изненадува ако имаме в предвид дека во здравствениот сегмент сме високо рангирани во однос на смртноста на Ковид-19, загаденоста на воздухот ни е хроничен проблем, а имаме слаби резултати и во рамки на ПИСА тестирањето. Ниско сме рангирани и во однос на медиумската писменост. На пример, Финска која е најдобро рангирана европска држава, има пет пати повеќе бодови за медиумска писменост од нас“, рече Пендаровски.

Според претседателот, без соодветна здравствена заштита, квалитетно образование и медиумска писменост, тешко е да се очекува висок животен стандард.

Голем дел од причините за овие состојби се екстерни и едноставно не зависат од нас – климатските промени, геополитичките тензии, економските, енергетските и здравствените кризи се глобални потреси кои го забавуваат прогресот. Но, освен надворешните влијанија, нашиот развој нема задоволително темпо и како последица на низа внатрешни фактори“, рече претседателот.

Тој напомена дека сведочиме на долга децениска историја на започнати, а незавршени реформи, како и на корупцијата, клиентализмот и сивата економија, што ја еродираат довербата на граѓаните во институциите.

Безмалку, како што рече, секоја власт од независноста до денес, наследуваше и оставаше системски слабости кои се таложеа.

Овој извештај не треба да биде предмет на дневно политички толкувања, затоа што секоја генерација политички лидерства носи поголем или помал дел од одговорноста за овие состојби. Не треба да зачудува што во таков контекст, постојат сите предуслови за пораст на европесимизмот, популизмот и авторитарните тенденции“, рече Пендаровски.

Според претседателот, извештајот потврдува уште една загрижувачка тенденција. Како што посочи, иако јазот на нееднаквоста се стеснува меѓу државите, тој за жал се шири внатре во самите држави. Вообичаено, напомена, највисоката цена ја плаќаат најсиромашните, кои се најранливи во кризни времиња.

Индекост на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме за да надоместиме за изгубените години и да постигнеме повисок степен на развој. За да ја постигнеме целта на повисоко ниво на човечковиот развој за сите македонски граѓани, потребни се три работи – прво, соочување со реалноста, второ, обмислување на решенија и трето политичка волја да ги направиме неопходните промени, смета претседателот.

Според Пендаровски, развојните стратешки документи ни ги даваат решенијата, а започнатите преговори за членство во ЕУ значат дополнителен мотив за суштински реформи.

Од УНДП почочуваат дека извештајот е со фокус на состојбите во Македонија, а е изработен врз основа на глобалниот извештај што секоја година УНДП го подготвува на светско ниво и оваа година е насловен „Неизвесни времиња, несигурни животи: Обликување на иднината во светот што се менува“. Втора година по ред глобалноиот извештај на УНДП бележи пад во однос на човековиот развој, а како главни причини се наведуваат пандемијата на КОВИД 19 и кризата во Украина.

Развојот на човештвото е во основата на цивилизацијата. Цивилизацијата не значи ништо друго туку подобрување на животот на човекот, правење услови за извесна иднина, фер правила на игра, подобрување на околината во која што живееме, создавање добри услови за економија, добро образование и здравство, правда и праведност за сите, оставање на подобро опкружување за идните генерации од оние кои сме ги наследиле“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Две години човештвото влегува од криза во криза. А, што прават луѓето во криза? Се организираат и изнаоѓаат решенија. Можеби тоа нема да бидат најдобрите решенија во моментот, но штетата е поголема ако не се прави ништо. УНДП работи на развојните политики со години. Социјалната вклученост и заштита, демократското управување, заштитата на животната средина се во сржта на нашето работење“, додаде Григорјан.

 

The post Во најновиот Извештај на УНДП, Македонија на 78 место, зад сите земји од регионот appeared first on Република.

