украински војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-vojnici/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 15:29:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украински војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-vojnici/ 32 32 Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-vojnitsi-vo-kursk-masovno-koristat-satelitski-sistemi-starlink-za-da-igraat-onlajn-kazino/ Sat, 24 Aug 2024 17:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=809514

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк.

Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%.

Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската,
и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>

Украинските војници коишто учествуваат во инвазијата на рускиот регион Курск масовно играат во онлајн казина користејќи мобилен интернет од сателитските Старлинк. Американскиот институт за проучување на војната (ISV) известува дека по инвазијата на регионот Курск од страна на украинските вооружени сили, има големо зголемување на активноста на корисници на онлајн казината од руска територија, кое достигнува и до 200%. Во Украина, онлајн казината се забранети како закана за борбената ефикасност на војската, и поради тоа на украинските војници им е оневозможено да играат преку услугата за сателитски податоци Старлинк. Сепак, таквите ограничувања не важат на руска територија.

The post Украинските војници во Курск масовно користат сателитски системи Старлинк за да играат онлајн казино appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот на Украина во Тирана потврди дека украински војници се обучувале во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ambasadorot-na-ukraina-vo-tirana-potvrdi-deka-ukrainski-vojnitsi-se-obuchuvale-vo-albanija/ Sun, 03 Mar 2024 08:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=750655

Амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров, потврдил дека украинските војници биле обучувани во Албанија.

Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на Њуз24, тој не дал многу детали, но изјавил дека оваа информација е многу точна, нагласувајќи дека во Украина тоа високо се цени.

На оваа тема, додал тој, се разговарало и при посетата на претседателот Зеленски на Албанија.

-Имате многу точни информации. Не можам да зборувам во детали за ова, но можам да кажам дека е точно, да точно е, а оценката за ова во Украина е многу висока, е неговиот одговор на прашањето дали е точно дека украински војници се обучувале во Албанија.

Амбасадорот ги споделил и впечатоците на делегацијата од Киев на самитот во Тирана Украина-Југоисточна Европа на 28 минатиот месец.

-Заедничката изјава на самитот ја покажува поддршка за Украина и фактот дека земјите од регионот ја разбираат ситуацијата со која се соочува Украина. Претседавањето на Албанија со Советот за безбедност на Обединетите нации беше многу успешно, ако зборуваме за контекстот во кој сега се наоѓа Украина, рекол Шкуров.

Според него, на овој начин, Албанија го „покажала своето партнерство и поддршка кон Украина и кон луѓето кои се спротивставуваат на руската агресија“ и оти во овој период Албанија е „коавтор на повеќето резолуции поврзани со Украина“.

Зборувал и за можноста за признавање на независноста на Косово од страна на неговата земја.

-Киев ја признава помошта што Косово и ја дава на Украина. Ништо не е невозможно а признавањето на независноста на Косово е прашање на време, рекол тој.

Сепак, нагласил, дека главниот фокус на Украина останува „излегувањето од огнот на војната“ со Русија, додавајќи дека признавањето на Косово има политички карактер и дека „треба да се пресметаат и некои елементи кои можеби не се гледаат на секојдневната линија“.

The post Амбасадорот на Украина во Тирана потврди дека украински војници се обучувале во Албанија appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Украина во Албанија, Володимир Шкуров, потврдил дека украинските војници биле обучувани во Албанија. Гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на Њуз24, тој не дал многу детали, но изјавил дека оваа информација е многу точна, нагласувајќи дека во Украина тоа високо се цени. На оваа тема, додал тој, се разговарало и при посетата на претседателот Зеленски на Албанија. -Имате многу точни информации. Не можам да зборувам во детали за ова, но можам да кажам дека е точно, да точно е, а оценката за ова во Украина е многу висока, е неговиот одговор на прашањето дали е точно дека украински војници се обучувале во Албанија. Амбасадорот ги споделил и впечатоците на делегацијата од Киев на самитот во Тирана Украина-Југоисточна Европа на 28 минатиот месец. -Заедничката изјава на самитот ја покажува поддршка за Украина и фактот дека земјите од регионот ја разбираат ситуацијата со која се соочува Украина. Претседавањето на Албанија со Советот за безбедност на Обединетите нации беше многу успешно, ако зборуваме за контекстот во кој сега се наоѓа Украина, рекол Шкуров. Според него, на овој начин, Албанија го „покажала своето партнерство и поддршка кон Украина и кон луѓето кои се спротивставуваат на руската агресија“ и оти во овој период Албанија е „коавтор на повеќето резолуции поврзани со Украина“. Зборувал и за можноста за признавање на независноста на Косово од страна на неговата земја. -Киев ја признава помошта што Косово и ја дава на Украина. Ништо не е невозможно а признавањето на независноста на Косово е прашање на време, рекол тој. Сепак, нагласил, дека главниот фокус на Украина останува „излегувањето од огнот на војната“ со Русија, додавајќи дека признавањето на Косово има политички карактер и дека „треба да се пресметаат и некои елементи кои можеби не се гледаат на секојдневната линија“.

