укинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukinuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 11:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png укинување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukinuvanje/ 32 32 На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-utreshnata-vladina-sednitsa-ke-se-ukinat-ekonomskite-direktori-vo-zdravstvenite-ustanovi/ Mon, 01 Jul 2024 11:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=792405

Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“

Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.

Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа.

Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.

Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми… Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.

The post На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи appeared first on Република.

]]>

Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“
Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.
Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа. Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми… Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.
 
The post На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи appeared first on Република.

]]>
Времено укинување на визите за краткорочен престој за странски државјани на трети земји со важечка британска, американска и канадска виза https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vremeno-ukinuvane-na-vizite-za-kratkorochen-prestoj-za-stranski-drzhavjani-na-treti-zemji-so-vazhechka-britanska-amerikanska-i-kanadska-viza/ Thu, 28 Dec 2023 13:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=727525

Одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза, донесе Владата на 214-та седница.

Со оваа одлука, како што појаснуваат денеска од владината прес-служба, за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, се укинуваат визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза, при што должината на нивниот престој во Република Македонија може да биде најмногу до 15 дена, а важноста на важечката британска, американска и канадска виза треба да биде 5 дена подолго од планираниот престој во Република Македонија.

Како што е образложено од предлагачот, Министерството за надворешни работи, во периодот 2016 – 2023 година беа времено укинати визите за краткорочен престој (виза Ц) во државава (90 дена во текот на 180 дена, сметано од денот на првото влегување) за државјаните на трети земји кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза.

Имајќи ги предвид позитивните влијанија на оваа одлука врз привлекувањето странски туристи и јакнењето на бизнис контактите, се предлага донесување ваква одлука и за 2024 година, се наведува во соопштението од Владата.

The post Времено укинување на визите за краткорочен престој за странски државјани на трети земји со важечка британска, американска и канадска виза appeared first on Република.

]]>

Одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза, донесе Владата на 214-та седница. Со оваа одлука, како што појаснуваат денеска од владината прес-служба, за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, се укинуваат визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Македонија, за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза, при што должината на нивниот престој во Република Македонија може да биде најмногу до 15 дена, а важноста на важечката британска, американска и канадска виза треба да биде 5 дена подолго од планираниот престој во Република Македонија. Како што е образложено од предлагачот, Министерството за надворешни работи, во периодот 2016 – 2023 година беа времено укинати визите за краткорочен престој (виза Ц) во државава (90 дена во текот на 180 дена, сметано од денот на првото влегување) за државјаните на трети земји кои поседуваат важечка британска, американска и канадска виза. Имајќи ги предвид позитивните влијанија на оваа одлука врз привлекувањето странски туристи и јакнењето на бизнис контактите, се предлага донесување ваква одлука и за 2024 година, се наведува во соопштението од Владата.

The post Времено укинување на визите за краткорочен престој за странски државјани на трети земји со важечка британска, американска и канадска виза appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/ Fri, 01 Sep 2023 11:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=677887

Почитувани ученици и наставници ви посакувам среќен почеток на новата учебна година. На првачињата им истурам река вода по нивните стапки за образованието да им тече како вода, да им биде убаво и забавно во училиште, да учат најмногу што можат и да бидат најдобри што можат, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците. Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната. ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа. Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години. Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток. Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше. Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата. Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија. Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони. Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците. Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот. За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта. Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски, истакна Јаневска.

Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа, додаде Јаневска.

The post Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието appeared first on Република.

Комисијата за заразни болести препорачува да се носат заштитни маски само за посета во болница, а да се укинат сите други задолжителни мерки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-preporachuva-da-se-nosat-zashtitni-maski-samo-za-poseta-vo-bolnitsa-a-da-se-ukinat-site-drugi-zadolzhitelni-merki/ Mon, 08 May 2023 12:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=638400

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.

Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата на денешната прес-конференција.

Ток кажа дека дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација  (СЗО) на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19.

Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести.

Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела- 66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка.

Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме.

Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет.

На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за Ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво.

The post Комисијата за заразни болести препорачува да се носат заштитни маски само за посета во болница, а да се укинат сите други задолжителни мерки appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.
Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата на денешната прес-конференција.
Ток кажа дека дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација  (СЗО) на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19. Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести. Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела- 66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка. Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме. Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет. На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за Ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво.    

The post Комисијата за заразни болести препорачува да се носат заштитни маски само за посета во болница, а да се укинат сите други задолжителни мерки appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Нема гас додека не ни се укинат санкциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-nema-gas-dodeka-ne-ni-se-ukinat-sankciite/ Mon, 05 Sep 2022 18:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=547784

Светот ќе доживее големи турбуленции како резултат на нелогичните потези на западните земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Најверојатно, почнува огромна глобална бура, предупреди Песков во интервју за Тасс во понеделникот.

„На многу начини, постојат објективни причини за тоа, но има и субјективни причини за оваа бура што почнува, кои се поврзани со апсолутно нелогични и често апсурдни одлуки и постапки на властите во САД, Европа, ЕУ и одделни европски земји“, рече тој.

