удавено дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/udaveno-dete/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Aug 2022 08:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png удавено дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/udaveno-dete/ 32 32 Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-antalija-14-godishno-momche-se-udavi-vo-bazen-na-letuvanje/ Tue, 16 Aug 2022 08:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=540797

Момче се удавило во базен на хотел во Анталија, каде било на свадбен викенд заедно со неговото семејство. Семејство на 14-годишното момче со обвинувања дека на базенот во турскиот ресорт нема спасувачи, пишува „Daily Mail“.

Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.

Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјавил портпаролот на хотелот.

The post Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување appeared first on Република.

]]>

Момче се удавило во базен на хотел во Анталија, каде било на свадбен викенд заедно со неговото семејство. Семејство на 14-годишното момче со обвинувања дека на базенот во турскиот ресорт нема спасувачи, пишува „Daily Mail“. Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство. Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво. На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало. Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.
Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјавил портпаролот на хотелот.

The post Трагедија во Анталија: 14-годишно момче се удави во базен на летување appeared first on Република.

]]>
Во Пена се удави шест-годишно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-pena-se-udavi-shest-godishno-dete/ Sat, 21 May 2022 17:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=505262

Животот покрај реката Пена во тетовската населба Деребој заврши трагично за шест-годишно машко дете. Детската игра во дворот од семејната куќа го одвела до работ од реката. Се лизнало и паднало, а брзата река го повлекла неговот мало тело. Неговата мајка се фрлила по него, но не успеала да го спаси. Силниот водостој на пена веќе го однел многу подалеку од нејзините раце. Двајца соседи влегле во реката по мајката, и таа е извлечена на безбедно, но не и нејзиното дете. Цели 4 часа детското тело го бараа шест пожарникари, полицијата и спасувачки екипи.

Денеска Тим за брз одговор од ПОЗС – Тетово заедно со пожарникари од ТППЕ Тетово и припадници на Полицијата на Тетово беа ангажирани за пронаоѓање на 6 (шест) годишно дете, кој според сознанието паднал во Реката Пена, соопштија од Дирекција за заштита и спасување

Потрагата се раширила долж брегот на сите околни места. Пронајдено е во 17 часот. Детето е извадено, но без знаци за живот. Полицијата се уште врши увид и ги бара причините за оваа трагедија, а телото на детето е дадено на обдукција.

The post Во Пена се удави шест-годишно дете appeared first on Република.