училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishta/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 17:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishta/ 32 32 Нема струја во дел од штипските населби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-struja-vo-del-od-shtipskite-naselbi/ Mon, 25 Nov 2024 17:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=841668

Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија.

На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен.

Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.

The post Нема струја во дел од штипските населби appeared first on Република.

]]>

Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија. На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен. Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.  

The post Нема струја во дел од штипските населби appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-site-rekonstruktsii-na-uchilishta-i-studentski-domovi-zadolzhitelno-se-energetski-efikasni-taka-se-namaluvaat-emisiite-na-shtetni-gasovi-i-se-zashtituva-zhivotnata-sredina/ Mon, 11 Nov 2024 13:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=836370

Квалитетот на воздухот во просториите на градинките и училиштата влијае врз физичкото и менталното здравје на децата и младите, врз нивните когнитивни функции и продуктивноста, како и на ефективноста на професорите. Затоа сите реконструкции и нови градби кои ги одобрува Министерството за образование и наука, задолжително се енергетски ефикасни, со што се намалуваат емисиите на штетни гасови и се заштитува животната средина, рече ресорната министерка Весна Јаневска на панел-дискусија за подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење, што се одржа денеска во Скопје. На дискусијата и претходеше презентација на резултатите од истражувањето на квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како држава во развој, се соочуваме со ограничени ресурси. Но, со добро планирани и применети мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот и со вклучување на сите засегнати страни – локалните самоуправи, училиштата, родителите, учениците и општествено одговорните компании, можеме да постигнеме добри резултати“, посочи министерката.

Капиталните инвестиции во 36 училишта што се во тек како и проектот за реконструкција на сите студентските домови во современи и енергетски ефикасни објекти, се дел од активностите кои ќе резултираат со подобар квалитет на воздухот. Во моментов градежни активности се одвиваат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои ќе добијат нови фасади, фотоволтаици и екосистеми за греење. За овие проактивните мерки за почист воздух во Буџетот за 2025 за Образование се алоцирани посебни финансиски средства.

Она на што посебно ќе посветиме внимание е подигнување на еколошката свест на децата и младите, преку наставни и воннаставни активности. Едукацијата за загадувањето и за влијанието на нашите постапки врз човековата околина и квалитетот на воздухот, од рана возраст, гради одговорни граѓани, кои доживотно ќе се грижат за почиста животната средина“, рече министерката Јаневска.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.

The post Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни appeared first on Република.

Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-prijavi-za-bombi-vo-uchilishtata-vo-bih-uchenitsite-evakuirani/ Fri, 18 Oct 2024 09:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=828380

Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.

Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.

„После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ.

Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.

Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.

Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.

По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

The post Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>

Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина. Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот. „После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ. Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани. Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата. Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта. По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

The post Повторно пријави за бомби во училиштата во БиХ – учениците евакуирани appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ochekuvam-site-uchilishta-da-imaat-greene/ Tue, 15 Oct 2024 10:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=827055

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.

Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.

The post Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“. -Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови. Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.
Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.
Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.  

The post Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење appeared first on Република.

]]>
Јаневска најави реформа во основното образование која нема да биде на товар на учениците: Ќе има многу спорт, информатика, претприемништво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-najavi-reforma-vo-osnovnoto-obrazovanie-koja-nema-da-bide-na-tovar-na-uchenitsite-ke-ima-mnogu-sport-informatika-pretpriemnishtvo/ Fri, 06 Sep 2024 14:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=813873

Продолжувањето на времето на престој во училиште е важно за да се подобри квалитетот на знаењата на учениците. Наставниците ќе можат подетално да навлезат во она што го предавале, ќе има повеќе време за индивидуален пристап кон учениците на кои им треба дополнителна, но и на оние на кои им треба додатна настава. Исто така, ќе има повеќе време за спортување, за воннаставни активности и програми. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека оваа реформа ќе почне во училиштата кои имаат можност за едносменска настава и дека нема да биде товар за децата.