Санкциите наметнати од САД, ЕУ и некои други нации на Русија поради нејзината инвазија во Украина предизвикаа скок на цените на енергијата и рекордна инфлација на Западот.

Во оваа ситуација, Русија „сè уште успева да ја одржи макроекономската стабилност. За да се постигне тоа, се спроведува мошне интензивна, промислена и доследна работа, истакна Песков.

Како што вештачки се воведуваат рестрикции на Запад, така трговските и економските односи (на Русија) разбирливо почнуваат да се фокусираат повеќе на Исток“, додаде тој.

Сепак, прес-секретарот на Кремљ, кој зборуваше на почетокот на Источниот економски форум во Владивосток, инсистираше дека „е целосно неправедно да се каже дека токму сега се свртевме кон Истокот... азиско-пацифичкиот регион отсекогаш бил многу важна компонента за трговските и економските односи, и енергетскиот дијалог и други области“.

Фајненшл тајмс, пак, денеска објави дека Русија се заканила дека испораките на руски гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 нема да продолжат во целост додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите кон Москва.

Песков, вели ФТ, ги обвини санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод, кој испорачува гас до Германија од Санкт Петербург преку Балтичко Море.

Проблемите со пумпањето гас настанаа поради санкциите што западните земји ги воведоа против нашата земја и неколку компании, рече Песков, цитиран од новинската агенција Интерфакс. „Нема други причини што би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето“.

Коментарите на Песков беа најострото барање досега од страна на Кремљ ЕУ да ги повлече своите санкции во замена Русија да продолжи со испораките на гас на континентот, вели Фајненшл тајмс.

The post Кремљ: Нема гас додека не ни се укинат санкциите appeared first on Република.

]]>

Светот ќе доживее големи турбуленции како резултат на нелогичните потези на западните земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Најверојатно, почнува огромна глобална бура, предупреди Песков во интервју за Тасс во понеделникот.
„На многу начини, постојат објективни причини за тоа, но има и субјективни причини за оваа бура што почнува, кои се поврзани со апсолутно нелогични и често апсурдни одлуки и постапки на властите во САД, Европа, ЕУ и одделни европски земји“, рече тој. Санкциите наметнати од САД, ЕУ и некои други нации на Русија поради нејзината инвазија во Украина предизвикаа скок на цените на енергијата и рекордна инфлација на Западот.
Во оваа ситуација, Русија „сè уште успева да ја одржи макроекономската стабилност. За да се постигне тоа, се спроведува мошне интензивна, промислена и доследна работа, истакна Песков.
Како што вештачки се воведуваат рестрикции на Запад, така трговските и економските односи (на Русија) разбирливо почнуваат да се фокусираат повеќе на Исток“, додаде тој. Сепак, прес-секретарот на Кремљ, кој зборуваше на почетокот на Источниот економски форум во Владивосток, инсистираше дека „е целосно неправедно да се каже дека токму сега се свртевме кон Истокот... азиско-пацифичкиот регион отсекогаш бил многу важна компонента за трговските и економските односи, и енергетскиот дијалог и други области“. Фајненшл тајмс, пак, денеска објави дека Русија се заканила дека испораките на руски гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 нема да продолжат во целост додека „колективниот Запад“ не ги укине санкциите кон Москва. Песков, вели ФТ, ги обвини санкциите од ЕУ, Велика Британија и Канада за неуспехот на Русија да испорача гас преку клучниот гасовод, кој испорачува гас до Германија од Санкт Петербург преку Балтичко Море.
Проблемите со пумпањето гас настанаа поради санкциите што западните земји ги воведоа против нашата земја и неколку компании, рече Песков, цитиран од новинската агенција Интерфакс. „Нема други причини што би можеле да го предизвикаат овој проблем со пумпањето“.
Коментарите на Песков беа најострото барање досега од страна на Кремљ ЕУ да ги повлече своите санкции во замена Русија да продолжи со испораките на гас на континентот, вели Фајненшл тајмс.  

The post Кремљ: Нема гас додека не ни се укинат санкциите appeared first on Република.

]]>
Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kakov-i-e-da-e-francuskiot-predlog-nema-ukinuvanje-na-vetoto-veli-potpretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/ Fri, 17 Jun 2022 17:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=516464

„Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, изјави потпретседателот на Националното собрание на Бугарија, Кристијан Вигенин.

Сметам дека господинот Никола Минчев апсолутно согласно деловникот и одлуките на Народното собрание не дозволи ново гласање по тоа дали да се затвори седницата, така што причината поради која формално беше побарана оваа оставка е всушност почитување на деловникот и законите, така што сите признаа дека во пракса одлуката за оставка е политичка и не е поврзана со неговата работа, појаснил Вигенин околу разрешувањето на досегашниот претседател на Бугарското народно собрание, пренесува бугарски „Стандарт“.

„Изборот за нов спикер според деловникот мора да се случи во рок од 14 дена. Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, потенцирал заменик-претседателот на Националното собрание.

The post Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент appeared first on Република.

