украински бегалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-begalci/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 20:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украински бегалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainski-begalci/ 32 32 Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/samo-1-ja-prifatile-ponudenata-rabota-germanija-go-priznava-neuspehot-na-turbo-programata-za-vrabotuvane-na-ukraintsi/ Tue, 05 Nov 2024 21:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=834490

Во Германија го признаваат неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци избегани од земјата.

Според Сметковната комора, во 2024 година, 40 отсто од украинските бегалци добиле слободни работни места од центрите за вработување по завршувањето на јазичните курсеви, но помалку од еден отсто од нив отишле да работат на нив.

Весникот „Билд“ ги обвинува самите центри за вработување за неуспехот на програмата, што се согласува со искажаните ставови на Украинците, кои повеќето од слободните работни места ги нарекуваат „неприфатливи за себе“.

Во моментов, околу 720.000 граѓани на Украина добиваат бенефиции во Германија, од кои околу 500.000 се работоспособни. Германија троши 539 милиони евра месечно за нивно одржување.

The post Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци appeared first on Република.

]]>

Во Германија го признаваат неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци избегани од земјата. Според Сметковната комора, во 2024 година, 40 отсто од украинските бегалци добиле слободни работни места од центрите за вработување по завршувањето на јазичните курсеви, но помалку од еден отсто од нив отишле да работат на нив. Весникот „Билд“ ги обвинува самите центри за вработување за неуспехот на програмата, што се согласува со искажаните ставови на Украинците, кои повеќето од слободните работни места ги нарекуваат „неприфатливи за себе“. Во моментов, околу 720.000 граѓани на Украина добиваат бенефиции во Германија, од кои околу 500.000 се работоспособни. Германија троши 539 милиони евра месечно за нивно одржување.

The post Само 1% ја прифатиле понудената работа: Германија го признава неуспехот на „турбо програмата“ за вработување на Украинци appeared first on Република.

]]>
Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shikorski-eu-treba-da-im-ja-uskrati-pomoshta-na-ukrainskite-begaltsi-koi-izbegnuvaat-da-si-ja-branat-zemjata/ Sun, 15 Sep 2024 18:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=816594

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.

- Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.

Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.

- Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.

Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа.

Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа.

The post Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата appeared first on Република.

]]>

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски денеска апелираше до членките на Европската унија да престанат да плаќаат социјална помош за украинските бегалци, особено за мажите кои се кријат од регрутација и мобилизација во Украина.
- Не треба да има финансиска корист за избегнување на регрутирањето во Украина. Социјалната помош за избегнување служење на татковината не е човеково право, изјави Шикорски за Полското радио.
Тој смета дека укинувањето на социјалната помош за Украинците, бегалци кои се доволно стари за воен рок, ќе биде корисно и за ЕУ ​​и за Украина.
- Тоа е практична идеја која би им помогнала на западноевропските јавни финансии, политички би им помогнала на традиционалните партии во борбата со радикалната десница и би ѝ помогнала и на Украина, рече Шикорски.
Многу украински бегалци од мај годинава останаа без валидни документи во земјите во кои побараа засолниште од руските напади, бидејќи властите во Киев инсистираат да ја регулираат воената обврска и не им издаваат нови документи додека не го сторат тоа. Меѓутоа, повеќето од земјите што ги примија одбиваат активно да и помогнат на Украина да ги мобилизира бегалците и продолжуваат да им даваат привремено засолниште и да им исплаќаат социјална помош на сите оние кои имаат право на тоа.

The post Шикорски: ЕУ треба да им ја ускрати помошта на украинските бегалци кои избегнуваат да си ја бранат земјата appeared first on Република.

]]>
Унгарија ќе им дозволи на украинските бегалци да останат и без документи за да ибегнат мобилизација во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ke-im-dozvoli-na-ukrainskite-begaltsi-da-ostanat-i-bez-dokumenti-za-da-ibegnat-mobilizatsija-vo-ukraina/ Wed, 19 Jun 2024 18:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=789156

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потпиша декрет со кој им се овозможува на украинските граѓани да добијат дозволи за престој дури и со истечен пасош.

­Оваа мерка ќе важи за целото времетраење на вонредната состојба прогласена од унгарските власти во мај 2022 година во врска со почетокот на војната во Украина и која оттогаш редовно се продолжува.

Овој чекор е одговор на иницијативите на властите во Киев, кои, во врска со законот за заострување на мобилизацијата, го ограничија обезбедувањето конзуларни услуги на оние Украинци во странство кои се на возраст за воена служба.

Како резултат на тоа, тие ја изгубија можноста да добијат нови документи (според планот на украински службеници) без да бидат принудени да одат дома и да паднат во рацете на воените канцеларии за регистрација и упис во украинските сили.

