Угостители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugostiteli/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jul 2023 09:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Угостители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugostiteli/ 32 32 Охридски угостители: Не може во прв ред до езеро да седите по неколку часа за 500 денари https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ohridski-ugostiteli-ne-mozhe-vo-prv-red-do-ezero-da-sedite-po-nekolku-chasa-za-500-denari/ Wed, 05 Jul 2023 08:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=658235

Речиси секоја сезона охридските угостители се мета на незадоволни гости кои на социјалните мрежи објавуваат фотографии од фискални сметки со високи цени за наплатени услуги и производи.

Колку тие статуси навистина ја отсликуваат реалната состојба за тоа дали и колку е Охрид скап за туристите, е предмет на дискусии и расправии, поделени мислења, лични ставови, споделени непријатни искуства. Најмногу разлики во ставовите има на релација угостители и гости, а реалноста секогаш како по правило е некаде на средината...

Генералниот став е дека има услуги и производи што навистина се скапи, но и тоа е релативно доколку се суди според она што таа цена навистина отсликува.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/dve-piva-vo-stariot-del-na-ohrid-450-denari/

Ставот на охридските угостители е дека Охрид не е ништо поскап од поголемите градови во земјата, особено споредбено со главниот град. Тие посочуваат дека цените се формираат врз основа на многу фактори, за кои обичниот гостин воопшто и не размислува кога ќе одбере каде ќе ги троши своите пари. Речиси по правило се објавуваат највисоките цени на услугите, а не се посочува дека тоа без исклучок се сметки од најекспонираните објекти на ривиерата, каде локацијата ги диктира цените.

Тие сметки се секогаш од угостителските објекти на првиот ред до езерото, каде секој од туристите треба да знае дека се и највисоки. Тоа се објекти кои имаат и највисоки давачки, од цена на закуп на локал, до цена на изнајмување простор за урбана опрема...

Цените на сите производи се истакнати пред речиси сите објекти на ривиерата. Сите гости сакаат да седнат и да пијат кафе, сок на маса веднаш до езерото, а не ги интересира тоа што давачките на тие објекти се највисоки. Многу од гостите, најмногу домашните, сакаат да седнат на најатрактивна позиција, во најекспонираните локали, да уживаат за своите пари, што е разбирливо, но математиката на угостителите и конечната пресметка за тоа колку нешто треба да чини е многу поинаква.

Многу од репрезентативните објекти на крајбрежејето на Охридското Езеро дури и ставаат повисоки цени на најевтините услуги и производи, со цел да ги одвратат оние гости што сакаат да седат по неколку часа на најубаво место и притоа да поминат со сметка од 500 денари за неколку кафиња.

Како за пример, еспресо во градот може да се пие и за 60 денари, но за истата услуга може да ви наплатат и 150 денари. Цената на пивото исто така многу варира, од 90 денари до 200 денари за половина литар. Чорба може да се јаде и за 160 денари во некои од растораните подалеку од центарот, но за истото јадење може да треба да платите и 360 денари.

Следејќи ја економската логика, не може ресторан што нуди храна и квалитетна услуга на прв ред до езерото да си дозволи на најубавите пет од десетте маси колку што ги има на терасата да им биде зафатена од гости што не можат да си дозволат да потрошат повеќе, наспроти туристи кои добро знаат дека и самата локација мора да се плати. Сите што биле во попознатите туристички места знаат дека секогаш локацијата е факторот што најмногу ја формира цената на услугата.

Поделеност кај гостите секогаш имало и ќе има, особено во туристичките места каде сезоната е куса. Угостителите во Охрид постојано укажуваат дека и тука има објекти каде може пристојно и поевтино да се јаде и пие, но таквите објекти по правило не се на првиот ред од крајбрежејето.

Угостителите посочуваат дека не може да се споредува локална кафеана или ресторан во било кој град со локал на првиот ред од езерото. Тие објекти е резервирани за туристи со подлабок џеб, а изборот е на самите гости каде и дали имаат сила да си дозволат да седнат. На стотина метри од езерото има угостителски објекти каде цените не се ништо повисоки отколку во другите градови во земјата, да не зборуваме за Грција или поатрактивните туристички дестинации. И во Скопје цените не се исти во центарот на градот и во населбите.