Наставниците, по закон, и сега треба да остануваат во училиште по 6 часа. Со реформата, заедно со учениците, ќе остануваат и подолго. Реформата е наставниците да станат функционални, во полза на знаењето, компетенциите и вештините на учениците. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања, кои покажуваат дека нашите ученици доцнат во однос на нивните врсници од Европа. Идејата е да спроведеме нешто што дало ефекти во високоразвиените земји, објасни министерката Јаневска.

Учениците нема цел ден да бидат над книга. Министерката посочи дека наставниот материјал учениците ќе го совладуваат интерактивно, ако имаат домашна работа, истражување, проектна задача, ќе можат да ги завршат.

Учениците ќе имаат многу спорт, информатика, претприемништво, се она што им е потребно за реално да влезат во животот за кој се подготвуваат, да научат критички да мислат, да решаваат проблеми, мирно решавање на конфликти, препознавање на булинг, прифаќање на различности. Се ова досегашниот образовен систем не го овозможувал. Затоа мислиме дека е потребно наставниците повеќе да се ангажираат. На децата нема да им биде тежок престојот, дополнително ќе имаат и пауза, и разговори, и слободно време, празен час каде ќе завршат некоја обврска или ќе се одморат“, нагласи министерката Јаневска.

The post Јаневска најави реформа во основното образование која нема да биде на товар на учениците: Ќе има многу спорт, информатика, претприемништво appeared first on Република.

Јаневска: Вложуваме во модерна образовна инфраструктура и квалитетен воспитно – образовен процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vlozhuvame-vo-moderna-obrazovna-infrastruktura-i-kvaliteten-vospitno-obrazoven-protses/ Wed, 21 Aug 2024 12:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=808669

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска е во посета на општина Кавадарци каде заедно со градоначалникот Митко Јанчев извршија увид во активностите за реконструкција на кровот на основното училиште „Тошо Велков – Пепето“.

Станува збор за инвестиција во вредност од 9 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука, која целосно ќе биде реализирана до крајот на 2024 година. Имаме низа тековни инфраструктурни инвестиции, а во иднина нивниот број значително ќе се зголеми, со оглед на намерите на Владата за континуиран раст на буџетот наменет за образование, рече Јаневска.

Таа посочи дека Кавадарци е една од оние локални самоуправи кои имаат визија за модерно образование и долгорочен план како квалитетот да го одржуваат, но и постојано да го унапредуваат.

Пријатно сум изненадена од посветеноста на градоначалникот и воопшто на локалната самоуправа кон учениците и наставниците и обезбедувањето на подобри услови за настава и за работа во училиштата“, потенцираше Јаневска, додавајќи дека иако процесот на децентрализација во државата се уште не е целосно завршен и голем број општини постојано чекаат поддршка и насоки од централните институции, овде како што рече, изгледа како тој процес да е завршен, работите се поинаку сфатени и преземени целосно во свои раце.

Градоначалникот Јанчев информираше дека со инвестиција од 100 милиони денари се градат четири нови спортски сали во подрачни основни училишта, се реконструира ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ каде се вложени 5 милиони денари, но и дека во сите училишта поставени се фотоволтаици кои обезбедуваат големи заштеди во општинскиот буџет.

Во моментов проектираме 26 нови училници во 4 основни училишта од вкупно 8те општински, за да може од септември 2025 година, сите објекти да имаат едносменска настава, рече Јанчев.

Тој додаде дека општината секој ден се обезбедува бесплатен оброк за 1800 ученици од прво до петто одделение и дека се целосно подготвени за успешен почеток на учебната година.

The post Јаневска: Вложуваме во модерна образовна инфраструктура и квалитетен воспитно – образовен процес appeared first on Република.

МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-mu-gi-vrati-ingerentsiite-na-gradonachalnikot-toni-konanovski-za-trite-bitolski-uchilishta/ Tue, 06 Aug 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=803917

Министерството за образование и наука ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за именување и разрешување на директори на основните училишта „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани и „Свети Климент Охридски“ во Битола, како и на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.

Од Општина Битола соопштија дека Министерството за образование ги укинало решенијата за одземање на вршење работи од надлежност на градоначалникот на Општина Битола, по барање на Коњановски, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и на работите во областа на образованието, како и за успешно започнување на учебната 2024/2025 година.

Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од поранешната централна власт, само во делот на ангажирањето наставен кадар, именувањето и разрешувањето в.д. директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго, за кои Општината годишно издвојува околу еден милион евра само за основните училишта, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и тие остануваат во надлежност на Општината и во училиштата каде што се одзедоа ингеренциите, нагласуваат од Општина Битола.

The post МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за именување и разрешување на директори на основните училишта „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани и „Свети Климент Охридски“ во Битола, како и на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола. Од Општина Битола соопштија дека Министерството за образование ги укинало решенијата за одземање на вршење работи од надлежност на градоначалникот на Општина Битола, по барање на Коњановски, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и на работите во областа на образованието, како и за успешно започнување на учебната 2024/2025 година.
Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од поранешната централна власт, само во делот на ангажирањето наставен кадар, именувањето и разрешувањето в.д. директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго, за кои Општината годишно издвојува околу еден милион евра само за основните училишта, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и тие остануваат во надлежност на Општината и во училиштата каде што се одзедоа ингеренциите, нагласуваат од Општина Битола.

The post МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта appeared first on Република.

]]>
Јаневска: МОН прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменска настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-mon-pravi-analiza-vo-koi-osnovni-i-sredni-uchilishta-mozhe-da-se-organizira-ednosmenska-nastava/ Thu, 11 Jul 2024 07:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=795624

Новата Влада ќе направи сѐ што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките. Во разговорот за Радио МОФ, министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем.

Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. План на новата Влада е претшколското образование, во некое догледно време, да влезе во системот на образование под ингеренции на Министерството за образование и наука, коешто ќе работи на обезбедување услови за да можат повеќе деца да посетуваат градинка како и на прилагодување на програмите за воспитно-образовна дејност во градинките. Приватните градинки се едно од решенијата за проблемот со чекањето за упис, не верувам дека ќе бидат достапни за сите граѓани, но очекувам дека ќе го намалат притисокот во државните градинки - рече Јаневска.

За најавената настава во една смена на ниво на цела држава, министерката Јаневска објасни дека тоа е програмската определба на ВМРО ДПМНЕ, дека се однесува на основното и на средното образование, и дека следи период на градење услови за да може да се реализира.

Некои училишта можат тоа да го изведат и сега, но има и училишта во кои се работи во две или три смени. Во моментов во Министерството се прави анализа, по што, онаму каде што има услови, ќе побараме тие училишта да работат само во една смена. Ова е значајно не само затоа што е поприродно учениците наутро одморени да доаѓаат на настава, туку и затоа што овозможува подолг престој на учениците во училиште и реализација на многу дополнителни наставни и воннаставни активности. Оваа практика во светот се покажала како многу корисна. Во договор со Бирото за развој на образованието, кое има изготвено наставни програми за бројни изборни предмети, тие ќе им бидат понудени на училиштата - рече министерката.

Таа објасни дека наставниците можат да ја користат слободата во процесот на поучување и со примена на разни методи, дидактички средства и слично, да ги реализираат наставните и воннаставните активности, со цел подигнување на квалитетот на образованието.

The post Јаневска: МОН прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменска настава appeared first on Република.

Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iselenitsite-ke-parkiraat-po-uchilishnite-dvorovi-za-da-se-izbegne-guzhvata/ Fri, 05 Jul 2024 17:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=793717

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето
и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово.

Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на
возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично.

Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.

Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово. Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично. Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.
Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-merko-za-nezakonsko-naznachuvane-direktori-vo-uchilishtata-toj-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Thu, 20 Jun 2024 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=789321

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.

Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.

Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.

Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.

Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените.

Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка.

Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.
Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.
Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.
Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.
Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените. Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка. Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.  

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Дворовите на пет училишта во Тетово, ќе бидат бесплатни паркинзи за гастарбајтерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvorovite-na-pet-uchilishta-vo-tetovo-ke-bidat-besplatni-parkinzi-za-gastarbajterite/ Fri, 14 Jun 2024 15:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=787633

Општина Тетово од вторник 18 јуни дворовите на пет училишта ќе ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Паркирањето таму ќе биде бесплатно.

