На социјалните мрежи е објавено видео од неверојатна случка од фронтот во Украина, во кој има директен судир меѓу руски војник и украински дрон.
На снимката се гледа како украински камиказе дрон полека лета кон рускиот борец, по што лебди на човечка висина пред да го нападне. Во тие моменти рускиот војник зазема став како да е боксерски ринг.
Борбата почнува кога беспилотното летало напаѓа, а војникот скока напред и го удира дронот со глава. Следува експлозија, а кога чадот се чисти, рускиот војник, кој го преживува судирот, мирно заминува во шумата.
The post Руски војник влезе во броба гради в гради со украински дрон, исходот е навистина неверојатен appeared first on Република.
]]>The post Руски војник влезе во броба гради в гради со украински дрон, исходот е навистина неверојатен appeared first on Република.
]]>Наводно украинско беспилотно летало се урнало во зграда во центарот на Москва во петокот, откако било соборен од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти.
Очевидец опишал дека слушнал „силна експлозија“. Фотографиите покажуваат работници и службеници на агенциите за итни случаи како го проверуваат оштетениот покрив на зградата врз која паднале остатоците од дронот.
Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјавија дека нема настрадани откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва во петокот рано наутро. Експо центарот е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали на помалку од пет километри воздушна линија од Кремљ.
Од Киев, како и во претходните случни инциденти, сѐ уште не ја коментирал експлозијата во Москва.
The post Украински дрон оштети зграда во Москва и го наруши воздушниот сообраќај appeared first on Република.
]]>The post Украински дрон оштети зграда во Москва и го наруши воздушниот сообраќај appeared first on Република.
]]>