ученички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchenichki/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 10:33:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ученички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchenichki/ 32 32 Македонски ученички освоија два бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medali-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/ Fri, 21 Jul 2023 10:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=663867

На третата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023), која од 15 до 21 јули се одржува во Лунд, Шведска, македонски ученички освоија два бронзени медала.

Бронзените медали за Македонија ги освоија Софија Велковска од Скопје и Јована Трифуноска од Тетово, а солиден резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Атина Рувинова од Охрид.

Тимот е раководен од лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ученичките беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 34-ти пат.

Вклучувајќи ги овие два медала, македонските ученички на трите досегашни изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден сребрен и четири бронзени медали, што претставува успех со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји учеснички на олимпијадата, изјави проф. Јованов.

Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Примарна цел на оваа олимпијада е да се поттикне интересот за информатиката и кај девојките, кои се забележливо помалку присутни на редовните меѓународни олимпијади по информатика.

Форматот на натпреварување е многу сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми.

Секоја земја членка на ЕОИД-заедницата учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки на возраст под 20 години, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот.

На ЕОИД 2023 учествуваат вкупно 127 учеснички од 36 европски земји, а како претставници на земји гости, во неофицијална конкуренција учествуваат и 62 ученички од 16 земји надвор од европскиот континент (како Бразил, САД, Египет, Индија, Саудиска Арабија и др.).

Успехот на нашиот тим, со освоените два бронзени медала во ваква силна конкуренција, е навистина голем и заслужува почит, истакнува проф. Јованов.

Следната, четврта по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024) ќе се одржи идната година, во Ајндховен, Холандија. Следен настан, пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Сегедин, Унгарија, кон крајот на август.

The post Македонски ученички освоија два бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки appeared first on Република.

]]>

На третата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023), која од 15 до 21 јули се одржува во Лунд, Шведска, македонски ученички освоија два бронзени медала. Бронзените медали за Македонија ги освоија Софија Велковска од Скопје и Јована Трифуноска од Тетово, а солиден резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Атина Рувинова од Охрид. Тимот е раководен од лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ученичките беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 34-ти пат.
Вклучувајќи ги овие два медала, македонските ученички на трите досегашни изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден сребрен и четири бронзени медали, што претставува успех со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји учеснички на олимпијадата, изјави проф. Јованов.
Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Примарна цел на оваа олимпијада е да се поттикне интересот за информатиката и кај девојките, кои се забележливо помалку присутни на редовните меѓународни олимпијади по информатика. Форматот на натпреварување е многу сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми. Секоја земја членка на ЕОИД-заедницата учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки на возраст под 20 години, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На ЕОИД 2023 учествуваат вкупно 127 учеснички од 36 европски земји, а како претставници на земји гости, во неофицијална конкуренција учествуваат и 62 ученички од 16 земји надвор од европскиот континент (како Бразил, САД, Египет, Индија, Саудиска Арабија и др.).
Успехот на нашиот тим, со освоените два бронзени медала во ваква силна конкуренција, е навистина голем и заслужува почит, истакнува проф. Јованов.
Следната, четврта по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024) ќе се одржи идната година, во Ајндховен, Холандија. Следен настан, пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Сегедин, Унгарија, кон крајот на август.

The post Македонски ученички освоија два бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки appeared first on Република.

]]>
БВМ и ЗНЧП бараат одговор од Град Скопје зошто ученичките од средните училишта сѐ уште немаат бесплатни менструални производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/bvm-i-znchp-baraat-odgovor-od-grad-skopje-zoshto-uchenichkite-od-srednite-uchilishta-s-ushte-nemaat-besplatni-menstrualni-proizvodi/ Fri, 26 May 2023 12:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=644924

Балканска Водна Мрежа во соработка во Здружението на новинари за човекови права во пресрет на 28 Мај – Светскиот ден на менструалната хигиена, денеска одржа „герила акција“ пред просториите на Град Скопје за да ја прашаат градоначалничката зошто ученичките во средните училишта втора година по ред не добиваат бесплатни менструални производи.
Претседателката на БВМ, Наташа Доковска Спировска, потсети за ветувањето на градоначалничката Данела Арсовска дадено во 2021 година.

Во декември 2021 година, за време на јавното обраќање, дадовте ветување да вклучите буџетска ставка специјално наменета за бесплатни менструални производи во градскиот буџет. Оваа објава беше дочекана со голем ентузијазам и беше оценета како значаен чекор напред во справувањето со менструалната сиромаштија и промовирањето на благосостојбата на девојчињата во средните училишта во Скопје, изјави Доковска Спировска.

Додаде дека покрај вклучувањето на оваа буџетска ставка теоретски, недостига реализација поради што младите девојки втора година по ред не ја добиваат поддршката што им била ветена.

Бараме Градот Скопје, под ваше почитувано раководство, да преземе проактивни чекори за спроведување на родово одговорно буџетирање и обезбедување бесплатни менструални производи во сите средни училишта, истакна претседателката на БВМ.

Акцијата се одржа во склоп на проектот „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување” во чии рамки се врши мониторинг на ветувањето на Град Скопје за бесплатна поделба на производи за управување со менструалното здравје.

Организаторите потсетуваат дека ваквата одлука е донесена на 30 декември 2021 година за буџетот на Град Скопје за 2022 година.