Ова ќе го олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос, информираат од Општина Тетово.

Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“ како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

The post Дворовите на пет училишта во Тетово, ќе бидат бесплатни паркинзи за гастарбајтерите appeared first on Република.

Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masovni-zakanuvachki-mejlovi-do-uchilishta-vo-atina-porakite-bile-isprateni-od-stranski-zemji/ Wed, 29 May 2024 08:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=782642

Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси.

Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот.

Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.

The post Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји appeared first on Република.

]]>

Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси. Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот. Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.

The post Mасовни заканувачки мејлови до училишта во Атина: Пораките биле испратени од странски земји appeared first on Република.

]]>
Училиштата во северно Косово одбиваат да се отворат за гласањето за разрешување на градоначалниците на 21 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchilishtata-vo-severno-kosovo-odbivaat-da-se-otvorat-za-glasaneto-za-razreshuvane-na-gradonachalnitsite-na-21-april/ Wed, 17 Apr 2024 18:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=767236

Централната изборна комисија на Косово објави дека само десет гласачки центри од вкупно 43 се достапни во четирите северни општини, населени со мнозинско српско население, за гласањето на 21 април за смена на градоначалниците од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовската ЦИК објави дека 33 гласачки центри, главно училишни објекти, одбиле да се отворат за гласањето в недела, поради што интензивно се работи на изнаоѓање алтернативни локации за гласање во општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Шефот на секретаријатот на ЦИК, Бурим Ахметај, рече дека директорите на училиштата на северот одбиле да ѝ дадат пристап на ЦИК со тврдење дека имаат училишни и културни активности на денот на изборите.

Сепак, рече тој, се работи на идентификување на локации за отворање на алтернативни центри за гласање на 21 април.

Членот на ЦИК од редовите на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Сами Куртеши побара кривично гонење за одговорните лица кои одбија да ги дадат на користење училишните објекти за гласањето в недела.

Србите и српските партии ги бојкотираа општинските избори во четирите општини со мнозинско српско население во Косово, одржани на 23 април 2023 година.

По поставувањето на градоначалниците Албанци, избрани со исклучително мал број гласови, во општинските згради, со асистенција на полицијата, Србите предизвикаа немири на северот.

Подоцна се појави барањето за одржување нови избори, за што се изготви административно упатство, врз основа на кое е покрената петиција за разрешување на градоначалниците, по што, доколку се изгласа разрешувањето, ќе се распишат нови градоначалнички избори во четирите општини.

Според упатството на Владата во Приштина, ЦИК за 21 април го закажа гласањето за разрешување на актуелните градоначалници.

На ова гласање му претходеше собирањето потписи за петицијата за смена на градоначалниците Албанци на овие општини.

Петицијата ја поддржа и Српската листа, но пред десет дена, на 7 април, оваа најголема партија на косовските Срби, која ја ужива поддршката на Белград, соопшти дека нема да учествува во процесот на гласање, бидејќи, како што нагласи, „косовскиот премиер, [Албин] Курти направи сé за да спречи процесот да биде успешен“.

The post Училиштата во северно Косово одбиваат да се отворат за гласањето за разрешување на градоначалниците на 21 април appeared first on Република.