Се укинува изолацијата за блиските контакти на лица заразени со ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-ukinuva-izolacijata-za-bliskite-kontakti-na-lica-zarazeni-so-kovid/ Tue, 12 Apr 2022 13:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=487437

Владата ја укина мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на Ковид-19.

Од Владата информираа дека за нив останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден Ковид.

Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории. Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.

Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски.

Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

The post Се укинува изолацијата за блиските контакти на лица заразени со ковид appeared first on Република.

]]>

Владата ја укина мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на Ковид-19. Од Владата информираа дека за нив останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден Ковид. Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории. Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби. Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски. Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.    

The post Се укинува изолацијата за блиските контакти на лица заразени со ковид appeared first on Република.

]]>
Грција ги укинува сите мерки, невакцинираните можат слободно да влезат во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-gi-ukinuva-site-merki-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/ Mon, 11 Apr 2022 07:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=486456

Грција до семптември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можат слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико

Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот.

Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.

Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот.

Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.

The post Грција ги укинува сите мерки, невакцинираните можат слободно да влезат во државата appeared first on Република.

]]>

Грција до семптември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можат слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот. Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.
Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот.
Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.  

The post Грција ги укинува сите мерки, невакцинираните можат слободно да влезат во државата appeared first on Република.

]]>
Наредната недела се очекува Србија да ја укине забраната на извоз на масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narednata-nedela-se-ochekuva-srbija-da-ja-ukine-zabranata-na-izvoz-na-maslo-za-jadenje/ Sat, 09 Apr 2022 11:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=485806

Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ.

Од најголемиот македонски производител на масло за јадење, фабриката „Билијант“ во Штип, која е дел од компанијата „Витаминка“, посочуваат дека произведуваат масло за јадење, како и пред кризата.

Коста Ташков од „Брилијант“ за МИА изјави дека постојано испорачуваат масло за јадење, но поради тоа што имаат најниска цена на пазарот, рафтовите забрзано се празнат, а се добива впечаток и дека граѓаните складираат поголеми количини на масло за јадење во своите домови.

Ташков забележува дека од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

доаѓаат добри вести за укинувањето на забраната од страна на Србија, од каде што го набавуваат и суровото масло. Во овој период набавиле и 600 тони сурово масло од Бугарија, а пристигнала и една цистерна од Украина, за да го пробаат производството. Смета дека суровото масло од Украина е со висок квалитет.

Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина.

The post Наредната недела се очекува Србија да ја укине забраната на извоз на масло за јадење appeared first on Република.

Рано е за целосно укинување на мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rano-e-za-celosno-ukinuvanje-na-merkite/ Fri, 01 Apr 2022 06:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=481684

Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти.

Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали.

Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница.

Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава прифати укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти.

Од друга страна, со караванот за вакцинација се очекува да се зголеми одѕивот за вакцинација.

Сè уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, изјави министерот за здравство.

Караванот започна на 21 март, а ќе заврши на 3 април. Се организира со цел да се промовира вакцината како безбеден начин на имунизација против КОВИД-19. Караванот денес ќе се спроведе во Домот на култура во Неготино од 12 до 16 часот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19 од кои 39 се реинфекции, еден починат и 326 оздравени пациенти.

Досега, во земјата направени се вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979. Битката со вирусот ја изгубиле 9.221 лице, а бројот на оздравени пациенти е 294.988. Во земјава има 1.770 активни случаи.

The post Рано е за целосно укинување на мерките appeared first on Република.

]]>

Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти.
Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали.
Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница. Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава прифати укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти. Од друга страна, со караванот за вакцинација се очекува да се зголеми одѕивот за вакцинација.
Сè уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, изјави министерот за здравство.
Караванот започна на 21 март, а ќе заврши на 3 април. Се организира со цел да се промовира вакцината како безбеден начин на имунизација против КОВИД-19. Караванот денес ќе се спроведе во Домот на култура во Неготино од 12 до 16 часот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19 од кои 39 се реинфекции, еден починат и 326 оздравени пациенти. Досега, во земјата направени се вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979. Битката со вирусот ја изгубиле 9.221 лице, а бројот на оздравени пациенти е 294.988. Во земјава има 1.770 активни случаи.

The post Рано е за целосно укинување на мерките appeared first on Република.

]]>
Уште не сме подготвени за целосно укинување на ковид-мерките, смета министерот за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-sme-podgotveni-za-celosnoo-ukinuvanje-na-kovid-merkite-smeta-ministerot-za-zdravstvo/ Sat, 12 Mar 2022 13:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=471721

Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19. Првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали, денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците. Еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат. Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките, рече министерот Сали, кој истакна дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

The post Уште не сме подготвени за целосно укинување на ковид-мерките, смета министерот за здравство appeared first on Република.

Се препорачува да се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-preporachuva-da-se-ukinuvaat-sertifikatite-za-vakcinacija-za-vlez-vo-odredeni-zatvoreni-objekti/ Wed, 02 Mar 2022 14:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=466544

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да препорача до Владата да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.

Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ додаде дека оваа мерка не е целосно укината.

