указ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukaz/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 13:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png указ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ukaz/ 32 32 Сиљановска Давкова: Ќе го потпишам указот за измените на Законот за урбанистичко планирање, зачудена сум што немаше дискусија од опозицијата на пленарната седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ke-go-potpisham-ukazot-za-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-zachudena-sum-shto-nemashe-diskusija-od-opozitsijata-na-plenarnata-sednitsa/ Fri, 16 Aug 2024 13:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=807269

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска најави дека ќе го потпише указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието, но го повика ресорниот министер веднаш да почне со работа за подготовка на нов закон со учество на невладиниот сектор и опозицијата со цел, како што рече, да се решат проблемите со хаосот во урбанизмот.

На новинарско прашање по повикот од граѓанските организации да не го потпишува указот, Сиљановска Давкова изјави дека министерот за транспорт Александар Николоски и ги образложил причините за законските измени и кажал дека без нив не ќе може да се префрлат средства на општините за реализација на значајни проекти. Нагласи дека зад законот има 64 пратеници, а се осврна и на текот на расправата за законот во матичната собраниска комисија и на пленарната седница, неподнесените амандамни и отсуството на дискусија.

И во кампањата и во мојот инаугуративен говор реков дека ќе посегам по ветото, дека претходно ќе разговарам и со предлагачите и со пратениците. Разговарав со предлагачот, барав да ми ги образложи причините за скратната постапка, ми ги образложи, ги знаете причините. Вели дека е невозможно да се реализира помошта на општините доколку нема можност клучните објекти како училишта, градинки, гаражи, да се реалиизраат доколку не може да се префрлат средствата. Ми ги објасни овие измени како привремени или преодни. Рече дека е подоготвен веднаш да формира широка комисија од хетероген состав, вклучувајќи ги невладините организации во неа, изјави Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека секојдневно добива укажувања и од невладиниот сектор и поосчи дека секогаш ќе бара да се третира као партнер.

Она што мене ме загрижува е следното. Значи, скратена беше постапката но исто така беа поканети како што можев да видам и релевантни претставници на невладиниот сектор за донесувањето на овој закон. Да бидам искрена јас сум за инклузивен модел и секогаш ќе барам да се почитува мислењето на невладиниот сектор и да се третира како партнер. Да не заборавиме дека законите ги носат пратениците, но она што мене ме збуни во случајов со овој закон е дека не видов ниту една дискусија на комисијата и на пленарната седница од пратениците од опозицијата.

Очекувала да има амандамни, бидејќи, како што рече, секогаш невладините помагале со амандманите, но сега не биле поднесени.

Јас и да го вратам законот, зад него има 64 пратеници, треба да има апсолутно мнозинство од 61 за да го потпишам. Ако немаше дискусии, ако немаше гласање против тогаш мислам дека ќе се повтори оваа ситуација. И затоа заклучувам, ќе го потпишам законот, мислам дека тоа треба да се направи денеска или утре, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Го повика министерот за транспорт да ја почне работата за новиот закон и како што рече, да го решиме проблемот системски бидејќи сите знаеме дека законот не е добар

Соочени сме со хаос во урбанизмот, сите го гледаме тоа, мора да ставиме крај, тоа мора да го направиме, тоа мора да биде во редовна постака, исто така со учество на опозицијата и на невладиниот сектор, посочи Сиљановска Давкова.

Собранието ги изгласа законските измени на 13. месецов, откако претходно во истиот ден добија поддршка во матичната собраниска комисија, без амандмани и без дискусија од пратениците. Забелешки изнесоа претставници на О2 иницијативата, кои заедно со повеќе други невладини организации вчера апелираа претседателката да не го потпишува Указот за Законот.

Според граѓанските организации, со измените на Законот за урбанистичко планирање ќе се носат застарени ДУП-ови чии параметри и мерења нема да одговараат на реалноста и ќе се уништува јавен простор. Наспроти нив, власта тврди дека главна причина за измените е поедноставување на процедурите за реализација на објектите што ги планираат општините со средствата што ќе ги добијат од пакетот средства обезбедени со ребалансот на Буџетот.

