учебна година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchebna-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 08:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png учебна година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uchebna-godina/ 32 32 УНИЦЕФ им посакува успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/unitsef-im-posakuva-uspeshna-uchebna-godina-na-site-uchenitsi-nastavnitsi-i-vraboteni-vo-uchilishtata/ Mon, 02 Sep 2024 08:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=812180

„Сега кога децата се враќаат во училишните клупи, ајде да се погрижиме секое од нив да се чувствува вклучено, поддржано, разбрано и подготвено за учење и покрај тековните предизвици на нашите училишта да станат поинклузивни, побезбедни и поотпорни на климатските промени. Образованието е темелот за создавање безбедно, инклузивно, просперитетно и одржливо општество. Во него треба постојано да се вложува за секое дете да го развие својот целосен потенцијал и да ги стекне потребните вештини за успех во животот, вели Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Да се создаде средина каде што се негува различноста и се вреднуваат сите ученици е од суштинско значење за реализација на целосниот потенцијал на секој ученик. Ваквиот пристап не само што поттикнува поправедно и поемпатично општество, туку и гарантира дека секој ученик ќе расте и ќе напредува. Учениците кои учат во училишта кои се инклузивни, безбедни и отпорни на климатските промени постигнуваат значително подобри резултати од учењето, вели Милер.

Според неа, Македонија има добра законска основа за инклузивно образование. Сепак, при неодамнешните консултации на УНИЦЕФ со клучните чинители беше истакната потребата од дополнителна поддршка, при што приоритет треба да се даде на подобрување на вештините на наставниците и искористување на капацитетите на Ресурсните центри, како и на обезбедување наставни материјали и асистивна технологија. Исто така, на децата и семејствата им треба подобар пристап до дополнителни услуги кои ќе го поддржат учењето и ќе им овозможат стекнување животни вештини.

Да се создаде безбедна и пријатна средина – без насилство, средина која го чува и негува менталното здравје – е од суштинска важност. Многу деца и адолесценти страдаат во тишина, поради стигмата или недостатокот на иницијативи со кои се промовира менталното здравје и се спречува насилството. Цената на оваа тишина е изгубениот човечки капитал, како и нарушената хармонија и просперитет на семејствата, заедниците и нациите. Училиштето треба да биде сигурна и безбедна средина во која децата и адолесцентите учат и напредуваат.

Училиштата мора да се осврнат и на предизвиците што ги носат климатските промени. Екстремната топлина може значително да влијае врз развојот на децата, што води кон лошо здравје и исхрана, како и кон послаб образовен успех. УНИЦЕФ го поздравува протоколот за работа на училиштата при топлотни бранови што го изработи Министерството за образование и наука. Со овој протокол, училиштата се насочуваат да направат неопходни прилагодувања со цел учениците да се заштитат од ефектите на екстремни горештини и да продолжат да учат во здрава и сигурна средина. Покрај овие итни мерки, мора да направиме и долгорочни инвестиции за поголема климатска отпорност на училиштата, при што училишните згради, дворовите и игралиштата ќе имаат доволно зеленило, сенка и посвежи места за да може да функционираат во услови на сè повисоки температури. Ајде заедно да се погрижиме секое дете во секое училиште да го достигне својот највисок потенцијал, како на академски така и на личен план, се вели во изјавата на Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

The post УНИЦЕФ им посакува успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата appeared first on Република.

