Укрина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrina/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 20:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Укрина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrina/ 32 32 Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-mu-chestitashe-na-putin-i-ushte-ednash-se-ponudi-da-posreduva-vo-reshavaneto-na-konfliktot-so-ukraina/ Mon, 18 Mar 2024 20:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=756063

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му честиташе на својот руски колега Владимир Путин за победата на претседателските избори и уште еднаш понуди посредство во мировните преговори со Украина, соопшти неговиот кабинет.

Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган изразил надеж дека позитивниот развој на односите меѓу Турција и Русија ќе продолжи и додаде дека Турција е подготвена да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, турскиот претседател одржува односи и со Украина и со Русија и постојано нуди посредување или друга помош за решавање на конфликтот меѓу двете земји кои го делат Црното Море со Турција.

Ердоган го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул на почетокот на март и се подготвуваше да го пречека претседателот Путин на 9 февруари, пред рускиот претседател да го откаже патувањето.

The post Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му честиташе на својот руски колега Владимир Путин за победата на претседателските избори и уште еднаш понуди посредство во мировните преговори со Украина, соопшти неговиот кабинет. Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган изразил надеж дека позитивниот развој на односите меѓу Турција и Русија ќе продолжи и додаде дека Турција е подготвена да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, турскиот претседател одржува односи и со Украина и со Русија и постојано нуди посредување или друга помош за решавање на конфликтот меѓу двете земји кои го делат Црното Море со Турција. Ердоган го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул на почетокот на март и се подготвуваше да го пречека претседателот Путин на 9 февруари, пред рускиот претседател да го откаже патувањето.

The post Ердоган му честиташе на Путин и уште еднаш се понуди да посредува во решавањето на конфликтот со Украина appeared first on Република.

]]>
Трамп: Ако победам, војната во Украина ќе заврши за 24 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ako-pobedam-vojnata-vo-ukraina-ke-zavrshi-za-24-chasa/ Sun, 05 Nov 2023 19:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=698555

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни финансии од САД за неговата земја за да може да се спротивстави на Русија и го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев и со свои очи да се увери во размерите на војната.

Зеленски додаде дека американските војници бо можеле да бидат вовлечени во поширок европски конфликт со Русија, доколку Вашингтон не ја засили поддршката.

„Ако Русија сите нè убие, ќе ги нападне државите од НАТО, а потоа ќе ги праќате своите синови и ќерки“, порача Зеленски до Американците во разговор за „Ен-Би-Си“.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика конгресот да одобри закон за дополнително финансирање, во најголем дел за засилување на украинската одбрана, но и помош за Израел, индопацифичкото подрачје и засилување на контролата на границите.

Наместо тоа, Претставничкиот дом, предводен од Републиканците, минатата недела усвои закон за помош на Израел од 14,3 милијарди долари, меѓутоа не и за зголемување на помошта за Украина.

Трамп сака да се врати во Белата куќа на изборите наредната година и важи за прв фаворит на Републиканците. Тој силно ја критикува американската помош за Киев, порачувајќи дека би можел да ја заврши војната за 24 часа ако биде победи на претседателските избори во 2024 година.

„Ако може да дојде, за 24 минути ќе му објаснам на претседателот Трамп дека не множе да управува со оваа војна. Не може да дојде до мир поради Путин“, изјави Зеленски.

The post Трамп: Ако победам, војната во Украина ќе заврши за 24 часа appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни финансии од САД за неговата земја за да може да се спротивстави на Русија и го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го посети Киев и со свои очи да се увери во размерите на војната. Зеленски додаде дека американските војници бо можеле да бидат вовлечени во поширок европски конфликт со Русија, доколку Вашингтон не ја засили поддршката. „Ако Русија сите нè убие, ќе ги нападне државите од НАТО, а потоа ќе ги праќате своите синови и ќерки“, порача Зеленски до Американците во разговор за „Ен-Би-Си“. Американскиот претседател Џо Бајден го повика конгресот да одобри закон за дополнително финансирање, во најголем дел за засилување на украинската одбрана, но и помош за Израел, индопацифичкото подрачје и засилување на контролата на границите. Наместо тоа, Претставничкиот дом, предводен од Републиканците, минатата недела усвои закон за помош на Израел од 14,3 милијарди долари, меѓутоа не и за зголемување на помошта за Украина. Трамп сака да се врати во Белата куќа на изборите наредната година и важи за прв фаворит на Републиканците. Тој силно ја критикува американската помош за Киев, порачувајќи дека би можел да ја заврши војната за 24 часа ако биде победи на претседателските избори во 2024 година. „Ако може да дојде, за 24 минути ќе му објаснам на претседателот Трамп дека не множе да управува со оваа војна. Не може да дојде до мир поради Путин“, изјави Зеленски.  