The post Сиљановска Давкова: Ќе го потпишам указот за измените на Законот за урбанистичко планирање, зачудена сум што немаше дискусија од опозицијата на пленарната седница appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска најави дека ќе го потпише указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието, но го повика ресорниот министер веднаш да почне со работа за подготовка на нов закон со учество на невладиниот сектор и опозицијата со цел, како што рече, да се решат проблемите со хаосот во урбанизмот. На новинарско прашање по повикот од граѓанските организации да не го потпишува указот, Сиљановска Давкова изјави дека министерот за транспорт Александар Николоски и ги образложил причините за законските измени и кажал дека без нив не ќе може да се префрлат средства на општините за реализација на значајни проекти. Нагласи дека зад законот има 64 пратеници, а се осврна и на текот на расправата за законот во матичната собраниска комисија и на пленарната седница, неподнесените амандамни и отсуството на дискусија.
И во кампањата и во мојот инаугуративен говор реков дека ќе посегам по ветото, дека претходно ќе разговарам и со предлагачите и со пратениците. Разговарав со предлагачот, барав да ми ги образложи причините за скратната постапка, ми ги образложи, ги знаете причините. Вели дека е невозможно да се реализира помошта на општините доколку нема можност клучните објекти како училишта, градинки, гаражи, да се реалиизраат доколку не може да се префрлат средствата. Ми ги објасни овие измени како привремени или преодни. Рече дека е подоготвен веднаш да формира широка комисија од хетероген состав, вклучувајќи ги невладините организации во неа, изјави Сиљановска Давкова.
Таа посочи дека секојдневно добива укажувања и од невладиниот сектор и поосчи дека секогаш ќе бара да се третира као партнер.
Она што мене ме загрижува е следното. Значи, скратена беше постапката но исто така беа поканети како што можев да видам и релевантни претставници на невладиниот сектор за донесувањето на овој закон. Да бидам искрена јас сум за инклузивен модел и секогаш ќе барам да се почитува мислењето на невладиниот сектор и да се третира како партнер. Да не заборавиме дека законите ги носат пратениците, но она што мене ме збуни во случајов со овој закон е дека не видов ниту една дискусија на комисијата и на пленарната седница од пратениците од опозицијата.
Очекувала да има амандамни, бидејќи, како што рече, секогаш невладините помагале со амандманите, но сега не биле поднесени.
Јас и да го вратам законот, зад него има 64 пратеници, треба да има апсолутно мнозинство од 61 за да го потпишам. Ако немаше дискусии, ако немаше гласање против тогаш мислам дека ќе се повтори оваа ситуација. И затоа заклучувам, ќе го потпишам законот, мислам дека тоа треба да се направи денеска или утре, изјави претседателката Сиљановска Давкова.
Го повика министерот за транспорт да ја почне работата за новиот закон и како што рече, да го решиме проблемот системски бидејќи сите знаеме дека законот не е добар
Соочени сме со хаос во урбанизмот, сите го гледаме тоа, мора да ставиме крај, тоа мора да го направиме, тоа мора да биде во редовна постака, исто така со учество на опозицијата и на невладиниот сектор, посочи Сиљановска Давкова.
Собранието ги изгласа законските измени на 13. месецов, откако претходно во истиот ден добија поддршка во матичната собраниска комисија, без амандмани и без дискусија од пратениците. Забелешки изнесоа претставници на О2 иницијативата, кои заедно со повеќе други невладини организации вчера апелираа претседателката да не го потпишува Указот за Законот. Според граѓанските организации, со измените на Законот за урбанистичко планирање ќе се носат застарени ДУП-ови чии параметри и мерења нема да одговараат на реалноста и ќе се уништува јавен простор. Наспроти нив, власта тврди дека главна причина за измените е поедноставување на процедурите за реализација на објектите што ги планираат општините со средствата што ќе ги добијат од пакетот средства обезбедени со ребалансот на Буџетот.

The post Сиљановска Давкова: Ќе го потпишам указот за измените на Законот за урбанистичко планирање, зачудена сум што немаше дискусија од опозицијата на пленарната седница appeared first on Република.

]]>
Путин потпиша указ за користење на американскиот имот во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-potpisha-ukaz-za-koristene-na-amerikanskiot-imot-vo-rusija/ Thu, 23 May 2024 15:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=781247

Русија ќе ги идентификува и наведе американските средства, вклучително и хартиите од вредност, кои би можеле да се користат како компензација за загубите настанати како резултат на какво било запленување на замрзнати руски средства во Соединетите држави, според декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот.

Преговарачите на Г7 со недели дебатираа како најдобро да се искористат руските финансиски средства во вредност од околу 300 милијарди долари, како што се државните обврзници, кои беа замрзнати непосредно по инвазијата на Москва во Украина во февруари 2022 година.

Способноста на Русија да возврати на ист начин доколку западните лидери ги запленуваат нејзините средства е попречена од намалувањето на странските инвестиции, но наместо тоа, таа може да се сврти кон готовина од приватни инвеститори, изјавија официјални лица и економисти овој месец.

