умирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/umirane/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Apr 2023 10:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png умирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/umirane/ 32 32 Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-zagaduvane-na-vozduhot-godishno-vo-evropa-umiraat-poveke-od-1-200-maloletnitsi/ Mon, 24 Apr 2023 10:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=633514

Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештај објавен денеска.

Децата се особено ранливи на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетство, забележа агенцијата со седиште во Копенхаген, додавајќи дека лошиот воздух исто така ги става децата во поголем ризик од хронични болести во зрелоста.

Загадувањето треба да се решава од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од сообраќајот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат.
Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини.

И покрај подобрувањата во последните години, нивоата на главните загадувачи во многу европски земји остануваат над границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во друг извештај на ЕЕА.

Проблемите се особено присутни во градовите. Повеќе од 90 проценти од урбаното население во 2021 година во земјите на ЕУ морало да живее со нивоа на ситна прашина (PM2,5), озон (О3) и азот диоксид (NO2) кои биле над препораките на СЗО. Ова особено се однесува на Централна и Источна Европа, како и Италија.

Главната причина за загадувањето со ситна прашина е употребата на цврсти горива како што е јагленот за греење во индустријата.

Проценетите 1.200 предвремени смртни случаи меѓу малолетниците ги опфаќаат земјите-членки на ЕЕА, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, покрај 27-те земји на ЕУ.

Не можеме да ги сметаме децата како мали возрасни кога станува збор за еколошките ризици и загадувањето на воздухот, изјави експертот за загадување на воздухот од ЕЕА, Херардо Санчез Мартинез. „Побрзо им е дишењето, повеќе дишат преку уста, поблиску се до земјата - истакна тој.

The post Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештај објавен денеска. Децата се особено ранливи на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетство, забележа агенцијата со седиште во Копенхаген, додавајќи дека лошиот воздух исто така ги става децата во поголем ризик од хронични болести во зрелоста. Загадувањето треба да се решава од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од сообраќајот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат. Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини. И покрај подобрувањата во последните години, нивоата на главните загадувачи во многу европски земји остануваат над границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во друг извештај на ЕЕА. Проблемите се особено присутни во градовите. Повеќе од 90 проценти од урбаното население во 2021 година во земјите на ЕУ морало да живее со нивоа на ситна прашина (PM2,5), озон (О3) и азот диоксид (NO2) кои биле над препораките на СЗО. Ова особено се однесува на Централна и Источна Европа, како и Италија. Главната причина за загадувањето со ситна прашина е употребата на цврсти горива како што е јагленот за греење во индустријата. Проценетите 1.200 предвремени смртни случаи меѓу малолетниците ги опфаќаат земјите-членки на ЕЕА, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, покрај 27-те земји на ЕУ.
Не можеме да ги сметаме децата како мали возрасни кога станува збор за еколошките ризици и загадувањето на воздухот, изјави експертот за загадување на воздухот од ЕЕА, Херардо Санчез Мартинез. „Побрзо им е дишењето, повеќе дишат преку уста, поблиску се до земјата - истакна тој.

The post Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници appeared first on Република.

]]>
Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-ovoj-grad-umiraneto-e-zabraneto-so-zakon-za-toa-ima-edna-mnogu-vazhna-prichina/ Mon, 27 Feb 2023 07:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=613519

Освен што ја носи титулата најсеверниот населен град во светот, норвешкиот град Лонгјербјен, сместен на архипелагот Свалбард, е малку необичен и поради една друга работа. Имено, во него никој не умрел повеќе од 70 години затоа што умирањето е забрането со закон.

Како што пишува „IFL Science“, дури и луѓето што цел живот живеат овде, доколку случајно заболат од неизлечлива болест, мора да го напуштат островот и „да ја сретнат својата смрт“ на друго место. Доколку, пак, некако ненадејно некој почине во Свалбард, неговото тело ќе биде однесено и нема да биде погребано на островот.

Ова можеби се чини како навистина бизарен закон, но зад него се крие многу важна причина - заштитата на останатите жители на градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Уште во 1950-тите години било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи земјата е трајно замрзната и како резултат на тоа, вирусите во телата може да преживеат многу долго време и постои ризик од идни инфекции.

Иако ова звучи како сценарио на хорор филм, нешто слично се случи на северот на Сибир, каде што имаше епидемија на антракс во 2016 година. Како причина за епидемијата се сметаше инфекција на трупови на диви животни кои се наоѓале во замрзната земја, којашто се стопи при нагло зголемување на температурата. Тогаш, едно лице почина, а други 90 завршија во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bjørn Brudevoll (@brudevollbjorn)

Истовремено, откриено е и дека вирусот на шпанскиот грип сè уште е присутен во телата на луѓето кои починале во Лонгјербјен на почетокот на векот, а последното лице заразено со оваа болест во градот починало во 1917 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Kjædegaard Haug (@akhaug)

Според пописот од 2015 година, населбата имала 2.144 жители, а островот има арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, додека во зима температурата паѓа на минус 13. Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот од октомври до средината на март), при што има целосен мрак.

https://www.youtube.com/watch?v=dmSRqkkIM4U&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина appeared first on Република.

]]>

Освен што ја носи титулата најсеверниот населен град во светот, норвешкиот град Лонгјербјен, сместен на архипелагот Свалбард, е малку необичен и поради една друга работа. Имено, во него никој не умрел повеќе од 70 години затоа што умирањето е забрането со закон. Како што пишува „IFL Science“, дури и луѓето што цел живот живеат овде, доколку случајно заболат од неизлечлива болест, мора да го напуштат островот и „да ја сретнат својата смрт“ на друго место. Доколку, пак, некако ненадејно некој почине во Свалбард, неговото тело ќе биде однесено и нема да биде погребано на островот. Ова можеби се чини како навистина бизарен закон, но зад него се крие многу важна причина - заштитата на останатите жители на градот.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Visit Norway (@visitnorway)

Уште во 1950-тите години било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи земјата е трајно замрзната и како резултат на тоа, вирусите во телата може да преживеат многу долго време и постои ризик од идни инфекции. Иако ова звучи како сценарио на хорор филм, нешто слично се случи на северот на Сибир, каде што имаше епидемија на антракс во 2016 година. Како причина за епидемијата се сметаше инфекција на трупови на диви животни кои се наоѓале во замрзната земја, којашто се стопи при нагло зголемување на температурата. Тогаш, едно лице почина, а други 90 завршија во болница.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bjørn Brudevoll (@brudevollbjorn)

Истовремено, откриено е и дека вирусот на шпанскиот грип сè уште е присутен во телата на луѓето кои починале во Лонгјербјен на почетокот на векот, а последното лице заразено со оваа болест во градот починало во 1917 година.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Anne Kjædegaard Haug (@akhaug)

Според пописот од 2015 година, населбата имала 2.144 жители, а островот има арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, додека во зима температурата паѓа на минус 13. Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот од октомври до средината на март), при што има целосен мрак. https://www.youtube.com/watch?v=dmSRqkkIM4U&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Во овој град умирањето е забрането со закон, за тоа има една многу важна причина appeared first on Република.

]]>