]]>

„Сега кога децата се враќаат во училишните клупи, ајде да се погрижиме секое од нив да се чувствува вклучено, поддржано, разбрано и подготвено за учење и покрај тековните предизвици на нашите училишта да станат поинклузивни, побезбедни и поотпорни на климатските промени. Образованието е темелот за создавање безбедно, инклузивно, просперитетно и одржливо општество. Во него треба постојано да се вложува за секое дете да го развие својот целосен потенцијал и да ги стекне потребните вештини за успех во животот, вели Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.
Да се создаде средина каде што се негува различноста и се вреднуваат сите ученици е од суштинско значење за реализација на целосниот потенцијал на секој ученик. Ваквиот пристап не само што поттикнува поправедно и поемпатично општество, туку и гарантира дека секој ученик ќе расте и ќе напредува. Учениците кои учат во училишта кои се инклузивни, безбедни и отпорни на климатските промени постигнуваат значително подобри резултати од учењето, вели Милер.
Според неа, Македонија има добра законска основа за инклузивно образование. Сепак, при неодамнешните консултации на УНИЦЕФ со клучните чинители беше истакната потребата од дополнителна поддршка, при што приоритет треба да се даде на подобрување на вештините на наставниците и искористување на капацитетите на Ресурсните центри, како и на обезбедување наставни материјали и асистивна технологија. Исто така, на децата и семејствата им треба подобар пристап до дополнителни услуги кои ќе го поддржат учењето и ќе им овозможат стекнување животни вештини.
Да се создаде безбедна и пријатна средина – без насилство, средина која го чува и негува менталното здравје – е од суштинска важност. Многу деца и адолесценти страдаат во тишина, поради стигмата или недостатокот на иницијативи со кои се промовира менталното здравје и се спречува насилството. Цената на оваа тишина е изгубениот човечки капитал, како и нарушената хармонија и просперитет на семејствата, заедниците и нациите. Училиштето треба да биде сигурна и безбедна средина во која децата и адолесцентите учат и напредуваат. Училиштата мора да се осврнат и на предизвиците што ги носат климатските промени. Екстремната топлина може значително да влијае врз развојот на децата, што води кон лошо здравје и исхрана, како и кон послаб образовен успех. УНИЦЕФ го поздравува протоколот за работа на училиштата при топлотни бранови што го изработи Министерството за образование и наука. Со овој протокол, училиштата се насочуваат да направат неопходни прилагодувања со цел учениците да се заштитат од ефектите на екстремни горештини и да продолжат да учат во здрава и сигурна средина. Покрај овие итни мерки, мора да направиме и долгорочни инвестиции за поголема климатска отпорност на училиштата, при што училишните згради, дворовите и игралиштата ќе имаат доволно зеленило, сенка и посвежи места за да може да функционираат во услови на сè повисоки температури. Ајде заедно да се погрижиме секое дете во секое училиште да го достигне својот највисок потенцијал, како на академски така и на личен план, се вели во изјавата на Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.
 
The post УНИЦЕФ им посакува успешна учебна година на сите ученици, наставници и вработени во училиштата appeared first on Република.

]]>
Почнува учебната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-uchebnata-godina/ Mon, 02 Sep 2024 06:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=812121

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците. Во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која надлежните се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. На првиот училиштен ден учениците ќе ги добијат учебниците. Според ресорното министерство, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени.

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека веќе до училиштата испорачало 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали. Единствено, во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае.

Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Зимскиот одмор ќе почне на 31 декември 2024, а ќе заврши на 19 јануари 2025. Летниот одмор, пак, почнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.

Според податоците на МОН, бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните седум години. Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади.

Во новата учебна година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1 000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски. Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост.

Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март.

The post Почнува учебната година appeared first on Република.

]]>

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците. Во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која надлежните се залагаат да се воведе во сите училишта во државата. Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. На првиот училиштен ден учениците ќе ги добијат учебниците. Според ресорното министерство, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека веќе до училиштата испорачало 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали. Единствено, во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае. Годинава основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Зимскиот одмор ќе почне на 31 декември 2024, а ќе заврши на 19 јануари 2025. Летниот одмор, пак, почнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Според податоците на МОН, бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните седум години. Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Во новата учебна година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1 000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски. Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост. Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски. Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март.

The post Почнува учебната година appeared first on Република.