The post Амбасадорот на Украина во Тирана потврди дека украински војници се обучувале во Албанија appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vo-ovaa-vojna-zaginaa-31-iljada-ukrainski-vojnitsi/ Sun, 25 Feb 2024 17:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=748200

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници.

Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади... Путин лаже за овие работи... Сепак, загубата за нас е голема, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев.

Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри нов голем пакет помош за Украина, вклучувајќи воена и финансиска помош.

Украинскиот лидер нагласи дека неговата земја има потреба од одлука за ова прашање во рок од еден месец.

Победата на Украина во војната зависи од помошта од Западот, нагласи Зеленски.

Ова е првпат Украина да го пријави бројот на загинати свои војници.

Украинскиот претседател рече и дека не може да го открие бројот на ранети украински војници, бидејќи „тоа ќе и помогне на Русија во военото планирање“.

 

The post Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници.
Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади... Путин лаже за овие работи... Сепак, загубата за нас е голема, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев.
Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри нов голем пакет помош за Украина, вклучувајќи воена и финансиска помош. Украинскиот лидер нагласи дека неговата земја има потреба од одлука за ова прашање во рок од еден месец.
Победата на Украина во војната зависи од помошта од Западот, нагласи Зеленски.
Ова е првпат Украина да го пријави бројот на загинати свои војници. Украинскиот претседател рече и дека не може да го открие бројот на ранети украински војници, бидејќи „тоа ќе и помогне на Русија во военото планирање“.  

The post Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници appeared first on Република.

]]>
„Вашингтон пост“: За украинските маринци Дњепар е „Реката на смртта“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-post-za-ukrainskite-marintsi-dnepar-e-rekata-na-smrtta/ Fri, 05 Jan 2024 20:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=729921

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави анализа за состојбата на фронтот во Укртаина, во која пишува дека реката Дњепар во Херсонската област, за украинските сили се претворила во „река на смртта“.

Изданието во анализата пренесува изјави од украински војници што делуваат во областа, кои ја раскажуваат приказната за „смртоносната мисија за заземање на територии источно од Дњепар.“

Нѐ фрлија како парче месо на волците. Ние претрпуваме многу загуби. Едноставно губиме луѓе, но нема резултат“, раскажуваат украинските маринци.

Весникот пишува за случаите на ранети војници кои се давеле, не можеле да пливаат поради повредите или биле повлечени до дното на реката со тешките ранци.

Преминувањето на реката е толку опасно што телата на маринците кои загинаа за време на првиот бран што ја премина реката пред два месеци се уште се таму“, велат украинските маринци.

Како што велат тие, умираат многу од оние кои се возат во чамците, кои постојано се мета на руската артилерија и дронови.

Од групата од 45 луѓе кои беа фрлени на источниот брег, петмина веднаш загинаа, а уште 20 беа повредени, вели еден од украинските војници.

Изданието пишува дека Украина не ослободила ниту една населба за време на операцијата во Кринки.

Како што контраофанзивата заглави, украинските воени и политички лидери се обидоа да им покажат на своите западни поддржувачи одреден напредок - каков било напредок“, заклучува „Вашингтон пост“.

The post „Вашингтон пост“: За украинските маринци Дњепар е „Реката на смртта“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави анализа за состојбата на фронтот во Укртаина, во која пишува дека реката Дњепар во Херсонската област, за украинските сили се претворила во „река на смртта“. Изданието во анализата пренесува изјави од украински војници што делуваат во областа, кои ја раскажуваат приказната за „смртоносната мисија за заземање на територии источно од Дњепар.“
Нѐ фрлија како парче месо на волците. Ние претрпуваме многу загуби. Едноставно губиме луѓе, но нема резултат“, раскажуваат украинските маринци.
Весникот пишува за случаите на ранети војници кои се давеле, не можеле да пливаат поради повредите или биле повлечени до дното на реката со тешките ранци. Преминувањето на реката е толку опасно што телата на маринците кои загинаа за време на првиот бран што ја премина реката пред два месеци се уште се таму“, велат украинските маринци. Како што велат тие, умираат многу од оние кои се возат во чамците, кои постојано се мета на руската артилерија и дронови.
Од групата од 45 луѓе кои беа фрлени на источниот брег, петмина веднаш загинаа, а уште 20 беа повредени, вели еден од украинските војници.
Изданието пишува дека Украина не ослободила ниту една населба за време на операцијата во Кринки.
Како што контраофанзивата заглави, украинските воени и политички лидери се обидоа да им покажат на своите западни поддржувачи одреден напредок - каков било напредок“, заклучува „Вашингтон пост“.

The post „Вашингтон пост“: За украинските маринци Дњепар е „Реката на смртта“ appeared first on Република.

]]>
Германија досега обучи 8000 украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-dosega-obuchi-8000-ukrainski-vojnitsi/ Wed, 15 Nov 2023 07:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=701606

Германските вооружени сили досега обучиле околу осум илјади украински војници.

„Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука.

Таа воена единица се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата за обука ЕУМАМ на Европската Унија, почната пред една година. ЕУМАМ обезбедува темелна обука и низа специјализации, како што се оние за медицински лица, снајперисти и тенкисти.

Марлоу рече дека со текот на војната се менува и акцентот на обуката, од одбранбени во офанзивни операции.

Генерал-полковникот рече дека Украинците минуваат низ шестнеделна основна обука, по што следат шест недели специјализација, пренесува ДПА.

The post Германија досега обучи 8000 украински војници appeared first on Република.

]]>

Германските вооружени сили досега обучиле околу осум илјади украински војници. „Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука. Таа воена единица се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата за обука ЕУМАМ на Европската Унија, почната пред една година. ЕУМАМ обезбедува темелна обука и низа специјализации, како што се оние за медицински лица, снајперисти и тенкисти. Марлоу рече дека со текот на војната се менува и акцентот на обуката, од одбранбени во офанзивни операции. Генерал-полковникот рече дека Украинците минуваат низ шестнеделна основна обука, по што следат шест недели специјализација, пренесува ДПА.

The post Германија досега обучи 8000 украински војници appeared first on Република.

]]>
Велика Британија обучува украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-obuchuva-ukrainski-vojnitsi/ Fri, 11 Aug 2023 06:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=670956

Речиси 1.000 украински маринци наскоро ќе се вратат дома по шестмесечен период на обука со британските сили, јави ДПА. Плановите за обука на маринците беа објавени во февруари за време на посета на Лондон на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оттогаш, околу 900 украински маринци го завршија курсот, на кој британски командоси тренираат им држеа обука.

Секретарот за одбрана на Велика Британија Бен Волас рече: „Велика Британија го предводи патот во обуката на вооружените сили на Украина, обезбедувајќи обука за борбени вештини водечка линија во светот на повеќе од 20.000 регрути на украинската армија“.

„Оваа програма за обука, спроведена од елитните британски командоси, ќе ја поддржи Украина да изгради сопствена посветена  сила и да ги прошири своите способности да оперира во поморска средина“.

Маринците добија обука во повеќе области, вклучително и употреба на противтенковско оружје, противвоздушни ракети и употреба на минофрлачи и беспилотни летала.

Министерството за одбрана соопшти дека многу од украинските специјализанти биле цивилни доброволци без претходно воено искуство.

Другите беа префрлени од единиците на украинските вооружени сили.  Од почетокот на војната, над 20.000 украински регрути веќе се обучени во Велика Британија

The post Велика Британија обучува украински војници appeared first on Република.

]]>

Речиси 1.000 украински маринци наскоро ќе се вратат дома по шестмесечен период на обука со британските сили, јави ДПА. Плановите за обука на маринците беа објавени во февруари за време на посета на Лондон на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оттогаш, околу 900 украински маринци го завршија курсот, на кој британски командоси тренираат им држеа обука. Секретарот за одбрана на Велика Британија Бен Волас рече: „Велика Британија го предводи патот во обуката на вооружените сили на Украина, обезбедувајќи обука за борбени вештини водечка линија во светот на повеќе од 20.000 регрути на украинската армија“. „Оваа програма за обука, спроведена од елитните британски командоси, ќе ја поддржи Украина да изгради сопствена посветена  сила и да ги прошири своите способности да оперира во поморска средина“. Маринците добија обука во повеќе области, вклучително и употреба на противтенковско оружје, противвоздушни ракети и употреба на минофрлачи и беспилотни летала. Министерството за одбрана соопшти дека многу од украинските специјализанти биле цивилни доброволци без претходно воено искуство. Другите беа префрлени од единиците на украинските вооружени сили.  Од почетокот на војната, над 20.000 украински регрути веќе се обучени во Велика Британија

The post Велика Британија обучува украински војници appeared first on Република.

]]>
Во камион ги товарат загинатите украински војнци во Бахмут https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kamion-gi-tovarat-zaginatite-ukrainski-vojntsi-vo-bahmut/ Fri, 19 May 2023 07:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=642497

На социјалните мрежи е објавено увознемирувачко видео создадено на фронтот во близина на источниот украински град Бахмут!

На видеото кое е снимено од извидувачки дрон, наводно се гледа како припадници на украинската армија ги собираат телата на нивните паднати соборци по битката. Се гледаат тројца војници како со голема брзина излегуваат од возилото и го ставаат телото на загинатиот војник во приколката.

Застрашувачки е што во камионската приколка веќе има толку многу тела на загинати војници што е невозможно да се избројат.

The post Во камион ги товарат загинатите украински војнци во Бахмут appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавено увознемирувачко видео создадено на фронтот во близина на источниот украински град Бахмут! На видеото кое е снимено од извидувачки дрон, наводно се гледа како припадници на украинската армија ги собираат телата на нивните паднати соборци по битката. Се гледаат тројца војници како со голема брзина излегуваат од возилото и го ставаат телото на загинатиот војник во приколката. Застрашувачки е што во камионската приколка веќе има толку многу тела на загинати војници што е невозможно да се избројат.

