учебник по историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchebnik-po-istorija/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Dec 2022 13:57:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png учебник по историја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchebnik-po-istorija/ 32 32 Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-minov-uchebnikot-kje-proizvede-deca-koi-nema-da-mozat-da-se-snajdat-nitu-vo-prostorot-nitu-vo-vremeto/ Tue, 20 Dec 2022 14:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=588006

Професорот Никола Минов од Филозофскиот факултет во интервју за „Слободен печат“ како убедливо најлош учебник по историја досега, го оцени последниот учебник на МОН „Историја и општество за петто одделение, нагласувајќи дека низ неговото повегодишно искуство низ образовниот процес и како некогашен ученик и како универзитетски професор во последните 12 години наишол на прилично квалитетни, но и просечни, па и подпросечну учебници за предметот Историја.

Ова е учебник којшто ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето, што нема да знаат што е лево, што е десно, што е гору, што е долу, нешто што страшно ќе им се одрази во животот, за жал доколку овој учебник продолжи да се користи, дециден е д-р Никола Минов кој потоа своето тврдење по поткрепи со своите забелешки, односно пропустите и грешките кои постојат во овој учебник посебно во делот на историјата и географските факти.

The post Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето appeared first on Република.

]]>

Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-trebashe-da-bide-izbrkan-za-kasnenjeto-na-uchebnicite-a-greshkite-se-odgovornost-na-institucijata-shto-ja-vodi-toj/ Mon, 19 Dec 2022 16:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=587741

Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Вака активистот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денес застана во одбрана на министерот за образование Јетон Шаќири велејќи дека тој не е виновен за грешките во учебниците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-odbrana-na-shakjiri-minister-za-obrazovanie-ne-pishuva-uchebnici-avtorite-treba-da-obratat-pogolemo-vnimanie/

Учебници каснат повеќе од пола школска година, оние што се добиени полни грешки и глупости.
Премиерот, само да не се закачи со коалиционата мафија вика: Министерот не ги пишува учебниците.
Дагау…
Значи, министерот требаше да биде избркан за каснењето, а грешките и се останато е одговорност на институцијата и тој што ја води. Вие одговорност не положивте за многу пострашни работи, ве заболе вас за учебници и образование.
Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка.
Инаку, гледате поддршката за ЕУ висока и без вас, што значи граѓаните си опстојуваат на патот, а вие освен што устите ви се полни ЕУ, патот кај го изгубивте, никогаш и не го пронајдовте.
Вашата политика е трибини за семејни кланови, ужасна кадровска политика, коленичење пред Бугарија, мислејќи дека за промената на Уставот Западот ќе ве спаси, корупција, криминал и ново глупо едноумие.
А да, и да зборите за Левица и за ВМРО.
Убаво вика еден колега, колку треба да сте лоши за Груевски да е политичар со највисок рејтинг?!
Очигледно не исто лоши, туку полоши, пишува Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-od-zdruzenieto-na-istorichari-uchebnikot-kje-mu-nanese-neprocenliva-shteta-na-vospitno-obrazovniot-proces/

The post Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој appeared first on Република.

]]>

Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Вака активистот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денес застана во одбрана на министерот за образование Јетон Шаќири велејќи дека тој не е виновен за грешките во учебниците. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-odbrana-na-shakjiri-minister-za-obrazovanie-ne-pishuva-uchebnici-avtorite-treba-da-obratat-pogolemo-vnimanie/
Учебници каснат повеќе од пола школска година, оние што се добиени полни грешки и глупости. Премиерот, само да не се закачи со коалиционата мафија вика: Министерот не ги пишува учебниците. Дагау… Значи, министерот требаше да биде избркан за каснењето, а грешките и се останато е одговорност на институцијата и тој што ја води. Вие одговорност не положивте за многу пострашни работи, ве заболе вас за учебници и образование. Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Инаку, гледате поддршката за ЕУ висока и без вас, што значи граѓаните си опстојуваат на патот, а вие освен што устите ви се полни ЕУ, патот кај го изгубивте, никогаш и не го пронајдовте. Вашата политика е трибини за семејни кланови, ужасна кадровска политика, коленичење пред Бугарија, мислејќи дека за промената на Уставот Западот ќе ве спаси, корупција, криминал и ново глупо едноумие. А да, и да зборите за Левица и за ВМРО. Убаво вика еден колега, колку треба да сте лоши за Груевски да е политичар со највисок рејтинг?! Очигледно не исто лоши, туку полоши, пишува Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-od-zdruzenieto-na-istorichari-uchebnikot-kje-mu-nanese-neprocenliva-shteta-na-vospitno-obrazovniot-proces/