]]>
Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ochekuvam-uchebnata-godina-da-pochne-so-minimalni-problemi-veli-vesna-janevska-ministerkata-za-obrazovanie/ Thu, 08 Aug 2024 20:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=804757

Радикални промени ќе има, но тие ќе бидат видливи откако ќе бидат спроведени. Во МОН почнуваме со бројни отворени фронтови, но на сите нив со чекор по чекор постапки, кои ќе доведат до сериозни промени и кои на крајот ќе дадат позитивен ефект, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 вечерва Јаневска рече дека очекува учебната година да почне со минимални проблеми и сѐ друго да биде во ред, освен тоа што ќе нема учебници за странски јазици, како и учебници за етничките заедници во хартиена форма, но поставени на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, за што, рече, не е виновна таа и сегашната Влада.

-Најголем дел од нив не се одобрени, работиме интензивно да се одобрат. Но нема да биде сериозен проблем, рече министерката.

Јавната расправа за доставување забелешки за наставните планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение ќе трае, рече,  подолго поради одморите, а откако ќе се соберат сите сугестии и забелешки ќе почне креирањето на нови наставни планови и програми за одделенијата од последната третина во основното образование за кои е одложена примената на концепцијата.

-После тоа ќе се навратиме и на наставните планови и програми и на претходните одделенија затоа што сакаме да има нови изборни предмети, многу други наставни и воннаставни активности, но тоа ќе се одвива без големи турбуленции и проблеми кои би се појавиле во наставата. Така што, во следните неколку години сметам дека целото основно образование ќе го заокружиме. Бидејќи ги слушаме и чинителите кои треба да ги чуеме, се надевам дека тоа ќе потрае и ќе даде добар резултат, истакна министерката.

На прашањето дали би имплементирале во учебниците нешто што е договорено од Македонско-бугарската комисија за историски прашања, чија работа е подолг период во застој, Јаневска одговори дека прво треба да се видат препораките затоа што, рече, „ние ништо официјално досега не сме добиле“.

-Верувам дека нашиот дел од таа комисија ќе знае да ги заштити нашиот национален идентитет и јазикот, нашите државни интереси и, доколку во таков случај има некакви препораки – да, би можело да се имплементира. Но, повторно ќе кажам, во учебник – тоа е посебна категорија на книга, влегува научна вистина, не политичка вистина, и доколку комисијата се придржува и на науката и е заеднички став, сметам дека во иднина би можело да се имплементира и во учебниците, рече Јаневска во интервјуто.

Во однос на тоа кога би требало да се воведе сексуално образование и родови теми како што е родовиот идентитет, министерката рече дека децата треба „на соодветна возраст да добијат соодветни информации, кога тие можат да ги восприемат така како што треба“.

Смета дека не треба да има табу теми, тие да се обработуваат на соодветна возраст, но и дека во образованието има многу други приоритети.

-Во вакво релативно конзервативно општество, обврзно треба да ги прашаме и родителите кога тие мислат дека е соодветно нивните деца да се запознаат со нешто друго освен репродуктивното здравје. Со оглед дека во минатите власти се инсистираше на сеопфатно сексуално образование од најрана возраст, ја видовме бурната реакција на општеството и ние како влада се залагаме сексуалното образование во однос на репродуктивно здравје, заштита од несакана бременост и од полови заболувања, заштита од сексуална агресија, се она што би можеле да воспримат во седмо-осмо одделение, тие ќе си учат во соодветните предмети – Биологија, Граѓанско образование итн., додека на поголема возраст односно во средно училиште не е проблем да се запознаат со постоењето и на други сексуални ориентации. Тоа не треба да биде табу тема, но не треба да биде ни главна тема, бидејќи, како што видовме пред некој ден, нашите деца не знаат да одговорат што е Илинден, рече Јаневска.

Во врска со платите на просветните работници и нејзината денешна изјава дека покачување ќе нема во септември, туку во март идната година за околу 12 отсто, министерката во интервјуто побара разбирање од наставниците нагласувајќи дека тие заслужуваат  подобро.