The post Во камион ги товарат загинатите украински војнци во Бахмут appeared first on Република.

]]>
Њујорк тајмс: Украинските сили на истокот на земјата се надјачани и истрошени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-ukrainskite-sili-na-istokot-na-zemjata-se-nadjachani-i-istrosheni/ Tue, 07 Feb 2023 19:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=606189

Во анализа за случувањата во Украина, „Њујорк Тајмс“ пишува дека тоа што Русија испраќа засилувања во источна Украина пред новата офанзива, што се очекува наскоро, се чувствува во градовите и селата долж фронтот.

Изнемоштените украински војници се жалат дека се бројно надминати, дури и пред Русија да ги испрати повеќето од своите 200.000 новомобилизирани војници. Во исто време, лекарите во болниците пријавуваат се поголеми загуби, додека се обидуваат да ги лекуваат борците со ужасни повреди. Украинската армија претрпе големи загуби во Донбас, а војниците се жалат на недостаток на оружје и муниција“, пишува „Њујорк Тајмс“.

https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachki-fotografii-ukrainskite-sili-vo-kremina-pred-kolaps/

Весникот наведува дека во една од болниците во близина на фронтот, на територијата контролирана од Киев, мртовечницата била полна со тела на украински војници, додека во друга болница дури и по ходниците стоеле носилки со ранетите, а амбулантни возила пристигнувале во текот на целиот ден.

Украинските војници, измачувани по речиси 12 месеци жестоки борби, велат дека имаат тенкови и артилерија, но дека немаат доволно ниту од едното ниту од другото, како и дека имаат многу помалку муниција од противникот“, наведува весникот.

The post Њујорк тајмс: Украинските сили на истокот на земјата се надјачани и истрошени appeared first on Република.

]]>

Во анализа за случувањата во Украина, „Њујорк Тајмс“ пишува дека тоа што Русија испраќа засилувања во источна Украина пред новата офанзива, што се очекува наскоро, се чувствува во градовите и селата долж фронтот.
Изнемоштените украински војници се жалат дека се бројно надминати, дури и пред Русија да ги испрати повеќето од своите 200.000 новомобилизирани војници. Во исто време, лекарите во болниците пријавуваат се поголеми загуби, додека се обидуваат да ги лекуваат борците со ужасни повреди. Украинската армија претрпе големи загуби во Донбас, а војниците се жалат на недостаток на оружје и муниција“, пишува „Њујорк Тајмс“.
https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachki-fotografii-ukrainskite-sili-vo-kremina-pred-kolaps/ Весникот наведува дека во една од болниците во близина на фронтот, на територијата контролирана од Киев, мртовечницата била полна со тела на украински војници, додека во друга болница дури и по ходниците стоеле носилки со ранетите, а амбулантни возила пристигнувале во текот на целиот ден.
Украинските војници, измачувани по речиси 12 месеци жестоки борби, велат дека имаат тенкови и артилерија, но дека немаат доволно ниту од едното ниту од другото, како и дека имаат многу помалку муниција од противникот“, наведува весникот.

The post Њујорк тајмс: Украинските сили на истокот на земјата се надјачани и истрошени appeared first on Република.

]]>
(Вознемирувачки фотографии): Украинските сили во Кремина пред колапс, снимен ужасот на војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachki-fotografii-ukrainskite-sili-vo-kremina-pred-kolaps/ Tue, 07 Feb 2023 19:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=606164

Руските сили во регионот на Донбас, полека но сигурно ги потиснуваат украинските со што напредуваат на фронтот.

Тешките борби и масовната употреба на артилерија, нанесуваат огромни жртви кај украинските сили, коишто се ставени во исклучително тешка позиција и трпат сериозни жртви.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од состојбата во која се наоѓаат украинските сили во Кремина, во областа Луганск.

 

The post (Вознемирувачки фотографии): Украинските сили во Кремина пред колапс, снимен ужасот на војната appeared first on Република.

]]>

Руските сили во регионот на Донбас, полека но сигурно ги потиснуваат украинските со што напредуваат на фронтот. Тешките борби и масовната употреба на артилерија, нанесуваат огромни жртви кај украинските сили, коишто се ставени во исклучително тешка позиција и трпат сериозни жртви. На социјалните мрежи се објавени фотографии од состојбата во која се наоѓаат украинските сили во Кремина, во областа Луганск.  

The post (Вознемирувачки фотографии): Украинските сили во Кремина пред колапс, снимен ужасот на војната appeared first on Република.

]]>
4.000 украински војници ќе се обучуваат во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/4-000-ukrainski-vojnici-kje-se-obuchuvaat-vo-cheshka/ Fri, 02 Dec 2022 20:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=581130

Горниот дом на чешкиот Парламент ја потврди одлуката на Долниот дом за обука на 4.000 украински војници во Чешка, односно нивна обука на тлото на другите членки на Европската унија, во која можат да учествуваат до 50 чешки војници.