The post Министерот требаше да биде избркан за каснењето на учебниците, а грешките се одговорност на институцијата што ја води тој appeared first on Република.

]]>
Грешките во учебникот за авторките се технички грешки, бараат МВР да ги заштити од омразата на социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/greshkite-vo-uchebnikot-za-avtorkite-se-tehnichki-greshki-baraat-mvr-da-gi-zashtiti-od-omrazata-na-socijalnite-mrezi/ Fri, 16 Dec 2022 20:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=586697

По многуте реакции во јавноста за повеќе катастрофални грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение, авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска денеска преку социјалните мрежи објаснуваат дека грешките биле технички, а тие не можеле да го прегледаат учебникот пред печатењето.

Навистина ни е жал што во нашите напори да не испуштиме нешто суштинско, ние всушност сме пропуштиле да поминат вакви технички грешки, кои ја разбрануваа јавноста. Учебникот, кој е тема на дискусија, е предаден на регуларен конкурс од Педагошката служба уште во мај годинава. Сите сугестии што беа од техничка природа се земени предвид при подготовката на неговата финална верзија. Ниту ние авторите ниту рецензентите немаа можност да го прегледаат учебникот пред печатењето. Можеби ќе забележевме дека наместо V век, пишува V век пр. н.е.; дека при обработка и средување на текстот останала грешката за местоположбата на нашите соседи од исток и од запад или за мерните единици. И покрај тоа што е очигледно дека станува збор за технички грешки, затоа што, ако се прочита учебникот во целост и се анализира, педагошки, методолошки… ќе се забележи дека тој во целост ги следи наставната програма, методологијата за изработка на учебник и националните стандарди, велат Ангеловска и Илиоска.

Тие велат дека побарале од надлежните во Министерството за образование и наука да ги коригираат грешките барем во електронските верзии, а ги замолуваат наставниците да им објаснат на учениците дека во тие делови од учебникот има технички пропусти.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vesela-geografija-na-nashata-zemja-uchebnikot-ne-znae-koja-zemja-e-na-zapad-a-koja-na-istok-od-makedonija/

Во книгата, која била одобрена на 3 ноември од Националната комисија за учебници, се испечатени серија небулози и неточни информации: дека Албанија е источен сосед на Македонија, а Бугарија западен, како и дека највисокиот врв во светот, Монт Еверест, е висок 29.305 метри.

Авторки на учебникот се Ангеловска и Илиоска, а тој има тројца рецензенти: Беса Хавзиу–Исмаили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска. Како стручен редактор и уредник е потпишана Орданка Мицкова. Издавач на учебникот полн со грешки е Министерството за образование и наука.

Ангеловска и Илиоска апелираат до МВР да ги заштити од нападите на социјалните мрежи и заканувачките пораки:

Печатните и ненамерно направените грешки се исправаат Ама насилството што се промовира на социјалните мрежи остава длабоки траги врз луѓето и нивните семејства, велат тие.

