украсено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukraseno/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 10:16:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украсено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukraseno/ 32 32 Училиштето „Григор Прличев“ во Железара прогласено за најубаво украсено во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchilishteto-grigor-prlichev-vo-zhelezara-proglaseno-za-najubavo-ukraseno-vo-gazi-baba/ Wed, 28 Dec 2022 10:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=590848

Дедомразовци, елки, снешковци и новогодишни подароци нацртаа на училишните прозорци, ученици и вработени во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. Училишниот хол го краси огромна елка, на која има лампиони кои рачно ги изработија вредните ученици. Токму нивната креативност беше причина училиштето да биде прогласено за најубаво украсено училиште во Гази Баба, од вкупно 11 училишта во оваа општина.

Ваучерот за најубаво новогодишно украсено училиште ѝ го додели градоначалникот Бобан Стефковски на директорката Александра Петковска Анастасов.

„Училиштето го разубавија наши ученици и вработени. Идејата за новогодишно украсување произлезе од комисијата за јавна дејност. Учениците изработуваа и лампиони, а најубавите беа украсени на нашата елка. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик и мотив во иднина да бидеме уште покреативни“, вели директорката Петковска Анастасов.

В петок, продолжува новогодишната магија во училиштето. Родителите ќе имаат можност да погледнат новогодишна претстава, подготвена од учениците и нивните наставници.

 

The post Училиштето „Григор Прличев“ во Железара прогласено за најубаво украсено во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Дедомразовци, елки, снешковци и новогодишни подароци нацртаа на училишните прозорци, ученици и вработени во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. Училишниот хол го краси огромна елка, на која има лампиони кои рачно ги изработија вредните ученици. Токму нивната креативност беше причина училиштето да биде прогласено за најубаво украсено училиште во Гази Баба, од вкупно 11 училишта во оваа општина. Ваучерот за најубаво новогодишно украсено училиште ѝ го додели градоначалникот Бобан Стефковски на директорката Александра Петковска Анастасов. „Училиштето го разубавија наши ученици и вработени. Идејата за новогодишно украсување произлезе од комисијата за јавна дејност. Учениците изработуваа и лампиони, а најубавите беа украсени на нашата елка. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик и мотив во иднина да бидеме уште покреативни“, вели директорката Петковска Анастасов. В петок, продолжува новогодишната магија во училиштето. Родителите ќе имаат можност да погледнат новогодишна претстава, подготвена од учениците и нивните наставници.  

The post Училиштето „Григор Прличев“ во Железара прогласено за најубаво украсено во Гази Баба appeared first on Република.

]]>