The post Трамп: Ако победам, војната во Украина ќе заврши за 24 часа appeared first on Република.

]]>
Русија изврши напад со дронови врз Киев во текот на ноќта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-izvrshi-napad-so-dronovi-vrz-kiev-vo-tekot-na-nokta/ Sun, 10 Sep 2023 07:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=680451

Украинските власти соопштија дека Русија извршила напад со дронови врз Киев во текот на ноќта и дека експлозиите одекнувале два часа.

Делови од соборените беспилотни летала паднале на неколку централни градски области - Дарницки, Соломјански, Шевченковски, Свијатошински и Подил.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице е повредено во населбата Подил, а избувнал пожар во еден од градските паркови.

The post Русија изврши напад со дронови врз Киев во текот на ноќта appeared first on Република.

]]>

Украинските власти соопштија дека Русија извршила напад со дронови врз Киев во текот на ноќта и дека експлозиите одекнувале два часа. Делови од соборените беспилотни летала паднале на неколку централни градски области - Дарницки, Соломјански, Шевченковски, Свијатошински и Подил. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице е повредено во населбата Подил, а избувнал пожар во еден од градските паркови.

The post Русија изврши напад со дронови врз Киев во текот на ноќта appeared first on Република.

]]>
Џонсон: Украина може да победи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzonson-ukraina-moze-da-pobedi/ Sat, 18 Jun 2022 11:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=516645

Важно е Британија да продолжи да покажува поддршка за Украина на долг рок, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Русите напредуваат сантиметар по сантиметар и за нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.

Џонсон предупреди на ризик од замор во Украина како што минува времето.

Кога станува збор за замор, многу е важно да покажеме дека сме со нив на долг рок и да им ја дадеме стратешката издржливост што им е потребна, рече Џонсон.

The post Џонсон: Украина може да победи appeared first on Република.

Црна Гора испрати воена и хуманитарна помош во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-isprati-voena-i-humanitarna-pomosh-vo-ukraina/ Mon, 16 May 2022 21:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=503117

Владата на Црна Гора денеска испрати воена и хуманитарна донација за Украина во вредност од 400 илјади евра.

Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина, се вели во соопштението на црногорското Министерство за одбрана.

Беше посочено дека Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија.

Црна Гора претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Црногорската амбасадорка во Украина, Драгица Понорац, пред два дена се врати во Киев, каде во последните недели се вратија амбасадори од неколку други земји.

The post Црна Гора испрати воена и хуманитарна помош во Украина appeared first on Република.

]]>

Владата на Црна Гора денеска испрати воена и хуманитарна донација за Украина во вредност од 400 илјади евра.
Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина, се вели во соопштението на црногорското Министерство за одбрана.
Беше посочено дека Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија. Црна Гора претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица. Црногорската амбасадорка во Украина, Драгица Понорац, пред два дена се врати во Киев, каде во последните недели се вратија амбасадори од неколку други земји.

The post Црна Гора испрати воена и хуманитарна помош во Украина appeared first on Република.

]]>
Кралицата Елизабета и принцот Чарлс сакаат да сместат бегалци од Украина на нивните имоти https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralicata-elizabeta-i-princot-charls-sakaat-da-smestat-begalci-od-ukraina-na-nivnite-imoti/ Mon, 21 Mar 2022 09:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=475978

Британското кралско семејство се вклучи околу војната во Украина со парични донации, а сега принцот Чарлс размислува да отвори свои имоти во Шкотска, за да обезбеди дом за украинските бегалци.

Сите членови на кралството се согласуваат дека покрај финансиската помош, треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа значи и обезбедување сместување во Британија, а планот најверојатно ќе ја отвори куќата Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти кои би можеле да послужат како нов дом за бегалците, изјави за „Дејли Меил“ неименуван извор близок до кралското семејство.

