улици и патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ulici-i-patishta/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 09:22:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png улици и патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ulici-i-patishta/ 32 32 Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/najaven-shtrajk-pred-sobranieto-na-grad-skopje-povtorno-nema-plata-vo-jp-ulitsi-i-patishta/ Tue, 19 Nov 2024 09:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=839502

Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта, соопштија вработените преку писмено соопштение.

Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.

Причините за ваквата состојба се следните:

 

1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;

2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;

3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;

4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;

5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

 

Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, стои во соопштението.

 

The post Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>

Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта, соопштија вработените преку писмено соопштение.
Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените. Причините за ваквата состојба се следните:   1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари; 2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката; 3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период; 4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите; 5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;   Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација. За почетокот на штрајкот ќе бидете дополнително информирани, стои во соопштението.  

The post Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје – повторно нема плата во ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>
Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sudir-na-interesi-noviot-direktor-na-jp-vodovod-e-chlen-na-uo-na-jp-ulici-i-patishta/ Sat, 17 Sep 2022 11:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=551690

Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите.

Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.

„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.

The post Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.
„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.

The post Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>
Се санира кејот на Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-sanira-kejot-na-vardar/ Fri, 05 Aug 2022 11:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=537125

ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар.

Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките.

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја.
Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.

Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје,
Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

The post Се санира кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>

ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар. Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките. На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.
Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја. Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.
Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје, Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

The post Се санира кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>
На скопските улици повторно се гледаат пешачките премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-skopskite-ulici-povtorno-se-gledaat-peshachkite-premini/ Sat, 04 Jun 2022 17:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=511179

Екипите на ЈП Улици и патишта, коишто ја одржуваат хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во градот, од почетокот на ноќното бележење (16.05.2022 година) досега обележаа 9.874  квадратни метри површина. Од вкупната површина 2.076 квадратни метри се обележани рачно,  а 7.298 квадратни метри машински. Рачното бележење се одвиваше во централното градско подрачје и обновена е бојата на пешачките линии, такси постојки, автобуски постојки, местата на паркинг за лица со попреченост, стрелки за насокана движење и друго. Со машинското бележење се обновува бојата на линиите на коловозите во насока од општина Центар кон општина Ѓорче Петров.

Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и од Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници  во сообраќајот.

The post На скопските улици повторно се гледаат пешачките премини appeared first on Република.

]]>

Екипите на ЈП Улици и патишта, коишто ја одржуваат хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во градот, од почетокот на ноќното бележење (16.05.2022 година) досега обележаа 9.874  квадратни метри површина. Од вкупната површина 2.076 квадратни метри се обележани рачно,  а 7.298 квадратни метри машински. Рачното бележење се одвиваше во централното градско подрачје и обновена е бојата на пешачките линии, такси постојки, автобуски постојки, местата на паркинг за лица со попреченост, стрелки за насокана движење и друго. Со машинското бележење се обновува бојата на линиите на коловозите во насока од општина Центар кон општина Ѓорче Петров. Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и од Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници  во сообраќајот.

The post На скопските улици повторно се гледаат пешачките премини appeared first on Република.

]]>
„Улици и патишта“ го расчистуваат коловозот од разрушениот потпорен ѕид во населба Пинтија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ulici-i-patishta-go-raschistuvaat-kolovozot-od-razrusheniot-potporen-dzid-vo-naselba-pintija/ Sun, 29 May 2022 16:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=508368

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30 метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

The post „Улици и патишта“ го расчистуваат коловозот од разрушениот потпорен ѕид во населба Пинтија appeared first on Република.

]]>

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија Денеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување. Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30 метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје. Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата. Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

The post „Улици и патишта“ го расчистуваат коловозот од разрушениот потпорен ѕид во населба Пинтија appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-ekipite-na-jp-ulici-i-patishta-go-saniraat-oshteteniot-plochnik-na-ploshtadot-makedonija/ Wed, 30 Mar 2022 13:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=480953

Градот Скопје во координација со екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве врши санација на оштетениот плочник, односно санација на ситната коцка,  каде што имало дефект од водовод, како и прередување на мермерните плочи околу фонтаната  на плоштадот Македонија.

Продолжуваат и активностите за  подготовка  за асфалтирање на дел од пешачката и  вело патеката, како и на ископот и поставувањето рабници  на булеварот Србија.

Во Градски парк се врши санација и реконструкција на пешачки патеки и во тек е нивно асфалтирање.

На булеварот Гоце Делчев  пред  катната гаража Судска палата  екипите  продолжуваат со следната фаза на реконструкција на тротоарот и во тек е асфалтирање на постојната патека.

Во текот на  наредните денови на крстосницата  на булеварот  Киро Глигоров  пред ФОН ќе се изведуваат градежни работи за поставување темели за семафори.

The post Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје во координација со екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве врши санација на оштетениот плочник, односно санација на ситната коцка,  каде што имало дефект од водовод, како и прередување на мермерните плочи околу фонтаната  на плоштадот Македонија. Продолжуваат и активностите за  подготовка  за асфалтирање на дел од пешачката и  вело патеката, како и на ископот и поставувањето рабници  на булеварот Србија.
Во Градски парк се врши санација и реконструкција на пешачки патеки и во тек е нивно асфалтирање. На булеварот Гоце Делчев  пред  катната гаража Судска палата  екипите  продолжуваат со следната фаза на реконструкција на тротоарот и во тек е асфалтирање на постојната патека. Во текот на  наредните денови на крстосницата  на булеварот  Киро Глигоров  пред ФОН ќе се изведуваат градежни работи за поставување темели за семафори.

The post Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија appeared first on Република.

]]>
Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/asfaltirani-patekite-na-bulevarot-vidoe-smilevski-bato/ Fri, 18 Mar 2022 11:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=474942

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта - Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Февруарски Поход кон булевар Србија.

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација.

Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки.

Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот.

The post Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато appeared first on Република.

]]>

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта - Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Февруарски Поход кон булевар Србија.

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација.

Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки.

Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот.

The post Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато appeared first on Република.

]]>