улучно светло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uluchno-svetlo/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Aug 2022 20:16:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png улучно светло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uluchno-svetlo/ 32 32 Општините во Австрија почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opshtinite-vo-avstrija-pochnaa-da-gi-iskluchuvaat-ulichnite-svetilki/ Sat, 13 Aug 2022 20:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=540040

Енергетската криза ја погоди Австрија, па општините почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки.

Општината Фукс, во областа Пинцгау, го укина уличното осветлување во текот на ноќта, пишува весникот „Салцбургер нахрихтен“.

Во текот на зимата, пак, најавуваат дека уличното осветлување повторно ќе се вклучи од 5:30, бидејќи тогаш е уште темно, а луѓето одат на работа.

Според градоначалникот Ханес Шертанер, секоја светилка ќе работи околу 2.000 часа помалку годишно.

Исклучувањето на уличното осветлување ќе донесе големи заштеди на општината бидејќи со повеќе од 26.000 киловат часови годишно, уличното осветлување е најголемата потрошувачка по пумпите за базен.

Со цел да заштеди уште повеќе енергија, општината одлучи да премине на улично осветлување со ЛЕД.

А Виена веќе донесе одлука за зима, па оваа година нема да има божиќно осветлување на централната виенска Ринг улица.

Божиќните светилки остануваат на Ратхаусплац, но ќе се вклучуваат само по стемнување, а не во самрак како порано.

The post Општините во Австрија почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза ја погоди Австрија, па општините почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки.
Општината Фукс, во областа Пинцгау, го укина уличното осветлување во текот на ноќта, пишува весникот „Салцбургер нахрихтен“.
Во текот на зимата, пак, најавуваат дека уличното осветлување повторно ќе се вклучи од 5:30, бидејќи тогаш е уште темно, а луѓето одат на работа. Според градоначалникот Ханес Шертанер, секоја светилка ќе работи околу 2.000 часа помалку годишно. Исклучувањето на уличното осветлување ќе донесе големи заштеди на општината бидејќи со повеќе од 26.000 киловат часови годишно, уличното осветлување е најголемата потрошувачка по пумпите за базен. Со цел да заштеди уште повеќе енергија, општината одлучи да премине на улично осветлување со ЛЕД. А Виена веќе донесе одлука за зима, па оваа година нема да има божиќно осветлување на централната виенска Ринг улица. Божиќните светилки остануваат на Ратхаусплац, но ќе се вклучуваат само по стемнување, а не во самрак како порано.

The post Општините во Австрија почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светилки appeared first on Република.

]]>