На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а вклучена е и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од својот имот.

Куќата Дамфрис е во сопственост на Фондацијата на Принцот Чарлс и е на само неколку милји од градот Камнок во Шкотска. Во него се одржуваат свадби и разни хуманитарни настани, а служи и како музејски пример на поранешна архитектура.

На бегалците може да им се понуди и имотот Балморал, на кој кралицата поседува неколку имоти и кои кралското семејство го користи како викендичка. Членовите на семејството сакаат да им понудат работа на Украинциte, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.

Ќе има многу Украинци со искуство во земјоделството, производството на храна и угостителството, кои можат да бидат од вистинска вредност за нашите рурални заедници. Не се залажуваме дека на Украинците нема да им биде тешко да дојдат овде, но сакаме да работиме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства каде и да можеме, велат од фондацијата што ја водат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

The post Кралицата Елизабета и принцот Чарлс сакаат да сместат бегалци од Украина на нивните имоти appeared first on Република.

]]>

Британското кралско семејство се вклучи околу војната во Украина со парични донации, а сега принцот Чарлс размислува да отвори свои имоти во Шкотска, за да обезбеди дом за украинските бегалци.
Сите членови на кралството се согласуваат дека покрај финансиската помош, треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа значи и обезбедување сместување во Британија, а планот најверојатно ќе ја отвори куќата Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти кои би можеле да послужат како нов дом за бегалците, изјави за „Дејли Меил“ неименуван извор близок до кралското семејство.
На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а вклучена е и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од својот имот. Куќата Дамфрис е во сопственост на Фондацијата на Принцот Чарлс и е на само неколку милји од градот Камнок во Шкотска. Во него се одржуваат свадби и разни хуманитарни настани, а служи и како музејски пример на поранешна архитектура. На бегалците може да им се понуди и имотот Балморал, на кој кралицата поседува неколку имоти и кои кралското семејство го користи како викендичка. Членовите на семејството сакаат да им понудат работа на Украинциte, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.
Ќе има многу Украинци со искуство во земјоделството, производството на храна и угостителството, кои можат да бидат од вистинска вредност за нашите рурални заедници. Не се залажуваме дека на Украинците нема да им биде тешко да дојдат овде, но сакаме да работиме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства каде и да можеме, велат од фондацијата што ја водат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
 
The post Кралицата Елизабета и принцот Чарлс сакаат да сместат бегалци од Украина на нивните имоти appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Децата од сурогат мајки родени за западни двојки мора да бидат евакуирани од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-decata-od-surogat-majki-rodeni-za-zapadni-dvojki-mora-da-bidat-evakuirani-od-ukraina/ Thu, 17 Mar 2022 09:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=474146

Европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон се зазема во средата за брзо и задолжително евакуирање на децата коишто ги родиле сурогат мајки во Украина за двојки од земјите на Западот, а нивните родители нарачатели не можеле да дојдат по нив поради руската офанзива.

Во текот на пандемијата по овие новороденчиња, голем број од нив не можеа да дојдат и за нив грижата ја преземаа домовите за деца… Имајќи предвид дека сурогат мајките и сега раѓаат, децата не е можно да бидат одведени и тие се во неизвесна ситуација. Поради тоа мислам дека постои голема потреба за евакуација на овие деца, изјаво Швеѓанката Јохансон пред европратениците.

Голема клиника во Киев, така, објави видео снимка на десетици деца кои биле родени од сурогат мајки и по коишто не можеле да дојдат нивните родители нарачатели.

Јохансон изрази загриженост за судбината на децата во домовите за згрижување деца без родители и тврдеше дека „некои домови Русите ги испразниле и никој всушност не знае каде се децата“.

Но Украина продолжи со таквата практика и остана меѓу ретките земји во свеото кои дозволуваат Комерцијална заменска бременост (GPA) за странците. Според процената, меѓу 2.500 до 3.000 деца се раѓаат секоја година во Украина за клиенти во странство а кои главно доаѓаат од САД, Европската унија и од Кина.

Пандемијата на коронавирусот го насочи вниманието на јавноста во ЕУ врз овој комерцијален сектор кој бележи огромен подем во Украина, откако власта во Киев во 2014 година ја преземаа прозападните политичари.