-Ги замолувам дека мора да бидеме реални, ние немаме дупка, туку имаме кратер во буџетот. Мора прво да направиме продукција на пари, односно бизнис кој ќе го полни буџетот за да можеме да ја покачиме платата... Заслужуваат подобро и треба да очекуваат подобро, за тоа треба да и возвратат на земјата и на учениците, се што можам максимално ќе направам. Според Општиот колективен договор, тие во март треба да добијат покачување на платата и ќе си го добијат тоа покачување, рече Јаневска.

Како што рече, колективните договори од претходната власт биле потпишувани од популистички причини и пред избори „со цел да се добијат гласови без да се води сметка за стопанството и дали државата може да го поднесе тој товар“.

The post Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование appeared first on Република.

]]>

Радикални промени ќе има, но тие ќе бидат видливи откако ќе бидат спроведени. Во МОН почнуваме со бројни отворени фронтови, но на сите нив со чекор по чекор постапки, кои ќе доведат до сериозни промени и кои на крајот ќе дадат позитивен ефект, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 вечерва Јаневска рече дека очекува учебната година да почне со минимални проблеми и сѐ друго да биде во ред, освен тоа што ќе нема учебници за странски јазици, како и учебници за етничките заедници во хартиена форма, но поставени на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, за што, рече, не е виновна таа и сегашната Влада. -Најголем дел од нив не се одобрени, работиме интензивно да се одобрат. Но нема да биде сериозен проблем, рече министерката. Јавната расправа за доставување забелешки за наставните планови и програми за седмо, осмо и деветто одделение ќе трае, рече,  подолго поради одморите, а откако ќе се соберат сите сугестии и забелешки ќе почне креирањето на нови наставни планови и програми за одделенијата од последната третина во основното образование за кои е одложена примената на концепцијата. -После тоа ќе се навратиме и на наставните планови и програми и на претходните одделенија затоа што сакаме да има нови изборни предмети, многу други наставни и воннаставни активности, но тоа ќе се одвива без големи турбуленции и проблеми кои би се појавиле во наставата. Така што, во следните неколку години сметам дека целото основно образование ќе го заокружиме. Бидејќи ги слушаме и чинителите кои треба да ги чуеме, се надевам дека тоа ќе потрае и ќе даде добар резултат, истакна министерката. На прашањето дали би имплементирале во учебниците нешто што е договорено од Македонско-бугарската комисија за историски прашања, чија работа е подолг период во застој, Јаневска одговори дека прво треба да се видат препораките затоа што, рече, „ние ништо официјално досега не сме добиле“. -Верувам дека нашиот дел од таа комисија ќе знае да ги заштити нашиот национален идентитет и јазикот, нашите државни интереси и, доколку во таков случај има некакви препораки – да, би можело да се имплементира. Но, повторно ќе кажам, во учебник – тоа е посебна категорија на книга, влегува научна вистина, не политичка вистина, и доколку комисијата се придржува и на науката и е заеднички став, сметам дека во иднина би можело да се имплементира и во учебниците, рече Јаневска во интервјуто. Во однос на тоа кога би требало да се воведе сексуално образование и родови теми како што е родовиот идентитет, министерката рече дека децата треба „на соодветна возраст да добијат соодветни информации, кога тие можат да ги восприемат така како што треба“. Смета дека не треба да има табу теми, тие да се обработуваат на соодветна возраст, но и дека во образованието има многу други приоритети. -Во вакво релативно конзервативно општество, обврзно треба да ги прашаме и родителите кога тие мислат дека е соодветно нивните деца да се запознаат со нешто друго освен репродуктивното здравје. Со оглед дека во минатите власти се инсистираше на сеопфатно сексуално образование од најрана возраст, ја видовме бурната реакција на општеството и ние како влада се залагаме сексуалното образование во однос на репродуктивно здравје, заштита од несакана бременост и од полови заболувања, заштита од сексуална агресија, се она што би можеле да воспримат во седмо-осмо одделение, тие ќе си учат во соодветните предмети – Биологија, Граѓанско образование итн., додека на поголема возраст односно во средно училиште не е проблем да се запознаат со постоењето и на други сексуални ориентации. Тоа не треба да биде табу тема, но не треба да биде ни главна тема, бидејќи, како што видовме пред некој ден, нашите деца не знаат да одговорат што е Илинден, рече Јаневска. Во врска со платите на просветните работници и нејзината денешна изјава дека покачување ќе нема во септември, туку во март идната година за околу 12 отсто, министерката во интервјуто побара разбирање од наставниците нагласувајќи дека тие заслужуваат  подобро. -Ги замолувам дека мора да бидеме реални, ние немаме дупка, туку имаме кратер во буџетот. Мора прво да направиме продукција на пари, односно бизнис кој ќе го полни буџетот за да можеме да ја покачиме платата... Заслужуваат подобро и треба да очекуваат подобро, за тоа треба да и возвратат на земјата и на учениците, се што можам максимално ќе направам. Според Општиот колективен договор, тие во март треба да добијат покачување на платата и ќе си го добијат тоа покачување, рече Јаневска. Како што рече, колективните договори од претходната власт биле потпишувани од популистички причини и пред избори „со цел да се добијат гласови без да се води сметка за стопанството и дали државата може да го поднесе тој товар“.