По одобрување од Долниот дом, во четвртокот Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави Радио Прага Интернешнал.

Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе учествуваат до 800 украински војници.

Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ.

За мисијата гласаа 67 од 70 присутни сенатори во четвртокот, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда.

Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина.

Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак.

The post 4.000 украински војници ќе се обучуваат во Чешка appeared first on Република.

]]>

Горниот дом на чешкиот Парламент ја потврди одлуката на Долниот дом за обука на 4.000 украински војници во Чешка, односно нивна обука на тлото на другите членки на Европската унија, во која можат да учествуваат до 50 чешки војници. По одобрување од Долниот дом, во четвртокот Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави Радио Прага Интернешнал. Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе учествуваат до 800 украински војници. Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ. За мисијата гласаа 67 од 70 присутни сенатори во четвртокот, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда. Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина. Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак.

The post 4.000 украински војници ќе се обучуваат во Чешка appeared first on Република.

]]>
Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-na-svoja-teritorija-kje-obuchi-okolu-2-000-ukrainski-vojnici/ Sun, 16 Oct 2022 06:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=561596

Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien).

-Украински војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема.

Лекорни додаде дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна.

-Помагаме на земја која е во војна по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер и додаде дека на Украина ќе и бидат доставени системи за воздушна одбрана „Кротал“ (Crotale), што неодамна ги најави францускиот претседател Емануел Макрон.

The post Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници appeared first on Република.

]]>

Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“ (Le Parisien). -Украински војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема. Лекорни додаде дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна. -Помагаме на земја која е во војна по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер и додаде дека на Украина ќе и бидат доставени системи за воздушна одбрана „Кротал“ (Crotale), што неодамна ги најави францускиот претседател Емануел Макрон.

The post Франција на своја територија ќе обучи околу 2.000 украински војници appeared first on Република.

]]>
Украинската Легија на странци бара повеќе оружје од Западот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-legija-na-stranci-bara-povekje-oruzje-od-zapadot/ Tue, 14 Jun 2022 04:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=514601

Портпаролот на украинската Легија на странци денеска ги прозва воените покровители на Украина, за кои, рече дека имаат „чувство на самозадоволство“ од дадената помош, потенцирајќи дека на земјата и треба многу поголема поддршка доколку сака да ја победи руската армија.

– Постои одредено чувство на самозадоволство меѓу нашите западни партнери кои чувствуваат дека веќе ја снабдиле Украина доволно за да победи во војната, рече Демиен Магру на прес-конференција, пренесува Си-Ен-Ен.

– Ве молиме, продолжете да испраќате тешко оружје, ракети со долг дострел, противбродски проектили. Сите овие работи ни требаат на бојното поле. Тие беа потребни вчера. Колку подолго чекаме, толку повеќе мртви ќе има, додаде тој.

The post Украинската Легија на странци бара повеќе оружје од Западот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на украинската Легија на странци денеска ги прозва воените покровители на Украина, за кои, рече дека имаат „чувство на самозадоволство“ од дадената помош, потенцирајќи дека на земјата и треба многу поголема поддршка доколку сака да ја победи руската армија. – Постои одредено чувство на самозадоволство меѓу нашите западни партнери кои чувствуваат дека веќе ја снабдиле Украина доволно за да победи во војната, рече Демиен Магру на прес-конференција, пренесува Си-Ен-Ен. – Ве молиме, продолжете да испраќате тешко оружје, ракети со долг дострел, противбродски проектили. Сите овие работи ни требаат на бојното поле. Тие беа потребни вчера. Колку подолго чекаме, толку повеќе мртви ќе има, додаде тој.

The post Украинската Легија на странци бара повеќе оружје од Западот appeared first on Република.

]]>
Кадиров: Украинските војници масовно се предаваат, тоа е вистинскиот избор за да си одат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-ukrainskite-vojnici-masovno-se-predavaat-toa-e-vistinskiot-izbor-za-da-si-odat-doma/ Wed, 13 Apr 2022 12:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=487909

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека повеќе од илјада украински војници се предале во Мариупол, а меѓу нив имало стотици кои биле ранети.

Според зборовите на Кадиров, тие го направиле вистинскиот избор.

Украинските групи се распаѓаат една по друга, не знаат што да прават со ранетите, не разбираат каде да одат и што понатаму, бидејќи отпорот е бескорисен - вели Кадиров.

Тој додаде дека во состојба за борба се само мал број поединечни групи, кои „поради некоја причина се плашат да излезат со бело знаме кон руските војници“.