]]>

Од 181 земја колку што се анализирани во најновиот Извештај за човековиот развој „Патоказ низ несигурни времиња“ на УНДП, Македонија се најде на 78 место, зад сите земји од регионот. Земјите во извештајот се групирани во четири групи – земји со низок, среден, висок и многу висок раст на човековиот развој.
Откако е воведен во 1990 година на светско ниво, но и во случајот со Македонија растот е континуиран, се до 2018 година, каде што како земја почнуваме да назадуваме, но тоа не е проблем само на нашата земја, туку е и глобален проблем“, посочи на презентацијата на извештајот Марко Трошановски од Институтот за Демократија Социетас цивилис – Скопје.
Тој посочи дека во светот овој тренд почнува да се менува во 2019 година, односно пред ковид кризата, а со неа дополнително се забрза и станува сѐ понегативен. Така, 2021 година е првата година во која што Индексот за човековиот развој откога се мери опаѓа две години по ред. Уште полошо е што вредноста во 2021 на глобално ниво е пониска од 2017 година што значи дека светот изгубил пет години од своите заложби за постојано унапредување подобрување или развој.
„Ако се земе низ години може да се види дека постојано сме имале зголемување на индексот на човечки развој. Сѐ до 2020 година. Во 2021 година во случајот на Македонија е на ниво на развојот од 2017 година“, рече Трошановски, додавајќи дека за разлика од светот каде што има петгодишен регрес, во Македонија се случува регрес од четири години, односно вратени сме во развојот за период од четири години.
Но, како што посочи, она што исто така загрижува е ако ова продолжи и во наредната година, проектираното враќање нема да биде пет, туку седум години наназад, што е прилично загрижувачки податок.
Ако го земеме 25 годишниот тренд на развој на земјата сепак можеме да кажеме дека во нашиот случај, како и во многу други земји во светот имало континуиран човеков развој, односно за периодот 1995 – 2001 година растот е речиси 20 проценти. Очекувањата за животниот век се зголемиле за 2,2 години, се подобрила и средната вредност за образование за 4,7 години, а очекуваните години за школување за 2,2 години, а бруто домашниот приход (ГНИ) по жител се зголемил за 77 проценти“, рече Трошановски.
Инаку, во 2021 година средната вредност на очекуваниот животен век е  73,8 години , очекуваните години на школување се 13,6 додека средната вредност на години кои што луѓето ги поминуваат реално во школо наспроти колку се очекува од нив се 10,2 години. Претседателот Стево Пендаровски, обраќајки се на презентацијата на овој важен извештај, рече дека на економската криза предизвикана од пандемијата, но и руската агресија врз Украина доведе до ценовни шокови и раст на животните трошоци во Европа и светот.
Ние сме високо рангирани во однос на смртноста од Ковид-19, загаденоста на воздухот ни е хроничен проблем, а имаме слаби резултати во образованието и медиумската писменост. Мора да ги удвоиме националните напори за да постигнеме посилен економски и општествен развој“, рече Пендаровски.
Тој во своето обраќање за време на презентација на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), рече дека половина од земјите во регионот на југоисточна Европа се со многу висок човеков развој, а другата половина се со висок човеков развој. Ние, како што додаде, сме на дното на втората група.
Тоа не треба да не изненадува ако имаме в предвид дека во здравствениот сегмент сме високо рангирани во однос на смртноста на Ковид-19, загаденоста на воздухот ни е хроничен проблем, а имаме слаби резултати и во рамки на ПИСА тестирањето. Ниско сме рангирани и во однос на медиумската писменост. На пример, Финска која е најдобро рангирана европска држава, има пет пати повеќе бодови за медиумска писменост од нас“, рече Пендаровски.
Според претседателот, без соодветна здравствена заштита, квалитетно образование и медиумска писменост, тешко е да се очекува висок животен стандард.
Голем дел од причините за овие состојби се екстерни и едноставно не зависат од нас – климатските промени, геополитичките тензии, економските, енергетските и здравствените кризи се глобални потреси кои го забавуваат прогресот. Но, освен надворешните влијанија, нашиот развој нема задоволително темпо и како последица на низа внатрешни фактори“, рече претседателот.
Тој напомена дека сведочиме на долга децениска историја на започнати, а незавршени реформи, како и на корупцијата, клиентализмот и сивата економија, што ја еродираат довербата на граѓаните во институциите. Безмалку, како што рече, секоја власт од независноста до денес, наследуваше и оставаше системски слабости кои се таложеа.
Овој извештај не треба да биде предмет на дневно политички толкувања, затоа што секоја генерација политички лидерства носи поголем или помал дел од одговорноста за овие состојби. Не треба да зачудува што во таков контекст, постојат сите предуслови за пораст на европесимизмот, популизмот и авторитарните тенденции“, рече Пендаровски.
Според претседателот, извештајот потврдува уште една загрижувачка тенденција. Како што посочи, иако јазот на нееднаквоста се стеснува меѓу државите, тој за жал се шири внатре во самите држави. Вообичаено, напомена, највисоката цена ја плаќаат најсиромашните, кои се најранливи во кризни времиња.
Индекост на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме за да надоместиме за изгубените години и да постигнеме повисок степен на развој. За да ја постигнеме целта на повисоко ниво на човечковиот развој за сите македонски граѓани, потребни се три работи – прво, соочување со реалноста, второ, обмислување на решенија и трето политичка волја да ги направиме неопходните промени, смета претседателот.
Според Пендаровски, развојните стратешки документи ни ги даваат решенијата, а започнатите преговори за членство во ЕУ значат дополнителен мотив за суштински реформи. Од УНДП почочуваат дека извештајот е со фокус на состојбите во Македонија, а е изработен врз основа на глобалниот извештај што секоја година УНДП го подготвува на светско ниво и оваа година е насловен „Неизвесни времиња, несигурни животи: Обликување на иднината во светот што се менува“. Втора година по ред глобалноиот извештај на УНДП бележи пад во однос на човековиот развој, а како главни причини се наведуваат пандемијата на КОВИД 19 и кризата во Украина.
Развојот на човештвото е во основата на цивилизацијата. Цивилизацијата не значи ништо друго туку подобрување на животот на човекот, правење услови за извесна иднина, фер правила на игра, подобрување на околината во која што живееме, создавање добри услови за економија, добро образование и здравство, правда и праведност за сите, оставање на подобро опкружување за идните генерации од оние кои сме ги наследиле“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Две години човештвото влегува од криза во криза. А, што прават луѓето во криза? Се организираат и изнаоѓаат решенија. Можеби тоа нема да бидат најдобрите решенија во моментот, но штетата е поголема ако не се прави ништо. УНДП работи на развојните политики со години. Социјалната вклученост и заштита, демократското управување, заштитата на животната средина се во сржта на нашето работење“, додаде Григорјан.  