Аце Димовски, сопственик на пицерија во центарот на Охрид вели дека цените на услугите се такви какви што се заради многу фактори, најмногу поради зголемите трошоци, како на репроматеријалите, преку поскапата работна сила што се помалку ја има, се до општите  давачки.

Како за пример тој посочува дека цената на најбараната пица во неговиот локал е 330 денари, само 90 денари поскапа споредбено од пред 20 години кога истата чинела 240 денари. Тој вели дека тогаш за килограм кашкавал како основна состојка на секоја пица плаќал по 220 денари, наспроти сега кога истиот производ го набавува за двојно повисока цена. Тогаш, како што вели, просечната плата на вработен била  девет илјади денари, што сега е трипати повеќе, и тоа во услови кога понудата на пазарот на работна сила е далеку послаба.

Сите знаат дека пазарот во Охрид е меѓу најскапите во земјата, а ние сите репроматерјали ги набавуваме тука. Доколку се има предвид што само последната година се е поскапено, од кириите на објектите, преку струјата, водата, работната сила, нема логика да се оди со пониски цени. А што се однесува на тоа дали Охрид е скап, тоа останува на самите гости, нивно е да решат каде ќе летуваат и на крајот на краиштата каде ќе седнат да јадат, вели тој.

Јаким Деребан, сопственик на кафуле на Градскиот плоштад во Охрид, вели дека има зголемени давачки кај угостителите, кои муштериите и не ги чувствуваат, а што влијаат врз конечната цена на услугите.

За закуп на простор од 26 метри квадратни плаќам над две илјади евра годишно сума што мора да се исплати независно куповната моќ на гостите. Поскапувања има кај набавната цена на пијалоците, плаќаме и за ЗАМП, нови давачки кон општината, ред други парафискални издатоци. Најмногу поскапување имаме кај работната сила, со зголемени давачки особено за вработените во недела и за празниците, кога се плаќа двојна дневница, сето тоа влијае и врз конечната цена на услугите, вели тој.

Деребан укажува дека има поголеми поскапувања на набавната цена на производите, особено кај прехранбените продукти, но сепак смета дека има одредени ресторани што претеруваат со цените.

Тоа остава лоша слика кај гостите, особено кај оние што години го одбираат Охрид за одмор, а се соочиле со претерано поскапување. Тоа на подолг рок може мошне негативно да се одрази врз севкупната слика за локална туристичката понуда, вели тој.

Текст: МИА/Александар Бачиќ   Фото: МИА 

The post Охридски угостители: Не може во прв ред до езеро да седите по неколку часа за 500 денари appeared first on Република.