]]>

Централната изборна комисија на Косово објави дека само десет гласачки центри од вкупно 43 се достапни во четирите северни општини, населени со мнозинско српско население, за гласањето на 21 април за смена на градоначалниците од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовската ЦИК објави дека 33 гласачки центри, главно училишни објекти, одбиле да се отворат за гласањето в недела, поради што интензивно се работи на изнаоѓање алтернативни локации за гласање во општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Шефот на секретаријатот на ЦИК, Бурим Ахметај, рече дека директорите на училиштата на северот одбиле да ѝ дадат пристап на ЦИК со тврдење дека имаат училишни и културни активности на денот на изборите. Сепак, рече тој, се работи на идентификување на локации за отворање на алтернативни центри за гласање на 21 април. Членот на ЦИК од редовите на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Сами Куртеши побара кривично гонење за одговорните лица кои одбија да ги дадат на користење училишните објекти за гласањето в недела. Србите и српските партии ги бојкотираа општинските избори во четирите општини со мнозинско српско население во Косово, одржани на 23 април 2023 година. По поставувањето на градоначалниците Албанци, избрани со исклучително мал број гласови, во општинските згради, со асистенција на полицијата, Србите предизвикаа немири на северот. Подоцна се појави барањето за одржување нови избори, за што се изготви административно упатство, врз основа на кое е покрената петиција за разрешување на градоначалниците, по што, доколку се изгласа разрешувањето, ќе се распишат нови градоначалнички избори во четирите општини. Според упатството на Владата во Приштина, ЦИК за 21 април го закажа гласањето за разрешување на актуелните градоначалници. На ова гласање му претходеше собирањето потписи за петицијата за смена на градоначалниците Албанци на овие општини. Петицијата ја поддржа и Српската листа, но пред десет дена, на 7 април, оваа најголема партија на косовските Срби, која ја ужива поддршката на Белград, соопшти дека нема да учествува во процесот на гласање, бидејќи, како што нагласи, „косовскиот премиер, [Албин] Курти направи сé за да спречи процесот да биде успешен“.

The post Училиштата во северно Косово одбиваат да се отворат за гласањето за разрешување на градоначалниците на 21 април appeared first on Република.

]]>
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-uchilishtata-ke-rabotat-vo-vtornik-ke-bidat-zatvoreni-samo-prostoriite-so-izbirachki-materijal/ Wed, 17 Apr 2024 12:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=767160

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.

Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи - изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април.

Заради непречено спроведување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април и 8 мај, Владата вчера донесе одлука овие два дена да бидат неработни и да не се одработуваат.

The post Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал appeared first on Република.

]]>

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.
Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи - изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април. Заради непречено спроведување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април и 8 мај, Владата вчера донесе одлука овие два дена да бидат неработни и да не се одработуваат.

The post Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал appeared first on Република.

]]>
Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-plakaat-za-uniformi-fotografirane-uzhina-a-nikoj-ne-znae-kako-navistina-se-troshat-tie-pari/ Wed, 17 Apr 2024 09:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=767052

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН)  за нив има донесено процедури во 2014 година.

Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките.

Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од  1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари appeared first on Република.

]]>

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН)  за нив има донесено процедури во 2014 година. Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките.
Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од  1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари appeared first on Република.

]]>
Се трошат околу 10 милиони евра: Нетранспарентни набавките за униформи, фотографирање, ужина во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-troshat-okolu-10-milioni-evra-netransparentni-nabavkite-za-uniformi-fotografirane-uzhina-vo-uchilishtata/ Wed, 17 Apr 2024 09:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=767050

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН) за нив има донесено процедури во 2014 година.

Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките.

Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Се трошат околу 10 милиони евра: Нетранспарентни набавките за униформи, фотографирање, ужина во училиштата appeared first on Република.

]]>

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН) за нив има донесено процедури во 2014 година. Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките. Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Се трошат околу 10 милиони евра: Нетранспарентни набавките за униформи, фотографирање, ужина во училиштата appeared first on Република.

]]>
За една година затворени 14 училишта низ Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-edna-godina-zatvoreni-14-uchilishta-niz-makedonija/ Tue, 16 Apr 2024 09:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=766621

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици.

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

The post За една година затворени 14 училишта низ Македонија appeared first on Република.

]]>

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици. Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

The post За една година затворени 14 училишта низ Македонија appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против 26 лица oд Штип: Испорачувале помалку нафта за училиштата и градинките од количината што ја наплатувале https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-26-litsa-od-shtip-isporachuvale-pomalku-nafta-za-uchilishtata-i-gradinkite-od-kolichinata-shto-ja-naplatuvale/ Wed, 06 Mar 2024 17:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=752003

СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против 26 лица за злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување исправа и несовесно работење, така што во периодот од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта за греење од количината која што ја фактурирале и наплатувале од градинки, основни и средни училишта под надлежност на општина Штип, со што на Буџетот на општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи против З.А. (51) од Неготино и Љ.П. (43) од Неготино поднесена е пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М. (40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Љ.Т. (41) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против М.А. (62) од Штип и С.К.,(63) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против уште 20 лица од Штип, исто така, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првообвинетиот З.А. како одговорното лице во правно лице од Скопје и второобвинетиот Љ.П. – сопственик на правното лице, кое се јавува како носител на јавна набавка за испорака на нафта за греење - екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), распишана од општина Штип за потребите на градинките, основните и средните училишта под надлежност на општина Штип, од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта од количината која што ја фактурирале и наплатувале од горенаведените установи.