Инаку првичните тензии меѓу Западот и Русија, меѓу другото, се јавија во раните 2000-те години кога беше забрането и барана голема контрола во кои семејства точно одат стотиците илјади деца од сурогат мајки и од домовите за сираци.

The post ЕУ: Децата од сурогат мајки родени за западни двојки мора да бидат евакуирани од Украина appeared first on Република.

]]>

Европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон се зазема во средата за брзо и задолжително евакуирање на децата коишто ги родиле сурогат мајки во Украина за двојки од земјите на Западот, а нивните родители нарачатели не можеле да дојдат по нив поради руската офанзива.
Во текот на пандемијата по овие новороденчиња, голем број од нив не можеа да дојдат и за нив грижата ја преземаа домовите за деца… Имајќи предвид дека сурогат мајките и сега раѓаат, децата не е можно да бидат одведени и тие се во неизвесна ситуација. Поради тоа мислам дека постои голема потреба за евакуација на овие деца, изјаво Швеѓанката Јохансон пред европратениците.
Голема клиника во Киев, така, објави видео снимка на десетици деца кои биле родени од сурогат мајки и по коишто не можеле да дојдат нивните родители нарачатели. Јохансон изрази загриженост за судбината на децата во домовите за згрижување деца без родители и тврдеше дека „некои домови Русите ги испразниле и никој всушност не знае каде се децата“. Но Украина продолжи со таквата практика и остана меѓу ретките земји во свеото кои дозволуваат Комерцијална заменска бременост (GPA) за странците. Според процената, меѓу 2.500 до 3.000 деца се раѓаат секоја година во Украина за клиенти во странство а кои главно доаѓаат од САД, Европската унија и од Кина. Пандемијата на коронавирусот го насочи вниманието на јавноста во ЕУ врз овој комерцијален сектор кој бележи огромен подем во Украина, откако власта во Киев во 2014 година ја преземаа прозападните политичари. Инаку првичните тензии меѓу Западот и Русија, меѓу другото, се јавија во раните 2000-те години кога беше забрането и барана голема контрола во кои семејства точно одат стотиците илјади деца од сурогат мајки и од домовите за сираци.  

The post ЕУ: Децата од сурогат мајки родени за западни двојки мора да бидат евакуирани од Украина appeared first on Република.

]]>
Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrovo-eksplozii-vo-kiev-odesa-i-zaporozje-javi-bi-bi-si/ Wed, 16 Mar 2022 08:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=473512

Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се вели во соопштението на украинската државна служба за итни случаи.

Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина, потсетува Си-Ен-Ен. Првичните информации говорат дека во гранатирањето две лица се повредени. Спасувачките екипи евакуираа 37 лица од зградата, се вели во соопштението. Во нападот е оштетена и соседната деветкатница, се додава во соопштението.

„Би-би-си“ наведува дека на социјалните мрежи имало засега официјално непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.

The post Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>

Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради. Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се вели во соопштението на украинската државна служба за итни случаи.
Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина, потсетува Си-Ен-Ен. Првичните информации говорат дека во гранатирањето две лица се повредени. Спасувачките екипи евакуираа 37 лица од зградата, се вели во соопштението. Во нападот е оштетена и соседната деветкатница, се додава во соопштението.
„Би-би-си“ наведува дека на социјалните мрежи имало засега официјално непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина.

The post Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје, јави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>
Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Укрaина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-osum-gragjani-baraat-da-bidat-evakuirani-od-ukraina/ Tue, 15 Mar 2022 12:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=473157

Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив четворица се наши државјани, четворица се украински државјани, но во роднинска врска со нашите. Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација, посочи Османи.

Додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.

The post Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Укрaина appeared first on Република.

СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со Ковид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-vojnata-vo-ukraina-moze-da-ja-vloshi-situacijata-so-kovid/ Mon, 14 Mar 2022 08:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=472368

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекции.

Во Украина и соседните земји, бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести; и во Украина и во земјите со ниски стапки на вакцинација, кои примија поголем број бегалци.

Според Our World In Data, 34% од населението на Украина е вакцинирано, а околу 29% во соседна Молдавија. СЗО наведува дека во Украина и околните земји во периодот од 3 до 9 март се регистрирани 791.021 нови случаи на инфекција со Ковид и 8.012 нови смртни случаи, пренесува CNN.