Одлуката на властите во Будимпешта ќе ги наруши таквите обиди на властите во Киев да ги натераат Украинците од странство да се вратат за да ги надополни ресурсите за мобилизација.

The post Унгарија ќе им дозволи на украинските бегалци да останат и без документи за да ибегнат мобилизација во Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потпиша декрет со кој им се овозможува на украинските граѓани да добијат дозволи за престој дури и со истечен пасош. ­Оваа мерка ќе важи за целото времетраење на вонредната состојба прогласена од унгарските власти во мај 2022 година во врска со почетокот на војната во Украина и која оттогаш редовно се продолжува. Овој чекор е одговор на иницијативите на властите во Киев, кои, во врска со законот за заострување на мобилизацијата, го ограничија обезбедувањето конзуларни услуги на оние Украинци во странство кои се на возраст за воена служба. Како резултат на тоа, тие ја изгубија можноста да добијат нови документи (според планот на украински службеници) без да бидат принудени да одат дома и да паднат во рацете на воените канцеларии за регистрација и упис во украинските сили. Одлуката на властите во Будимпешта ќе ги наруши таквите обиди на властите во Киев да ги натераат Украинците од странство да се вратат за да ги надополни ресурсите за мобилизација.

The post Унгарија ќе им дозволи на украинските бегалци да останат и без документи за да ибегнат мобилизација во Украина appeared first on Република.

]]>
Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-im-naplaka-na-ukrainskite-begaltsi-po-350-evra-za-smetki-i-hrana/ Mon, 11 Mar 2024 18:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=753763

Холандската влада има намера да ги натера украинските бегалци кои имаат вработување, да плаќаат 350 евра месечно. Ваквата идеја ја изнела државниот секретар за азил, Ерик ван дер Бург, во писмо испратено до Парламентот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Ван дер Бург смета дека воведувањето на оваа идеја ќе понуди решение за прашањето за наоѓање станови за украинските бегалци поддржани од општините.

Според неговиот предлог, вработените возрасни Украинци ќе плаќаат по 105 евра по лице за гас, вода и струја, а исто така ќе треба да плаќаат 242,48 евра по возрасен месечно за храна.

The post Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна appeared first on Република.

]]>

Холандската влада има намера да ги натера украинските бегалци кои имаат вработување, да плаќаат 350 евра месечно. Ваквата идеја ја изнела државниот секретар за азил, Ерик ван дер Бург, во писмо испратено до Парламентот. Како што пренесуваат локалните медиуми, Ван дер Бург смета дека воведувањето на оваа идеја ќе понуди решение за прашањето за наоѓање станови за украинските бегалци поддржани од општините. Според неговиот предлог, вработените возрасни Украинци ќе плаќаат по 105 евра по лице за гас, вода и струја, а исто така ќе треба да плаќаат 242,48 евра по возрасен месечно за храна.

The post Холандија ќе им наплаќа на украинските бегалци по 350 евра за сметки и храна appeared first on Република.

]]>
Романци во Германија се претставувале дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romantsi-vo-germanija-se-pretstavuvale-deka-se-ukrainski-begaltsi-za-dobijat-stan-i-parichna-pomosh/ Sat, 24 Feb 2024 19:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=747633

Романците во Германија се преправале дека се украински бегалци со цел да добијат пари за социјална помош и станови во земјата.

Според локалните медиуми, измамниците биле идентификувани од волонтери кои сфатиле дека овие луѓе, коишто се пријавиле дека им е потребна помош, не зборуваат украински.

Во текот на истрагата, се покажало дека само во југозападниот дел на Германија живеат повеќе од 1.300 луѓе кои се преправаат дека се државјани на Украина побегнати од војната, од кои многу се Романци.

The post Романци во Германија се претставувале дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош appeared first on Република.

]]>

Романците во Германија се преправале дека се украински бегалци со цел да добијат пари за социјална помош и станови во земјата. Според локалните медиуми, измамниците биле идентификувани од волонтери кои сфатиле дека овие луѓе, коишто се пријавиле дека им е потребна помош, не зборуваат украински. Во текот на истрагата, се покажало дека само во југозападниот дел на Германија живеат повеќе од 1.300 луѓе кои се преправаат дека се државјани на Украина побегнати од војната, од кои многу се Романци.

The post Романци во Германија се претставувале дека се украински бегалци за добијат стан и парична помош appeared first on Република.

]]>
Директор на УНХЦР: Украина има право да бара враќање на бегалците на воена возраст во земјата и нивно праќање на фронтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktor-na-unhtsr-ukraina-ima-pravo-da-bara-vrakane-na-begaltsite-na-voena-vozrast-vo-zemjata-i-nivno-prakane-na-frontot/ Fri, 23 Feb 2024 18:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=747466

Регионалниот директор на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Европа, Филип Леклер, смета дека Украина има право да бара враќање на украинските бегалци од Европа, со цел да бидат испратени на фронтот.

