умираат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/umiraat/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 12:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png умираат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/umiraat/ 32 32 Децата во северна Газа умираат од глад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/detsata-vo-severna-gaza-umiraat-od-glad/ Tue, 05 Mar 2024 12:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=751473

Децата во северна Газа умираат од глад, тврди Светската здравствена организација (СЗО). Во пост на „Х“, генералниот директор на СЗО, Тедрод Аданом Гебрејесус пишува за мрачните сознанија до кои дошле по посетата на СЗО на све болници во регионот.

„Ужасно ниво на неухранетост, деца умираат од глад, серизеннедостиг од гориво, храна и од медицински матријали, уништени болници,“ напиш тој во пост од понеделникот.

Недостигот од храна резултирал со смрт на 10 деца во болницата „Камал Адван“, единствената педијатарска болница во северна Газа, во која ситуцијата е особено запрепастувачка, а една од болничките згради е целосно уништена.

Ова е прва посета на СЗО на болницата од почетокот на октомври, кога изби војната меѓу Израел и Хамас.
Постот на Гебрејесус следи по скорешните извештаи дека шест деца починале од дехидрираност и неухранетост во две болници кои престанале да работат поради немањето гориво за работа на нивните генератори.

„Апелираме да Израел да се погрижи хуманитарната помош да биде редовно и безбедно доставена. Цивилите, особено децата, и медицинскиот пресонал имаат итна потреба од засилена помош, но клучен лек за сите овие пациенти е мирот. Прекинот на огнот,“ истакна тој.

Во северна Газа живеат најмалку 300.000 луѓе со малку храна или чиста вода. Областа е речиси целосно отсечена од помошта од почетокот на војната, а израелските сили рутински ги блокираат доставените продукти.

Висок претставник на ОН предупреди дека најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа – една четвртина од населението- се соочува со катастрофален недостиг од храна, а секое шесто дете помало од две години во регионот страда од акутна неухранетост.

Претходно во февруари и УНРВА, организацијата за палестински бегалци при ОН, престана да доставува помош во северна Газа, а и Агенцијата за храна на ОН престана да доставува помош во регионот на 20 феврури пораи израелскиот оган и целосниот хаос и насилство кои резултираа од колапсот на граѓанскиот поредок.

Предупредувањата од ОН за можен глад во јануари го зголемија и бројот на очајни луѓе кои се обидуваат да дојдат до храна од камионите што поминуваат.

Минатата недела израелските војници пукаа во толпата што се доближа до еден конвој со храна во централниот дел на Газа, предизвикувајќи стампедо кое, заедно со куршумите, уби десетици луѓе.

 

The post Децата во северна Газа умираат од глад appeared first on Република.

]]>

Децата во северна Газа умираат од глад, тврди Светската здравствена организација (СЗО). Во пост на „Х“, генералниот директор на СЗО, Тедрод Аданом Гебрејесус пишува за мрачните сознанија до кои дошле по посетата на СЗО на све болници во регионот. „Ужасно ниво на неухранетост, деца умираат од глад, серизеннедостиг од гориво, храна и од медицински матријали, уништени болници,“ напиш тој во пост од понеделникот. Недостигот од храна резултирал со смрт на 10 деца во болницата „Камал Адван“, единствената педијатарска болница во северна Газа, во која ситуцијата е особено запрепастувачка, а една од болничките згради е целосно уништена. Ова е прва посета на СЗО на болницата од почетокот на октомври, кога изби војната меѓу Израел и Хамас. Постот на Гебрејесус следи по скорешните извештаи дека шест деца починале од дехидрираност и неухранетост во две болници кои престанале да работат поради немањето гориво за работа на нивните генератори. „Апелираме да Израел да се погрижи хуманитарната помош да биде редовно и безбедно доставена. Цивилите, особено децата, и медицинскиот пресонал имаат итна потреба од засилена помош, но клучен лек за сите овие пациенти е мирот. Прекинот на огнот,“ истакна тој. Во северна Газа живеат најмалку 300.000 луѓе со малку храна или чиста вода. Областа е речиси целосно отсечена од помошта од почетокот на војната, а израелските сили рутински ги блокираат доставените продукти. Висок претставник на ОН предупреди дека најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа – една четвртина од населението- се соочува со катастрофален недостиг од храна, а секое шесто дете помало од две години во регионот страда од акутна неухранетост. Претходно во февруари и УНРВА, организацијата за палестински бегалци при ОН, престана да доставува помош во северна Газа, а и Агенцијата за храна на ОН престана да доставува помош во регионот на 20 феврури пораи израелскиот оган и целосниот хаос и насилство кои резултираа од колапсот на граѓанскиот поредок. Предупредувањата од ОН за можен глад во јануари го зголемија и бројот на очајни луѓе кои се обидуваат да дојдат до храна од камионите што поминуваат. Минатата недела израелските војници пукаа во толпата што се доближа до еден конвој со храна во централниот дел на Газа, предизвикувајќи стампедо кое, заедно со куршумите, уби десетици луѓе.  

