училиште скандал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishte-skandal/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 10:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png училиште скандал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishte-skandal/ 32 32 Скандал во училиштето „Киро Бурназ“ во Куманово: СДС две години се слика во ново школо, а децата учат онлајн, затоа што нема клупи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-vo-uchilishteto-kiro-burnaz-vo-kumanovo-sds-dve-godini-se-slika-vo-novo-shkolo-a-detsata-uchat-onlajn-zatoa-shto-nema-klupi/ Fri, 01 Mar 2024 14:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=749957

Огромен скандал тлее во Куманово. Веќе две години, Државното средно училиште „Киро Бурназ” не работи со физичко присуство на учениците во училиштето. Наставата се одвива онлајн, преку интернет. 450 ученици седат дома!, изјави денеска Бобан Николовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

-А, причината е банална, и по две години, немало клупи и столчиња за децата!

Училиштето е под ингеренции на централната власт и со него управуваат партиски кадри од кумановската општинска организација на СДС.

Оттука:

Зошто управата на училиштето цели две години не обезбедува елементарни услови за настава?

Каде завршил стариот инвентар со кој биле опремени 20-тина училници, кабинети и лаборатории?

Зошто министерството за образование две години не презема ништо и по низа поплаки и протести на родителите чии деца две години седат дома?

Постои ли, работи ли просветен инспекторат во Македонија?

Две години училиште без клупи, вака СДС замислува европско образование, поради ваквата нефункционалност, народот со право вели дека немаме држава.

За скандалот да е поголем, лани половина влада заедно со Ковачевски којшто е од Куманово, го посетија училиштето и притоа воопшто не се потресоа за оваа срамна состојба, туку напротив, со голема помпа, а за пропагандни цели се сликаа низ полупразните простории. Беа и заминаа, а децата уште учат од дома!

Почитувани,

Никогаш не било полошо! Доста е! Време е да се промени власта, време е да ги поразиме и да си ја вратиме државата!, порача Николовски.

The post Скандал во училиштето „Киро Бурназ“ во Куманово: СДС две години се слика во ново школо, а децата учат онлајн, затоа што нема клупи appeared first on Република.

]]>

Огромен скандал тлее во Куманово. Веќе две години, Државното средно училиште „Киро Бурназ” не работи со физичко присуство на учениците во училиштето. Наставата се одвива онлајн, преку интернет. 450 ученици седат дома!, изјави денеска Бобан Николовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
-А, причината е банална, и по две години, немало клупи и столчиња за децата! Училиштето е под ингеренции на централната власт и со него управуваат партиски кадри од кумановската општинска организација на СДС. Оттука: Зошто управата на училиштето цели две години не обезбедува елементарни услови за настава? Каде завршил стариот инвентар со кој биле опремени 20-тина училници, кабинети и лаборатории? Зошто министерството за образование две години не презема ништо и по низа поплаки и протести на родителите чии деца две години седат дома? Постои ли, работи ли просветен инспекторат во Македонија? Две години училиште без клупи, вака СДС замислува европско образование, поради ваквата нефункционалност, народот со право вели дека немаме држава. За скандалот да е поголем, лани половина влада заедно со Ковачевски којшто е од Куманово, го посетија училиштето и притоа воопшто не се потресоа за оваа срамна состојба, туку напротив, со голема помпа, а за пропагандни цели се сликаа низ полупразните простории. Беа и заминаа, а децата уште учат од дома! Почитувани, Никогаш не било полошо! Доста е! Време е да се промени власта, време е да ги поразиме и да си ја вратиме државата!, порача Николовски.

The post Скандал во училиштето „Киро Бурназ“ во Куманово: СДС две години се слика во ново школо, а децата учат онлајн, затоа што нема клупи appeared first on Република.

]]>