Па така, ќе се контролира таму каде ќе се служи храна. Не би требало укинувањето на мерките да даде зголемување на бројот на заразени, кажа портпаролот Мехмедновиќ според кого вакцинацијата е на ниско ниво.

Мехмедовиќ кажа дека фокусот е на подигнување на квалитетот на имунитетот кој ќе биде основа за понатамошно олабавување на мерките.

Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза, изави Мехмедовиќ.

The post Се препорачува да се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти appeared first on Република.

Комисија за заразни болести: Се укинуваат дел од рестрикциите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisija-za-zarazni-bolesti-se-ukinuvaat-del-od-restrikciite/ Mon, 28 Feb 2022 10:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=465153

Состојбата со ковид пандемијата во земјава се подобрува драстично. Ако остане стабилна не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки, но за ова дополнително ќе се дискутира на состанокот на Комисијата кој најверојатно ќе се одржи во среда, објави „Слободен печат“.

Ќе следува и затворање на неколку ковид центри на интерните клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а меѓу првите најверојатно ќе биде оној на Клиниката за кардиологија.

Во последната статистика на Институтот за јавно здравје, од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи на ковид 19 од кои најголемиот број во Скопје, каде има 178. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Оздравеле 432 пациенти, а за 24 часа починале седуммина на возраст од 63 до 90 години. Кај сите седум починати регистрирани се коморбидитети. Бројот на активни случаи во државата изнесува 4172.

The post Комисија за заразни болести: Се укинуваат дел од рестрикциите? appeared first on Република.

]]>

Состојбата со ковид пандемијата во земјава се подобрува драстично. Ако остане стабилна не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки, но за ова дополнително ќе се дискутира на состанокот на Комисијата кој најверојатно ќе се одржи во среда, објави „Слободен печат“. Ќе следува и затворање на неколку ковид центри на интерните клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а меѓу првите најверојатно ќе биде оној на Клиниката за кардиологија. Во последната статистика на Институтот за јавно здравје, од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи на ковид 19 од кои најголемиот број во Скопје, каде има 178. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Оздравеле 432 пациенти, а за 24 часа починале седуммина на возраст од 63 до 90 години. Кај сите седум починати регистрирани се коморбидитети. Бројот на активни случаи во државата изнесува 4172.

The post Комисија за заразни болести: Се укинуваат дел од рестрикциите? appeared first on Република.

]]>
Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-razmisluva-za-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite-3/ Tue, 15 Feb 2022 13:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=458918

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.

Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.

Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.

Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци. Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места. Коалицискиот владин партнер сепак оцени дека сертификатот треба да продолжи да важи за патување во странство и доаѓање од странство.

The post Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Финска започна со укинување на сите антиковид мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-zapochna-so-ukinuvanje-na-site-antikovid-merki/ Wed, 02 Feb 2022 14:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=453090

Финска ќе започне да ги укинува антиковид рестриктивните мерки воведени со цел да се потисне ширењето на соевите на омикрон, така што сите мерки треба да престанат да важат на почетокот на март, изјави денеска премиерот Сана Марин.

Силните рестриктивни мерки воведени по Божиќ принудија многу ресторани, како и културни и спортски објекти да бидат привремено затворени или намалено работно време, а настаните да бидат откажани, објави Ројтерс.

Владата сега планира да дозволи рестораните да бидат отворени до полноќ и да ја укине забраната за јавни собири од 14 март, рече Марин, додавајќи дека целта е да се отстранат сите рестриктивни мерки на почетокот на следниот месец.

Таа рече и дека е намален бројот на нови хоспитализации, а на места има дури и пад. Марин рече дека мерките мора да останат во сила уште две недели, со цел владата да следи како се одвива епидемијата во соседните земји, Норвешка и Данска.

The post Финска започна со укинување на сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>

Финска ќе започне да ги укинува антиковид рестриктивните мерки воведени со цел да се потисне ширењето на соевите на омикрон, така што сите мерки треба да престанат да важат на почетокот на март, изјави денеска премиерот Сана Марин. Силните рестриктивни мерки воведени по Божиќ принудија многу ресторани, како и културни и спортски објекти да бидат привремено затворени или намалено работно време, а настаните да бидат откажани, објави Ројтерс. Владата сега планира да дозволи рестораните да бидат отворени до полноќ и да ја укине забраната за јавни собири од 14 март, рече Марин, додавајќи дека целта е да се отстранат сите рестриктивни мерки на почетокот на следниот месец. Таа рече и дека е намален бројот на нови хоспитализации, а на места има дури и пад. Марин рече дека мерките мора да останат во сила уште две недели, со цел владата да следи како се одвива епидемијата во соседните земји, Норвешка и Данска.  

The post Финска започна со укинување на сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>
Без маски на отворено, онлајн работата веќе не е задолжителна, дозволени се концерти: Франција почна да ги укинува мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bez-maski-na-otvoreno-onlajn-rabotata-vekje-ne-e-zadolzitelna-dozvoleni-se-koncerti-francija-pochna-da-gi-ukinuva-merkite/ Wed, 02 Feb 2022 07:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=452714

Француската влада, по примерот на неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска почнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација.