The post Децата во северна Газа умираат од глад appeared first on Република.

]]>
Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rakot-na-debelo-tsrevo-e-vtora-vodechka-prichina-za-smrt-na-maligni-tumori-godishno-od-ovaa-bolest-vo-makedonija-umiraat-okolu-500-luge/ Wed, 01 Mar 2023 12:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=614661

Секоја година од рак на дебело црево во Македонија умираат окоу 500 луѓе или 482 во 2021 година, што ја рангира оваа болест како втора водечка причина за смрт на малигни тумори кај мажите (303) и кај жените (179) и ја прави социо-медицински проблем, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Први март е Националниот ден за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, а месец март е Меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево.

Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори. Според последните податоци од 2021 година, кај нас има 747 нови случаи, од рак на дебело црево (колон, ректум и сигма).

Ракот на дебелото црево најчесто ги погодува постарите лица, по 70-годишна возраст, но во последната деценија е јасен тренд на зголемување на инциденцата кај младите, на возраст под 40 години. Се покажа дека овде возраста може да биде прогностички фактор, односно дека возраста на пациентите под 40 години има влијание врз поагресивната форма на болеста и пократко севкупно преживување.

Посебен проблем, кај нас и во светот е големиот процент на пациенти со метастатско заболување во моментот на дијагнозата, најчесто во црниот дроб, кај околу 25% од пациентите. Додека во најраните стадиуми на болеста, петгодишното преживување е над 90%, во првичните метастатски форми тоа е околу 10-15% од пациентите.

Колоректалниот карцином е меѓу најчестите видови на рак кај современиот човек. Инциденцата на тумори на дебелото црево е висока кај нас и се приближува до стапките на инциденца на колоректален карцином во Европа и светот. Ракот на дебелото црево е прв или втор на листата на малигни тумори на дигестивниот тракт, во зависност од географската средина.

Точната причина за колоректалниот карцином не е целосно позната. Засега знаеме дека се јавува како резултат на влијанието на наследните и еколошките фактори, исхраната и начинот на живеење.

Симптомите на малигнен тумор на дебелото црево првенствено зависат од локацијата на туморот и може да се манифестираат како: крварење во столицата, неправилна столица, течна столица, синдром на ретка столица, наизменичен запек и дијареа, чувство на недоволно празнање, надуеност, отсуство на гасови и столица.

Некогаш прв и единствен симптом може да биде појавата на слабост и замор поради анемија, што е последица на долготрајно секојдневно крварење во столицата кое не ја менува бојата на столицата. Еден од важните проблеми при поставувањето на дијагнозата, односно рано откривање на тумор на дебелото црево, е присуството на крв во столицата, која се третира како последица на хемороидално крварење и може да доведе до погрешно поставување на дијагнозата без понатамошен преглед, односно колоноскопија.

Од лабораториски анализи, анемијата може да биде единствен начин на манифестација, особено кај туморите на цекум (слепо црево). Седиментацијата е често нормална, а покачената алкална фосфатаза укажува на можни метастази во црниот дроб.

Дијагнозата на рак на дебелото црево често се поставува со колоноскопија кога ќе се види туморска промена, од која се зема парче ткиво (биопсија). Со оваа процедура е важно точно да се утврди каде се наоѓа туморот, како изгледа и за каков тип на тумор се работи. Во најлошите случаи, кога операцијата на дебелото црево се јавува поради болка, крварење или застој на црниот дроб, дијагнозата се поставува при самата операција.

Третманот најчесто е хируршки, по можност со ресекција во еден чин. Терапијата со зрачење е исто така опција и понекогаш се советува пред самата операција. Анемијата треба да се корегира предоперативно со трансфузија. .

Бидејќи се потребни 10-15 години за полипите на дебелото црево да се развијат во рак, раното откривање со скрининг е важно за да може полипите да се отстранат пред да станат канцерогени.

Исхраната треба да биде богата со природни влакна, а не да се додаваат влакната како додаток во исхраната. Се препорачува да се земаат најмалку пет порции свежо овошје (јужно овошје, јаболко, круша, слива) и зеленчук дневно. Брокулата и зелката треба да се земаат најмалку еднаш неделно. Се препорачува да се намали потрошувачката на црвено месо, не повеќе од три пати неделно и да се избегнува конзумирање на сушени месни производи. Се препорачува често да се јаде риба и живина како извор на протеини од животинско потекло. Се препорачува умерена физичка активност најмалку три пати неделно, велат од  Одделот за здравствена промоција и следење на болести од ИЈЗ.

