УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukim/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 08:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УКИМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukim/ 32 32 „Збирка“, изложба на студенти од ФЛУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zbirka-izlozhba-na-studenti-od-flu/ Thu, 28 Nov 2024 08:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=842598

Во Галеријата - ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје - објект Педагошка вечер ќе биде отворена студентска изложба со наслов „Збирка“.

На изложбата ќе бидат презентирани 24 дела од студенти на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) од катедрите за сликарство и трансмедиумски практики, скулптура и трансмедиумски практики, графика и трансмедиумски практики и ликовна педагогија. Делата што ќе бидат изложени се изработени во различни техники, од молив на хартија, акрил на платно, масло на платно, акварел, комбинирани техники на платно, хартија, панел, картон, лесонит, графики изработени во техниките линорез и сува игла.

Со оваа изложба им се дава можност на студентите да ги изложат своите дела кои ги сработиле во рамките на практичните студии и едукација на Факултетот. Со изложбата воедно им се посакува добредојде на бруцошите на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, велат од ФЛУ.

Изложбата, додаваат, е во организација на Факултетското студентското собрание, во соработка со Факултетот за ликовни уметности и Универзитетското студентско собрание.

 

The post „Збирка“, изложба на студенти од ФЛУ appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата - ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје - објект Педагошка вечер ќе биде отворена студентска изложба со наслов „Збирка“. На изложбата ќе бидат презентирани 24 дела од студенти на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) од катедрите за сликарство и трансмедиумски практики, скулптура и трансмедиумски практики, графика и трансмедиумски практики и ликовна педагогија. Делата што ќе бидат изложени се изработени во различни техники, од молив на хартија, акрил на платно, масло на платно, акварел, комбинирани техники на платно, хартија, панел, картон, лесонит, графики изработени во техниките линорез и сува игла.
Со оваа изложба им се дава можност на студентите да ги изложат своите дела кои ги сработиле во рамките на практичните студии и едукација на Факултетот. Со изложбата воедно им се посакува добредојде на бруцошите на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, велат од ФЛУ.
Изложбата, додаваат, е во организација на Факултетското студентското собрание, во соработка со Факултетот за ликовни уметности и Универзитетското студентско собрание.  

The post „Збирка“, изложба на студенти од ФЛУ appeared first on Република.

]]>
УКИМ ги награди Галинов, Трајанов, Николовски, Узунов, Стојков и Бузалковска за најдобри научници на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukim-gi-nagradi-galinov-trajanov-nikolovski-uzunov-stojkov-i-buzalkovska-za-najdobri-nauchnitsi-na-godinata/ Mon, 11 Nov 2024 13:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=836344

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја.

Традиционално УКИМ доделува награди и признанија на своите најдобри научници. Денес ги одбележуваме исклучителните достигнувања, напредните истражувања и неуморната потрага по знаење на дел од нашите најдобри истражувачи. Наградата и плакетите кои УКИМ ги доделува за најдобар научник, се признанија резервирани за оние кои отидуваат над и подалеку во нивните придонеси за науката и за нашата универзитетска заедница, рече Ангеловска.

Наградата за најдобар научник од природно-математичкото подрачје беше доделена на Даниел Галинов, наградата за најдобар научник од техничко-технолошкото подрачје на Димитар Трајанов, од медицинските науки на Андреј Николовски, во подрачјето на ветеринарните науки на Александар Узунов, од општествените науки на Александар Стојков, додека пак, во категоријата најдобар уметник на годината на професорката од Драмскиот факултет во Скопје, Зоја Бузалковска.

Ангеловска во своето обраќање истакна дека заложбите на УКИМ во изминатиот период се подобрување на позициите во однос на светските ранг листи за рангирање на универзитетите, но за тоа, како што рече, неопходен е систематски пристап со конзистенти политики на државата кон науката и препознавање на значењето на истражувањето и иновациите.

 

The post УКИМ ги награди Галинов, Трајанов, Николовски, Узунов, Стојков и Бузалковска за најдобри научници на годината appeared first on Република.

]]>

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја.

Традиционално УКИМ доделува награди и признанија на своите најдобри научници. Денес ги одбележуваме исклучителните достигнувања, напредните истражувања и неуморната потрага по знаење на дел од нашите најдобри истражувачи. Наградата и плакетите кои УКИМ ги доделува за најдобар научник, се признанија резервирани за оние кои отидуваат над и подалеку во нивните придонеси за науката и за нашата универзитетска заедница, рече Ангеловска.

Наградата за најдобар научник од природно-математичкото подрачје беше доделена на Даниел Галинов, наградата за најдобар научник од техничко-технолошкото подрачје на Димитар Трајанов, од медицинските науки на Андреј Николовски, во подрачјето на ветеринарните науки на Александар Узунов, од општествените науки на Александар Стојков, додека пак, во категоријата најдобар уметник на годината на професорката од Драмскиот факултет во Скопје, Зоја Бузалковска.

