украински заробеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-zarobenici/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 15:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украински заробеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-zarobenici/ 32 32 Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesar-za-pravda-najmalku-177-ukrainski-voeni-zarobenitsi-ubieni-vo-rusija/ Wed, 23 Oct 2024 15:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=830259

Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во Стразбур за време на дебатата во Европскиот парламент за воените злосторства на Русија.

- Минатата недела добивме извештај дека девет украински воени затвореници биле застрелани близу Курск од руските војници. На 1 октомври започна истрага за убиството на уште 60 воени затвореници кои се предале во Доњецк, изјави Рејндерс пред европратениците.

Тој додаде дека украинските заробеници биле изложени на физичко насилство, сексуални злоупотреби, понижување и глад, што е неприфатливо.

- Русија не го почитува меѓународното право и особено меѓународното хуманитарно право. ЕУ ја повикува Руската Федерација да се придржува до меѓународното хуманитарно право, да го запре убивањето и тортурата на украинските воени заробеници и да обезбеди хуманитарен пристап до нив, нагласи Дидие Рејндерс.

Тој ја изрази поддршката на ЕУ за Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина да спроведе истрага за воените злосторства извршени од Русија во Украина.

- ЕУ инсистира на свикување специјален трибунал за овие злосторства, додаде европскиот комесар за правда и вети поддршка за напорите за враќање дома на незаконски приведените.

Потоа следеа говори на европратеници од различни политички групи.

Сандра Калниете од Европската народна партија исто така повика сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата.

- Украина мора да победи. Затоа, апелираме да се укине забраната за Украинците да користат ракети со долг дострел. Затоа што мораме да ставиме крај на сите овие закани, рече таа.

Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите исто така побара одговорните да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд.

- Западна Европа отсекогаш одржувала добри односи со империјална Русија. И таму, се чини, наивно веруваат во една убава слика на Русија, веројатно како резултат на тоа што за време на Втората светска војна сојузниците работеа заедно со Русија. Но, мора да знаеме дека во Русија има ужасно многу оружје, вклучително и боеви глави, кои се натрупани околу границата, а таквите ѕверства ќе ги гледаме уште долго, изјави Томаш Бучек од „Патриоти за Европа“.

„Руската армија систематски убива украински воени заробеници. Во моментов има над 110 познати случаи. Ова е геноцид извршен од Русија врз Украинците. Ова треба да биде казнето со меѓународното право. Секој убиец на воен заробеник мора да биде кривично гонет, коментира Петрас Аустревичиус од „Обнови Европа“.

Сергеј Лагодински од групата Зелени исто така изрази мислење дека она што се случува е во спротивност со сите правила на меѓународното и военото право.

- Смртта во такви услови во затворите е убиство. Пред да повикаме на ослободување на овие луѓе, мора да повикаме да останат живи, додаде тој.

The post Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во Стразбур за време на дебатата во Европскиот парламент за воените злосторства на Русија. - Минатата недела добивме извештај дека девет украински воени затвореници биле застрелани близу Курск од руските војници. На 1 октомври започна истрага за убиството на уште 60 воени затвореници кои се предале во Доњецк, изјави Рејндерс пред европратениците. Тој додаде дека украинските заробеници биле изложени на физичко насилство, сексуални злоупотреби, понижување и глад, што е неприфатливо. - Русија не го почитува меѓународното право и особено меѓународното хуманитарно право. ЕУ ја повикува Руската Федерација да се придржува до меѓународното хуманитарно право, да го запре убивањето и тортурата на украинските воени заробеници и да обезбеди хуманитарен пристап до нив, нагласи Дидие Рејндерс. Тој ја изрази поддршката на ЕУ за Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина да спроведе истрага за воените злосторства извршени од Русија во Украина. - ЕУ инсистира на свикување специјален трибунал за овие злосторства, додаде европскиот комесар за правда и вети поддршка за напорите за враќање дома на незаконски приведените. Потоа следеа говори на европратеници од различни политички групи. Сандра Калниете од Европската народна партија исто така повика сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата. - Украина мора да победи. Затоа, апелираме да се укине забраната за Украинците да користат ракети со долг дострел. Затоа што мораме да ставиме крај на сите овие закани, рече таа. Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите исто така побара одговорните да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд. - Западна Европа отсекогаш одржувала добри односи со империјална Русија. И таму, се чини, наивно веруваат во една убава слика на Русија, веројатно како резултат на тоа што за време на Втората светска војна сојузниците работеа заедно со Русија. Но, мора да знаеме дека во Русија има ужасно многу оружје, вклучително и боеви глави, кои се натрупани околу границата, а таквите ѕверства ќе ги гледаме уште долго, изјави Томаш Бучек од „Патриоти за Европа“. „Руската армија систематски убива украински воени заробеници. Во моментов има над 110 познати случаи. Ова е геноцид извршен од Русија врз Украинците. Ова треба да биде казнето со меѓународното право. Секој убиец на воен заробеник мора да биде кривично гонет, коментира Петрас Аустревичиус од „Обнови Европа“. Сергеј Лагодински од групата Зелени исто така изрази мислење дека она што се случува е во спротивност со сите правила на меѓународното и военото право. - Смртта во такви услови во затворите е убиство. Пред да повикаме на ослободување на овие луѓе, мора да повикаме да останат живи, додаде тој.