Третопријавениот А.М. - вработен во општина Штип, со овластување од градоначалникот на општина Штип да врши прием, распределба и достава на нафта во установите, разликата од фактурираната количина и реално доставената количина, според оригиналните вагарски белешки евидентирани во електронскиот систем на вагата на терминал во Штип ја прикривале на тој начин што изготвувале лажни вагарски белешки, кои третопријавениот ги приложувал во општина Штип, во списите од предметот на јавната набавка.

Четвртопријавениот Љ.Т. - возач на цистерната со која е доставувана нафтата, и покрај тоа што знаел дека се испорачува помала количина на нафта, изготвувал товарни листови со невистинити количини, со што им помагал на прво и второпријавените во дејствијата.

Петтопријавениот М.А. - овластено лице за прием на нафта но општина Штип, не постапил согласно своите овластувања, односно пред и по источување на нафта кај корисниците, не вршел претварање на разликата на нафта од килограми во литри според коефициентот на густина на нафтата, евидентиран во Сертификатот кој му го приложувал четвртопријавениот.

Шестопријавената С.К. – секретар на општина Штип, на 26.01.2021 година по распределба на нафта по јавните установи во општина Штип, била запознаена дека се појавувало разлика од помалку доставена нафта од онаа која што била наведена во записниците и испратниците. После тоа, таа со допис барала документ за точноста на вагата во терминалот во Штип, а откако била известена дека вагата е точна не презела никакви понатамошни мерки за корегирање на наведениот недостаток на нафта до носителот на јавната набавка.

Останатите 20 лица – М.К., М.А., В.Ќ., Б.С., И.М., Р.П., С.Д., Г.К., Д.М., К.Р., З.Ш., И.Г., Д.К., Д.Д., Т.А., Б.С., Т.Н., П.М., К.Н. и Б.Ќ., сите од Штип, во својство на одговорни лица за прием на нафта во јавните установи, при примањето на нафтата од возачот ја потпишувале испратницата без целосно да ја спроведат постапката за прием на нафта, односно мерење на висината на нивото на резервоарот пред и по источување и внесување на истите мерки во Записникот за измерено ниво нафта во резервоарот.

Со ваквите дејствија на Буџетот на општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари.

The post Кривична пријава против 26 лица oд Штип: Испорачувале помалку нафта за училиштата и градинките од количината што ја наплатувале appeared first on Република.