Кадиров додава дека сега во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има околу двесте ранети на кои им е неопходно да им биде укажана лекарска помош и порача дека подобро е да го прекинат конфликтот и да се вратат дома.

https://republika.mk/vesti/svet/cela-ukrainska-edinica-od-1-000-vojnici-se-predala-na-ruskite-sili/

 

The post Кадиров: Украинските војници масовно се предаваат, тоа е вистинскиот избор за да си одат дома appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека повеќе од илјада украински војници се предале во Мариупол, а меѓу нив имало стотици кои биле ранети. Според зборовите на Кадиров, тие го направиле вистинскиот избор.
Украинските групи се распаѓаат една по друга, не знаат што да прават со ранетите, не разбираат каде да одат и што понатаму, бидејќи отпорот е бескорисен - вели Кадиров.
Тој додаде дека во состојба за борба се само мал број поединечни групи, кои „поради некоја причина се плашат да излезат со бело знаме кон руските војници“. Кадиров додава дека сега во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има околу двесте ранети на кои им е неопходно да им биде укажана лекарска помош и порача дека подобро е да го прекинат конфликтот и да се вратат дома. https://republika.mk/vesti/svet/cela-ukrainska-edinica-od-1-000-vojnici-se-predala-na-ruskite-sili/  

The post Кадиров: Украинските војници масовно се предаваат, тоа е вистинскиот избор за да си одат дома appeared first on Република.

]]>
Цела украинска единица од 1.000 војници се предала на руските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cela-ukrainska-edinica-od-1-000-vojnici-se-predala-na-ruskite-sili/ Wed, 13 Apr 2022 07:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=487645

На социјалните мрежи се појавија снимки од масовно предавањето на припадници на морнаричката пешадија на украинските вооружени сили.

Во објавата се вели дека „околу 1.000 припадници на маринците на вооружените сили на Украина се предале на Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна безбедност на ДНР“.

Има околу 300 ранети, а 90 не можат самостојно да се движат. Не може да има повеќе од 800 здрави луѓе - се вели во објавата.

Во објавата се дава и пресек на случувањата во Мариупол.

Доколку се оди според планот, ќе паден одбраната организирана од Вооружените сили на Украина ќе падне во Железарата „Илјич“. Ова е резултат на заедничката работа на безбедносните сили и специјалните служби во Мариупол.

Остана само „Азовстал“, каде што се членовите на баталјонот „Азов“ - се наведува во објавата.

https://republika.mk/vesti/svet/mapa-na-sostojbata-vo-mariupol-pristanishteto-i-bregot-se-pod-ruska-kontrola-se-chistat-dzebovi-na-otporot-na-azov/

The post Цела украинска единица од 1.000 војници се предала на руските сили appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија снимки од масовно предавањето на припадници на морнаричката пешадија на украинските вооружени сили. Во објавата се вели дека „околу 1.000 припадници на маринците на вооружените сили на Украина се предале на Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна безбедност на ДНР“.
Има околу 300 ранети, а 90 не можат самостојно да се движат. Не може да има повеќе од 800 здрави луѓе - се вели во објавата.
Во објавата се дава и пресек на случувањата во Мариупол.
Доколку се оди според планот, ќе паден одбраната организирана од Вооружените сили на Украина ќе падне во Железарата „Илјич“. Ова е резултат на заедничката работа на безбедносните сили и специјалните служби во Мариупол. Остана само „Азовстал“, каде што се членовите на баталјонот „Азов“ - се наведува во објавата.
https://republika.mk/vesti/svet/mapa-na-sostojbata-vo-mariupol-pristanishteto-i-bregot-se-pod-ruska-kontrola-se-chistat-dzebovi-na-otporot-na-azov/

The post Цела украинска единица од 1.000 војници се предала на руските сили appeared first on Република.

]]>
Руски тенк разнесе чета украински војници од непосредна близина (вознемирувачко видео) https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-tenk-raznese-cheta-ukrainski-vojnici-od-neposredna-blizina-voznemiruvachko-video/ Tue, 12 Apr 2022 07:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=487086

Група украинските војници направија кобна грешка кога не пропозаа дека тенкот што им се приближува е руски, а не украински.

Четата украински војници, стоејќи крај баркидата, го поздравуваа тенкот, мислејќи дека е еден од нивните. Сепак, кога им се приближи, тенкот ја сврте цевката на моќниот топ кон нив и од неколку само неколку метри испука кон групата војници.

Целото случување го снима украински војник кој е десетина метри зад утврдувањето до кое стоеше четата, а откако тенкот испука, тој панично бега од местото.

The post Руски тенк разнесе чета украински војници од непосредна близина (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>

Група украинските војници направија кобна грешка кога не пропозаа дека тенкот што им се приближува е руски, а не украински. Четата украински војници, стоејќи крај баркидата, го поздравуваа тенкот, мислејќи дека е еден од нивните. Сепак, кога им се приближи, тенкот ја сврте цевката на моќниот топ кон нив и од неколку само неколку метри испука кон групата војници.
Целото случување го снима украински војник кој е десетина метри зад утврдувањето до кое стоеше четата, а откако тенкот испука, тој панично бега од местото.