Украина има целосно право да го мобилизира своето население. Ова важи и за бегалците на воена возраст во странство, изјави Леклер.

Функционерот на ОН, додаде дека мобилизацијата не се смета за прогон на бегалците.

Приговорот на совеста за иднината на својата земја продолжува да се применува дури и ако е тешко да се спроведе, изјави Леклер.

Тој додаде дека во моментов, речиси 6,5 милиони бегалци од Украина бараат азил ширум светот, а околу 3,7 милиони се внатрешно раселени во земјата.

https://republika.mk/vesti/svet/estonija-ke-lovi-ukrainski-begaltsi-i-ke-gi-vraka-vo-ukraina-za-da-odat-na-frontot/

The post Директор на УНХЦР: Украина има право да бара враќање на бегалците на воена возраст во земјата и нивно праќање на фронтот appeared first on Република.

]]>

Регионалниот директор на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Европа, Филип Леклер, смета дека Украина има право да бара враќање на украинските бегалци од Европа, со цел да бидат испратени на фронтот.
Украина има целосно право да го мобилизира своето население. Ова важи и за бегалците на воена возраст во странство, изјави Леклер.
Функционерот на ОН, додаде дека мобилизацијата не се смета за прогон на бегалците.
Приговорот на совеста за иднината на својата земја продолжува да се применува дури и ако е тешко да се спроведе, изјави Леклер.
Тој додаде дека во моментов, речиси 6,5 милиони бегалци од Украина бараат азил ширум светот, а околу 3,7 милиони се внатрешно раселени во земјата. https://republika.mk/vesti/svet/estonija-ke-lovi-ukrainski-begaltsi-i-ke-gi-vraka-vo-ukraina-za-da-odat-na-frontot/

The post Директор на УНХЦР: Украина има право да бара враќање на бегалците на воена возраст во земјата и нивно праќање на фронтот appeared first on Република.

]]>
Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shkotska-ke-pretane-da-im-plaka-smestuvane-na-ukrainskite-begaltsi/ Sun, 07 Jan 2024 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=730534

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“.

Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци.

Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“. Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци. Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>
Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-ke-lovi-ukrainski-begaltsi-i-ke-gi-vraka-vo-ukraina-za-da-odat-na-frontot/ Mon, 25 Dec 2023 19:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=726069

Естонија е подготвена да ги екстрадира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска ои Полска.

Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде“, изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.

За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад.

А колку Украинците се добредојдени на Запад покажува и фактот што данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, изјави дека по завршувањето на конфликтот, 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.

The post Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот appeared first on Република.

]]>

Естонија е подготвена да ги екстрадира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска ои Полска.
Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде“, изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.
За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад. А колку Украинците се добредојдени на Запад покажува и фактот што данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, изјави дека по завршувањето на конфликтот, 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.

The post Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот appeared first on Република.

]]>
Германски магазин: Во интерес на Германија е Украинците на воена возраст да се вратат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-magazin-vo-interes-na-germanija-e-ukraintsite-na-voena-vozrast-da-se-vratat-doma/ Mon, 25 Dec 2023 18:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=726207

Главниот дописник на магазинот „Фокус“, Улрих Рајц, изрази мислење дека во интерес на Германија е да ги врати Украинците на воена возраст назад во Украина.

Според Рајц, курсевите за интеграција на украинците во Германија се покажале неефикасни.

Повеќе од половина од украинските бегалци не успеаја да го положат јазичниот испит на минимално ниво, вели Рајц.

Новинарот исто така истакнува дека има многу помалку Украинци кои нашле работа во Германија отколку во другите земји, односно дека голем дел од нив се задоволни да бидат „заглавени“ на социјалните бенефиции.

Рајц смета дека сите овие факти укажуваат дека е време германските власти да го преиспитаат својот однос кон Украинците и да ги вратат сите воено способни луѓе во нивната татковина.

The post Германски магазин: Во интерес на Германија е Украинците на воена возраст да се вратат дома appeared first on Република.

]]>

Главниот дописник на магазинот „Фокус“, Улрих Рајц, изрази мислење дека во интерес на Германија е да ги врати Украинците на воена возраст назад во Украина. Според Рајц, курсевите за интеграција на украинците во Германија се покажале неефикасни.
Повеќе од половина од украинските бегалци не успеаја да го положат јазичниот испит на минимално ниво, вели Рајц.
Новинарот исто така истакнува дека има многу помалку Украинци кои нашле работа во Германија отколку во другите земји, односно дека голем дел од нив се задоволни да бидат „заглавени“ на социјалните бенефиции. Рајц смета дека сите овие факти укажуваат дека е време германските власти да го преиспитаат својот однос кон Украинците и да ги вратат сите воено способни луѓе во нивната татковина.