]]>

СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против 26 лица за злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување исправа и несовесно работење, така што во периодот од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта за греење од количината која што ја фактурирале и наплатувале од градинки, основни и средни училишта под надлежност на општина Штип, со што на Буџетот на општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи против З.А. (51) од Неготино и Љ.П. (43) од Неготино поднесена е пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против А.М. (40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, против Љ.Т. (41) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против М.А. (62) од Штип и С.К.,(63) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против уште 20 лица од Штип, исто така, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првообвинетиот З.А. како одговорното лице во правно лице од Скопје и второобвинетиот Љ.П. – сопственик на правното лице, кое се јавува како носител на јавна набавка за испорака на нафта за греење - екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), распишана од општина Штип за потребите на градинките, основните и средните училишта под надлежност на општина Штип, од 2021 до 2023 година во 35 наврати испорачале многу помала количина на нафта од количината која што ја фактурирале и наплатувале од горенаведените установи. Третопријавениот А.М. - вработен во општина Штип, со овластување од градоначалникот на општина Штип да врши прием, распределба и достава на нафта во установите, разликата од фактурираната количина и реално доставената количина, според оригиналните вагарски белешки евидентирани во електронскиот систем на вагата на терминал во Штип ја прикривале на тој начин што изготвувале лажни вагарски белешки, кои третопријавениот ги приложувал во општина Штип, во списите од предметот на јавната набавка. Четвртопријавениот Љ.Т. - возач на цистерната со која е доставувана нафтата, и покрај тоа што знаел дека се испорачува помала количина на нафта, изготвувал товарни листови со невистинити количини, со што им помагал на прво и второпријавените во дејствијата. Петтопријавениот М.А. - овластено лице за прием на нафта но општина Штип, не постапил согласно своите овластувања, односно пред и по источување на нафта кај корисниците, не вршел претварање на разликата на нафта од килограми во литри според коефициентот на густина на нафтата, евидентиран во Сертификатот кој му го приложувал четвртопријавениот. Шестопријавената С.К. – секретар на општина Штип, на 26.01.2021 година по распределба на нафта по јавните установи во општина Штип, била запознаена дека се појавувало разлика од помалку доставена нафта од онаа која што била наведена во записниците и испратниците. После тоа, таа со допис барала документ за точноста на вагата во терминалот во Штип, а откако била известена дека вагата е точна не презела никакви понатамошни мерки за корегирање на наведениот недостаток на нафта до носителот на јавната набавка. Останатите 20 лица – М.К., М.А., В.Ќ., Б.С., И.М., Р.П., С.Д., Г.К., Д.М., К.Р., З.Ш., И.Г., Д.К., Д.Д., Т.А., Б.С., Т.Н., П.М., К.Н. и Б.Ќ., сите од Штип, во својство на одговорни лица за прием на нафта во јавните установи, при примањето на нафтата од возачот ја потпишувале испратницата без целосно да ја спроведат постапката за прием на нафта, односно мерење на висината на нивото на резервоарот пред и по источување и внесување на истите мерки во Записникот за измерено ниво нафта во резервоарот. Со ваквите дејствија на Буџетот на општина Штип била предизвикана штета во износ од 18.403.386 денари.

The post Кривична пријава против 26 лица oд Штип: Испорачувале помалку нафта за училиштата и градинките од количината што ја наплатувале appeared first on Република.

]]>
Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите обврски и надлежности во образованието, покажуваат контролите на ДПИ во школите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovo-e-opshtina-koja-najlosho-gi-menadhira-svoite-obvrski-i-nadlezhnosti-vo-obrazovanieto-pokazhuvaat-kontrolite-na-dpi-vo-shkolite/ Fri, 16 Feb 2024 13:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=744886

Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието. Тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните установи, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки.

Во три основни училипта - „Истикбал“, „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ – Порој и „Беса“ во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата „7ми Март“.

Во средното училиште „8ми септември“ не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор.

Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ „Лирија“ за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што известени се надлежните органи и институции за понатамошно постапување.

Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и има последици, се вели во соопштението на МОН.

The post Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите обврски и надлежности во образованието, покажуваат контролите на ДПИ во школите appeared first on Република.

]]>

Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието. Тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните установи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки. Во три основни училипта - „Истикбал“, „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ – Порој и „Беса“ во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата „7ми Март“. Во средното училиште „8ми септември“ не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор. Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ „Лирија“ за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што известени се надлежните органи и институции за понатамошно постапување.
Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и има последици, се вели во соопштението на МОН.
 
The post Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите обврски и надлежности во образованието, покажуваат контролите на ДПИ во школите appeared first on Република.

]]>
По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип https://arhiva3.republika.mk/zivot/po-raspustot-ushte-50-uchilishni-stolchina-osamnaa-prazni-vo-shtip/ Mon, 22 Jan 2024 15:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=735547

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство, пишува Плусинфо.мк.

Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24.

Целиот текст овде.

The post По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип appeared first on Република.

]]>

Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале да живеат во странство, пишува Плусинфо.мк. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во средните училишта ќе има помалку 26 ученици, а во основните училишта оваа бројка е 24. Целиот текст овде.

The post По распустот уште 50 училишни столчиња осамнаа празни во Штип appeared first on Република.

]]>