Ангеловска во своето обраќање истакна дека заложбите на УКИМ во изминатиот период се подобрување на позициите во однос на светските ранг листи за рангирање на универзитетите, но за тоа, како што рече, неопходен е систематски пристап со конзистенти политики на државата кон науката и препознавање на значењето на истражувањето и иновациите.

 

The post УКИМ ги награди Галинов, Трајанов, Николовски, Узунов, Стојков и Бузалковска за најдобри научници на годината appeared first on Република.

]]>
На УКИМ ќе биде презентирана „Буки“ – дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-ukim-ke-bide-prezentirana-buki-digitalna-platforma-bazirana-na-veshtachka-inteligentsija-za-transkriptsija-na-govor-na-makedonski/ Wed, 09 Oct 2024 09:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=824473

Денеска во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи промоција на „Буки“ – отворен дигитален модел за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик.

Моделот е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел од активностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, раководен од проф. д-р Ордан Чукалиев.

Моделот овозможува пренос – од усно изговорен, во напишан текст, кој содржи интерпункција, мали и големи букви. Во моментов функционира моделот за литературен јазик, но се работи и на втор, кој би ги препознавал македонските дијалекти. На промоцијата ќе се направи споредба помеѓу новиот Буки – Виспер (подобрена верзија на Виспер) и најголемите „опен сорс“ модели достапни во моментов – Виспер (OpenAI) и Мета (Фејсбук).

Во тренирањето на „Буки“ се употребени оригинални податоци од: Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси (ДАЕАР) на Институтот за етнологија и антропологија, Природноматематичкиот факултет при УКИМ; аудиоверзијата на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“ на истиот институт; аудио подкастот „Обични луѓе“ на Илина Јакимовска; научните видеа од серијалот „Наука за деца“, фондацијата КАНТАРОТ и македонската верзија на Mozilla Common Voice (верзија 18.0).

По промоцијата, дигиталниот модел ќе биде отворен за тестирање. Секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила, за што на промоцијата ќе бидат споделени подетални информации. За таа цел, УКИМ ќе започне кампања „Донирај глас“.

Новата дигитлна платформа може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), на лица со хендикеп, транскрипција и анотација на македонското културно наследство, архиви, снимки во МРТВ итн.

Името „Буки“ произлегува од името на втората буква во глаголицата Ⰱ („буки“) – со значење буква или писмо. На англиски јазик, истото ќе биде транскрибирано со Bookie.

 

The post На УКИМ ќе биде презентирана „Буки“ – дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски appeared first on Република.

]]>

Денеска во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи промоција на „Буки“ – отворен дигитален модел за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик. Моделот е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел од активностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, раководен од проф. д-р Ордан Чукалиев. Моделот овозможува пренос – од усно изговорен, во напишан текст, кој содржи интерпункција, мали и големи букви. Во моментов функционира моделот за литературен јазик, но се работи и на втор, кој би ги препознавал македонските дијалекти. На промоцијата ќе се направи споредба помеѓу новиот Буки – Виспер (подобрена верзија на Виспер) и најголемите „опен сорс“ модели достапни во моментов – Виспер (OpenAI) и Мета (Фејсбук). Во тренирањето на „Буки“ се употребени оригинални податоци од: Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси (ДАЕАР) на Институтот за етнологија и антропологија, Природноматематичкиот факултет при УКИМ; аудиоверзијата на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“ на истиот институт; аудио подкастот „Обични луѓе“ на Илина Јакимовска; научните видеа од серијалот „Наука за деца“, фондацијата КАНТАРОТ и македонската верзија на Mozilla Common Voice (верзија 18.0). По промоцијата, дигиталниот модел ќе биде отворен за тестирање. Секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила, за што на промоцијата ќе бидат споделени подетални информации. За таа цел, УКИМ ќе започне кампања „Донирај глас“. Новата дигитлна платформа може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), на лица со хендикеп, транскрипција и анотација на македонското културно наследство, архиви, снимки во МРТВ итн. Името „Буки“ произлегува од името на втората буква во глаголицата Ⰱ („буки“) – со значење буква или писмо. На англиски јазик, истото ќе биде транскрибирано со Bookie.  

The post На УКИМ ќе биде презентирана „Буки“ – дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски appeared first on Република.

]]>
Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentski-otpor-ukim-da-gi-ukine-doplnitelnite-troshotsi-za-studentite/ Wed, 25 Sep 2024 10:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=819502

Од Студентски отпор денеска испратија соопштение во кое истакнуваат дека УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение.

Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.

– УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата! – се вели во соопштението.

Велат дека нивните барања се јасни и недвосмислени.

– 1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати.
2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки.
Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!- се вели во соопштението од Студентски отпор.

The post Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите appeared first on Република.

]]>

Од Студентски отпор денеска испратија соопштение во кое истакнуваат дека УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение. Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.
– УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата! – се вели во соопштението.
Велат дека нивните барања се јасни и недвосмислени.
– 1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати. 2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки. Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!- се вели во соопштението од Студентски отпор.

The post Студентски отпор: УКИМ да ги укине доплнителните трошоци за студентите appeared first on Република.