„За жал, овој вирус ја користи секоја можност да продолжи да се шири. СЗО разбира дека различни земји се во многу различни ситуации; тие се соочуваат со различни предизвици. Кризата во Украина доведе до многу миграции, многу бегалци, рече Ван Керхове, технички лидер на СЗО за ковид-19.

Мајк Рајан, извршен директор на Здравствената програма за итни случаи на СЗО, во средата рече дека без сомнение ќе има зголемување на случаите на ковид во Украина поради намаленото тестирање, прекинот на кампањата за вакцинација, но и поради стресот предизвикан од војната.

Но, тој додаде дека светот не треба да биде оптоварен со „стереотипи за бегалците и болестите“.

The post СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со Ковид appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) во неделата соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекции. Во Украина и соседните земји, бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести; и во Украина и во земјите со ниски стапки на вакцинација, кои примија поголем број бегалци. Според Our World In Data, 34% од населението на Украина е вакцинирано, а околу 29% во соседна Молдавија. СЗО наведува дека во Украина и околните земји во периодот од 3 до 9 март се регистрирани 791.021 нови случаи на инфекција со Ковид и 8.012 нови смртни случаи, пренесува CNN.
„За жал, овој вирус ја користи секоја можност да продолжи да се шири. СЗО разбира дека различни земји се во многу различни ситуации; тие се соочуваат со различни предизвици. Кризата во Украина доведе до многу миграции, многу бегалци, рече Ван Керхове, технички лидер на СЗО за ковид-19.
Мајк Рајан, извршен директор на Здравствената програма за итни случаи на СЗО, во средата рече дека без сомнение ќе има зголемување на случаите на ковид во Украина поради намаленото тестирање, прекинот на кампањата за вакцинација, но и поради стресот предизвикан од војната. Но, тој додаде дека светот не треба да биде оптоварен со „стереотипи за бегалците и болестите“.

The post СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со Ковид appeared first on Република.

]]>
Чеченскиот лидер Кадиров вели дека пристигнал во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chechenskiot-lider-kadirov-veli-deka-pristignal-vo-ukraina/ Mon, 14 Mar 2022 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=472343

Рамзан Кадиров, лидерот на рускиот регион Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата изјави дека отпатувал во Украина за да се сретне со чеченските војници кои го напаѓаат Киев.

Ројтерс не можеше независно да потврди дали тој веќе бил во Украина или патувал таму за време на конфликтот.

Чеченскиот телевизиски канал Грозни објави видео на својот канал на социјалната мрежа Телеграм на кое се гледа дека Кадиров во затемнета просторија разговара со чеченските војници за воената операција за која рекоа дека се случила на 7 километри од главниот град на Украина.

Подоцна Кадиров се исмејуваше со друга објава која фрла сомнеж дали тој патувал во регионот на Киев.

„Зошто „дали“ сум таму? Не го видовте ли видеото, напиша Кадиров на својот официјален профил на Телеграм.

Кадиров, кој често се опишува себеси како „војникот“ на Путин, објави видео снимки од тешко вооружени чеченски трупи во регионот на Киев како дел од руската инвазивна сила.

Тој постојано беше обвинет од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија за кршење на правата, што тој го негира.

Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, главно муслимански регион во јужна Русија, по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Но, оттогаш вложи огромни суми пари во регионот за да го обнови и му даде на Кадиров голема автономија.

The post Чеченскиот лидер Кадиров вели дека пристигнал во Украина appeared first on Република.

]]>

Рамзан Кадиров, лидерот на рускиот регион Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во неделата изјави дека отпатувал во Украина за да се сретне со чеченските војници кои го напаѓаат Киев. Ројтерс не можеше независно да потврди дали тој веќе бил во Украина или патувал таму за време на конфликтот. Чеченскиот телевизиски канал Грозни објави видео на својот канал на социјалната мрежа Телеграм на кое се гледа дека Кадиров во затемнета просторија разговара со чеченските војници за воената операција за која рекоа дека се случила на 7 километри од главниот град на Украина. Подоцна Кадиров се исмејуваше со друга објава која фрла сомнеж дали тој патувал во регионот на Киев.
„Зошто „дали“ сум таму? Не го видовте ли видеото, напиша Кадиров на својот официјален профил на Телеграм.
Кадиров, кој често се опишува себеси како „војникот“ на Путин, објави видео снимки од тешко вооружени чеченски трупи во регионот на Киев како дел од руската инвазивна сила. Тој постојано беше обвинет од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија за кршење на правата, што тој го негира. Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, главно муслимански регион во јужна Русија, по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Но, оттогаш вложи огромни суми пари во регионот за да го обнови и му даде на Кадиров голема автономија.