Наредбата потпишана од Путин ги наведе хартиите од вредност, недвижен имот, движен имот и имотни права на списокот на имот во сопственост на САД кои се предмет на заплена.

Поранешниот претседател Дмитриј Медведев минатиот месец призна дека Русија поседува незначителен износ на американски владини средства и дека секој руски одговор би бил асиметричен, но фокусиран на приватни средства.

Имотот на многу странски инвеститори, вклучително и поединци и големи американски инвестициски фондови, се чуваат на специјални сметки Ц воведени од Русија набргу откако таа ја испрати својата војска во Украина и беше погодена од санкции од Запад во февруари 2022 година.

Парите на овие сметки не можат да се префрлаат надвор од Русија без дозвола на руските власти.

The post Путин потпиша указ за користење на американскиот имот во Русија appeared first on Република.

]]>

Русија ќе ги идентификува и наведе американските средства, вклучително и хартиите од вредност, кои би можеле да се користат како компензација за загубите настанати како резултат на какво било запленување на замрзнати руски средства во Соединетите држави, според декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот. Преговарачите на Г7 со недели дебатираа како најдобро да се искористат руските финансиски средства во вредност од околу 300 милијарди долари, како што се државните обврзници, кои беа замрзнати непосредно по инвазијата на Москва во Украина во февруари 2022 година. Способноста на Русија да возврати на ист начин доколку западните лидери ги запленуваат нејзините средства е попречена од намалувањето на странските инвестиции, но наместо тоа, таа може да се сврти кон готовина од приватни инвеститори, изјавија официјални лица и економисти овој месец. Наредбата потпишана од Путин ги наведе хартиите од вредност, недвижен имот, движен имот и имотни права на списокот на имот во сопственост на САД кои се предмет на заплена. Поранешниот претседател Дмитриј Медведев минатиот месец призна дека Русија поседува незначителен износ на американски владини средства и дека секој руски одговор би бил асиметричен, но фокусиран на приватни средства. Имотот на многу странски инвеститори, вклучително и поединци и големи американски инвестициски фондови, се чуваат на специјални сметки Ц воведени од Русија набргу откако таа ја испрати својата војска во Украина и беше погодена од санкции од Запад во февруари 2022 година. Парите на овие сметки не можат да се префрлаат надвор од Русија без дозвола на руските власти.

The post Путин потпиша указ за користење на американскиот имот во Русија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ја потпиша амнестијата: Нема затвор за 280 лица кои биле казнети поради непочитување на ковид мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ja-potpisha-amnestijata-nema-zatvor-za-280-litsa-koi-bile-kazneti-poradi-nepochituvane-na-kovid-merkite/ Thu, 23 Mar 2023 11:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=622832

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.

По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.

Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.

-Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.

Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.

Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.

The post Пендаровски ја потпиша амнестијата: Нема затвор за 280 лица кои биле казнети поради непочитување на ковид мерките appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело. По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело. Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор. Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда. -Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик. Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија. Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.

The post Пендаровски ја потпиша амнестијата: Нема затвор за 280 лица кои биле казнети поради непочитување на ковид мерките appeared first on Република.

]]>
Нема преговри со Путин, Зеленски го потпиша укакзот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-pregovri-so-putin-zelenski-go-potpisha-ukakzot/ Tue, 04 Oct 2022 11:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=557220

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој формално ги прогласува изгледите за какви било преговори меѓу Украина и рускиот претседател Владимир Путин за „невозможни“.

Указот ги формализира изјавите на Зеленски дадени во петокот, откако Путин прогласи четири украински региони за руска територија.

Тој (Путин) не знае што е достоинство и чест. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија – рече тогаш Зеленски, потсетува Гардијан.

Указот беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември. Во една од одредбите на декретот се наведува дека Украина одлучила дека не е можно да се водат преговори со Путин.

 

The post Нема преговри со Путин, Зеленски го потпиша укакзот appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој формално ги прогласува изгледите за какви било преговори меѓу Украина и рускиот претседател Владимир Путин за „невозможни“. Указот ги формализира изјавите на Зеленски дадени во петокот, откако Путин прогласи четири украински региони за руска територија.
Тој (Путин) не знае што е достоинство и чест. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија – рече тогаш Зеленски, потсетува Гардијан.
Указот беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември. Во една од одредбите на декретот се наведува дека Украина одлучила дека не е можно да се водат преговори со Путин.  

The post Нема преговри со Путин, Зеленски го потпиша укакзот appeared first on Република.