The post Германски магазин: Во интерес на Германија е Украинците на воена возраст да се вратат дома appeared first on Република.

]]>
Данска не сака украинските бегалци да останат по завршувањето на конфликтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ne-saka-ukrainskite-begaltsi-da-ostanat-po-zavrshuvaneto-na-konfliktot-vo-ukraina/ Mon, 25 Dec 2023 16:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=726201

Данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, порача дека украинските граѓани кои побегнаа во Данска во изминатите две години, повеќе нема да бидат добредојдени во земјата кога ќе се воспостави мир меѓу Киев и Москва.

Ние нема да го промениме тој став. Дури и ако Украинците се културно поблиски со Данците отколку луѓето од Блискиот Исток, тие сепак се однесуваат на сосема поинаков начин од Данците. Властите во Киев сакаат бегалците да се вратат, а ние во Данска ќе го почитуваме тоа“, истакна Дибвад.

Повеќе од 30.000 Украинци поднеле барање за статус на бегалци во Данска според посебен закон кој истекува во март 2025 година.

Истражувањето спроведено од Универзитетот во Копенхаген во септември на примерок од 7.000 лица покажува дека околу половината од нив би сакале да останат во земјата дури и по завршувањето на конфликтот во Украина.

The post Данска не сака украинските бегалци да останат по завршувањето на конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, порача дека украинските граѓани кои побегнаа во Данска во изминатите две години, повеќе нема да бидат добредојдени во земјата кога ќе се воспостави мир меѓу Киев и Москва.
Ние нема да го промениме тој став. Дури и ако Украинците се културно поблиски со Данците отколку луѓето од Блискиот Исток, тие сепак се однесуваат на сосема поинаков начин од Данците. Властите во Киев сакаат бегалците да се вратат, а ние во Данска ќе го почитуваме тоа“, истакна Дибвад.
Повеќе од 30.000 Украинци поднеле барање за статус на бегалци во Данска според посебен закон кој истекува во март 2025 година. Истражувањето спроведено од Универзитетот во Копенхаген во септември на примерок од 7.000 лица покажува дека околу половината од нив би сакале да останат во земјата дури и по завршувањето на конфликтот во Украина.

The post Данска не сака украинските бегалци да останат по завршувањето на конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>
ИРЦ: Осумдесет отсто од украинските бегалци се подготвени да се вратат во татковината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/irts-osumdeset-otsto-od-ukrainskite-begaltsi-se-podgotveni-da-se-vratat-vo-tatkovinata/ Fri, 23 Jun 2023 07:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=654169

Според информациите на Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) 80 проценти од бегалците од Украина во Европа изразиле подготвеност да се вратат дома, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.

ИРЦ предупредува дека безбедно и доброволно враќање во Украина ќе биде можно само доколку раселените лица се активно вклучени во процесот на обнова и реконструкција на земјата.

- Дискусиите за обновата на Украина во голема мера се фокусираа на обновата на клучната инфраструктура. ИРЦ ги повикува меѓународните донатори и Владата на Украина да го сменат својот фокус и да се погрижат луѓето погодени од оваа војна да бидат навистина во центарот на процесот, истакна претставничката на ИРЦ. Ова треба да оди рака под рака со инвестиции во големо деминирање, повторно воспоставување на социјална инфраструктура и отворање нови работни места, Гана Дудинска.

The post ИРЦ: Осумдесет отсто од украинските бегалци се подготвени да се вратат во татковината appeared first on Република.

]]>

Според информациите на Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) 80 проценти од бегалците од Украина во Европа изразиле подготвеност да се вратат дома, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. ИРЦ предупредува дека безбедно и доброволно враќање во Украина ќе биде можно само доколку раселените лица се активно вклучени во процесот на обнова и реконструкција на земјата. - Дискусиите за обновата на Украина во голема мера се фокусираа на обновата на клучната инфраструктура. ИРЦ ги повикува меѓународните донатори и Владата на Украина да го сменат својот фокус и да се погрижат луѓето погодени од оваа војна да бидат навистина во центарот на процесот, истакна претставничката на ИРЦ. Ова треба да оди рака под рака со инвестиции во големо деминирање, повторно воспоставување на социјална инфраструктура и отворање нови работни места, Гана Дудинска.

The post ИРЦ: Осумдесет отсто од украинските бегалци се подготвени да се вратат во татковината appeared first on Република.

]]>
Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsi-i-rusi-zdruzhno-ograbuvale-begaltsi-im-nashle-nad-1-25-milioni-ukradeni-evra/ Fri, 03 Mar 2023 16:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=615680

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија.

Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението.

Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи.

По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.

Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.

Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка.

Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста.

Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.

The post Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија. Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението. Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи. По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.
Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.
Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка. Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста. Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.