The post БВМ и ЗНЧП бараат одговор од Град Скопје зошто ученичките од средните училишта сѐ уште немаат бесплатни менструални производи appeared first on Република.

]]>

Балканска Водна Мрежа во соработка во Здружението на новинари за човекови права во пресрет на 28 Мај – Светскиот ден на менструалната хигиена, денеска одржа „герила акција“ пред просториите на Град Скопје за да ја прашаат градоначалничката зошто ученичките во средните училишта втора година по ред не добиваат бесплатни менструални производи. Претседателката на БВМ, Наташа Доковска Спировска, потсети за ветувањето на градоначалничката Данела Арсовска дадено во 2021 година.
Во декември 2021 година, за време на јавното обраќање, дадовте ветување да вклучите буџетска ставка специјално наменета за бесплатни менструални производи во градскиот буџет. Оваа објава беше дочекана со голем ентузијазам и беше оценета како значаен чекор напред во справувањето со менструалната сиромаштија и промовирањето на благосостојбата на девојчињата во средните училишта во Скопје, изјави Доковска Спировска.
Додаде дека покрај вклучувањето на оваа буџетска ставка теоретски, недостига реализација поради што младите девојки втора година по ред не ја добиваат поддршката што им била ветена.
Бараме Градот Скопје, под ваше почитувано раководство, да преземе проактивни чекори за спроведување на родово одговорно буџетирање и обезбедување бесплатни менструални производи во сите средни училишта, истакна претседателката на БВМ.
Акцијата се одржа во склоп на проектот „Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување” во чии рамки се врши мониторинг на ветувањето на Град Скопје за бесплатна поделба на производи за управување со менструалното здравје. Организаторите потсетуваат дека ваквата одлука е донесена на 30 декември 2021 година за буџетот на Град Скопје за 2022 година.  

The post БВМ и ЗНЧП бараат одговор од Град Скопје зошто ученичките од средните училишта сѐ уште немаат бесплатни менструални производи appeared first on Република.

]]>
Отруени ученички од Иран кои протестираа против носењето хиџаб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otrueni-uchenichki-od-iran-koi-protestiraa-protiv-noseneto-hidhab/ Wed, 01 Mar 2023 09:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=614558

Иранските власти потврдија дека го истражуваат труењето на неколку ученички кои неодамна учествуваа на протестите против носењето хиџаб.

По труењето на неколку ученички во градовите Кому и Боруџерд, луѓето се пожалија и рекоа дека треба да се затворат училиштата, особено училиштата за девојчиња. Ученичките беа отруени, а хемиските соединенија што се користат за труење не се хемикалии што се користат во војна. На ученичките не им е потребен сериозен медицински третман. Нивната состојба може да се лекува“, изјави заменик-министерот за образование на Иран, Јунес Панахи.

Иранските власти велат дека труењето на ученичките било направено намерно, потврди член на парламентарната здравствена комисија Хомајун Самеја Наџафабади.

Во изјава за „Гардијан“, лекар специјализиран за третман на жртви од труење рече дека според достапните информации, најверојатната причина за труењето може да биде слаб органофосфатен агенс.

Доколку некои од отруените ученички се потат многу, прекумерно лачат плунка, повраќаат, имаат хипермотилитет на цревата и дијареа, тогаш можно е нападот да е извршен со овој агенс. Верувам дека мотивот на труењето бил да се исплашат демонстрантите против Владата во Иран. Тие сакаат да им се одмаздат на ученичките кои беа приведени за време на неодамнешните протести.

Нападите доведоа до тоа девојчињата да не одат на училиште. Наставник од Ком, град на околу 137 километри од Техеран, изјави за „Радио Фарда“ дека само 50 ученици од 250 присуствувале на настава. Минатата недела гневните родители протестираа пред канцеларијата на гувернерот во Ком, а неколку училишта беа затворени поради тековната истрага.

Мислам дека овој хемиски напад е одмазда на Исламската Република против храбрите жени кои го отфрлија хиџабот и ја потресоа владата. Бидејќи иранскиот режим на Исламската држава мрази девојки и жени, ги повикувам жените ширум светот да бидат гласот на иранските ученички и да ги повикаат лидерите на демократските земји да ја осудат оваа серија труења и да го изолираат иранскиот режим.

The post Отруени ученички од Иран кои протестираа против носењето хиџаб appeared first on Република.

]]>

Иранските власти потврдија дека го истражуваат труењето на неколку ученички кои неодамна учествуваа на протестите против носењето хиџаб.
По труењето на неколку ученички во градовите Кому и Боруџерд, луѓето се пожалија и рекоа дека треба да се затворат училиштата, особено училиштата за девојчиња. Ученичките беа отруени, а хемиските соединенија што се користат за труење не се хемикалии што се користат во војна. На ученичките не им е потребен сериозен медицински третман. Нивната состојба може да се лекува“, изјави заменик-министерот за образование на Иран, Јунес Панахи.
Иранските власти велат дека труењето на ученичките било направено намерно, потврди член на парламентарната здравствена комисија Хомајун Самеја Наџафабади. Во изјава за „Гардијан“, лекар специјализиран за третман на жртви од труење рече дека според достапните информации, најверојатната причина за труењето може да биде слаб органофосфатен агенс.