]]>

Речиси секоја сезона охридските угостители се мета на незадоволни гости кои на социјалните мрежи објавуваат фотографии од фискални сметки со високи цени за наплатени услуги и производи. Колку тие статуси навистина ја отсликуваат реалната состојба за тоа дали и колку е Охрид скап за туристите, е предмет на дискусии и расправии, поделени мислења, лични ставови, споделени непријатни искуства. Најмногу разлики во ставовите има на релација угостители и гости, а реалноста секогаш како по правило е некаде на средината... Генералниот став е дека има услуги и производи што навистина се скапи, но и тоа е релативно доколку се суди според она што таа цена навистина отсликува. https://republika.mk/zivot/patuvanja/dve-piva-vo-stariot-del-na-ohrid-450-denari/ Ставот на охридските угостители е дека Охрид не е ништо поскап од поголемите градови во земјата, особено споредбено со главниот град. Тие посочуваат дека цените се формираат врз основа на многу фактори, за кои обичниот гостин воопшто и не размислува кога ќе одбере каде ќе ги троши своите пари. Речиси по правило се објавуваат највисоките цени на услугите, а не се посочува дека тоа без исклучок се сметки од најекспонираните објекти на ривиерата, каде локацијата ги диктира цените. Тие сметки се секогаш од угостителските објекти на првиот ред до езерото, каде секој од туристите треба да знае дека се и највисоки. Тоа се објекти кои имаат и највисоки давачки, од цена на закуп на локал, до цена на изнајмување простор за урбана опрема... Цените на сите производи се истакнати пред речиси сите објекти на ривиерата. Сите гости сакаат да седнат и да пијат кафе, сок на маса веднаш до езерото, а не ги интересира тоа што давачките на тие објекти се највисоки. Многу од гостите, најмногу домашните, сакаат да седнат на најатрактивна позиција, во најекспонираните локали, да уживаат за своите пари, што е разбирливо, но математиката на угостителите и конечната пресметка за тоа колку нешто треба да чини е многу поинаква. Многу од репрезентативните објекти на крајбрежејето на Охридското Езеро дури и ставаат повисоки цени на најевтините услуги и производи, со цел да ги одвратат оние гости што сакаат да седат по неколку часа на најубаво место и притоа да поминат со сметка од 500 денари за неколку кафиња. Како за пример, еспресо во градот може да се пие и за 60 денари, но за истата услуга може да ви наплатат и 150 денари. Цената на пивото исто така многу варира, од 90 денари до 200 денари за половина литар. Чорба може да се јаде и за 160 денари во некои од растораните подалеку од центарот, но за истото јадење може да треба да платите и 360 денари. Следејќи ја економската логика, не може ресторан што нуди храна и квалитетна услуга на прв ред до езерото да си дозволи на најубавите пет од десетте маси колку што ги има на терасата да им биде зафатена од гости што не можат да си дозволат да потрошат повеќе, наспроти туристи кои добро знаат дека и самата локација мора да се плати. Сите што биле во попознатите туристички места знаат дека секогаш локацијата е факторот што најмногу ја формира цената на услугата. Поделеност кај гостите секогаш имало и ќе има, особено во туристичките места каде сезоната е куса. Угостителите во Охрид постојано укажуваат дека и тука има објекти каде може пристојно и поевтино да се јаде и пие, но таквите објекти по правило не се на првиот ред од крајбрежејето. Угостителите посочуваат дека не може да се споредува локална кафеана или ресторан во било кој град со локал на првиот ред од езерото. Тие објекти е резервирани за туристи со подлабок џеб, а изборот е на самите гости каде и дали имаат сила да си дозволат да седнат. На стотина метри од езерото има угостителски објекти каде цените не се ништо повисоки отколку во другите градови во земјата, да не зборуваме за Грција или поатрактивните туристички дестинации. И во Скопје цените не се исти во центарот на градот и во населбите. Аце Димовски, сопственик на пицерија во центарот на Охрид вели дека цените на услугите се такви какви што се заради многу фактори, најмногу поради зголемите трошоци, како на репроматеријалите, преку поскапата работна сила што се помалку ја има, се до општите  давачки. Како за пример тој посочува дека цената на најбараната пица во неговиот локал е 330 денари, само 90 денари поскапа споредбено од пред 20 години кога истата чинела 240 денари. Тој вели дека тогаш за килограм кашкавал како основна состојка на секоја пица плаќал по 220 денари, наспроти сега кога истиот производ го набавува за двојно повисока цена. Тогаш, како што вели, просечната плата на вработен била  девет илјади денари, што сега е трипати повеќе, и тоа во услови кога понудата на пазарот на работна сила е далеку послаба.
Сите знаат дека пазарот во Охрид е меѓу најскапите во земјата, а ние сите репроматерјали ги набавуваме тука. Доколку се има предвид што само последната година се е поскапено, од кириите на објектите, преку струјата, водата, работната сила, нема логика да се оди со пониски цени. А што се однесува на тоа дали Охрид е скап, тоа останува на самите гости, нивно е да решат каде ќе летуваат и на крајот на краиштата каде ќе седнат да јадат, вели тој.
Јаким Деребан, сопственик на кафуле на Градскиот плоштад во Охрид, вели дека има зголемени давачки кај угостителите, кои муштериите и не ги чувствуваат, а што влијаат врз конечната цена на услугите.
За закуп на простор од 26 метри квадратни плаќам над две илјади евра годишно сума што мора да се исплати независно куповната моќ на гостите. Поскапувања има кај набавната цена на пијалоците, плаќаме и за ЗАМП, нови давачки кон општината, ред други парафискални издатоци. Најмногу поскапување имаме кај работната сила, со зголемени давачки особено за вработените во недела и за празниците, кога се плаќа двојна дневница, сето тоа влијае и врз конечната цена на услугите, вели тој.
Деребан укажува дека има поголеми поскапувања на набавната цена на производите, особено кај прехранбените продукти, но сепак смета дека има одредени ресторани што претеруваат со цените.
Тоа остава лоша слика кај гостите, особено кај оние што години го одбираат Охрид за одмор, а се соочиле со претерано поскапување. Тоа на подолг рок може мошне негативно да се одрази врз севкупната слика за локална туристичката понуда, вели тој.
Текст: МИА/Александар Бачиќ   Фото: МИА 