The post Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија е разбиена банда која експлоатирала бегалци од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-e-razbiena-banda-koja-eksploatirala-begaltsi-od-ukraina/ Sun, 22 Jan 2023 16:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=599648

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила банда која управувала со три нелегални фабрики за цигари каде што работеле во импровизирани сместувачки единици Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија.

Бандата беше обвинета за шверц на „големи количества“ тутун, со кој правеле цигари од фалсификувани марки и ги продавале низ Шпанија, како и во соседните земји, соопштија властите.

Дваесет и седум лица се уапсени во Шпанија во рамките на истрагата спроведена со помош на Европол.

Запленети се десет тони тутун и 3,5 милиони кутии цигари во вкупна вредност од 37,5 милиони евра.

Три фабрики во винскиот регион Ла Риоха (Северна), Севиља (Југ) и Валенсија (Исток) билеа опремени со машини „напредна технологија“ и можеле да произведуваат 540.000 кутии цигари дневно, се наведува во соопштението

The post Во Шпанија е разбиена банда која експлоатирала бегалци од Украина appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила банда која управувала со три нелегални фабрики за цигари каде што работеле во импровизирани сместувачки единици Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија. Бандата беше обвинета за шверц на „големи количества“ тутун, со кој правеле цигари од фалсификувани марки и ги продавале низ Шпанија, како и во соседните земји, соопштија властите. Дваесет и седум лица се уапсени во Шпанија во рамките на истрагата спроведена со помош на Европол. Запленети се десет тони тутун и 3,5 милиони кутии цигари во вкупна вредност од 37,5 милиони евра. Три фабрики во винскиот регион Ла Риоха (Северна), Севиља (Југ) и Валенсија (Исток) билеа опремени со машини „напредна технологија“ и можеле да произведуваат 540.000 кутии цигари дневно, се наведува во соопштението

The post Во Шпанија е разбиена банда која експлоатирала бегалци од Украина appeared first on Република.

]]>
УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/unhtsr-vojnata-vo-ukraina-predizvika-najgolem-bran-begaltsi-od-vtorata-svetska-vojna/ Sun, 08 Jan 2023 15:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=594639

Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна.

Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.

Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на Украина, која има 41 милион жители.

The post УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна appeared first on Република.

Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/rod-stjuart-primil-semejstvo-ukrainci-pa-saka-da-gi-pottikne-i-drugite-da-go-napravat-toa/ Wed, 19 Oct 2022 08:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=562816

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт јавно објави дека изнајмил куќа за семејство од седум бегалци од Украина. Тој откри дека обично не се фали со својот придонес кон добротворните работи, но сега „постапил поинаку со надеж дека ако и јавно проговори за своите постапки, тоа можеби ќе ги поттикне и другите луѓе да го прават тоа“.

Сер Род, како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година ѝ помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им ќирија и комуналии во Беркшир.

Семејството дојде во Британија и не говореа англиски… А, тие се толку прекрасни, љубезни и многу благодарни… Затоа сакам да работам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која ќе вселам многу повеќе луѓе - порача Стјуарт.

Тој нагласува дека е витез, па добротворната работа му е еден вид должност.

Нека ме видат дека правам нешто. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, па и тие ќе направат нешто - вели Стјуарт.

Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле и три камиони, кои служат за разнесување залихи за бегалците, но и безбедно иснесување од Украина.

Следниот месец Стјуарт почнува турнеја и ќе настапи во низа британски градови - Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер. Како што најави, тој има намера да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ.

The post Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа appeared first on Република.

]]>

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт јавно објави дека изнајмил куќа за семејство од седум бегалци од Украина. Тој откри дека обично не се фали со својот придонес кон добротворните работи, но сега „постапил поинаку со надеж дека ако и јавно проговори за своите постапки, тоа можеби ќе ги поттикне и другите луѓе да го прават тоа“. Сер Род, како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година ѝ помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им ќирија и комуналии во Беркшир.
Семејството дојде во Британија и не говореа англиски… А, тие се толку прекрасни, љубезни и многу благодарни… Затоа сакам да работам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која ќе вселам многу повеќе луѓе - порача Стјуарт.
Тој нагласува дека е витез, па добротворната работа му е еден вид должност.
Нека ме видат дека правам нешто. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, па и тие ќе направат нешто - вели Стјуарт.
Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле и три камиони, кои служат за разнесување залихи за бегалците, но и безбедно иснесување од Украина. Следниот месец Стјуарт почнува турнеја и ќе настапи во низа британски градови - Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер. Како што најави, тој има намера да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ.

The post Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа appeared first on Република.

]]>
Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат самите да се грижат за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-i-polska-baraat-ukrainskite-begalci-da-pochnat-samite-da-se-grizat-za-sebe/ Tue, 18 Oct 2022 09:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=562458

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан најави дека украинските воени бегалци ќе треба да почнат да се грижат за себе, но и за чешките граѓани, додека полските власти отворено предупредуваат дека не можат да ги финансираат бегалците на неодредено време и бараат да бидат покриени дел од трошоците за сместување во центри.

