украинска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainska-ambasadorka/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Mar 2022 08:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainska-ambasadorka/ 32 32 Украинска амбасадорка: Русија употребува вакуум бомба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainska-ambasadorka-rusija-upotrebuva-vakuum-bomba/ Tue, 01 Mar 2022 08:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=465639

Амбасадорката на Украина во Соединетите држави во понеделникот апелираше до членовите на американскиот Конгрес за дополнителна помош бидејќи нејзината земја се противи на руската „брутална војна“, тврдејќи дека Русија користела т.н. вакуумска бомба, или термобарично оружје, во понеделникот при инвазијата на Украина.

Денеска употребија вакуум бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција, изјави амбасадорката Оксана Маркарова по средбата со членовите на Конгресот. Огромен е пустошот што Русија се обидува да и го нанесе на Украина, изјави таа, пренесува Ројтерс.

Како што наведе таа, Украина активно соработува со администрацијата на Џозеф Бајден и Конгресот со цел да добие повеќе оружје, но и да ги зајакне санкциите против Русија.

Треба да платат, да платат висока цена“, им рече таа на новинарите по излегувањето од состанокот, пишува Н1.

Членот на Конгресот кој присуствуваше на состанокот, Демократскиот претставник Бред Шерман, рече дека Украинците бараат зона за забранети летови над Украина, но оти смета дека тоа е премногу опасно бидејќи може да предизвика конфликт со Русија.

Вакуумската бомба користи кислород од околниот воздух за да создаде експлозија со висока температура, а нејзината употреба обично произведува бран на експлозија со значително подолго траење од оној на конвенционалните и кондензирани експлозиви.

 

The post Украинска амбасадорка: Русија употребува вакуум бомба appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Украина во Соединетите држави во понеделникот апелираше до членовите на американскиот Конгрес за дополнителна помош бидејќи нејзината земја се противи на руската „брутална војна“, тврдејќи дека Русија користела т.н. вакуумска бомба, или термобарично оружје, во понеделникот при инвазијата на Украина.
Денеска употребија вакуум бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција, изјави амбасадорката Оксана Маркарова по средбата со членовите на Конгресот. Огромен е пустошот што Русија се обидува да и го нанесе на Украина, изјави таа, пренесува Ројтерс.
Како што наведе таа, Украина активно соработува со администрацијата на Џозеф Бајден и Конгресот со цел да добие повеќе оружје, но и да ги зајакне санкциите против Русија.
Треба да платат, да платат висока цена“, им рече таа на новинарите по излегувањето од состанокот, пишува Н1.
Членот на Конгресот кој присуствуваше на состанокот, Демократскиот претставник Бред Шерман, рече дека Украинците бараат зона за забранети летови над Украина, но оти смета дека тоа е премногу опасно бидејќи може да предизвика конфликт со Русија. Вакуумската бомба користи кислород од околниот воздух за да создаде експлозија со висока температура, а нејзината употреба обично произведува бран на експлозија со значително подолго траење од оној на конвенционалните и кондензирани експлозиви.  

The post Украинска амбасадорка: Русија употребува вакуум бомба appeared first on Република.

]]>