The post Руски тенк разнесе чета украински војници од непосредна близина (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>
„Њујорк Тајмс“: Автентична снимка од украински војници како убиваат ранети руски заробеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/njujork-tajms-avtentichna-snimka-od-ukrainski-vojnici-kako-ubivaat-raneti-ruski-zarobenici/ Thu, 07 Apr 2022 07:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=484487

Њујорк тајмс“ ја потврди автентичноста на видеото на кое се гледа како украинската армија убива ранети руски војници.

На видео објавено во понеделникот на Интернет, кое го потврди и „Њујорк тајмс“, се гледа како група украински војници убиваат заробени припадници на руската армија пред село западно од Киев - пишува американскиот весник.

https://twitter.com/nytimes/status/1511770750914633742

Сè уште е жив. Снимете ги овие окупатори. Види, тој сè уште е жив. Едвај дише - вели украинскиот војник, додека на видеото се гледа руски војник со јакна навлечена преку глава.

Наводно Русинот е ранет, но се уште дише.

Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи.

Покрај жртвата, се гледаат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца од нив имаат бела лента на ракавите, која вообичаено ја носат руските сили во Украина.

Опрема е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв.

Војниците лежат на улица во близина на оклопното возило БМД-2, кое го користат руските десантни сили. Како што изгледа на видеата, им ги соблекле јакни, чевлите и шлемовите. Други уништени возила се гледаат понатаму по улицата.

The post „Њујорк Тајмс“: Автентична снимка од украински војници како убиваат ранети руски заробеници appeared first on Република.

]]>

Њујорк тајмс“ ја потврди автентичноста на видеото на кое се гледа како украинската армија убива ранети руски војници.
На видео објавено во понеделникот на Интернет, кое го потврди и „Њујорк тајмс“, се гледа како група украински војници убиваат заробени припадници на руската армија пред село западно од Киев - пишува американскиот весник.
https://twitter.com/nytimes/status/1511770750914633742
Сè уште е жив. Снимете ги овие окупатори. Види, тој сè уште е жив. Едвај дише - вели украинскиот војник, додека на видеото се гледа руски војник со јакна навлечена преку глава.
Наводно Русинот е ранет, но се уште дише. Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи. Покрај жртвата, се гледаат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца од нив имаат бела лента на ракавите, која вообичаено ја носат руските сили во Украина. Опрема е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв. Војниците лежат на улица во близина на оклопното возило БМД-2, кое го користат руските десантни сили. Како што изгледа на видеата, им ги соблекле јакни, чевлите и шлемовите. Други уништени возила се гледаат понатаму по улицата.

The post „Њујорк Тајмс“: Автентична снимка од украински војници како убиваат ранети руски заробеници appeared first on Република.

]]>
Украински војници во Днипропетровск брутално претепуваат цивили при апсење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-vojnici-vo-dnipropetrovsk-brutalno-pretepuvaat-civili-pri-apsenje/ Wed, 06 Apr 2022 08:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=483869

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како припадници на украинските специјални сили покажуваат неверојатна бруталност при апсење на неколку луѓе во цивилна облека.

За време на апсењето, луѓето се легнати на земја, при што војниците ги удираат и шутираат по глава, додека еден од нив го снима тепањето.

Во описот на видеото се наведува дека овие немили сцени се случуваат во Днипропетровск.

https://twitter.com/VeraVanHorne/status/1511301270820343809

 

 

The post Украински војници во Днипропетровск брутално претепуваат цивили при апсење appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како припадници на украинските специјални сили покажуваат неверојатна бруталност при апсење на неколку луѓе во цивилна облека. За време на апсењето, луѓето се легнати на земја, при што војниците ги удираат и шутираат по глава, додека еден од нив го снима тепањето. Во описот на видеото се наведува дека овие немили сцени се случуваат во Днипропетровск. https://twitter.com/VeraVanHorne/status/1511301270820343809    

The post Украински војници во Днипропетровск брутално претепуваат цивили при апсење appeared first on Република.

]]>
Објавена снимка: Украинска морнаричка единица се предаде во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objavena-snimka-ukrainska-mornarichka-edinica-se-predade-vo-mariupol/ Tue, 05 Apr 2022 20:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=483780

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како голем број војници, со украински ознаки на униформите се предаваат.

Според руските извештаи, станува збор за припадници на 503-от поморски баталјон кои се предале во Мариупол.

https://twitter.com/Osinttechnical/status/1511059121067511814?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511059121067511814%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3906731%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-41-dan-rusija-evo-dokaza-da-je-masakr-u-buci-laziran-zelenski-se-obraca-sb-un-sad-najavile-nove-sankcije

Претходно и чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, информираше за масовното предавање на украинските војници.

https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-267-ukrainski-marinci-se-predadoa-vo-mariupol-nivnite-semejstva-povekje-da-ne-se-grizat-tie-se-sosema-bezbedni/

Од украинската војска, пак, негираа дека споменатата воена единица се предала.

