улично дефиле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ulichno-defile/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 07:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png улично дефиле Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ulichno-defile/ 32 32 Уличен спектакл „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ во центарот на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ulichen-spektakl-sonot-na-erber-na-frantsuskata-teatarska-trupa-kidam-vo-tsentarot-na-skopje/ Sat, 29 Jun 2024 07:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=791737

Со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ербер“ вечерва во Скопје ќе биде заокружена прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот „Скопско лето“ ќе почне во 21:00 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото...Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен „Франција во светлина“.

Претставата требаше да се одржи вчера, но поместена е за еден ден бидејќи летот на гостите од Франција, беше одложен поради големото невреме.

Прославата на 50-годишнината е поддржана од повеќе компании пријатели на Францускиот институт во Скопје.

The post Уличен спектакл „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ербер“ вечерва во Скопје ќе биде заокружена прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот „Скопско лето“ ќе почне во 21:00 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата. Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото...Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен „Франција во светлина“. Претставата требаше да се одржи вчера, но поместена е за еден ден бидејќи летот на гостите од Франција, беше одложен поради големото невреме. Прославата на 50-годишнината е поддржана од повеќе компании пријатели на Францускиот институт во Скопје.

The post Уличен спектакл „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>