]]>
Зеленски потпиша указ за санкции против руските лидери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-potpisha-ukaz-za-sankcii-protiv-ruskite-lideri/ Fri, 10 Jun 2022 08:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=513439

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на руските лидери, вклучително и претседателот Владимир Путин и сите министри.

Санкциите, одобрени од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, се насочени кон сите членови на руската влада и Советот за безбедност, како и против портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тие забрануваат влез во Украина, ги откажуваат визите и дозволите и ги блокираат финансиските средства.

Одредбата стапи на сила во четвртокот, се вели во копија објавена на веб-страницата на украинското претседателство.

Зеленски, исто така, потпиша директива со која се санкционираат 236 руски универзитети и нивните лидери.

Рускиот министер за образование како одговор рече дека тоа нема да влијае на нив, пренесува АП.

– Денешната одлука на режимот во Киев зборува за неговата несоодветност и неспособност да ја контролира ситуацијата. Тоа е гест на очај, кој не може да ја спречи интеграцијата на Донбас и ослободените територии – изјави Сергеј Кравцов за Интерфакс.

 

The post Зеленски потпиша указ за санкции против руските лидери appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за воведување лични санкции на руските лидери, вклучително и претседателот Владимир Путин и сите министри. Санкциите, одобрени од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, се насочени кон сите членови на руската влада и Советот за безбедност, како и против портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тие забрануваат влез во Украина, ги откажуваат визите и дозволите и ги блокираат финансиските средства. Одредбата стапи на сила во четвртокот, се вели во копија објавена на веб-страницата на украинското претседателство. Зеленски, исто така, потпиша директива со која се санкционираат 236 руски универзитети и нивните лидери. Рускиот министер за образование како одговор рече дека тоа нема да влијае на нив, пренесува АП. – Денешната одлука на режимот во Киев зборува за неговата несоодветност и неспособност да ја контролира ситуацијата. Тоа е гест на очај, кој не може да ја спречи интеграцијата на Донбас и ослободените територии – изјави Сергеј Кравцов за Интерфакс.  

The post Зеленски потпиша указ за санкции против руските лидери appeared first on Република.

]]>
Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-duda-potpisha-ukaz-za-embargo-na-jaglen-od-rusija/ Fri, 15 Apr 2022 08:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=488809

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша указ, претходно усвоен од Парламентот, со што се воведува ембарго на руските испораки на јаглен и можност за замрзнување на имотот на физичките и правните лица кои ја поддржуваат Русија. Информацијата е објавена на официјалниот сајт на полскиот лидер.

Законот, подготвен од полската Влада, дозволува замрзнување на средства и ресурси во сопственост или контролирани од поединци, организации и тела вклучени во посебна листа на Министерството за внатрешни работи. Соопштено е дека на списокот ќе има поединци и организации што „директно или индиректно“ ја поддржуваат руската инвазија на Украина.

Според полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Мачеј Воншик, санкциите ќе се состојат од четири елементи: замрзнување на имотот, ограничување на правото на располагање со имотот, забрана за јавни набавки и забрана за влез во Полска на лица, кои ќе бидат вклучени во листата, по барање на специјалните служби, Обвинителството, Владата и на други државни органи. Се очекува списокот да биде објавен следната недела.

Со новиот закон се забранува и увоз и транзит на јаглен од Русија, Белорусија, Донбас. За прекршување на забраната е предвидена административна казна до 20 милиони полски злоти (околу пет милиони американски долари).

The post Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша указ, претходно усвоен од Парламентот, со што се воведува ембарго на руските испораки на јаглен и можност за замрзнување на имотот на физичките и правните лица кои ја поддржуваат Русија. Информацијата е објавена на официјалниот сајт на полскиот лидер. Законот, подготвен од полската Влада, дозволува замрзнување на средства и ресурси во сопственост или контролирани од поединци, организации и тела вклучени во посебна листа на Министерството за внатрешни работи. Соопштено е дека на списокот ќе има поединци и организации што „директно или индиректно“ ја поддржуваат руската инвазија на Украина. Според полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Мачеј Воншик, санкциите ќе се состојат од четири елементи: замрзнување на имотот, ограничување на правото на располагање со имотот, забрана за јавни набавки и забрана за влез во Полска на лица, кои ќе бидат вклучени во листата, по барање на специјалните служби, Обвинителството, Владата и на други државни органи. Се очекува списокот да биде објавен следната недела. Со новиот закон се забранува и увоз и транзит на јаглен од Русија, Белорусија, Донбас. За прекршување на забраната е предвидена административна казна до 20 милиони полски злоти (околу пет милиони американски долари).

The post Полскиот претседател Дуда потпиша Указ за ембарго на јаглен од Русија appeared first on Република.

]]>