Франција почнува со укинување на мерките само неколку часа откако „Фајзер/Бионтек“ најави дека ќе бара итно одобрување во САД за употреба на вакцината против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци до четири години.

Како што пренесуваат француските медиуми, доколку Американската агенција за лекови (ФДА) даде зелено светло, тоа ќе биде дополнителна алатка за заштита од корона вирусот, кој особено брзо циркулира во училиштата. Во француските училишта само четири отсто од децата на возраст од 5 до 11 години се вакцинирани.

Претседателот Емануел Макрон изјави дека сака, доколку трендовите останат како што се сега, во февруари и март да се олеснат мерките во училиштата. Тоа прашање ќе се најде на дневен ред на штабот за борба против пандемијата.

Во пресрет на таа одлука, Французите од денеска повеќе нема да мора да носат маски на отворено, а работата од далечина веќе не се наметнува туку само се препорачува. Од 16 февруари, диско клубовите, кои се затворени од 10 декември, ќе можат повторно да се отворат и повторно ќе бидат дозволени концерти.

И во Шпанија почнува отворањето на диско клубови и други локали за ноќен живот. Ова прво ќе се случи во Каталонија, на 11 февруари, по речиси два месеца.

Норвешката влада во вторникот објави крај на мерките против Ковид, оценувајќи дека општеството треба и мора „да живее со вирусот“.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во вторникот предупреди дека е премногу рано да се прогласи победа над пандемијата или да се укинат мерките за запирање на ширењето на вирусот.

Премногу е рано за која било земја да прогласи победа - изјави Тедрос на прес-конференција, притоа изразувајќи загриженост за големиот број смртни случаи во некои региони во светот.

The post Без маски на отворено, онлајн работата веќе не е задолжителна, дозволени се концерти: Франција почна да ги укинува мерките appeared first on Република.

]]>

Француската влада, по примерот на неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска почнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација. Франција почнува со укинување на мерките само неколку часа откако „Фајзер/Бионтек“ најави дека ќе бара итно одобрување во САД за употреба на вакцината против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци до четири години. Како што пренесуваат француските медиуми, доколку Американската агенција за лекови (ФДА) даде зелено светло, тоа ќе биде дополнителна алатка за заштита од корона вирусот, кој особено брзо циркулира во училиштата. Во француските училишта само четири отсто од децата на возраст од 5 до 11 години се вакцинирани. Претседателот Емануел Макрон изјави дека сака, доколку трендовите останат како што се сега, во февруари и март да се олеснат мерките во училиштата. Тоа прашање ќе се најде на дневен ред на штабот за борба против пандемијата. Во пресрет на таа одлука, Французите од денеска повеќе нема да мора да носат маски на отворено, а работата од далечина веќе не се наметнува туку само се препорачува. Од 16 февруари, диско клубовите, кои се затворени од 10 декември, ќе можат повторно да се отворат и повторно ќе бидат дозволени концерти. И во Шпанија почнува отворањето на диско клубови и други локали за ноќен живот. Ова прво ќе се случи во Каталонија, на 11 февруари, по речиси два месеца. Норвешката влада во вторникот објави крај на мерките против Ковид, оценувајќи дека општеството треба и мора „да живее со вирусот“. Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во вторникот предупреди дека е премногу рано да се прогласи победа над пандемијата или да се укинат мерките за запирање на ширењето на вирусот.
Премногу е рано за која било земја да прогласи победа - изјави Тедрос на прес-конференција, притоа изразувајќи загриженост за големиот број смртни случаи во некои региони во светот.

The post Без маски на отворено, онлајн работата веќе не е задолжителна, дозволени се концерти: Франција почна да ги укинува мерките appeared first on Република.

]]>
Во Данска укинати речиси сите ковид-мерки и покрај големиот број новозаразени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-danska-ukinati-rechisi-site-kovid-merki-i-pokraj-golemiot-broj-novozarazeni/ Tue, 01 Feb 2022 13:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=452504

Во Данска во вторникот се укинати речиси сите епидемиолошки мерки за справување со новиот бран на епидемијата на коронавирусот, и покрај релативно високата ицциденца во земјата.

Задолжителното носење маски сега е минато, заедно со покажувањето на ткн ковид-потвди кои докажуваат дека лицето е вакциниранот против Covid-19, ја прележало болеста или има негативен резултат на тестот. Отсега може да се одржуваат големи настани, а посеттителите на ноќните клубови повторно моеже да се забавуваат без маски.

Сето тоа е поврзано со фактот дека Covid-19 повеќе не е класифицрана како болест „критична за општеството“, означување коешто на данската влада ѝ овозможи да воведе строги рестриктивни мерки. Единствено на сила остана правило патниците при влез во земјата мора да покажат доказ дека се вакцинирани.

Данска направи сличен чекор и ланскиот септември, но кога бројот на новозаразените набрзо потоа започна остро да расте мерките постепено повторно воведување.