The post Очекувам учебната година да почне со минимални проблеми, вели Весна Јаневска, министерката за образование appeared first on Република.

]]>
Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-zavrshi-za-srednoshkoltsite-osnovtsite-ke-imaat-nastava-do-17-juni/ Mon, 10 Jun 2024 08:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=786084

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.

Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.

Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. Тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, рече пред два месеца министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.

Аплицирањето е електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука

The post Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни appeared first on Република.

]]>

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.
Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. Тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, рече пред два месеца министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024. Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули. На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули. Аплицирањето е електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука

The post Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни appeared first on Република.

]]>
Катастрофален старт на учебната година, без книги и со пропадната концепција – да бевме Европа министерот за образование ќе поднесеше оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katastrofalen-start-na-uchebnata-godina-bez-knigi-i-so-propadnata-kontseptsija-da-bevme-evropa-ministerot-za-obrazovanie-ke-podneseshe-ostavka/ Sun, 03 Sep 2023 06:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=678266

Мафијата во Владата не бира кога и каде ќе краде. Во било кој ресор да се погледне сегде ќе се видат пипците на оваа корумпирана власт која го растура системот само да наполни нечиј џеб повеќе. Така е и во образованието.

Новата учебна година почна катастрофално. Две години печатат учебници и уште не ги испечатија, а наставните материјали кои ги подготвиле им се со катастрофални грешки. Во Европа за многу поситни работи министер за образование би си поднел оставка, но оваа корумпирана власт мува не ја лази - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат, тоа што го нарекуваа нова спектакулрана концепција, „самиот експерт кој ја подготвуваше ја прогласи за пропадната, но зад себе остави проблеми во кои наставници без соодветно образование ќе треба да предаваат наставни материјали на учениците. И ова го нема во Европа“.

Оваа криминална и корумпирана власт гледа само како да направи некој бизнис повеќе. Нив не ги интересираат ни ученици, ни учебници, ни концепции, ни наставници. Нив ги интересира само личниот интерес. Создадоа хаос во образованието и тој хаос скапо ќе ги чини генерациите ученици.

Уништувањето на образованието, е рамно на уништување на една нација. За тоа мора да има одговорност - стои во соопштението исшратено до медиумите.

The post Катастрофален старт на учебната година, без книги и со пропадната концепција – да бевме Европа министерот за образование ќе поднесеше оставка appeared first on Република.