]]>
Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-i-utre-e-vtoriot-upisen-rok-na-ukim/ Tue, 17 Sep 2024 13:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=817143

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет.

Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места.

На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места.

За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места.

На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места.

На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места.

- Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ.

На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места.

- Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

 

The post Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места. На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места. За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места. На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места. На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места. - Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ. На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места. - Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.  

The post Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ministerstvoto-za-sport-ke-ja-rekonstruira-sportskata-sala-vo-kampusot-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/ Mon, 16 Sep 2024 15:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=816854

Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.

Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.

Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.

The post Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржал состанок со ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврдил акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет. Како што соопшти Министерството за спорт, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција. Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.
Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, истакна министерот Ристовски.
Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.

The post Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-ukim-zapochnuva-vtoriot-upisen-rok-za-prv-tsiklus-studii-ostanati-se-slobodni-mesta-na-rechisi-site-fakulteti/ Mon, 16 Sep 2024 12:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=816787

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. Сите заинтересирани можат да аплицираат на 17 и 18 септември.

На Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233 , од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, додека за приватна квота се слободни 99 места.

На Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 59 места, од кои најмногу - 41, на смерот компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина слободни се 254 места на ФИНКИ.

Четиристотини педесет и две места за редовни студенти во вториот уписен рок се слободни и на Машинскиот факултет, додека на Технолошко-металуршкиот факултет се слободни 238 места.

На Природно-математички факултет, за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота слободни се 324 места, додека за вонредни студенти слободни се 103 места.

На Економски факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места, а за редовни 49 места.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ , за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 100 места, за студенти со школарина 323, додека за вонредни студенти се слободни 49 места.

Петстотини деведесет и две места за вториот уписен рок за прв циклус студии се слободни и на Филозофскиот факултет, додека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се слободни околу 300 места за сите смерови, за редовни и вонредни студенти.

На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти со школарина се слободни 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, додека за редовни студенти со школарина се слободни 73 места, а за вонредни студенти 98 места.

Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места.

На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места.

Двесте деведесет и две места се слободни за редовни студенти во државна квота на Факултетот за земјоделски науки и храна, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти.

На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер се слободни 57 места, додека на Факултетот за ветеринарна медицина се слободни 52 места.

Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност, само седум места.

На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота.

Сите детални информации за уписите можете да ги најдете на официјалната веб-страна на УКИМ: http://www.ukim.edu.mk.

 

The post На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. Сите заинтересирани можат да аплицираат на 17 и 18 септември. На Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233 , од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, додека за приватна квота се слободни 99 места. На Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 59 места, од кои најмногу - 41, на смерот компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина слободни се 254 места на ФИНКИ. Четиристотини педесет и две места за редовни студенти во вториот уписен рок се слободни и на Машинскиот факултет, додека на Технолошко-металуршкиот факултет се слободни 238 места. На Природно-математички факултет, за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота слободни се 324 места, додека за вонредни студенти слободни се 103 места. На Економски факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места, а за редовни 49 места. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ , за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 100 места, за студенти со школарина 323, додека за вонредни студенти се слободни 49 места. Петстотини деведесет и две места за вториот уписен рок за прв циклус студии се слободни и на Филозофскиот факултет, додека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се слободни околу 300 места за сите смерови, за редовни и вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти со школарина се слободни 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, додека за редовни студенти со школарина се слободни 73 места, а за вонредни студенти 98 места. Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места. Двесте деведесет и две места се слободни за редовни студенти во државна квота на Факултетот за земјоделски науки и храна, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер се слободни 57 места, додека на Факултетот за ветеринарна медицина се слободни 52 места. Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност, само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота. Сите детални информации за уписите можете да ги најдете на официјалната веб-страна на УКИМ: http://www.ukim.edu.mk.  

The post На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>
Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/studenti-na-ukim-go-pretstavija-prviot-bolid-na-natprevar-vo-hrvatska-univerzitetot-odvoi-nad-10-000-evra-za-poddrshka-na-proektot/ Fri, 06 Sep 2024 10:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=813808

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска.

Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари.

Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар.

Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети.

Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појасни дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух, да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството.

Имено, на овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година.

„Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет - Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност“, истакна професорот Ризов.

Професорот нагласи дека навистина е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар.

„Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска“, наведе професорот Ризов.

Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцираше дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење.

„Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив, да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто“, рече Алжуроски.

Тој наведе дека сите тимови и судии кои учествувале на натпреварот упатиле пофални зборови за нивниот проект.

„Сите тимови и судии ја пофалија нашата работа, а тоа дава потврда на се што сме направиле, а дополнително ни дава и поттик и желба да одиме понапред“, заклучи студентот.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање.

„Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област“, наведе ректорката Ангелова.

The post Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот appeared first on Република.

]]>

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари. Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар. Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети. Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појасни дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух, да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството. Имено, на овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година. „Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет - Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност“, истакна професорот Ризов. Професорот нагласи дека навистина е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар. „Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска“, наведе професорот Ризов. Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцираше дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење. „Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив, да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто“, рече Алжуроски. Тој наведе дека сите тимови и судии кои учествувале на натпреварот упатиле пофални зборови за нивниот проект. „Сите тимови и судии ја пофалија нашата работа, а тоа дава потврда на се што сме направиле, а дополнително ни дава и поттик и желба да одиме понапред“, заклучи студентот. Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање. „Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област“, наведе ректорката Ангелова.

