украдена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukradena/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 10:14:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украдена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukradena/ 32 32 СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ja-pochna-predkampanata-so-ukraden-slogan-od-holandski-sindhir-na-super-marketi/ Thu, 22 Feb 2024 09:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=746879

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува.

Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија. Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува. Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“. Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>
Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donator-na-dui-za-svojata-bolnica-vo-kosovo-kupil-medicinska-oprema-ukradena-od-makedonija/ Wed, 23 Nov 2022 15:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=577418

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово.

Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра.

Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.

 

The post Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија appeared first on Република.

]]>

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово. Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра. Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.
По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.  

The post Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија appeared first on Република.

]]>
Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/ Tue, 04 Oct 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=557105

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.

Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.

 

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата. Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година. Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.  

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>
Украдена железна ограда од мост https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-zelezna-ograda-od-most/ Wed, 23 Mar 2022 13:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=477212

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.

Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

The post Украдена железна ограда од мост appeared first on Република.

]]>

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.
Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

The post Украдена железна ограда од мост appeared first on Република.

]]>