]]>

Мафијата во Владата не бира кога и каде ќе краде. Во било кој ресор да се погледне сегде ќе се видат пипците на оваа корумпирана власт која го растура системот само да наполни нечиј џеб повеќе. Така е и во образованието. Новата учебна година почна катастрофално. Две години печатат учебници и уште не ги испечатија, а наставните материјали кои ги подготвиле им се со катастрофални грешки. Во Европа за многу поситни работи министер за образование би си поднел оставка, но оваа корумпирана власт мува не ја лази - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат, тоа што го нарекуваа нова спектакулрана концепција, „самиот експерт кој ја подготвуваше ја прогласи за пропадната, но зад себе остави проблеми во кои наставници без соодветно образование ќе треба да предаваат наставни материјали на учениците. И ова го нема во Европа“.
Оваа криминална и корумпирана власт гледа само како да направи некој бизнис повеќе. Нив не ги интересираат ни ученици, ни учебници, ни концепции, ни наставници. Нив ги интересира само личниот интерес. Создадоа хаос во образованието и тој хаос скапо ќе ги чини генерациите ученици. Уништувањето на образованието, е рамно на уништување на една нација. За тоа мора да има одговорност - стои во соопштението исшратено до медиумите.

The post Катастрофален старт на учебната година, без книги и со пропадната концепција – да бевме Европа министерот за образование ќе поднесеше оставка appeared first on Република.

]]>
Учебната година почна и за Коста, мајка му се врати на работа меѓу студентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchebnata-godina-pochna-i-za-kosta-majka-mu-se-vrati-na-rabota-megu-studentite/ Sat, 02 Sep 2023 08:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=678052

Оваа недела ќе се навршат точно четири месеци од крвавиот напад во кој 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој во меѓувреме наполни 14 години, за само две минути ладнокрвно уби деветмина свои врсници и својот омилен чувар со пиштолот на неговиот татко во белградското училиште „Владислав Рибникар“

Од моментот на апсењето тој се наоѓа во белградската Клиника за невропсихијатрија, на одделот за деца и младинци, каде лекарите секојдневно ја следат неговата состојба, а е и под надзор на криминалистичката полиција.

https://republika.mk/vesti/balkan/4-bitni-novini-vo-srbija-na-startot-na-novata-uchebna-godina-eve-kako-e-utrovo-pred-ribnikar/

Првиот ден од новата учебна година за Коста почна во болница. Според локалните медиуми, тој го продолжил своето образование онлајн од неговата болничка соба. Неговата настава се одвива според моделот што се користел во Србија за време на пандемијата на коронавирус. Тој ќе заврши осмо одделение преку специјалното училиште „Д-р Драган Херцог“.

https://republika.mk/vesti/balkan/nema-zgrada-nitu-uchilnitsi-eve-kako-izgleda-novoto-uchilishte-na-kosta/

Во меѓувреме, неговиот татко сè уште е во притвор, а неговата мајка го затворила боледувањето и се вратила меѓу студентите. Ова за српска „Република“ го потврдил деканот на Биолошкиот факултет во Белград, каде таа е вработена како доцент. Според информациите на порталот, таа секојдневно оди на своето работно место за да се „занимава со научна работа и да врши други обврски поврзани со работа со студенти“.

Оние кои добро ја познаваат велат дека се променила и дека остарела речиси преку ноќ поради злосторството на нејзиниот син. Од друга страна, семејствата на жртвите ѝ замеруваат затоа што се вратила на нормалниит живото и повторно се активирала и се посветила на работата, пишува порталот, кој објави и видео од неа снимено во Белград.

https://youtu.be/c7sKRnLJ-zE?si=ftGfJb8v7Za2iMSF

Летово јавноста беше изненадена кога се дозна дека Миљана се обидела да ја премине границата со нејзината ќерка. Според некои медиуми, заминувањето во странство го најавила во српскиот Центар за социјална работа со образложение дека сакала да одат на одмор во Грција, но по разговорот со полицајците на границата со Македонија, била вратена назад.

The post Учебната година почна и за Коста, мајка му се врати на работа меѓу студентите appeared first on Република.