The post Чеченскиот лидер Кадиров вели дека пристигнал во Украина appeared first on Република.

]]>
Во Украина загинаа најмалку 79 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-zaginaa-najmalku-79-deca/ Sat, 12 Mar 2022 13:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=471730

Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца.

Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.

Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.

The post Во Украина загинаа најмалку 79 деца appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца. Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим. Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.

The post Во Украина загинаа најмалку 79 деца appeared first on Република.

]]>
Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-i-ukraina-negiraat-deka-benet-gi-ubeduval-da-popushtat-na-ruskite-baranja/ Sat, 12 Mar 2022 11:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=471691

Висок украински советник и израелски функционер денеска ги оспорија медиумските извештаи во кои се сугерираше дека Израел се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања за време на разговорите.

Израел е ангажиран во дипломатските напори со цел да запре војната во Украина.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во извештајот што го пренесоа израелските Вала Њуз (Walla News), Џерусалим Пост (Jerusalem Post) и американскиот портал Аксиос (Axios), се цитира неименуван украински функционер кој рекол дека Бенет ја повикал Украина да направи отстапки кон Русија.

Израел, „исто како и другите посреднички земји, НЕ ѝ нуди на Украина да се согласи со какви било барања на Руската Федерација“, напиша украинскиот советник Михаило Подољак на Твитер.

Тоа е невозможно од воени и политички причини. Напротив, Израел ја повикува Русија поадекватно да ги процени настаните, објасни тој.

Висок израелски функционер, кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на прашањето, го нарече извештајот „очигледно лажен“.

Премиерот Бенет во ниту еден момент не го советуваше претседателот Зеленски да постигне договор со Путин, затоа што таков договор не му беше понуден на Израел за да можеме да го сториме тоа, рекол функционерот.

The post Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања appeared first on Република.

]]>

Висок украински советник и израелски функционер денеска ги оспорија медиумските извештаи во кои се сугерираше дека Израел се обидел да ја убеди Украина да попушти на руските барања за време на разговорите. Израел е ангажиран во дипломатските напори со цел да запре војната во Украина. Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во извештајот што го пренесоа израелските Вала Њуз (Walla News), Џерусалим Пост (Jerusalem Post) и американскиот портал Аксиос (Axios), се цитира неименуван украински функционер кој рекол дека Бенет ја повикал Украина да направи отстапки кон Русија. Израел, „исто како и другите посреднички земји, НЕ ѝ нуди на Украина да се согласи со какви било барања на Руската Федерација“, напиша украинскиот советник Михаило Подољак на Твитер.
Тоа е невозможно од воени и политички причини. Напротив, Израел ја повикува Русија поадекватно да ги процени настаните, објасни тој.
Висок израелски функционер, кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на прашањето, го нарече извештајот „очигледно лажен“.
Премиерот Бенет во ниту еден момент не го советуваше претседателот Зеленски да постигне договор со Путин, затоа што таков договор не му беше понуден на Израел за да можеме да го сториме тоа, рекол функционерот.
 
The post Израел и Украина негираат дека Бенет ги убедувал да попуштат на руските барања appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Одиме кон победа против окупаторот Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-odime-kon-pobeda-protiv-okupatorot-rusija/ Fri, 11 Mar 2022 12:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=471332

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која кажа дека Украина оди кон својата победа.

Зеленски тврди дека Украина стигнала до стратешки пресврт против Русија.

Веќе 16-ти ден се бориме за нашата слобода. Ова е четири пати подолго, отколку што непријателот планираше за својата инвазија. Четири пати подолго. Против војска која важеше за една од најсилните во светот, која се надеваше дека Украинците ќе се предадат.