The post Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот appeared first on Република.

]]>
Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/pochnuvaat-upisite-na-ukim-za-prv-tsiklus-studii-za-akademskata-2024-2025-predvideni-se-nad-290-stipendii/ Thu, 29 Aug 2024 14:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=811036

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува со запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми во академската 2024/2025 година, со што добиваат можност да се запишат вкупно 9921 студенти, односно 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање и 950 вонредни студенти.

Имено, на Универзитетот имаат можност да се запишат и повеќе од 1000 странски државјани на повеќе од 180 студиски програми.

Документите за пријавување, согласно Конкурсот за запишување, во првиот уписен рок се поднесуваат денеска и утре, на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок.

Секој заинтересиран кандидат, пред роковите за пријавување има можност да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Како и во претходните години, така и оваа година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за своите студенти обезбедува повеќе видови стипендии.

И годинава се доделуваат 240 стипендии, наменети за студентите кои се запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на УКИМ во Скопје. Овие стипендии се распоредени по 10 за секој Факултет“, информираа од Универзитетот.

Оттаму наведоа дека оваа учебна година е петта по ред, во која, во единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кој родителското право го врши само еден родител.

На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти за кои родителското право го врши само еден родител, да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии“, истакнаа од Универзитетот.

Дополнително, како што посочија, студентите имаат можност да добијат над 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“.

Од Универзитетот ги повикаа сите заинтересирани идни студенти да се приклучат на Факултетите кои ги нуди и да се стекнат со врвно образование што ќе им овозможи да го изградат сопствениот кариерен пат.

The post Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува со запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми во академската 2024/2025 година, со што добиваат можност да се запишат вкупно 9921 студенти, односно 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање и 950 вонредни студенти. Имено, на Универзитетот имаат можност да се запишат и повеќе од 1000 странски државјани на повеќе од 180 студиски програми. Документите за пријавување, согласно Конкурсот за запишување, во првиот уписен рок се поднесуваат денеска и утре, на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок. Секој заинтересиран кандидат, пред роковите за пријавување има можност да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Како и во претходните години, така и оваа година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за своите студенти обезбедува повеќе видови стипендии.
И годинава се доделуваат 240 стипендии, наменети за студентите кои се запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на УКИМ во Скопје. Овие стипендии се распоредени по 10 за секој Факултет“, информираа од Универзитетот.
Оттаму наведоа дека оваа учебна година е петта по ред, во која, во единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кој родителското право го врши само еден родител.
На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти за кои родителското право го врши само еден родител, да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии“, истакнаа од Универзитетот.
Дополнително, како што посочија, студентите имаат можност да добијат над 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“. Од Универзитетот ги повикаа сите заинтересирани идни студенти да се приклучат на Факултетите кои ги нуди и да се стекнат со врвно образование што ќе им овозможи да го изградат сопствениот кариерен пат.

The post Почнуваат уписите на УКИМ за прв циклус студии за академската 2024/2025, предвидени се над 290 стипендии appeared first on Република.

]]>
Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-9900-mesta-za-studenti-vo-prva-godina/ Thu, 29 Aug 2024 06:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=811016

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места…

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати.

Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

 

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места… Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. „Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).  

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>
УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ukim-dodeluva-nad-290-tselosni-stipendii-za-novozapishanite-studenti-za-uchebnata-2024-2025-godina-kako-i-720-polovichni-stipendii/ Tue, 27 Aug 2024 12:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=810591

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител.

„УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, како и да ги олесниме финансиските трошоци за образование на нивните семејства“, истакнаа од Универзитетот.

Имено, и оваа година, како и претходните четири учебни години, единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година за кој родителското право го врши само еден родител. На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти  да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии, секоја година.

„Дополнително, над 40 редовни студенти кои ќе се запишат во прв циклус на студии оваа учебна година ќе имаат можност да добијат стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов““, наведоа од УКИМ.

Уписите за учебната 2024/2025 година за прв уписен рок се на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок.

Оваа година, вкупно 9921 студент ќе имаат можност да се запишат, од кои 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање, и 950 вонредни студенти. Покрај домашните студенти, Универзитетот нуди и повеќе од 1000 места за странски државјани на над 180 студиски програми.

The post УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, како и да ги олесниме финансиските трошоци за образование на нивните семејства“, истакнаа од Универзитетот. Имено, и оваа година, како и претходните четири учебни години, единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година за кој родителското право го врши само еден родител. На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти  да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии, секоја година. „Дополнително, над 40 редовни студенти кои ќе се запишат во прв циклус на студии оваа учебна година ќе имаат можност да добијат стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов““, наведоа од УКИМ. Уписите за учебната 2024/2025 година за прв уписен рок се на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок. Оваа година, вкупно 9921 студент ќе имаат можност да се запишат, од кои 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање, и 950 вонредни студенти. Покрај домашните студенти, Универзитетот нуди и повеќе од 1000 места за странски државјани на над 180 студиски програми.