The post Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија appeared first on Република.

]]>
Синовите на Кадиров му донесоа тројца заробени Украинци: Објавено видео од резиденцијата во Грозни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinovite-na-kadirov-mu-donesoa-trojca-zarobeni-ukrainci-objaveno-video-od-rezidencijata-vo-grozni/ Sat, 22 Oct 2022 08:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=564254

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како синовите на Рамзан Кадиров носат тројца украински воени затвореници кај својот татко во главниот град на Чеченија, Грозни.

Како што може да се види на видеото, Рамзан гордо ги гледа своите синови, но голем број коментари на социјалните мрежи велат дека видеото е монтажа.

https://twitter.com/AlexKokcharov/status/1583482383826702338?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583482383826702338%7Ctwgr%5Eef9a3df8eeef1b31d2f25a09eccb5421fcf3b565%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4035486%2Fsinovi-ramzana-kadirova-ocu-doveli-tri-ukrajinca-sok-snimak-da-li-je-rec-o-montazi-ili-modernom-ropstvu-video

На таквите коментари, одговори Кадиров на својот Телеграм канал, каде што порача дека не се работи за монтажа, туку дека навистина сстанува збор за тројца украински војници, кои биле мобилизирани и „фрлени на фронтот како топовско месо“.

Нашата делегација, предводена од министерот за култура на Чеченската Република, Ајшат Кадирова, пристигна во Грозни по исцрпувачкото патување во Донбас. Немаше изненадувања. Ахмат, Ели и Адам Кадиров донесоа назад во Републиката тројца заробени припадници на вооружените сили на Украина, кои ги неутрализираа за време на нивното учество во специјалната операција, која беше спроведена како дел од баталјонот Западен Ахмат - објасни Кадиров.

https://republika.mk/vesti/svet/sinovite-na-kadirov-na-16-15-i-14-godishna-vozrast-vooruzeni-do-zabi-pristignaa-vo-mariupol/

The post Синовите на Кадиров му донесоа тројца заробени Украинци: Објавено видео од резиденцијата во Грозни appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како синовите на Рамзан Кадиров носат тројца украински воени затвореници кај својот татко во главниот град на Чеченија, Грозни. Како што може да се види на видеото, Рамзан гордо ги гледа своите синови, но голем број коментари на социјалните мрежи велат дека видеото е монтажа. https://twitter.com/AlexKokcharov/status/1583482383826702338?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583482383826702338%7Ctwgr%5Eef9a3df8eeef1b31d2f25a09eccb5421fcf3b565%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4035486%2Fsinovi-ramzana-kadirova-ocu-doveli-tri-ukrajinca-sok-snimak-da-li-je-rec-o-montazi-ili-modernom-ropstvu-video На таквите коментари, одговори Кадиров на својот Телеграм канал, каде што порача дека не се работи за монтажа, туку дека навистина сстанува збор за тројца украински војници, кои биле мобилизирани и „фрлени на фронтот како топовско месо“.
Нашата делегација, предводена од министерот за култура на Чеченската Република, Ајшат Кадирова, пристигна во Грозни по исцрпувачкото патување во Донбас. Немаше изненадувања. Ахмат, Ели и Адам Кадиров донесоа назад во Републиката тројца заробени припадници на вооружените сили на Украина, кои ги неутрализираа за време на нивното учество во специјалната операција, која беше спроведена како дел од баталјонот Западен Ахмат - објасни Кадиров.
https://republika.mk/vesti/svet/sinovite-na-kadirov-na-16-15-i-14-godishna-vozrast-vooruzeni-do-zabi-pristignaa-vo-mariupol/

The post Синовите на Кадиров му донесоа тројца заробени Украинци: Објавено видео од резиденцијата во Грозни appeared first on Република.

]]>