The post Зеленски: Одиме кон победа против окупаторот Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која кажа дека Украина оди кон својата победа. Зеленски тврди дека Украина стигнала до стратешки пресврт против Русија.
Веќе 16-ти ден се бориме за нашата слобода. Ова е четири пати подолго, отколку што непријателот планираше за својата инвазија. Четири пати подолго. Против војска која важеше за една од најсилните во светот, која се надеваше дека Украинците ќе се предадат.

The post Зеленски: Одиме кон победа против окупаторот Русија appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија зависи од руските енргенси и не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-zavisi-od-ruskite-enrgensi-i-ne-moze-da-se-prikluchi-na-zabranata-za-uvoz-na-nafta-i-gas/ Wed, 09 Mar 2022 18:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=470266

На Унгарија се уште и се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи на САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Оваа недела европската дипломатија „работи со полн капацитет“, напиша Орбан на Фејсбук, осврнувајќи се на вчерашната средба на лидерите на Вишеградската група со британскиот премиер Борис Џонсон, неговите денешни разговори со тројца европски шефови на држави и претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и утрешниот состанок на Европскиот совет во Париз.

Напорите се фокусирани на создавање мир… мораме да ја вложиме потребната енергија и да ги разгледаме економските последици, рече Орбан.

Тој посочи дека санкциите воведени кон Русија веќе создаваат сериозни последиците кои би можеле да станат страшни доколку се прошират и на увозот на руска нафта и гас.

Унгарија би била особено погодена, бидејќи 85 отсто од гасот во земјата и 64 отсто од нејзината нафта се увезуваат од Русија, а околу 85 отсто од унгарските домаќинства користат гас како примарен извор на енергија, предупреди Орбан.

The post Орбан: Унгарија зависи од руските енргенси и не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас appeared first on Република.

]]>

На Унгарија се уште и се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи на САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Оваа недела европската дипломатија „работи со полн капацитет“, напиша Орбан на Фејсбук, осврнувајќи се на вчерашната средба на лидерите на Вишеградската група со британскиот премиер Борис Џонсон, неговите денешни разговори со тројца европски шефови на држави и претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и утрешниот состанок на Европскиот совет во Париз.
Напорите се фокусирани на создавање мир… мораме да ја вложиме потребната енергија и да ги разгледаме економските последици, рече Орбан.
Тој посочи дека санкциите воведени кон Русија веќе создаваат сериозни последиците кои би можеле да станат страшни доколку се прошират и на увозот на руска нафта и гас. Унгарија би била особено погодена, бидејќи 85 отсто од гасот во земјата и 64 отсто од нејзината нафта се увезуваат од Русија, а околу 85 отсто од унгарските домаќинства користат гас како примарен извор на енергија, предупреди Орбан.

The post Орбан: Унгарија зависи од руските енргенси и не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас appeared first on Република.

]]>
Премиерите на Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierite-na-vishegradskata-chetvorka-kje-raspravaat-za-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 08 Mar 2022 10:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=469483

Премиерите на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка денеска ќе се сретнат во Лондон за да разговараат за војната во Украина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено вчера на Фејсбук повтори дека Владата на Унгарија објави декрет во кој јасно се вели дека не може да се испорачува оружје во Украина од територијата на Унгарија.

The post Премиерите на Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка денеска ќе се сретнат во Лондон за да разговараат за војната во Украина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено вчера на Фејсбук повтори дека Владата на Унгарија објави декрет во кој јасно се вели дека не може да се испорачува оружје во Украина од територијата на Унгарија.

The post Премиерите на Вишеградската четворка ќе расправаат за војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-treba-da-se-pochituva-suverenitetot-na-ukraina/ Thu, 24 Feb 2022 10:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=463036

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.

Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја, изјави Џафери на прес-конференција прашан за коментар за воените дејствија од Русија врз Украина.

Додаде дека нема разлики меѓу ставот на Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои, како што рече, мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина.

Советот за безбедност на ОН имаше свој став, меѓународната заедница треба да ги спроведе истите ставови. Ситуацијата е таква каква што е, ние не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме. Ова е прашање посебно за економските импликации и соодветните институции треба да преземат соодветни и превентивни мерки за да се надминат можни негативни економски влијанија, рече претседателот на Парламентот.

The post Џафери: Треба да се почитува суверенитетот на Украина appeared first on Република.

]]>

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери. Посочи дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.