Минаата седмица дневниот број на заразените во Данска се движеше меѓу 33.000 и 47.000, а тоа беше тешко замисливо пред појавата на високозарзниот омикрон варијантата на коронавирусот. Високиот број заразени, меѓутоа, не ги оптовари болнциите и покрај таквите стравувања. Високата стапка на вакцинираноста во земјата смета за главна причина порди којашто здравствениот систем останал во добра состојба.

„Ја минавме критичната фаза. Од 1-ви февраури Данска ќе биде отворена, целосно отворена. Подготвени сме да исчекориме од сенката на коронавирусот. Им велиме ‘збогум’ на ограничувањата и ‘добредојде’ на животот кој го познававме претходно“, порача минатата седмица премиерката Мете Фредерискен при најавувањето на укинувањето на мерките.

Освен правилата за влез во земјата со доказот за вакцинирање, болниците и старските домови сѐ уште од посетителите бараат да носта заштитни маски и да покажат ковид-потврди за да се заштитат раанливите и постарите лица.

The post Во Данска укинати речиси сите ковид-мерки и покрај големиот број новозаразени appeared first on Република.

]]>

Во Данска во вторникот се укинати речиси сите епидемиолошки мерки за справување со новиот бран на епидемијата на коронавирусот, и покрај релативно високата ицциденца во земјата. Задолжителното носење маски сега е минато, заедно со покажувањето на ткн ковид-потвди кои докажуваат дека лицето е вакциниранот против Covid-19, ја прележало болеста или има негативен резултат на тестот. Отсега може да се одржуваат големи настани, а посеттителите на ноќните клубови повторно моеже да се забавуваат без маски. Сето тоа е поврзано со фактот дека Covid-19 повеќе не е класифицрана како болест „критична за општеството“, означување коешто на данската влада ѝ овозможи да воведе строги рестриктивни мерки. Единствено на сила остана правило патниците при влез во земјата мора да покажат доказ дека се вакцинирани. Данска направи сличен чекор и ланскиот септември, но кога бројот на новозаразените набрзо потоа започна остро да расте мерките постепено повторно воведување. Минаата седмица дневниот број на заразените во Данска се движеше меѓу 33.000 и 47.000, а тоа беше тешко замисливо пред појавата на високозарзниот омикрон варијантата на коронавирусот. Високиот број заразени, меѓутоа, не ги оптовари болнциите и покрај таквите стравувања. Високата стапка на вакцинираноста во земјата смета за главна причина порди којашто здравствениот систем останал во добра состојба. „Ја минавме критичната фаза. Од 1-ви февраури Данска ќе биде отворена, целосно отворена. Подготвени сме да исчекориме од сенката на коронавирусот. Им велиме ‘збогум’ на ограничувањата и ‘добредојде’ на животот кој го познававме претходно“, порача минатата седмица премиерката Мете Фредерискен при најавувањето на укинувањето на мерките. Освен правилата за влез во земјата со доказот за вакцинирање, болниците и старските домови сѐ уште од посетителите бараат да носта заштитни маски и да покажат ковид-потврди за да се заштитат раанливите и постарите лица.

The post Во Данска укинати речиси сите ковид-мерки и покрај големиот број новозаразени appeared first on Република.

]]>
Техничката влада беше целосно нефункционална и го кочи и така лошиот систем, затоа треба да се укине https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tehnichkata-vlada-beshe-celosno-nefunkcionalna-i-go-kochi-i-taka-loshiot-sistem-zatoa-treba-da-se-ukine-2/ Fri, 28 Jan 2022 22:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=450963

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат М одговарајќи на прашањето кога ќе бараат предвремени избори истакна дека откако ќе ги формира телата на партијата ќе излезе со јасен план, додавајќи дека во парламентот понудиле измени во законот за влада за укинување на техничката влада.

Затоа понудивме во парламентот измени во законот за влада да бидам попрецизен не во изборниот законик бидејќи гледаме еден амбасадор баш се сеќавам на оние билатерални средби ми рече, вели многу долго трае кај вас изборниот процес и си реков да не се комуницира ова некаде надвор од конвенционалниот начин на комуницирање, ајде да направиме една анализа што значи тоа многу долго траело или многу кратко трае. велиме 100 дена техничка влада е долг период што треба да направиме за да ја скратиме ајде да се придржуваме на уставна категорија 45 до 60, што треба за тоа да се случи да нема техничка влада, вели Мицкоски.

На прашањето зошто се откажува од Пржинскиот договор Мицкоски потсети на неговите и изјавите на Зоран Заев кога во гостување и при средба во 2018 година се согласиле и двајцата техничката влада да стане минато, укажувајќи дека доколку од СДСМ се принципиелни, тогаш ќе го прифатат овој предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега ќе ве потсетам на една наша дебата пред предвремените парламентарни избори на една телевизија каде што и двајцата јавно кажавме дека се сложуваме после овие избори, оваа техничка влада да биде минато, јавно и јас и Заев кажавме на таа дебата и мислам дека ако побарате по интернет ќе најдете исечоци од таа емисија.
Потоа се сеќавам кога излегов од болница после ковид пандемијата мислам дека беше март или април минатата година, имавме јас и он една тет а тет средба во Клубот на пратеници се сеќавате и тогаш и двајцата го афирмиравме ставот дека техничката влада треба да замине во минатото. Така што има историја овој наш предлог и ако од СДСМ се принципиелни тогаш ќе го подржат овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.