]]>

Оваа недела ќе се навршат точно четири месеци од крвавиот напад во кој 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој во меѓувреме наполни 14 години, за само две минути ладнокрвно уби деветмина свои врсници и својот омилен чувар со пиштолот на неговиот татко во белградското училиште „Владислав Рибникар“ Од моментот на апсењето тој се наоѓа во белградската Клиника за невропсихијатрија, на одделот за деца и младинци, каде лекарите секојдневно ја следат неговата состојба, а е и под надзор на криминалистичката полиција. https://republika.mk/vesti/balkan/4-bitni-novini-vo-srbija-na-startot-na-novata-uchebna-godina-eve-kako-e-utrovo-pred-ribnikar/ Првиот ден од новата учебна година за Коста почна во болница. Според локалните медиуми, тој го продолжил своето образование онлајн од неговата болничка соба. Неговата настава се одвива според моделот што се користел во Србија за време на пандемијата на коронавирус. Тој ќе заврши осмо одделение преку специјалното училиште „Д-р Драган Херцог“. https://republika.mk/vesti/balkan/nema-zgrada-nitu-uchilnitsi-eve-kako-izgleda-novoto-uchilishte-na-kosta/ Во меѓувреме, неговиот татко сè уште е во притвор, а неговата мајка го затворила боледувањето и се вратила меѓу студентите. Ова за српска „Република“ го потврдил деканот на Биолошкиот факултет во Белград, каде таа е вработена како доцент. Според информациите на порталот, таа секојдневно оди на своето работно место за да се „занимава со научна работа и да врши други обврски поврзани со работа со студенти“.
Оние кои добро ја познаваат велат дека се променила и дека остарела речиси преку ноќ поради злосторството на нејзиниот син. Од друга страна, семејствата на жртвите ѝ замеруваат затоа што се вратила на нормалниит живото и повторно се активирала и се посветила на работата, пишува порталот, кој објави и видео од неа снимено во Белград.
https://youtu.be/c7sKRnLJ-zE?si=ftGfJb8v7Za2iMSF Летово јавноста беше изненадена кога се дозна дека Миљана се обидела да ја премине границата со нејзината ќерка. Според некои медиуми, заминувањето во странство го најавила во српскиот Центар за социјална работа со образложение дека сакала да одат на одмор во Грција, но по разговорот со полицајците на границата со Македонија, била вратена назад.

The post Учебната година почна и за Коста, мајка му се врати на работа меѓу студентите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ne-sme-podgotveni-za-novata-godina-za-nekolku-dena-ke-se-pokazhe/ Fri, 01 Sep 2023 20:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=678019

Не сме подготвени за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците, по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Тема на денот на Сител.

Според неа, „пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така“.

Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, сè е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната, вели Јаневска.

Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, „да не речам во паника“.

Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта, вели Јаневска.

Вели за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците.

Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење.

Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.

Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари, вели Јаневска.

The post Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже appeared first on Република.

]]>

Не сме подготвени за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците, по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната Тема на денот на Сител. Според неа, „пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ нè убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така“.
Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, сè е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната, вели Јаневска.
Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, „да не речам во паника“.
Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта, вели Јаневска.
Вели за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците. Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење. Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.
Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари, вели Јаневска.

The post Јаневска: Не сме подготвени за новата година, за неколку дена ќе се покаже appeared first on Република.

]]>
Во Прилеп помалку запишани првачиња во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-prilep-pomalku-zapishani-prvachina-vo-odnos-na-lani/ Fri, 01 Sep 2023 14:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=677945

- Со 130-ина помалку првачиња почна учебната година во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп. Наместо 800, запишани се 664 првачиња. Објектите се подготвени, но празните столчиња го потврдуваат проблемот со иселувањето на населението. Освен тоа, во основните училишта нема учебници за трето и шестоодделенците.

