УГД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugd/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 08:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УГД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ugd/ 32 32 Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-rabotilnitsa-na-hrvatskata-koreografka-sona-pregrad-pochnuvaat-predvanata-na-katedrata-za-sovremen-tants-pri-ugd-shtip/ Mon, 07 Oct 2024 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=823691

Денес од 10 часот на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“, ќе се одржи работилница со познатата хрватска кореографка Соња Преград. Оваа работилница се одржува во соработка со Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и нивниот програм „Култренинг“.

Со оваа работилница официјално започнува сезоната 2024-2025 за студентите по современ танц, во која се планирани повеќе активности, работилници и настапи.

Соња Преград е хрватски кореограф, изведувач, педагог и куратор. Таа има магистрирано на Универизтетот за уметности во Берлин, Германија. За нејзината кореографска и изведбена работа три пати ја добива Хрватската национална театрска награда, а наградена е и како куратор на фестивалот „Импроцпекција“. Како изведувач работи со кореографите Мег Стјуарт, Борис Шармац, Изабел Шад, Сања Ивековиќ, Александра Јанева Имфелд, Ирма Омерзо и други. Континуирано предава на Катедрата за нови медиуми на Академијата за ликовни уметности и Танцовиот оддел на Академијата за драмска уметност во Загреб, Хрватска, како и на независниот програм „ROAR“ во Берлин, Германија. Соња Преград е основач и продуцент на фестивалот „Импроспекција“, кој започнува во 2007 година, како и на колективот „Антисезона“ со кој води програма за изведбена уметност во Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска.

The post Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип appeared first on Република.

]]>

Денес од 10 часот на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“, ќе се одржи работилница со познатата хрватска кореографка Соња Преград. Оваа работилница се одржува во соработка со Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и нивниот програм „Култренинг“. Со оваа работилница официјално започнува сезоната 2024-2025 за студентите по современ танц, во која се планирани повеќе активности, работилници и настапи. Соња Преград е хрватски кореограф, изведувач, педагог и куратор. Таа има магистрирано на Универизтетот за уметности во Берлин, Германија. За нејзината кореографска и изведбена работа три пати ја добива Хрватската национална театрска награда, а наградена е и како куратор на фестивалот „Импроцпекција“. Како изведувач работи со кореографите Мег Стјуарт, Борис Шармац, Изабел Шад, Сања Ивековиќ, Александра Јанева Имфелд, Ирма Омерзо и други. Континуирано предава на Катедрата за нови медиуми на Академијата за ликовни уметности и Танцовиот оддел на Академијата за драмска уметност во Загреб, Хрватска, како и на независниот програм „ROAR“ во Берлин, Германија. Соња Преград е основач и продуцент на фестивалот „Импроспекција“, кој започнува во 2007 година, како и на колективот „Антисезона“ со кој води програма за изведбена уметност во Музеј на современа уметност во Загреб, Хрватска.

The post Со работилница на хрватската кореографка Соња Преград почнуваат предвањата на Катедрата за современ танц при УГД Штип appeared first on Република.

]]>
Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnitsi-za-koreografija-i-tants-na-ugd-so-predavachi-od-germanija-singapur-i-ukraina/ Mon, 19 Jun 2023 08:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=652977

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Со ова започнува вториот дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој од годинава го воспостави Катедрата за современ танц, со цел да им се овозможи на студентите надградба и дополнителни знаења и пракса за интеграција на професионалната уметничка сцена.

Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се ориентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања, велат предавачите.

Настја Џjубан се бави со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на „danceWEB“ под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис. Настја магистрира на програмата „Кореографија и перформанс“ во Гисен и моментално работи како хонорарен кореограф, танчер и изведувач во Гизен и Франкфурт на Мајна.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена кај нас. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот „Јустус Либиг“. Таа си игра со различни форми на провокација и често ги истражува поимите за трудот, идентитетот и женското претставување во јавниот простор во нејзината работа.

Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи паралелно помеѓу Берлин и Сингапур. Во јули 2021 година магистрира на програмата за кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија. Во својата танцова и кореографска практика, Ли Мун Ваи инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина. Мун Ваи го создава соло перформансот “On Display“ во 2021 година, премиерно изведено во “Künstlerhaus Mousonturm“, Франкфурт, како дел од „Tanzfestival Rhein Main“. Тој е учесник во повеќе проекти на други кореографи како „Oracle and Sacrifice In The Woods“ во 2021 година и „Thyestes Brüder! Kapital“од 2019 година, на германската кореографка и режисерка Клаудија Босе; „Марк“ во 2017 година на сингапурскиот кореограф Даниел Кок; и „There Is Speficifisfety“ во 2018 година, соработка со малезискиот кореограф и танчер Ли Рен Син.