Подготвени сме да ви помогнеме, но од одреден момент, бидејќи имате пристап до здравствениот систем и пазарот на труд, ќе мора да се грижите самите за себе - изјави министерот Ракушан.

Чешкиот премиер, Петр Фијала, на заедничката прес-конференција со Ракушан ја пофали владата што успеала да обезбеди достоинствени услови и засолниште за речиси 450.000 бегалци од Украина, главно жени и деца, како и дека бројот што го примила нивната земја е најголем во Европа, ако за основа се земе бројот по глава на жител.

Повеќе од 100.000 бегалци од Украина во Чешка веќе се грижат за себе бидејќи нашле работа и не го оптоваруваат здравствениот и социјалниот систем, плаќаат и даноци и се проценува дека повеќе од четвртина од Украинците на кои им било дадено засолниште од Чешка ја напуштиле државата.

Полската влада, пак, предупредува дека не може „бескрајно“ да ги покрива трошоците за бегалците. Таа планира украинските бегалци кои подолго време се во центрите да почнат да ги плаќаат трошоците за сместување.

Не можеме да го финансираме престојот на бегалците на неодредено време. Во моментов имаме околу 80.000 бегалци кои се уште се во центри, сали, пансиони. Сакаме оние кои се во тие центри повеќе од 120 дена од јануари да почнат да покриваат 50 проценти од трошоците - изјави за радио РМФ ополномоштеникот на полската влада за бегалците од Украина, заменик министерот за внатрешни работи Павел Шефернакер.

Од почетокот на војната во Украина на крајот на февруари, полската граница ја минале околу шест милиони бегалци од Украина, од кои, според податоците од септември, околу 1,4 милиони останале во земјата, од кои 45 отсто се деца, 43 проценти се жени, а седум проценти се постари лица.

Според проценките на ОЕЦД, Полска ќе потроши 6,2 милијарди евра за домување и социјална помош за украинските бегалци, 1,5 милијарди за образование на децата и 664 милиони за здравствена заштита, додека Чешка оваа година ќе потроши 1,9 милијарди евра.

The post Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат самите да се грижат за себе appeared first on Република.

]]>

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан најави дека украинските воени бегалци ќе треба да почнат да се грижат за себе, но и за чешките граѓани, додека полските власти отворено предупредуваат дека не можат да ги финансираат бегалците на неодредено време и бараат да бидат покриени дел од трошоците за сместување во центри.
Подготвени сме да ви помогнеме, но од одреден момент, бидејќи имате пристап до здравствениот систем и пазарот на труд, ќе мора да се грижите самите за себе - изјави министерот Ракушан.
Чешкиот премиер, Петр Фијала, на заедничката прес-конференција со Ракушан ја пофали владата што успеала да обезбеди достоинствени услови и засолниште за речиси 450.000 бегалци од Украина, главно жени и деца, како и дека бројот што го примила нивната земја е најголем во Европа, ако за основа се земе бројот по глава на жител. Повеќе од 100.000 бегалци од Украина во Чешка веќе се грижат за себе бидејќи нашле работа и не го оптоваруваат здравствениот и социјалниот систем, плаќаат и даноци и се проценува дека повеќе од четвртина од Украинците на кои им било дадено засолниште од Чешка ја напуштиле државата. Полската влада, пак, предупредува дека не може „бескрајно“ да ги покрива трошоците за бегалците. Таа планира украинските бегалци кои подолго време се во центрите да почнат да ги плаќаат трошоците за сместување.
Не можеме да го финансираме престојот на бегалците на неодредено време. Во моментов имаме околу 80.000 бегалци кои се уште се во центри, сали, пансиони. Сакаме оние кои се во тие центри повеќе од 120 дена од јануари да почнат да покриваат 50 проценти од трошоците - изјави за радио РМФ ополномоштеникот на полската влада за бегалците од Украина, заменик министерот за внатрешни работи Павел Шефернакер.
Од почетокот на војната во Украина на крајот на февруари, полската граница ја минале околу шест милиони бегалци од Украина, од кои, според податоците од септември, околу 1,4 милиони останале во земјата, од кои 45 отсто се деца, 43 проценти се жени, а седум проценти се постари лица. Според проценките на ОЕЦД, Полска ќе потроши 6,2 милијарди евра за домување и социјална помош за украинските бегалци, 1,5 милијарди за образование на децата и 664 милиони за здравствена заштита, додека Чешка оваа година ќе потроши 1,9 милијарди евра.

The post Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат самите да се грижат за себе appeared first on Република.