The post Техничката влада беше целосно нефункционална и го кочи и така лошиот систем, затоа треба да се укине appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат М одговарајќи на прашањето кога ќе бараат предвремени избори истакна дека откако ќе ги формира телата на партијата ќе излезе со јасен план, додавајќи дека во парламентот понудиле измени во законот за влада за укинување на техничката влада.
Затоа понудивме во парламентот измени во законот за влада да бидам попрецизен не во изборниот законик бидејќи гледаме еден амбасадор баш се сеќавам на оние билатерални средби ми рече, вели многу долго трае кај вас изборниот процес и си реков да не се комуницира ова некаде надвор од конвенционалниот начин на комуницирање, ајде да направиме една анализа што значи тоа многу долго траело или многу кратко трае. велиме 100 дена техничка влада е долг период што треба да направиме за да ја скратиме ајде да се придржуваме на уставна категорија 45 до 60, што треба за тоа да се случи да нема техничка влада, вели Мицкоски.
На прашањето зошто се откажува од Пржинскиот договор Мицкоски потсети на неговите и изјавите на Зоран Заев кога во гостување и при средба во 2018 година се согласиле и двајцата техничката влада да стане минато, укажувајќи дека доколку од СДСМ се принципиелни, тогаш ќе го прифатат овој предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега ќе ве потсетам на една наша дебата пред предвремените парламентарни избори на една телевизија каде што и двајцата јавно кажавме дека се сложуваме после овие избори, оваа техничка влада да биде минато, јавно и јас и Заев кажавме на таа дебата и мислам дека ако побарате по интернет ќе најдете исечоци од таа емисија. Потоа се сеќавам кога излегов од болница после ковид пандемијата мислам дека беше март или април минатата година, имавме јас и он една тет а тет средба во Клубот на пратеници се сеќавате и тогаш и двајцата го афирмиравме ставот дека техничката влада треба да замине во минатото. Така што има историја овој наш предлог и ако од СДСМ се принципиелни тогаш ќе го подржат овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.

The post Техничката влада беше целосно нефункционална и го кочи и така лошиот систем, затоа треба да се укине appeared first on Република.

]]>
Во автобус ќе може без маска, во ресторан без ковид-потврда: Данска планира да ги укине мерките до крај на месецов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-avtobus-kje-moze-bez-maska-vo-restoran-bez-kovid-potvrda-danska-planira-da-gi-ukine-kovid-merkite-do-kraj-na-mesecov/ Wed, 26 Jan 2022 12:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=449722

Данска планира следната недела да ги укине сите преостанати ограничувања против Ковид-19, откако слична најава стигна од Велика Британија и Холандија. Ваквата одлука на данската влада доаѓа и покрај големиот број на заразени со омикрон во Европа.

Земјата веќе ги олесни ограничувањата пред две недели, по едномесечното заклучување им дозволи повторно отворање на кината и концертните сали. Сепак, остануваат некои правила, како ограниченото работење на рестораните и задолжителното носење маски.

Во писмото до Парламентот, министерот за здравство Магнус Хеунике наведува дека Владата има намера да ги следи препораките издадени од експертски панел со цел да се укинат сите ограничувања до 1 февруари.

Ако одлуката на Владата биде одобрена од Парламентот тоа ќе биде најдалекусежното олеснување на ограничувањата меѓу нордиските држави.

Ноќните клубови може повторно да се отворат, а рестораните ќе можат да служат алкохол по 22 часот, гостите не мора да приложат ковид-потврда пред да влезат.

Патниците можат да се возат во автобус без маска, а продавниците можат да го укинат ограничувањето на бројот на клиенти.

Доколку измените бидат одобрени, во сила ќе остане само правилото за тестирање и изолација за влез во Данска, што ќе се применува уште четири недели.

Велика Британија, Ирска и Холандија објавија слични одлуки минатата недела за укинување на повеќето ограничувања против коронавирусот, иако бројките за инфицирани лица со омикрон остануваат високи.

Данска вчера потврди 46.590 новозаразени, нешто помалку од минатиот петок, кога имаше 47.831. Бројот на хоспитализирани пациенти поради корона вирус се зголеми на 918, што е најмногу за една година.

The post Во автобус ќе може без маска, во ресторан без ковид-потврда: Данска планира да ги укине мерките до крај на месецов appeared first on Република.