The post Охридски угостители: Не може во прв ред до езеро да седите по неколку часа за 500 денари appeared first on Република.

]]>
Се бараат келнери, готвачи, помошен персонал: На прилепските угостители им недостига персонал и до 40 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-baraat-kelneri-gotvachi-pomoshen-personal-na-prilepskite-ugostiteli-im-nedostiga-personal-i-do-40-otsto/ Sun, 05 Jun 2022 13:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=511406

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила.

Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.

Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал - вели Момироски.

Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места.

Но, има уште поголем проблем.

Македонците имаат тренд на групни миграции, така што, по завршувањето на кризниот период со короната, како дестинација најмногу се јавува Хрватска. Проблемот не е тоа што ќе поминат сезонско вработување, проблемот е карактерот на вработувањето. Тие ќе работат сезонски, без можност за постојано или долгорочно вработување, но, од друга страна, ќе се вратат во Македонија и повторно ќе бидат невработени лица, сѐ додека не се смени нешто во системот и во начинот на работењето во угостителството - вели Петреска.

Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени. Јорданчо Момироски смета дека угостителите прават напори да дадат поголема плата.

Моментно на персоналот му е зголемена основната плата, а земаат и добри дневници. Угостителите, во рамките на своите можности го даваат максимумот на секој начин за да се задржи персоналот. Се одразува и светската криза. Прво на удар е угостителството - вели преседателот на прилепското здружение за угостителство и туризам „Меанџии“.

The post Се бараат келнери, готвачи, помошен персонал: На прилепските угостители им недостига персонал и до 40 отсто appeared first on Република.

]]>

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила. Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.
Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал - вели Момироски.
Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места. Но, има уште поголем проблем.
Македонците имаат тренд на групни миграции, така што, по завршувањето на кризниот период со короната, како дестинација најмногу се јавува Хрватска. Проблемот не е тоа што ќе поминат сезонско вработување, проблемот е карактерот на вработувањето. Тие ќе работат сезонски, без можност за постојано или долгорочно вработување, но, од друга страна, ќе се вратат во Македонија и повторно ќе бидат невработени лица, сѐ додека не се смени нешто во системот и во начинот на работењето во угостителството - вели Петреска.
Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени. Јорданчо Момироски смета дека угостителите прават напори да дадат поголема плата.
Моментно на персоналот му е зголемена основната плата, а земаат и добри дневници. Угостителите, во рамките на своите можности го даваат максимумот на секој начин за да се задржи персоналот. Се одразува и светската криза. Прво на удар е угостителството - вели преседателот на прилепското здружение за угостителство и туризам „Меанџии“.

The post Се бараат келнери, готвачи, помошен персонал: На прилепските угостители им недостига персонал и до 40 отсто appeared first on Република.

]]>
Синдикатот за угостителство и туризам го поддржува генералниот штрајк на СОНК https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatot-za-ugostitelstvo-i-turizam-go-poddrzuva-generalniot-shtrajk-na-sonk/ Thu, 07 Apr 2022 08:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=484558

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија – СУТ дава целосна и недвосмислена поддршка на генералниот штрајк на СОНК.