]]>
Германија бара прераспределување на украинските бегалци ширум ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-bara-preraspredeluvanje-na-ukrainskite-begalci-shirum-eu/ Tue, 04 Oct 2022 13:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=557272

Партијата на владејачката коалиција во Германија, Либерално-демократската партија (ФДП) побара итен самит на ниво на Европската Унија поради предупредувањата на експертите за големиот број бегалци од Украина кои би можеле да пристигнат во ЕУ оваа зима.

Потребен ни е договор што е можно поскоро, како на национално, така и на ниво на Европската Унија - изјави Стефан Томае, вршител на работите на претставничкиот клуб на ФДП во Бундестагот.

Тој рече дека сега се „одмаздува“ поради тоа што договорот за заеднички европски систем за азил „не напреднал ниту еден чекор“ во последните години.

Итно треба да одржиме самит за миграција на ЕУ за сегашните и идните движења на бегалците - рече Томае.

Најистакнатиот германски научник за миграциски прашања, Џералд Кнаус, предупреди на „вонредна состојба“ што може да следи со доаѓањето на зимата.

Тој смета дека ЕУ „воопшто не е подготвена“ за вакви случувања и предупреди дека земјите како Полска и Чешка сè уште го носат главниот товар на бегалците кои пристигнуваат од Украина.

Затоа мора да се договори систем според кој земји како Италија и Франција би примиле дел од бегалците - изјави Кнаус.

Од јуни, бегалците од Украина во Германија не се третираат како баратели на азил, туку како домашни приматели на социјална помош и помош за невработеност, со повисоки износи на помош и неограничен пристап до пазарот на трудот.

Се проценува дека во Германија во моментов престојуваат околу еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија по почетокто на руската воена операција во Украина на крајот на февруари.

The post Германија бара прераспределување на украинските бегалци ширум ЕУ appeared first on Република.

]]>

Партијата на владејачката коалиција во Германија, Либерално-демократската партија (ФДП) побара итен самит на ниво на Европската Унија поради предупредувањата на експертите за големиот број бегалци од Украина кои би можеле да пристигнат во ЕУ оваа зима.
Потребен ни е договор што е можно поскоро, како на национално, така и на ниво на Европската Унија - изјави Стефан Томае, вршител на работите на претставничкиот клуб на ФДП во Бундестагот.
Тој рече дека сега се „одмаздува“ поради тоа што договорот за заеднички европски систем за азил „не напреднал ниту еден чекор“ во последните години.
Итно треба да одржиме самит за миграција на ЕУ за сегашните и идните движења на бегалците - рече Томае.
Најистакнатиот германски научник за миграциски прашања, Џералд Кнаус, предупреди на „вонредна состојба“ што може да следи со доаѓањето на зимата. Тој смета дека ЕУ „воопшто не е подготвена“ за вакви случувања и предупреди дека земјите како Полска и Чешка сè уште го носат главниот товар на бегалците кои пристигнуваат од Украина.
Затоа мора да се договори систем според кој земји како Италија и Франција би примиле дел од бегалците - изјави Кнаус.
Од јуни, бегалците од Украина во Германија не се третираат како баратели на азил, туку како домашни приматели на социјална помош и помош за невработеност, со повисоки износи на помош и неограничен пристап до пазарот на трудот. Се проценува дека во Германија во моментов престојуваат околу еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија по почетокто на руската воена операција во Украина на крајот на февруари.

The post Германија бара прераспределување на украинските бегалци ширум ЕУ appeared first on Република.

]]>
Германија ветува 200 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-vetuva-200-milioni-evra-pomosh-za-vnatreshno-raselenite-lica-vo-ukraina/ Sun, 04 Sep 2022 06:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=547243

Германија ќе и даде на Украина дополнителни 200 милиони евра за финансирање на програмата за помош на внатрешно раселените лица низ Украина како резултат на руската инвазија, изјави министерката за развој Свења Шулце за „Функе Медиа Груп“.

Украинскиот премиер Денис Шмихал утре ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Ќе разговарам со премиерот Шмихал за тоа како можеме да продолжиме да ја поддржуваме украинската влада во грижата за прогонетите. Парите се наменети за помош на внтарешно раселените лица во Украина за да можат да си ги обезбедат основните потреби, рече Шулце.

Од почетокот на руската инвазија в рз Украина па се до 23 август околу седум милиони Украинци се видат за внатрешно раселени, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации.

Минатиот месец, претставник на германската Влада изјави дека Европската унија има намера до септемрви да состави финансиски пакет за Украина во вредност од околу осум милијарди евра, во кој ќе партиципира и Германија.

The post Германија ветува 200 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Украина appeared first on Република.

