учи паметно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchi-pametno/ За подобро да се разбереме Mon, 30 May 2022 11:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png учи паметно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchi-pametno/ 32 32 Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/struchnoto-obrazovanie-nudi-dobra-perspektiva-i-pogolema-verojatnost-za-brzo-vrabotuvanje-reche-zamenik-ministerot-za-obrazovanie/ Mon, 30 May 2022 11:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=508738

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните средношколци, запознавајќи ги со образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои ги нудат во учебната 2022-2023 година и информирајќи ги за компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука.

На дел од промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој ги повика младите од овие два града да се насочат кон стручното образование, затоа што, како што рече нуди добра перспектива, поголема веројатност за брзо вработување по формализација на образовниот процес, но и добра основа за понатамошна академска надградба.

Рече дека ова е пораката која ја испраќа во сите градови кои ги посетува периодов, а во пресрет на уписите во средно образование кои започнуваат кон средината на следниот месец и за прв пат ќе се спроведуваат електронски, што е големо олеснување за учениците и нивните семејства.

Алиу потсети дека за само година и половина од 11 дуални паралелки, во моментов отворени се 97, а од идната учебна година ќе функционираат 227, во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Како што рече, тоа е резултат на успешната кампања „Учи паметно, работи стручно“ за што изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи на истата.

Заменик министерот рече и дека условите во стручните училишта постојано се подобруваат со инвестиции на МОН, информирајќи дека токму две такви инвестиции наскоро целосно ќе се реализираат, односно привршува замената на фасадата и внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, како и фасадата и подовите во СОУ Ѓорче Петров, двете училишта во Прилеп кои денеска ги посети.

The post Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование appeared first on Република.

]]>

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните средношколци, запознавајќи ги со образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои ги нудат во учебната 2022-2023 година и информирајќи ги за компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука. На дел од промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој ги повика младите од овие два града да се насочат кон стручното образование, затоа што, како што рече нуди добра перспектива, поголема веројатност за брзо вработување по формализација на образовниот процес, но и добра основа за понатамошна академска надградба. Рече дека ова е пораката која ја испраќа во сите градови кои ги посетува периодов, а во пресрет на уписите во средно образование кои започнуваат кон средината на следниот месец и за прв пат ќе се спроведуваат електронски, што е големо олеснување за учениците и нивните семејства. Алиу потсети дека за само година и половина од 11 дуални паралелки, во моментов отворени се 97, а од идната учебна година ќе функционираат 227, во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Како што рече, тоа е резултат на успешната кампања „Учи паметно, работи стручно“ за што изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи на истата. Заменик министерот рече и дека условите во стручните училишта постојано се подобруваат со инвестиции на МОН, информирајќи дека токму две такви инвестиции наскоро целосно ќе се реализираат, односно привршува замената на фасадата и внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, како и фасадата и подовите во СОУ Ѓорче Петров, двете училишта во Прилеп кои денеска ги посети.

The post Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование appeared first on Република.

]]>