уганда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uganda/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Apr 2023 08:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уганда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uganda/ 32 32 Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-pretsedatelot-na-uganda-narekuvajte-me-putinist-ke-ispratime-armija-da-ja-brani-moskva/ Thu, 06 Apr 2023 08:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=627817

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана.

„Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин.

Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите.

Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News.

Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана. „Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин. Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите. Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News. Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>
Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/horor-vo-novogodishnata-nok-stampedo-vo-trgovski-tsentar-vo-uganda-najmalku-devet-zhrtvi/ Sun, 01 Jan 2023 12:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=592500

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција.

По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол.

Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој.

Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието.

Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми.

 

The post Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција. По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол. Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој. Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието. Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми.  

The post Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку девет жртви appeared first on Република.

]]>
Повторно се шири: Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povtorno-se-shiri-vo-dva-regiona-na-uganda-voveden-karantin-poradi-epidemija-od-ebola/ Sun, 16 Oct 2022 07:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=561611

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени нареди карантин во два региона од централниот дел на земјата каде е главното жариште на епидемијата на ебола, забранувајќи патувања, воведувајќи полициски час и наредби за затворање на места кои примаат публика.

Министерството за здравство наведе дека досега 19 лица починале од ебола, а од првото појавување на вирусот на 20 септември во земјата се потврдени 58 случаи на заразата.

Претседателот Мусави во телевизиско обраќање нареди двата региона веднаш да бидат затворени, и во следните 21 ден да има полициски час од самрак до зори, да се забранат патувања и да се затворат пазарите, баровите и црквите.

Претседателот претходно претходно им нареди на традиционалните исцелители да престанат да се грижат за болните во обид да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата да го уапси секој за кого се сомневаат дека е заразен со ебола, а одбива изолација.

Во Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, заразата која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго.

Вирусот на ебола или хеморагична треска може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.

 

The post Повторно се шири: Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени нареди карантин во два региона од централниот дел на земјата каде е главното жариште на епидемијата на ебола, забранувајќи патувања, воведувајќи полициски час и наредби за затворање на места кои примаат публика. Министерството за здравство наведе дека досега 19 лица починале од ебола, а од првото појавување на вирусот на 20 септември во земјата се потврдени 58 случаи на заразата. Претседателот Мусави во телевизиско обраќање нареди двата региона веднаш да бидат затворени, и во следните 21 ден да има полициски час од самрак до зори, да се забранат патувања и да се затворат пазарите, баровите и црквите. Претседателот претходно претходно им нареди на традиционалните исцелители да престанат да се грижат за болните во обид да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата да го уапси секој за кого се сомневаат дека е заразен со ебола, а одбива изолација. Во Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, заразата која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго. Вирусот на ебола или хеморагична треска може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.  

The post Повторно се шири: Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола appeared first on Република.

]]>
Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-uganda-16-lica-zarazeni-so-ebola-od-pochetokot-na-epidemijata/ Sun, 25 Sep 2022 19:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=554162

Министерството за здравство на Уганда денеска соопшти дека од вторникот, кога во земјата беше прогласена епидемијата на ебола, 16 лица се заразени со вирусот на хеморагична треска.

Властите во петокот соопштија дека четири лица починале од ебола за три дена, додавајќи дека епидемијата ја зафатила централна Уганда.

Засега нема потврдени случаи на инфекција во главниот град, додаде Министерството.

Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго.

Вирусот ебола може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.

 

The post Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Уганда денеска соопшти дека од вторникот, кога во земјата беше прогласена епидемијата на ебола, 16 лица се заразени со вирусот на хеморагична треска. Властите во петокот соопштија дека четири лица починале од ебола за три дена, додавајќи дека епидемијата ја зафатила централна Уганда.
Засега нема потврдени случаи на инфекција во главниот град, додаде Министерството.
Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго. Вирусот ебола може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.  

The post Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата appeared first on Република.

]]>
Во Уганда прогласена епидемија на ебола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-uganda-proglasena-epidemija-na-ebola/ Tue, 20 Sep 2022 08:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=552497

Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО).

Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна починал и 24-годишен маж со симптоми на ебола.

Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец.

Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствена установа, соопшти СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.

The post Во Уганда прогласена епидемија на ебола appeared first on Република.

]]>

Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна починал и 24-годишен маж со симптоми на ебола. Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец. Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствена установа, соопшти СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.

The post Во Уганда прогласена епидемија на ебола appeared first on Република.

]]>
Слон прегазил до смрт научник во Уганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slon-pregazil-do-smrt-nauchnik-vo-uganda/ Wed, 13 Apr 2022 12:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=487902

Слон прегазил колумбиски научник кој проучувал шимпанза во националниот парк Кибали во западна Уганда.

Според порталот „Swissinfo“, Себастијан Рамирез Амаја од Американскиот државен универзитет во Аризона (АСУ) починал на лице место по нападот на слон во неделата.

Тој и неговиот помошник наишле на осамен слон кој ги нападнал и почнал да трча по нив, поради што морале да се разделат. Слонот трчал по Себастијан и го згмечил - соопштија властите на Уганда.

Амаја работел на својот докторат како дел од истражувањето на општествениот живот на шимпанзата.

„Swissinfo“ пренесува дека ова е втор смртен случај за кратко време, бидејќи слон уби саудиска туристка во друг национален парк пред три месеци.

The post Слон прегазил до смрт научник во Уганда appeared first on Република.

]]>

Слон прегазил колумбиски научник кој проучувал шимпанза во националниот парк Кибали во западна Уганда.
Според порталот „Swissinfo“, Себастијан Рамирез Амаја од Американскиот државен универзитет во Аризона (АСУ) починал на лице место по нападот на слон во неделата. Тој и неговиот помошник наишле на осамен слон кој ги нападнал и почнал да трча по нив, поради што морале да се разделат. Слонот трчал по Себастијан и го згмечил - соопштија властите на Уганда.
Амаја работел на својот докторат како дел од истражувањето на општествениот живот на шимпанзата. „Swissinfo“ пренесува дека ова е втор смртен случај за кратко време, бидејќи слон уби саудиска туристка во друг национален парк пред три месеци.

The post Слон прегазил до смрт научник во Уганда appeared first on Република.

]]>