Училишна кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishna-koshnichka/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Училишна кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchilishna-koshnichka/ 32 32 Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/uchilishnata-koshnichka-donese-zashteda-do-2-000-denari-po-uchenik/ Tue, 22 Oct 2024 12:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=829894

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец.

Како што рече денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, по завршувањето на есенската кошничка Владата ќе излезе со официјални податоци и за заштедата по оваа основа.

-Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 - 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е 750 - 2 000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,... Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите.

Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје,..

The post Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик appeared first on Република.

]]>

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец. Како што рече денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, по завршувањето на есенската кошничка Владата ќе излезе со официјални податоци и за заштедата по оваа основа.
-Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 - 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е 750 - 2 000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,... Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите. Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје,..

The post Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик appeared first on Република.

]]>