 

The post Објавена снимка: Украинска морнаричка единица се предаде во Мариупол appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како голем број војници, со украински ознаки на униформите се предаваат. Според руските извештаи, станува збор за припадници на 503-от поморски баталјон кои се предале во Мариупол. https://twitter.com/Osinttechnical/status/1511059121067511814?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511059121067511814%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3906731%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-41-dan-rusija-evo-dokaza-da-je-masakr-u-buci-laziran-zelenski-se-obraca-sb-un-sad-najavile-nove-sankcije Претходно и чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, информираше за масовното предавање на украинските војници. https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-267-ukrainski-marinci-se-predadoa-vo-mariupol-nivnite-semejstva-povekje-da-ne-se-grizat-tie-se-sosema-bezbedni/ Од украинската војска, пак, негираа дека споменатата воена единица се предала.  

The post Објавена снимка: Украинска морнаричка единица се предаде во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО обучуваше десетици илјади украински војници кои се борат со руските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-obuchuvashe-desetici-iljadi-ukrainski-vojnici-koi-se-borat-so-ruskite-sili/ Sun, 03 Apr 2022 16:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=482677

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за „Си Ен Ен“ обелодени дека Алијанста обучувала десетици илјади украински војници кои се спротивставуваат на руските сили.

Мора да се има предвид дека сојузниците на НАТО - САД, Велика Британија, Канада и некои други - со години обучуваат украински војници. Затоа, десетици илјади украински војници „обучени од сојузниците на НАТО“ сега се на линијата на фронтот и се борат против руските сили. Вооружените сили на Украина се многу поголеми и подобро опремени и обучени, тие се подобро водени од кога било порано - изјави Столтенберг.

Генераланиот секретар на НАТО, во интервјуто, не сакаше детално да одговори на прашањето дали сојузниците на НАТО планираат или испорачуваат тенкови од советско производство во Украина.

The post Столтенберг: НАТО обучуваше десетици илјади украински војници кои се борат со руските сили appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за „Си Ен Ен“ обелодени дека Алијанста обучувала десетици илјади украински војници кои се спротивставуваат на руските сили.
Мора да се има предвид дека сојузниците на НАТО - САД, Велика Британија, Канада и некои други - со години обучуваат украински војници. Затоа, десетици илјади украински војници „обучени од сојузниците на НАТО“ сега се на линијата на фронтот и се борат против руските сили. Вооружените сили на Украина се многу поголеми и подобро опремени и обучени, тие се подобро водени од кога било порано - изјави Столтенберг.
Генераланиот секретар на НАТО, во интервјуто, не сакаше детално да одговори на прашањето дали сојузниците на НАТО планираат или испорачуваат тенкови од советско производство во Украина.

The post Столтенберг: НАТО обучуваше десетици илјади украински војници кои се борат со руските сили appeared first on Република.

]]>
Кадиров за украинските војници: Бегаат облечени како жени или цивили, ако се предадат никој нема да пука во нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-za-ukrainskite-vojnici-begaat-oblecheni-kako-zeni-ili-civili-ako-se-predadat-nikoj-nema-da-puka-vo-niv/ Sat, 02 Apr 2022 11:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=482286

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм објави снимки од заробени украински војници.

Ситуацијата за бандите не е најзавидна - немаат поддршка, им снемува храна и муниција. Затоа, тие избраа друга тактика - да бегаат во женска и друга цивилна облека - коментира Кадиров за ситуацијата во Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-objavi-video-od-zarobeni-ukrainski-vojnici-vo-mariupol/

Кадиров вели дека секој „храбар и искрен украински војник го осудува украинското водство, им се извинува и на Русите и на Украинците за национаистичките активности“ и затоа ги повикува да се предадат и да го положат оружјето.

Кај нас никој никогаш не пука во делови од тело, злоупотребува или убива. Ние сме против такви садистички методи - истакнува Кадиров и на крајот додаде дека Чеченците“ барем од земја ќе ги добијат сите „бандера ѓубриња“.

https://www.youtube.com/watch?v=jLanNvQqBrM&feature=emb_title

The post Кадиров за украинските војници: Бегаат облечени како жени или цивили, ако се предадат никој нема да пука во нив appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм објави снимки од заробени украински војници.
Ситуацијата за бандите не е најзавидна - немаат поддршка, им снемува храна и муниција. Затоа, тие избраа друга тактика - да бегаат во женска и друга цивилна облека - коментира Кадиров за ситуацијата во Украина.
https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-objavi-video-od-zarobeni-ukrainski-vojnici-vo-mariupol/ Кадиров вели дека секој „храбар и искрен украински војник го осудува украинското водство, им се извинува и на Русите и на Украинците за национаистичките активности“ и затоа ги повикува да се предадат и да го положат оружјето.
Кај нас никој никогаш не пука во делови од тело, злоупотребува или убива. Ние сме против такви садистички методи - истакнува Кадиров и на крајот додаде дека Чеченците“ барем од земја ќе ги добијат сите „бандера ѓубриња“.
https://www.youtube.com/watch?v=jLanNvQqBrM&feature=emb_title

The post Кадиров за украинските војници: Бегаат облечени како жени или цивили, ако се предадат никој нема да пука во нив appeared first on Република.

]]>