The post Во најновиот Извештај на УНДП, Македонија на 78 место, зад сите земји од регионот appeared first on Република.

]]>
УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/undp-nad-71-milion-lugje-vo-svetot-se-soochuvaat-so-siromashtija/ Thu, 07 Jul 2022 09:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=525283

Над 71 милион луѓе низ светот се соочуваат со сиромаштија како резултат на растечките цени на храната и на енергсите, предизвикани од руската инвазија врз Украина, соопшти денеска програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Се проценува дека дополнителни 51,6 милиони лица осиромашиле во првите три месеци по почетокот на војната, живеејќи со приходи од 1,90 долари дневно, или помалку.

Сега вкупно девет отсто од светската популација живее во сиромаштија. Дополнителни 20 милиони се на граница на сиромаштија, со приходи од 3,20 долари дневно.

Во земји со ниски приходи, семејства трошат 42 отсто од приходите на домаќинството за храна. Но, по санкциите воведени од западни земји кон Русија, пораснаа цените на горивата и на основните прехранбени производи, како пченица, шеќер, масло за јадење.

Блокираните украински пристаништа и неможноста земјата да извезе жито во земји со ниски приходи, дополнително ги зголемијаа цените, туркајќи десетици милиони луѓе во сиромаштија.

Брзината со која луѓето „влетаа“ во сиромаштија, ја надмина кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Според УНДП, 125 милиони луѓе доживеаја сиромаштија за време на 18 месеци карантин и затворање поради пандемијата. Од друга страна, 71 милион осиромаши за само три месеци по руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари кон крајот на февруари.

The post УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија appeared first on Република.

]]>

Над 71 милион луѓе низ светот се соочуваат со сиромаштија како резултат на растечките цени на храната и на енергсите, предизвикани од руската инвазија врз Украина, соопшти денеска програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Се проценува дека дополнителни 51,6 милиони лица осиромашиле во првите три месеци по почетокот на војната, живеејќи со приходи од 1,90 долари дневно, или помалку. Сега вкупно девет отсто од светската популација живее во сиромаштија. Дополнителни 20 милиони се на граница на сиромаштија, со приходи од 3,20 долари дневно. Во земји со ниски приходи, семејства трошат 42 отсто од приходите на домаќинството за храна. Но, по санкциите воведени од западни земји кон Русија, пораснаа цените на горивата и на основните прехранбени производи, како пченица, шеќер, масло за јадење. Блокираните украински пристаништа и неможноста земјата да извезе жито во земји со ниски приходи, дополнително ги зголемијаа цените, туркајќи десетици милиони луѓе во сиромаштија. Брзината со која луѓето „влетаа“ во сиромаштија, ја надмина кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Според УНДП, 125 милиони луѓе доживеаја сиромаштија за време на 18 месеци карантин и затворање поради пандемијата. Од друга страна, 71 милион осиромаши за само три месеци по руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари кон крајот на февруари.

The post УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија appeared first on Република.

]]>
УНДП: Ако продолжи војната 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/undp-ako-prodolzi-vojnata-90-otsto-od-ukrainskoto-naselenie-kje-se-soochi-so-siromashtija/ Wed, 16 Mar 2022 09:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=473621

Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Секој ден на одложен мир ќе го забрза слободното пад во сиромаштија, предупреди УНДП, додавајќи дека војната може да остави „длабоки социјални и економски лузни врз идните генерации.

Според администраторот на УНДП, Ахим Штајнер „акутните влијанија од продолжената војна сега стануваат поочигледни“.

Алармантниот економски пад, страдањата, тешкотиите на веќе трауматизираното население сега мора да бидат во поостар фокус. Има уште време да се запре оваа мрачна траекторија, истакна Штајнер.

The post УНДП: Ако продолжи војната 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија appeared first on Република.

]]>

Околу 90 проценти од украинското население би можело да се соочи со сиромаштија доколку продолжи војната, се наведува во соопштението на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Секој ден на одложен мир ќе го забрза слободното пад во сиромаштија, предупреди УНДП, додавајќи дека војната може да остави „длабоки социјални и економски лузни врз идните генерации. Според администраторот на УНДП, Ахим Штајнер „акутните влијанија од продолжената војна сега стануваат поочигледни“. Алармантниот економски пад, страдањата, тешкотиите на веќе трауматизираното население сега мора да бидат во поостар фокус. Има уште време да се запре оваа мрачна траекторија, истакна Штајнер.

The post УНДП: Ако продолжи војната 90 отсто од украинското население ќе се соочи со сиромаштија appeared first on Република.

]]>