The post УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии appeared first on Република.

]]>
Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upis-na-ukim-na-29-i-30-avgust-slobodni-nad-9900-mesta/ Sun, 25 Aug 2024 08:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=809898

Во четврток и петок (29 и 30 август 2024) е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година.

На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места.

. .

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати.

Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места appeared first on Република.

]]>

Во четврток и петок (29 и 30 август 2024) е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места. . . Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. „Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места appeared first on Република.

]]>
Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najmnogu-na-pmf-i-finki-na-ukim-ima-9-921-slobodni-mesta-za-upis-vo-prva-godina-vo-2024-2025-objaveni-kvotite-za-dodiplomski-studii-na-site-drzhavni-univerziteti/ Wed, 10 Jul 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=795464

Министерството за образование и наука ги објави квотите за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје слободни се 9921 место, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според утврдените квоти за слободни места, УКИМ на својата веб-страница ukim.edu.mk го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година за студиските програми на 23-те факултети во негов состав.

Како и во минатите години, најголем број слободни места има на Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места...

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во адми

Во Конкурсот на УКИМ се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Според квотите за запишување студенти што ги објави МОН и за останатите државни универзитети - „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги објави квотите за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје слободни се 9921 место, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според утврдените квоти за слободни места, УКИМ на својата веб-страница ukim.edu.mk го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година за студиските програми на 23-те факултети во негов состав. Како и во минатите години, најголем број слободни места има на Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места... Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во адми Во Конкурсот на УКИМ се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Според квотите за запишување студенти што ги објави МОН и за останатите државни универзитети - „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети appeared first on Република.

]]>
Професорот Драги Димитриевски избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorot-dragi-dimitrievski-izbran-za-nov-pretsedatel-na-univerzitetskiot-senat-na-ukim/ Tue, 25 Jun 2024 21:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=790832

Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет.

Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје.

Димитриевски е дел од Институтот за агроекономика на Катедрата за аграрна политика при ФЗНХ.

Неговиот мандат трае од 30 јуни годинава до 29 јуни 2025 година.

The post Професорот Драги Димитриевски избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет. Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје. Димитриевски е дел од Институтот за агроекономика на Катедрата за аграрна политика при ФЗНХ. Неговиот мандат трае од 30 јуни годинава до 29 јуни 2025 година.

The post Професорот Драги Димитриевски избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Да не си го дозволиме луксузот да бидеме на крајот од листата на најдобри универзитети, рече претседателката на 75-годишнината од УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-si-go-dozvolime-luksuzot-da-bideme-na-krajot-od-listata-na-najdobri-univerziteti-reche-pretsedatelkata-na-75-godishninata-od-ukim/ Wed, 22 May 2024 06:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=780661

Нема подобра инвестиција од онаа во образованието и истражувањето, оти развојот се темели и ќе остане да се темели на доброто образование, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вечерва, на свечената академија што по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот.

Обраќајќи се пред претставници на академската заедница, на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, на дипломатскиот кор и други гости, таа потенцира дека судбина на нашата држава е да биде тесно поврзана со најстариот универзитет, и оти УКИМ секогаш ги чувствувал предизвицвите низ кои минува нашата држава.

Веќе неколку години по ред УКИМ е меѓу најдобрите 2000 светски  универзитети но беше и многу повисоко. Да се биде меѓу 2000-те е охрабрувачки меѓутоа ако фрлиме поглед на регионалниот и европскиот контекст ќе видиме дека состојбата не е многу сјајна затоа јас посакувам УКИМ да не биде само единствениот македонски универзитет на оваа ранг листа туку да се качи погоре на Шангајската листа. Оваа состојба ме тера да се запрашам дали најстариот и најголемиот универзитет чии кадри ја градеа оваа држава и се вградија во неа има шанси да се качи погоре. Сигурна сум. Одговорна држава ќе вложи во образованието и науката. Во образованието, науката и културата нема мали и големи држави, да не си го дозволиме луксузот да бидеме на крајот од оваа листа, рече Сиљановска Давкова.

Причините за ваквите состојби се многу, но нагласи таа потребни ни се вистински реформи што нема да завршат во слепи улици, туку обмислени и суштински реформи во високото образование со цел да создаваме генерации способни за предизвиците што ги носи дигиталната ера.

Образованието мора да го приспособме на светските текови, да го димензионираме со реалните потреби на пазарот на труд, мора да зајакне врската меѓу образовните институции и компаниите. Мора да вложуваме во  истражувањето и во развојот. Така ќе ја намилиме невработеноста, така ќе го запреме егзодиусот на најумните. Свесна сум дека реформите бараат големи вложувања, пожртвуванмост каква што манифестираа нашите сесловенски и македонски просветители, рече Сиљановска Давкова.

Ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова нагласи дека УКИМ е светилник на мудрост и знаење, расадник на идеи кои, како што рече, во современото општество како никогаш порано стануваат клучни фактори на универзален општествен развој.