]]>

Германија ќе и даде на Украина дополнителни 200 милиони евра за финансирање на програмата за помош на внатрешно раселените лица низ Украина како резултат на руската инвазија, изјави министерката за развој Свења Шулце за „Функе Медиа Груп“. Украинскиот премиер Денис Шмихал утре ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ќе разговарам со премиерот Шмихал за тоа како можеме да продолжиме да ја поддржуваме украинската влада во грижата за прогонетите. Парите се наменети за помош на внтарешно раселените лица во Украина за да можат да си ги обезбедат основните потреби, рече Шулце.
Од почетокот на руската инвазија в рз Украина па се до 23 август околу седум милиони Украинци се видат за внатрешно раселени, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации. Минатиот месец, претставник на германската Влада изјави дека Европската унија има намера до септемрви да состави финансиски пакет за Украина во вредност од околу осум милијарди евра, во кој ќе партиципира и Германија.

The post Германија ветува 200 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Украина appeared first on Република.

]]>
Три земји на ЕУ ќе добијат 434 милиони евра за примените украински бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-zemji-na-eu-kje-dobijat-434-milioni-evra-za-primenite-ukrainski-begalci/ Fri, 15 Jul 2022 15:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=529395

Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел.

Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и да најдат работа.

Луксембург добива 390 илјади евра за обезбедување на основните потреби на бегалците, како храна и социјалните последици од пандемијата со Ковид-19.

Италија добива 136 милиони евра за да се олесни притисокот врз здравствениот систем на државата, да се помогне за вработување на здравствени работници и да се покријат дополнителните часови на лекарите и останатиот здравствен персонал, соопшти Европската комисија.

Дополнително 264 милиони евра ќе одат за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно алатката РЕакт-ЕУ, во 2021, мобилизираше 40 милијарди евра за земјите членки на ЕУ за справување со последиците од пандемијата, инвестиции во зелената и дигиталната транзиција и интегрирање на лицата кои бегаат од војната во Украина.

The post Три земји на ЕУ ќе добијат 434 милиони евра за примените украински бегалци appeared first on Република.

]]>

Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и да најдат работа. Луксембург добива 390 илјади евра за обезбедување на основните потреби на бегалците, како храна и социјалните последици од пандемијата со Ковид-19. Италија добива 136 милиони евра за да се олесни притисокот врз здравствениот систем на државата, да се помогне за вработување на здравствени работници и да се покријат дополнителните часови на лекарите и останатиот здравствен персонал, соопшти Европската комисија. Дополнително 264 милиони евра ќе одат за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно алатката РЕакт-ЕУ, во 2021, мобилизираше 40 милијарди евра за земјите членки на ЕУ за справување со последиците од пандемијата, инвестиции во зелената и дигиталната транзиција и интегрирање на лицата кои бегаат од војната во Украина.

The post Три земји на ЕУ ќе добијат 434 милиони евра за примените украински бегалци appeared first on Република.

]]>
Полска зема кредит од 450 милиони евра за украинските бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-zema-kredit-od-450-milioni-evra-za-ukrainskite-begalci/ Fri, 24 Jun 2022 13:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=519315

Полска потпиша договор за заем од 450 милиони евра со Банката за развој на Советот на Европа. Средствата ќе бидат наменети за справување со бранот бегалци кои ја напуштија Украина по руската воена операција.

Приближно 4,3 милиони бегалци пристигнале во Полска откако Русија ја почна операцијата во Украина на 24 февруари. Полска им обезбедува бесплатно сместување, социјална и медицинска нега, образование и можности за вработување.

Голем број од украинските бегалци, кои пристигнаа во Полска се преселија во други држави, некои одлучија да се вратат дома, но се проценува дека половина од нив останале во Полска.

Претходно овој месец, полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека процедурите за донесување одлуки во Европската Унија „понекогаш се премногу бавни“.

Советот на Европа е составен од 46 земји, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ, и има за цел да ги заштити човековите права, демократијата и владеењето на правото.

The post Полска зема кредит од 450 милиони евра за украинските бегалци appeared first on Република.

]]>

Полска потпиша договор за заем од 450 милиони евра со Банката за развој на Советот на Европа. Средствата ќе бидат наменети за справување со бранот бегалци кои ја напуштија Украина по руската воена операција. Приближно 4,3 милиони бегалци пристигнале во Полска откако Русија ја почна операцијата во Украина на 24 февруари. Полска им обезбедува бесплатно сместување, социјална и медицинска нега, образование и можности за вработување. Голем број од украинските бегалци, кои пристигнаа во Полска се преселија во други држави, некои одлучија да се вратат дома, но се проценува дека половина од нив останале во Полска. Претходно овој месец, полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека процедурите за донесување одлуки во Европската Унија „понекогаш се премногу бавни“. Советот на Европа е составен од 46 земји, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ, и има за цел да ги заштити човековите права, демократијата и владеењето на правото.

The post Полска зема кредит од 450 милиони евра за украинските бегалци appeared first on Република.

]]>