украинска армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainska-armija/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 15:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинска армија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainska-armija/ 32 32 Украинската армија изврши рации во ресторани, барови и концертна сала во Киев, барајќи мажи за воена служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-armija-izvrshi-ratsii-vo-restorani-barovi-i-kontsertna-sala-vo-kiev-barajki-mazhi-za-voena-sluzhba/ Tue, 15 Oct 2024 15:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=827224

Припадници на украинската армија влегуваат во ресторани, барови и концертна сала во Киев, ги проверуваат документите за воена регистрација и ги приведуваат мажите кои не се јавиле да служат војска, објавија локалните медиуми.

Објавени се и видеоснимки како украински офицери на 11 октомври се распоредени пред салата Палата на спортот во Киев, каде украинската рок група „Оушн Елзи“ имаше концерт. При излезот офицерите ги проверуваа документите и приведоа неколку мажи.

Проверки биле извршени и во луксузниот трговски центар „Гудвин“ и во популарниот киевски ресторан „Авалон“.

Според локалните извештаи, рации биле извршени и во клубови и ресторани во други украински градови, вклучително Харков и Дњепар во источна и централна Украина.

Сите украински мажи на возраст од 25 до 60 години се предмет на регрутирање, а на мажите на возраст од 18 до 60 години не им е дозволено да ја напуштат земјата.

The post Украинската армија изврши рации во ресторани, барови и концертна сала во Киев, барајќи мажи за воена служба appeared first on Република.

]]>

Припадници на украинската армија влегуваат во ресторани, барови и концертна сала во Киев, ги проверуваат документите за воена регистрација и ги приведуваат мажите кои не се јавиле да служат војска, објавија локалните медиуми. Објавени се и видеоснимки како украински офицери на 11 октомври се распоредени пред салата Палата на спортот во Киев, каде украинската рок група „Оушн Елзи“ имаше концерт. При излезот офицерите ги проверуваа документите и приведоа неколку мажи. Проверки биле извршени и во луксузниот трговски центар „Гудвин“ и во популарниот киевски ресторан „Авалон“. Според локалните извештаи, рации биле извршени и во клубови и ресторани во други украински градови, вклучително Харков и Дњепар во источна и централна Украина. Сите украински мажи на возраст од 25 до 60 години се предмет на регрутирање, а на мажите на возраст од 18 до 60 години не им е дозволено да ја напуштат земјата.

The post Украинската армија изврши рации во ресторани, барови и концертна сала во Киев, барајќи мажи за воена служба appeared first on Република.

]]>
Украинската армија соопшти дека освоила седум села кои беа под руска контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-armija-soopshti-deka-osvoila-sedum-sela-koi-bea-pod-ruska-kontrola/ Thu, 15 Jun 2023 12:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=651738

Украинската контраофанзива резултирала со освојување седум села кои претходно беа под руска контрола, изјави Олекси Хромов, портпарол на Генералштабот на Украина.

„Вратена е контролата на 100 квадратни километри украинска територија. Украинските единици продолжуваат со нападите на север и на југ од Бахмут, градот во регионот Доњецк што го зазедоа руските сили претходно оваа година, изјави Хромов на прес-конференција во Киев.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили покажуваат „силен отпор“, при што украинските војници се попречени од тежок артилериски оган и беспилотни летала камикази.

The post Украинската армија соопшти дека освоила седум села кои беа под руска контрола appeared first on Република.

]]>

Украинската контраофанзива резултирала со освојување седум села кои претходно беа под руска контрола, изјави Олекси Хромов, портпарол на Генералштабот на Украина.
„Вратена е контролата на 100 квадратни километри украинска територија. Украинските единици продолжуваат со нападите на север и на југ од Бахмут, градот во регионот Доњецк што го зазедоа руските сили претходно оваа година, изјави Хромов на прес-конференција во Киев.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили покажуваат „силен отпор“, при што украинските војници се попречени од тежок артилериски оган и беспилотни летала камикази.

The post Украинската армија соопшти дека освоила седум села кои беа под руска контрола appeared first on Република.

]]>
Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakeri-upadnaa-vo-fejsbuk-profilite-na-ukrainskata-armija-i-gi-povikaa-vojnicite-da-se-predadat/ Fri, 08 Apr 2022 16:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=485463

 Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук.

Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата.

Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува Индепендент. Во извештајот од февруари, Мета веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади.

Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во профилите, објавувале видеа во кои ја повикуваат украинската армија да се предаде, а изгледало како легитимните сопственици на профилите да ги објавуваат.

Индипендент наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина. На Фејсбук тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери“ ја користат кризата за да отворат лажни профили и користат други тактики за да профитираат од интересот за вестите од Украина.

Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Мета соопшти дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипините и Иран.

The post Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат appeared first on Република.

]]>

 Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук. Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата. Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува Индепендент. Во извештајот од февруари, Мета веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади.
Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во профилите, објавувале видеа во кои ја повикуваат украинската армија да се предаде, а изгледало како легитимните сопственици на профилите да ги објавуваат. Индипендент наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина. На Фејсбук тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери“ ја користат кризата за да отворат лажни профили и користат други тактики за да профитираат од интересот за вестите од Украина.
Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Мета соопшти дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипините и Иран.

The post Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат appeared first on Република.

]]>
Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainska-armija-naselenieto-da-se-podgotvi-za-neselektivni-ruski-napadi/ Tue, 22 Mar 2022 07:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=476409

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“.

Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море. Украинската армија во редовен извештај наведува и дека руските сили „го загубиле офанзивниот потенцијал“ и дека биле „принудени да повикаат засилување од Русија“, пренесува Би-би-си. Во соопштението се тврди и дека околу 300 руски војници биле убиени во вчерашните борби.

The post Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади appeared first on Република.

]]>

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“. Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море. Украинската армија во редовен извештај наведува и дека руските сили „го загубиле офанзивниот потенцијал“ и дека биле „принудени да повикаат засилување од Русија“, пренесува Би-би-си. Во соопштението се тврди и дека околу 300 руски војници биле убиени во вчерашните борби.

The post Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади appeared first on Република.

]]>