Славењето на овој ден има длабоко значење и секоја година на овој ден се потсетуваме кирило-методиевското дело и на духовно просветителската мисија и на заветот на словенските први учители светите браќа Кирил и Методиј. УКИМ е светилник на мудрост и знаење. Расадник на идеи кои во современото општество како никогаш порано стануваат клучни фактори на универзален општествен развој. Всушност, тие карактеристики се негуваат на нашите факултети и институти. Затоа, овој јубилеј е повик до сите, а посебно на нашите студенти да ги раскинат стегите кои општеството го држат во застарени формати и во својата енергија и креативност да почнат да го чекорат патот кон развиено и богато општество. Ако може со еден збор да се опише она што ја карактеризира нашата академска заедница, тоа е извонредноста, рече таа.

Ангелова потенцира дека УКИМ континуирано напредува во реализација на своите програми и стратешки цели.

Напорот и трудот што го вложуваат луѓето на нашиот Универзитет стануваат се повидливи. А, угледот на Универзитетот во меѓународното опкружување расте. УКИМ е универзитет кој размислува за општеството. Мисијата на Универзитетот е образованието, науката и јавната одговорност, рече Ангелова.

На УКИМ има над 95 илјади дипломирани и над 21 илјада магистрирани студенти, меѓу 6 илјади доктори на науки на 23 факултети и пет научни институти. На УКИМ се акредитирани 624 студиски програми од кои 207 на првиот циклус на студии, 338 на вториот циклус на студии и 79 студиски програми за циклусот на докторски студии. Билатералната меѓународна универзитетска соработка, УКИМ ја остварува со преку 200 потпишани активни меморандуми и договори за соработка.

The post Да не си го дозволиме луксузот да бидеме на крајот од листата на најдобри универзитети, рече претседателката на 75-годишнината од УКИМ appeared first on Република.

]]>

Нема подобра инвестиција од онаа во образованието и истражувањето, оти развојот се темели и ќе остане да се темели на доброто образование, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вечерва, на свечената академија што по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот. Обраќајќи се пред претставници на академската заедница, на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, на дипломатскиот кор и други гости, таа потенцира дека судбина на нашата држава е да биде тесно поврзана со најстариот универзитет, и оти УКИМ секогаш ги чувствувал предизвицвите низ кои минува нашата држава.
Веќе неколку години по ред УКИМ е меѓу најдобрите 2000 светски  универзитети но беше и многу повисоко. Да се биде меѓу 2000-те е охрабрувачки меѓутоа ако фрлиме поглед на регионалниот и европскиот контекст ќе видиме дека состојбата не е многу сјајна затоа јас посакувам УКИМ да не биде само единствениот македонски универзитет на оваа ранг листа туку да се качи погоре на Шангајската листа. Оваа состојба ме тера да се запрашам дали најстариот и најголемиот универзитет чии кадри ја градеа оваа држава и се вградија во неа има шанси да се качи погоре. Сигурна сум. Одговорна држава ќе вложи во образованието и науката. Во образованието, науката и културата нема мали и големи држави, да не си го дозволиме луксузот да бидеме на крајот од оваа листа, рече Сиљановска Давкова.
Причините за ваквите состојби се многу, но нагласи таа потребни ни се вистински реформи што нема да завршат во слепи улици, туку обмислени и суштински реформи во високото образование со цел да создаваме генерации способни за предизвиците што ги носи дигиталната ера.
Образованието мора да го приспособме на светските текови, да го димензионираме со реалните потреби на пазарот на труд, мора да зајакне врската меѓу образовните институции и компаниите. Мора да вложуваме во  истражувањето и во развојот. Така ќе ја намилиме невработеноста, така ќе го запреме егзодиусот на најумните. Свесна сум дека реформите бараат големи вложувања, пожртвуванмост каква што манифестираа нашите сесловенски и македонски просветители, рече Сиљановска Давкова.
Ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова нагласи дека УКИМ е светилник на мудрост и знаење, расадник на идеи кои, како што рече, во современото општество како никогаш порано стануваат клучни фактори на универзален општествен развој.
Славењето на овој ден има длабоко значење и секоја година на овој ден се потсетуваме кирило-методиевското дело и на духовно просветителската мисија и на заветот на словенските први учители светите браќа Кирил и Методиј. УКИМ е светилник на мудрост и знаење. Расадник на идеи кои во современото општество како никогаш порано стануваат клучни фактори на универзален општествен развој. Всушност, тие карактеристики се негуваат на нашите факултети и институти. Затоа, овој јубилеј е повик до сите, а посебно на нашите студенти да ги раскинат стегите кои општеството го држат во застарени формати и во својата енергија и креативност да почнат да го чекорат патот кон развиено и богато општество. Ако може со еден збор да се опише она што ја карактеризира нашата академска заедница, тоа е извонредноста, рече таа.
Ангелова потенцира дека УКИМ континуирано напредува во реализација на своите програми и стратешки цели.
Напорот и трудот што го вложуваат луѓето на нашиот Универзитет стануваат се повидливи. А, угледот на Универзитетот во меѓународното опкружување расте. УКИМ е универзитет кој размислува за општеството. Мисијата на Универзитетот е образованието, науката и јавната одговорност, рече Ангелова.
На УКИМ има над 95 илјади дипломирани и над 21 илјада магистрирани студенти, меѓу 6 илјади доктори на науки на 23 факултети и пет научни институти. На УКИМ се акредитирани 624 студиски програми од кои 207 на првиот циклус на студии, 338 на вториот циклус на студии и 79 студиски програми за циклусот на докторски студии. Билатералната меѓународна универзитетска соработка, УКИМ ја остварува со преку 200 потпишани активни меморандуми и договори за соработка.

