украинец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainec/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Jun 2023 07:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukrainec/ 32 32 Украински бегалец освоил 500.000 евра од грепка во Белгија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ukrainski-begalets-osvoil-500-000-evra-od-grepka-vo-belgija/ Tue, 13 Jun 2023 07:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=650699

Бегалец од Украина освоил премија од 500.000 евра на лотарија во Белгија. Добитникот чиј идентитет, според правилата на лотаријата, ќе остане непознат, е маж на возраст меѓу 18 и 24 години и последниве 12 месеци живее во Брисел.

Тој минатиот месец купил грепка за пет евра на бензинска пумпа. Тоа значи дека добивката е сто илјади пати поголема од „влогот“.

Во Белгија не се плаќа данок на добивка на лотарија.

The post Украински бегалец освоил 500.000 евра од грепка во Белгија appeared first on Република.

]]>

Бегалец од Украина освоил премија од 500.000 евра на лотарија во Белгија. Добитникот чиј идентитет, според правилата на лотаријата, ќе остане непознат, е маж на возраст меѓу 18 и 24 години и последниве 12 месеци живее во Брисел. Тој минатиот месец купил грепка за пет евра на бензинска пумпа. Тоа значи дека добивката е сто илјади пати поголема од „влогот“. Во Белгија не се плаќа данок на добивка на лотарија.

The post Украински бегалец освоил 500.000 евра од грепка во Белгија appeared first on Република.

]]>
Спасовски тврди: За предметот на украинскиот државјанин решаваше Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-tvrdi-za-predmetot-na-ukrainskiot-drzavjanin-reshavashe-vladata/ Sat, 12 Nov 2022 14:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=573035

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека украинскиот политичар добил позитивна проверка за добивање македонско државјанство од четири институции и оти Владата, која има дискрециско право, донела одлука да му се даде државјанство.

Добивање државјанство по член 11 од Законот за државјанство, значи не е државјанство кое што го донесува МВР, туку Владата. МВР практично ги прибира сите документи. Станува збор за предмет којшто добил позитивни оцени од четири релевантни институции во државата. На крајот се носи на Влада, Владата има дискрециско право да даде или да одбие државјанство на кој било, којшто аплицирал во овој дел. Сите проверки кои што се од сите четири институиции се позитивни - рече Спасовски.

Според него, позитивно мислење за добивање државјанство во конкретниов случај дале Агенцијата за национална безбедност, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт.

Запрашан за меѓународната потерница по него, рече дека меѓународната потерницата не е само кај нас, односно кога се распишува, се распишува на Интеропол и таа важи за цел свет.

Јас кажувам какви се документите. Не може да одговараме и да правиме констатации, перцепции во јавноста на шпекулации. Треба да ги правиме врз основа на документи. Документите коишто биле доставени, се направени од релевантни институции и тие биле позитивни. Ако беа негативни ќе ви кажев дека се негативни, меѓутоа се позитивни - рече Спасовски.

The post Спасовски тврди: За предметот на украинскиот државјанин решаваше Владата appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека украинскиот политичар добил позитивна проверка за добивање македонско државјанство од четири институции и оти Владата, која има дискрециско право, донела одлука да му се даде државјанство.
Добивање државјанство по член 11 од Законот за државјанство, значи не е државјанство кое што го донесува МВР, туку Владата. МВР практично ги прибира сите документи. Станува збор за предмет којшто добил позитивни оцени од четири релевантни институции во државата. На крајот се носи на Влада, Владата има дискрециско право да даде или да одбие државјанство на кој било, којшто аплицирал во овој дел. Сите проверки кои што се од сите четири институиции се позитивни - рече Спасовски.
Според него, позитивно мислење за добивање државјанство во конкретниов случај дале Агенцијата за национална безбедност, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт. Запрашан за меѓународната потерница по него, рече дека меѓународната потерницата не е само кај нас, односно кога се распишува, се распишува на Интеропол и таа важи за цел свет.