The post Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина appeared first on Република.

]]>

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Со ова започнува вториот дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој од годинава го воспостави Катедрата за современ танц, со цел да им се овозможи на студентите надградба и дополнителни знаења и пракса за интеграција на професионалната уметничка сцена.
Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се ориентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања, велат предавачите.
Настја Џjубан се бави со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на „danceWEB“ под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис. Настја магистрира на програмата „Кореографија и перформанс“ во Гисен и моментално работи како хонорарен кореограф, танчер и изведувач во Гизен и Франкфурт на Мајна. Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена кај нас. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот „Јустус Либиг“. Таа си игра со различни форми на провокација и често ги истражува поимите за трудот, идентитетот и женското претставување во јавниот простор во нејзината работа. Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи паралелно помеѓу Берлин и Сингапур. Во јули 2021 година магистрира на програмата за кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија. Во својата танцова и кореографска практика, Ли Мун Ваи инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина. Мун Ваи го создава соло перформансот “On Display“ во 2021 година, премиерно изведено во “Künstlerhaus Mousonturm“, Франкфурт, како дел од „Tanzfestival Rhein Main“. Тој е учесник во повеќе проекти на други кореографи како „Oracle and Sacrifice In The Woods“ во 2021 година и „Thyestes Brüder! Kapital“од 2019 година, на германската кореографка и режисерка Клаудија Босе; „Марк“ во 2017 година на сингапурскиот кореограф Даниел Кок; и „There Is Speficifisfety“ во 2018 година, соработка со малезискиот кореограф и танчер Ли Рен Син.

The post Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина appeared first on Република.

]]>
Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-shtip-prv-festival-za-sovremena-muzika-na-muzichkata-akademija-pri-ugd/ Mon, 05 Jun 2023 07:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=647847

Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика.

Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но воедно и нуди можност на македонската публика да слушне настапи и концерти на веќе афирмирани уметници.

Современа музика е дел од програмата на светските концертни сцени и го буди интересот кај широкиот аудиториум. Сакајќи да ги пренесеме пoзитивните трендови од најпознатите музички центри го формиравме Фестивалот на современа музика на Музичката академија. Публиката во Штип и пошироко ќе има можност да слушне квалитетни концерти и поблиску да се запознае со современата музика, а со тоа да биде дел од светската современа концертна сцена, наведуваат организаторите.

На првата фестивалска вечер, во „Безистен“ ќе настапи реномираното камерно „Трио Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. На репертоарот ќе бидат изведени дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски.

На втората фестивалска вечер, утре вечер од 19 часот, исто во УГ „Безистен“ ќе настапат најдобрите студенти на Музичката академија кои ќе се претстават со дела од различни композитори и епохи.

The post Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД appeared first on Република.

]]>

Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но воедно и нуди можност на македонската публика да слушне настапи и концерти на веќе афирмирани уметници.
Современа музика е дел од програмата на светските концертни сцени и го буди интересот кај широкиот аудиториум. Сакајќи да ги пренесеме пoзитивните трендови од најпознатите музички центри го формиравме Фестивалот на современа музика на Музичката академија. Публиката во Штип и пошироко ќе има можност да слушне квалитетни концерти и поблиску да се запознае со современата музика, а со тоа да биде дел од светската современа концертна сцена, наведуваат организаторите.
На првата фестивалска вечер, во „Безистен“ ќе настапи реномираното камерно „Трио Академико“ во состав Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. На репертоарот ќе бидат изведени дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски. На втората фестивалска вечер, утре вечер од 19 часот, исто во УГ „Безистен“ ќе настапат најдобрите студенти на Музичката академија кои ќе се претстават со дела од различни композитори и епохи.

The post Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД appeared first on Република.

]]>
Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dve-koreografii-od-skopje-tancoviot-teatar-na-festivalot-share-vo-bratislava/ Thu, 02 Jun 2022 08:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=510042

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит.

Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година.

Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија.

Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии.

Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит. Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година. Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија. Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии. Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>