The post Да не си го дозволиме луксузот да бидеме на крајот од листата на најдобри универзитети, рече претседателката на 75-годишнината од УКИМ appeared first on Република.

]]>
УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukim-gi-odbelezhuva-75-godishniot-jubilej-i-denot-na-kiril-i-metodij/ Mon, 20 May 2024 09:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=780043

Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето.

Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година.

За утре вечер е предвидена Свечена академија во Македонската филхармонија на која ќе се обратат ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, а ќе биде прикажан и филмот „УКИМ - 75 години академска извонредност“, по што следува уметничкиот дел од програмата.

На 22-ри и 23 мај ќе се одржат тркалезни маси во Ректоратот. На 23 мај ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј по повод Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот, 24 Мај.

The post УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето. Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. За утре вечер е предвидена Свечена академија во Македонската филхармонија на која ќе се обратат ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, а ќе биде прикажан и филмот „УКИМ - 75 години академска извонредност“, по што следува уметничкиот дел од програмата. На 22-ри и 23 мај ќе се одржат тркалезни маси во Ректоратот. На 23 мај ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј по повод Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот, 24 Мај.

The post УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukim-rangiran-na-1-990-to-mesto-od-2-000-najdobri-univerziteti-vo-svetot/ Mon, 13 May 2024 14:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=777681

Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR.

Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија).

Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети.

Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

 

The post УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот appeared first on Република.

]]>

Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR. Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија). Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети. Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.  

The post УКИМ рангиран на 1.990-то место од 2.000 најдобри универзитети во светот appeared first on Република.

]]>
УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ukim-donese-odluka-za-osnovane-na-fondatsija-goran-stefanovski/ Fri, 26 Apr 2024 12:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=771395

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

The post УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси. Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто. Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории. Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

The post УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>
УКИМ в петок организира Отворен ден и Ден за кариерен развој https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ukim-v-petok-organizira-otvoren-den-i-den-za-karieren-razvoj/ Wed, 10 Apr 2024 12:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=764575

В петок, на 12 април, Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од 11 до 15 часот, на платото на УКИМ, во кампусот на општествените науки, организира одбележување на два настана – Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој на УКИМ.

По пригодните обраќања на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, раководителката на Центарот за кариера, проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски, секој од факултетите и институтите на УКИМ, како и повеќе од 30 компании, ќе се претстават на свој штанд пред заинтересираните средношколци – матуранти и пред студентите кои сакаат да се запознаат со можностите за вработување и практикантство, за време и по завршувањето на студиите.

Настанот ќе биде интерактивен, со дискусии, насоки и советување и од претставниците на единиците и од компаниите, преку запознавање на студиските програми, можностите за стипендирање, вклученоста во научноистражувачки проекти, можностите за меѓународна размена и за студентскиот живот, со цел инспирација, насочување и помош во донесување одлука при изборот на конкретната академска средина или идниот кариерен развој во бизнис-средината. Исто така, во рамките на настанот ќе има и зона за забава (со настап на студентите од Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност), како и освежување со пијалаци и одбрана музичка плеј-листа.

 

The post УКИМ в петок организира Отворен ден и Ден за кариерен развој appeared first on Република.

]]>

В петок, на 12 април, Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од 11 до 15 часот, на платото на УКИМ, во кампусот на општествените науки, организира одбележување на два настана – Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој на УКИМ. По пригодните обраќања на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, раководителката на Центарот за кариера, проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски, секој од факултетите и институтите на УКИМ, како и повеќе од 30 компании, ќе се претстават на свој штанд пред заинтересираните средношколци – матуранти и пред студентите кои сакаат да се запознаат со можностите за вработување и практикантство, за време и по завршувањето на студиите. Настанот ќе биде интерактивен, со дискусии, насоки и советување и од претставниците на единиците и од компаниите, преку запознавање на студиските програми, можностите за стипендирање, вклученоста во научноистражувачки проекти, можностите за меѓународна размена и за студентскиот живот, со цел инспирација, насочување и помош во донесување одлука при изборот на конкретната академска средина или идниот кариерен развој во бизнис-средината. Исто така, во рамките на настанот ќе има и зона за забава (со настап на студентите од Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност), како и освежување со пијалаци и одбрана музичка плеј-листа.  

The post УКИМ в петок организира Отворен ден и Ден за кариерен развој appeared first on Република.