]]>

Данска планира следната недела да ги укине сите преостанати ограничувања против Ковид-19, откако слична најава стигна од Велика Британија и Холандија. Ваквата одлука на данската влада доаѓа и покрај големиот број на заразени со омикрон во Европа. Земјата веќе ги олесни ограничувањата пред две недели, по едномесечното заклучување им дозволи повторно отворање на кината и концертните сали. Сепак, остануваат некои правила, како ограниченото работење на рестораните и задолжителното носење маски. Во писмото до Парламентот, министерот за здравство Магнус Хеунике наведува дека Владата има намера да ги следи препораките издадени од експертски панел со цел да се укинат сите ограничувања до 1 февруари. Ако одлуката на Владата биде одобрена од Парламентот тоа ќе биде најдалекусежното олеснување на ограничувањата меѓу нордиските држави. Ноќните клубови може повторно да се отворат, а рестораните ќе можат да служат алкохол по 22 часот, гостите не мора да приложат ковид-потврда пред да влезат. Патниците можат да се возат во автобус без маска, а продавниците можат да го укинат ограничувањето на бројот на клиенти. Доколку измените бидат одобрени, во сила ќе остане само правилото за тестирање и изолација за влез во Данска, што ќе се применува уште четири недели. Велика Британија, Ирска и Холандија објавија слични одлуки минатата недела за укинување на повеќето ограничувања против коронавирусот, иако бројките за инфицирани лица со омикрон остануваат високи. Данска вчера потврди 46.590 новозаразени, нешто помалку од минатиот петок, кога имаше 47.831. Бројот на хоспитализирани пациенти поради корона вирус се зголеми на 918, што е најмногу за една година.

The post Во автобус ќе може без маска, во ресторан без ковид-потврда: Данска планира да ги укине мерките до крај на месецов appeared first on Република.

]]>
СЗО препорачува да се укинат забраните за патување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-preporachuva-da-se-ukinat-zabranite-za-patuvanje/ Thu, 20 Jan 2022 14:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=447218

СЗО препорачува укинување или ублажување на меѓународната забрана за сообраќај, наведувајќи ја како причина неефикасноста од тие мерки за сузбивање на ширењето на омикрон сојот на коронавирусот.

Здравствена агенција на ОН неодамна ги ажурирала своите препораки за меѓународните здравствени прописи во текот на состанокот на комитетот за итни случаи во средата.

Вклучени се препораки за „укинување или ублажување на меѓународните забрани за сообраќај затоа што тие не даваат дополнителна вредност и продолжуваат да придонесуваат за економскиот и социјалниот стрес во некои земји“.

Спроведувањето на општите забрани за патување „не е ефикасно во сузбивањето на меѓународното ширење“ и „може да го обесхрабри транспарентното и брзо известување за новонастанатите варијанти кои можеби се загрижувачки“, се наведува во соопштението од агенцијата, наведува „Гардијан“.

Неуспехот од ограничувањата на патувањата воведени по откривањето и пријавувањето на омикрон варијантата за да се ограничи меѓународното ширење на истиот, покажува неефикасност на таквите мерки во изминатиот период, се наведува во соопштението.

СЗО реагираше на одлуката на повеќе земји да ограничат или забранат летови од жариштата на омикрон сојот и навела и дека некои од нив треба повторно да ги разгледуваат приспособувањата на мерките како што се тестирање и карантин кои претставуваат финансиски товар на патниците.

СЗО исто така изјавила дека барањето за давање доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања можеби не е потребно како „единствен пат или услов“ кој дозволува меѓународни патувања.

Не барајте доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствен пат или услов кој дозволува меѓународни патувања со оглед на ограничен глобален пристап и неправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19. Државите челници треба да разгледаат пристап заснован за ризик за да ги олеснат меѓународните патувања за укинување или модифицирање на мерката, како што се барањата за тестирање или карантин, како поприкладни во состав со насоките на СЗО, се наведува во соопштението.

The post СЗО препорачува да се укинат забраните за патување appeared first on Република.

]]>

СЗО препорачува укинување или ублажување на меѓународната забрана за сообраќај, наведувајќи ја како причина неефикасноста од тие мерки за сузбивање на ширењето на омикрон сојот на коронавирусот. Здравствена агенција на ОН неодамна ги ажурирала своите препораки за меѓународните здравствени прописи во текот на состанокот на комитетот за итни случаи во средата. Вклучени се препораки за „укинување или ублажување на меѓународните забрани за сообраќај затоа што тие не даваат дополнителна вредност и продолжуваат да придонесуваат за економскиот и социјалниот стрес во некои земји“. Спроведувањето на општите забрани за патување „не е ефикасно во сузбивањето на меѓународното ширење“ и „може да го обесхрабри транспарентното и брзо известување за новонастанатите варијанти кои можеби се загрижувачки“, се наведува во соопштението од агенцијата, наведува „Гардијан“.
Неуспехот од ограничувањата на патувањата воведени по откривањето и пријавувањето на омикрон варијантата за да се ограничи меѓународното ширење на истиот, покажува неефикасност на таквите мерки во изминатиот период, се наведува во соопштението.
СЗО реагираше на одлуката на повеќе земји да ограничат или забранат летови од жариштата на омикрон сојот и навела и дека некои од нив треба повторно да ги разгледуваат приспособувањата на мерките како што се тестирање и карантин кои претставуваат финансиски товар на патниците. СЗО исто така изјавила дека барањето за давање доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања можеби не е потребно како „единствен пат или услов“ кој дозволува меѓународни патувања.