The post Грешките во учебникот за авторките се технички грешки, бараат МВР да ги заштити од омразата на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

По многуте реакции во јавноста за повеќе катастрофални грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение, авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска денеска преку социјалните мрежи објаснуваат дека грешките биле технички, а тие не можеле да го прегледаат учебникот пред печатењето.
Навистина ни е жал што во нашите напори да не испуштиме нешто суштинско, ние всушност сме пропуштиле да поминат вакви технички грешки, кои ја разбрануваа јавноста. Учебникот, кој е тема на дискусија, е предаден на регуларен конкурс од Педагошката служба уште во мај годинава. Сите сугестии што беа од техничка природа се земени предвид при подготовката на неговата финална верзија. Ниту ние авторите ниту рецензентите немаа можност да го прегледаат учебникот пред печатењето. Можеби ќе забележевме дека наместо V век, пишува V век пр. н.е.; дека при обработка и средување на текстот останала грешката за местоположбата на нашите соседи од исток и од запад или за мерните единици. И покрај тоа што е очигледно дека станува збор за технички грешки, затоа што, ако се прочита учебникот во целост и се анализира, педагошки, методолошки… ќе се забележи дека тој во целост ги следи наставната програма, методологијата за изработка на учебник и националните стандарди, велат Ангеловска и Илиоска.
Тие велат дека побарале од надлежните во Министерството за образование и наука да ги коригираат грешките барем во електронските верзии, а ги замолуваат наставниците да им објаснат на учениците дека во тие делови од учебникот има технички пропусти. https://republika.mk/vesti/makedonija/vesela-geografija-na-nashata-zemja-uchebnikot-ne-znae-koja-zemja-e-na-zapad-a-koja-na-istok-od-makedonija/ Во книгата, која била одобрена на 3 ноември од Националната комисија за учебници, се испечатени серија небулози и неточни информации: дека Албанија е источен сосед на Македонија, а Бугарија западен, како и дека највисокиот врв во светот, Монт Еверест, е висок 29.305 метри. Авторки на учебникот се Ангеловска и Илиоска, а тој има тројца рецензенти: Беса Хавзиу–Исмаили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска. Како стручен редактор и уредник е потпишана Орданка Мицкова. Издавач на учебникот полн со грешки е Министерството за образование и наука. Ангеловска и Илиоска апелираат до МВР да ги заштити од нападите на социјалните мрежи и заканувачките пораки:
Печатните и ненамерно направените грешки се исправаат Ама насилството што се промовира на социјалните мрежи остава длабоки траги врз луѓето и нивните семејства, велат тие.

The post Грешките во учебникот за авторките се технички грешки, бараат МВР да ги заштити од омразата на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
MОН ги „уврдува причините за пропустите во учебникот по Историја и општество“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-gi-uvrduva-prichinite-za-propustite-vo-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo/ Fri, 16 Dec 2022 11:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=586447

Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, додаваат оттаму „не смееја да се дозволат“.

Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Според ресорното министерство, во време кога во Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти. Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес.

Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата. Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН.

The post MОН ги „уврдува причините за пропустите во учебникот по Историја и општество“ appeared first on Република.

МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 7мо одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-kje-se-preispita-sodrzinata-na-uchebnikot-po-istorija-za-7mo-oddelenie/ Fri, 28 Oct 2022 11:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=566809

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 7мо одделение, откако до министерството пристигнале повеќе претставки дека „одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност“.

Како што соопштуваат од МОН, во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет.

МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса book@mon.gov.mk, се вели во соопштението.

The post МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 7мо одделение appeared first on Република.

]]>

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 7мо одделение, откако до министерството пристигнале повеќе претставки дека „одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност“. Како што соопштуваат од МОН, во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет.
МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса book@mon.gov.mk, се вели во соопштението.

The post МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 7мо одделение appeared first on Република.

]]>
Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnicite-po-istorija-za-sedmo-oddelenie-deneska-tema-na-makedonsko-bugarskata-komisija/ Thu, 31 Mar 2022 06:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=481172

Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

The post Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија appeared first on Република.

]]>

Нов состанок ќе се одржи денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Осумнаесеттиот состанокот ќе се одржи во Скопје, а на дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение. Копретседавач од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

The post Учебниците по историја за седмо одделение денеска тема на македонско-бугарската комисија appeared first on Република.

]]>