угостителски објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugostitelski-objekti/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Apr 2023 20:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png угостителски објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugostitelski-objekti/ 32 32 Русинки, Украинки, Србинки и Албанки ги забавувале гостите во два охридски локалa https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rusinki-ukrainki-srbinki-i-albanki-gi-zabavuvale-gostite-vo-dva-ohridski-lokala/ Sun, 16 Apr 2023 17:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=631321

Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид извршена на 15 април во два угостителски објекти, откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава.

Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

The post Русинки, Украинки, Србинки и Албанки ги забавувале гостите во два охридски локалa appeared first on Република.

]]>

Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид извршена на 15 април во два угостителски објекти, откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава. Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

The post Русинки, Украинки, Србинки и Албанки ги забавувале гостите во два охридски локалa appeared first on Република.

]]>
Инспекциите влегле во над 1500 објекти, напишани казни во вредност од над 9 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/ Sat, 04 Feb 2023 14:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=604803

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите.

Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи.

Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според

● Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози
● Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози
● Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози
● Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози
● Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

The post Инспекциите влегле во над 1500 објекти, напишани казни во вредност од над 9 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите. Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи. Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според ● Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози ● Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози ● Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози ● Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози ● Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

The post Инспекциите влегле во над 1500 објекти, напишани казни во вредност од над 9 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Купишта дрога во скопските угостителски објекти, приведени 14 лица, меѓу кои и еден полицаец кој не бил на должност https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kupishta-droga-vo-skopskite-ugostitelski-objekti-privedeni-14-lica-megju-koi-i-eden-policaec-koj-ne-bil-na-dolznost/ Sat, 04 Jun 2022 09:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=510971

Во периодот од 2. до 4 јуни полицијата во координација со УЈП извршила контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје при што се приведени 14 лица кај кои е пронадена дрога.

Од 02 до 04 јуни 2022 година во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази…). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И.,  С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г. - информираат од МВР.

Меѓу приведените е и Ф.И.(25) од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка.

The post Купишта дрога во скопските угостителски објекти, приведени 14 лица, меѓу кои и еден полицаец кој не бил на должност appeared first on Република.