Штрајкот е легитимно синдикално средство коешто секој синдикат има право да го искористи доколку има потреба за тоа. Нашите колеги од СОНК и нивното членство се крајно револтирани од немањето на слух од страна на државата, па оттаму имаат целосно право да го искористат ова средство за постигнување на целта кое е пропишано во Законот за работни односи. Им порачуваме на вработените во основно, средно образование и градинките да не подлегнуваат на притисоците и да бидат истрајни во остварувањето на нивните барања, за кои имаат наша потполна поддршка, велт од СУТ.

Наставно – воспитниот кадар игра клучна улога за тоа какви луѓе ќе бидат нашите деца кога ќе пораснат, па поради тоа заслужуваат да им бидат почитувани правата од работен однос. Сегашната ситуација со порамнувањето на платите се повеќе предизвикува незадоволство кај нив, што никако не е добро за нашето општество.

Од СУТ апелираат до родителите да бидат трпеливи и солидарни со вработените коишто ќе штрајкуваат.

Со тоа што Владата не ги исполнува барањата, за коишто е законски обврзана тоа да го направи, на работодавачите од приватниот сектор им дава повод и тие да ги прекршуваат работничките права, се наведува во соопштението.

 

The post Синдикатот за угостителство и туризам го поддржува генералниот штрајк на СОНК appeared first on Република.

]]>

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија – СУТ дава целосна и недвосмислена поддршка на генералниот штрајк на СОНК.
Штрајкот е легитимно синдикално средство коешто секој синдикат има право да го искористи доколку има потреба за тоа. Нашите колеги од СОНК и нивното членство се крајно револтирани од немањето на слух од страна на државата, па оттаму имаат целосно право да го искористат ова средство за постигнување на целта кое е пропишано во Законот за работни односи. Им порачуваме на вработените во основно, средно образование и градинките да не подлегнуваат на притисоците и да бидат истрајни во остварувањето на нивните барања, за кои имаат наша потполна поддршка, велт од СУТ.
Наставно – воспитниот кадар игра клучна улога за тоа какви луѓе ќе бидат нашите деца кога ќе пораснат, па поради тоа заслужуваат да им бидат почитувани правата од работен однос. Сегашната ситуација со порамнувањето на платите се повеќе предизвикува незадоволство кај нив, што никако не е добро за нашето општество. Од СУТ апелираат до родителите да бидат трпеливи и солидарни со вработените коишто ќе штрајкуваат.
Со тоа што Владата не ги исполнува барањата, за коишто е законски обврзана тоа да го направи, на работодавачите од приватниот сектор им дава повод и тие да ги прекршуваат работничките права, се наведува во соопштението.
 

The post Синдикатот за угостителство и туризам го поддржува генералниот штрајк на СОНК appeared first on Република.

]]>
Скопјанец од затвор мамел угостители со помош на пријателка, им успеало неколку пати да се опарат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-od-zatvor-mamel-ugostiteli-so-pomosh-na-prijatelka-im-uspealo-nekolku-pati-da-se-oparat/ Tue, 29 Mar 2022 09:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=480204

Полицијата вчера расчистила неколку кривични дела „измама“ извршени на подрачјето на СВР Струмица, при што е утврдено дека сторител е Б.А. од Скопје, кој во моментов е на издржување затворска казна затвор во затворот во Идризово.

Истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект. Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа е лишена од слобода, појаснија денеска од МВР.

Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000 , од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата. Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица.

Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.

The post Скопјанец од затвор мамел угостители со помош на пријателка, им успеало неколку пати да се опарат appeared first on Република.

]]>

Полицијата вчера расчистила неколку кривични дела „измама“ извршени на подрачјето на СВР Струмица, при што е утврдено дека сторител е Б.А. од Скопје, кој во моментов е на издржување затворска казна затвор во затворот во Идризово.
Истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект. Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа е лишена од слобода, појаснија денеска од МВР.
Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000 , од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата. Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица. Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.

The post Скопјанец од затвор мамел угостители со помош на пријателка, им успеало неколку пати да се опарат appeared first on Република.

]]>