 

The post Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе appeared first on Република.

]]>

Секоја година од рак на дебело црево во Македонија умираат окоу 500 луѓе или 482 во 2021 година, што ја рангира оваа болест како втора водечка причина за смрт на малигни тумори кај мажите (303) и кај жените (179) и ја прави социо-медицински проблем, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Први март е Националниот ден за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, а месец март е Меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево. Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори. Според последните податоци од 2021 година, кај нас има 747 нови случаи, од рак на дебело црево (колон, ректум и сигма). Ракот на дебелото црево најчесто ги погодува постарите лица, по 70-годишна возраст, но во последната деценија е јасен тренд на зголемување на инциденцата кај младите, на возраст под 40 години. Се покажа дека овде возраста може да биде прогностички фактор, односно дека возраста на пациентите под 40 години има влијание врз поагресивната форма на болеста и пократко севкупно преживување. Посебен проблем, кај нас и во светот е големиот процент на пациенти со метастатско заболување во моментот на дијагнозата, најчесто во црниот дроб, кај околу 25% од пациентите. Додека во најраните стадиуми на болеста, петгодишното преживување е над 90%, во првичните метастатски форми тоа е околу 10-15% од пациентите. Колоректалниот карцином е меѓу најчестите видови на рак кај современиот човек. Инциденцата на тумори на дебелото црево е висока кај нас и се приближува до стапките на инциденца на колоректален карцином во Европа и светот. Ракот на дебелото црево е прв или втор на листата на малигни тумори на дигестивниот тракт, во зависност од географската средина. Точната причина за колоректалниот карцином не е целосно позната. Засега знаеме дека се јавува како резултат на влијанието на наследните и еколошките фактори, исхраната и начинот на живеење. Симптомите на малигнен тумор на дебелото црево првенствено зависат од локацијата на туморот и може да се манифестираат како: крварење во столицата, неправилна столица, течна столица, синдром на ретка столица, наизменичен запек и дијареа, чувство на недоволно празнање, надуеност, отсуство на гасови и столица. Некогаш прв и единствен симптом може да биде појавата на слабост и замор поради анемија, што е последица на долготрајно секојдневно крварење во столицата кое не ја менува бојата на столицата. Еден од важните проблеми при поставувањето на дијагнозата, односно рано откривање на тумор на дебелото црево, е присуството на крв во столицата, која се третира како последица на хемороидално крварење и може да доведе до погрешно поставување на дијагнозата без понатамошен преглед, односно колоноскопија. Од лабораториски анализи, анемијата може да биде единствен начин на манифестација, особено кај туморите на цекум (слепо црево). Седиментацијата е често нормална, а покачената алкална фосфатаза укажува на можни метастази во црниот дроб. Дијагнозата на рак на дебелото црево често се поставува со колоноскопија кога ќе се види туморска промена, од која се зема парче ткиво (биопсија). Со оваа процедура е важно точно да се утврди каде се наоѓа туморот, како изгледа и за каков тип на тумор се работи. Во најлошите случаи, кога операцијата на дебелото црево се јавува поради болка, крварење или застој на црниот дроб, дијагнозата се поставува при самата операција. Третманот најчесто е хируршки, по можност со ресекција во еден чин. Терапијата со зрачење е исто така опција и понекогаш се советува пред самата операција. Анемијата треба да се корегира предоперативно со трансфузија. .
Бидејќи се потребни 10-15 години за полипите на дебелото црево да се развијат во рак, раното откривање со скрининг е важно за да може полипите да се отстранат пред да станат канцерогени. Исхраната треба да биде богата со природни влакна, а не да се додаваат влакната како додаток во исхраната. Се препорачува да се земаат најмалку пет порции свежо овошје (јужно овошје, јаболко, круша, слива) и зеленчук дневно. Брокулата и зелката треба да се земаат најмалку еднаш неделно. Се препорачува да се намали потрошувачката на црвено месо, не повеќе од три пати неделно и да се избегнува конзумирање на сушени месни производи. Се препорачува често да се јаде риба и живина како извор на протеини од животинско потекло. Се препорачува умерена физичка активност најмалку три пати неделно, велат од  Одделот за здравствена промоција и следење на болести од ИЈЗ.
 

The post Ракот на дебело црево е втора водечка причина за смрт на малигни тумори, годишно од оваа болест во Македонија умираат околу 500 луѓе appeared first on Република.

]]>