]]>
Подобрување на стандардот, дигитализација, интернационализација во високото образование, побараа од Универзитетското студентско собрание при УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podobruvane-na-standardot-digitalizatsija-internatsionalizatsija-vo-visokoto-obrazovanie-pobaraa-od-univerzitetskoto-studentsko-sobranie-pri-ukim/ Wed, 06 Mar 2024 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=752016

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, денеска го презентираше Студентскиот манифест, документ кој се залага за подобрување на студентскиот стандард и подобра иднина за сите студенти.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски, како клучни цели ги посочи воведувањето на бесплатно високо образование за студентите на прв циклус на студии преку нов финансиски модел во земјава, сеопфатна евалуација на големиот број на студентски програми, формирање на Национално студентско собрание преку измени во Законот за високо образование, подобрување на студентскиот стандард, интернационализација во високото образование, дигитализација, почитување на роковите кои се дадени во националната стратегија за млади, како и поголема кадровска и финансиска автономија на универзитетите.

Посочи дека од ноември, откако е формиран овој состав на Универзитетското студентско собрание, остварени се средби со институциите кои имаат позитивен исход, но како што рече, за одредени прашања се уште изнаоѓаат начин како да се подобрат.

– Добра мерка е што сега преку законско решение го изменивме функционирањето на мерката студентски оброк, но и другите мерки треба да ги подобруваме. Константно сме во комуникација и се бориме за позитивни промени за подобрување на студентскиот стандард – рече Николовски.

Портпаролот на Универзитетското студентско собрание, Данило Крстовски, вели нивна одговорност е да укажат на есенцијалните компоненти кои ќе го надградат досегашниот образовен систем, и потенцира дека неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки.

Неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки, за зачувување на досегашните основи и употреба на современи методи за зајакнување на позициите на универзитетите. Во името на студентите од целата држава, ние студентските претставници од веќе споменатите универзитетски студентски тела се обединивме и го објавуваме овој студентски манифест со цел да ја прикажеме афирмацијата на студентскиот глас, студентските предизвици и соочувањето со иднината – посочи Крстовски.

Апатијата што е карактеристична за општеството не ги одминува ни студентите, вели Крстовски и истакна дека нивната задача е да се надмине апатијата кај студентите.

Се обидуваме да воспоставиме систем на обострана комуникација којшто ќе ги намали пречките кои што ги имаме во разбирање како функционираат институциите, према она што ние ги имаме. Затоа се што произлегува барем од овој состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, произлегува со основа. Она што го бараме се темели на реални барања што произлегуваат од студентите – посочи Крстовски.

 

The post Подобрување на стандардот, дигитализација, интернационализација во високото образование, побараа од Универзитетското студентско собрание при УКИМ appeared first on Република.

]]>

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, денеска го презентираше Студентскиот манифест, документ кој се залага за подобрување на студентскиот стандард и подобра иднина за сите студенти. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски, како клучни цели ги посочи воведувањето на бесплатно високо образование за студентите на прв циклус на студии преку нов финансиски модел во земјава, сеопфатна евалуација на големиот број на студентски програми, формирање на Национално студентско собрание преку измени во Законот за високо образование, подобрување на студентскиот стандард, интернационализација во високото образование, дигитализација, почитување на роковите кои се дадени во националната стратегија за млади, како и поголема кадровска и финансиска автономија на универзитетите. Посочи дека од ноември, откако е формиран овој состав на Универзитетското студентско собрание, остварени се средби со институциите кои имаат позитивен исход, но како што рече, за одредени прашања се уште изнаоѓаат начин како да се подобрат. – Добра мерка е што сега преку законско решение го изменивме функционирањето на мерката студентски оброк, но и другите мерки треба да ги подобруваме. Константно сме во комуникација и се бориме за позитивни промени за подобрување на студентскиот стандард – рече Николовски. Портпаролот на Универзитетското студентско собрание, Данило Крстовски, вели нивна одговорност е да укажат на есенцијалните компоненти кои ќе го надградат досегашниот образовен систем, и потенцира дека неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки.
Неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки, за зачувување на досегашните основи и употреба на современи методи за зајакнување на позициите на универзитетите. Во името на студентите од целата држава, ние студентските претставници од веќе споменатите универзитетски студентски тела се обединивме и го објавуваме овој студентски манифест со цел да ја прикажеме афирмацијата на студентскиот глас, студентските предизвици и соочувањето со иднината – посочи Крстовски.
Апатијата што е карактеристична за општеството не ги одминува ни студентите, вели Крстовски и истакна дека нивната задача е да се надмине апатијата кај студентите.
Се обидуваме да воспоставиме систем на обострана комуникација којшто ќе ги намали пречките кои што ги имаме во разбирање како функционираат институциите, према она што ние ги имаме. Затоа се што произлегува барем од овој состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, произлегува со основа. Она што го бараме се темели на реални барања што произлегуваат од студентите – посочи Крстовски.
 

The post Подобрување на стандардот, дигитализација, интернационализација во високото образование, побараа од Универзитетското студентско собрание при УКИМ appeared first on Република.

]]>