Најизразена ситуација е во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ со 1256 ученици во кое учат деца од повеќе националности, најмногу Македонци и Роми. Во ова училиште, наместо 190, се запишани 130 првачиња што е за 30-ина насто помалку. Речиси половината од намалениот број првачиња се  од ова училиште.

Панде Николоска, директорка на училиштето,  вели дека ќе бараат од Министерството паралелките да бидат со помал број ученици.

-Кај нас, за жал, процентот на помалку запишани првачиња е многу голем. Од 190 обврзници кои со список ги добивме како бројка во почетокот на мај, имаме запишано околу 130 првачиња, што е за 60-ина помалку од предвиденото. Главно, тоа е поради трендот на иселување.Тоа значи намалување на бројот на ученици во паралелките, така ќе биде и во наредниот период. Но, законот вели друго, па ќе мора да бараме согласности од Министерството за образование за паралелки со помал број ученици што досега во нашето училиште не било направено. 130-те првачиња се распределени во 7 паралелки, што е по 18 ученици во паралелка. Има веќе најава од неколку родители дека запишаните првачиња до крајот на годинава ќе ги испишат, во меѓувреме ги комплетираат документите за странство, изјави Николоска.

Социјалниот работник во ова училиште Ангела Ристеска, анализира дека состојбата ќе има долгорочни последици и се променува социоекономската слика.

-Намалувањето на бројот на првачиња влијае на социоекономскиот живот во заедницата. Се променува социоекономската структура, остануваме без кадри, без подмладок, сиромаштијата станува поизразена. Демографски, стануваме уште постара нација која нема кој да ја замени. Последиците од сето ова се долгорочни, затоа мора да се преземат мерки за да се забави овој процес, рече Ристеска.

Годинава Општината првпат обезбеди бесплатен оброк за првачињата. Во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп се околу 10 000 ученици.

The post Во Прилеп помалку запишани првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>

- Со 130-ина помалку првачиња почна учебната година во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп. Наместо 800, запишани се 664 првачиња. Објектите се подготвени, но празните столчиња го потврдуваат проблемот со иселувањето на населението. Освен тоа, во основните училишта нема учебници за трето и шестоодделенците. Најизразена ситуација е во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ со 1256 ученици во кое учат деца од повеќе националности, најмногу Македонци и Роми. Во ова училиште, наместо 190, се запишани 130 првачиња што е за 30-ина насто помалку. Речиси половината од намалениот број првачиња се  од ова училиште. Панде Николоска, директорка на училиштето,  вели дека ќе бараат од Министерството паралелките да бидат со помал број ученици.
-Кај нас, за жал, процентот на помалку запишани првачиња е многу голем. Од 190 обврзници кои со список ги добивме како бројка во почетокот на мај, имаме запишано околу 130 првачиња, што е за 60-ина помалку од предвиденото. Главно, тоа е поради трендот на иселување.Тоа значи намалување на бројот на ученици во паралелките, така ќе биде и во наредниот период. Но, законот вели друго, па ќе мора да бараме согласности од Министерството за образование за паралелки со помал број ученици што досега во нашето училиште не било направено. 130-те првачиња се распределени во 7 паралелки, што е по 18 ученици во паралелка. Има веќе најава од неколку родители дека запишаните првачиња до крајот на годинава ќе ги испишат, во меѓувреме ги комплетираат документите за странство, изјави Николоска.
Социјалниот работник во ова училиште Ангела Ристеска, анализира дека состојбата ќе има долгорочни последици и се променува социоекономската слика.
-Намалувањето на бројот на првачиња влијае на социоекономскиот живот во заедницата. Се променува социоекономската структура, остануваме без кадри, без подмладок, сиромаштијата станува поизразена. Демографски, стануваме уште постара нација која нема кој да ја замени. Последиците од сето ова се долгорочни, затоа мора да се преземат мерки за да се забави овој процес, рече Ристеска.
Годинава Општината првпат обезбеди бесплатен оброк за првачињата. Во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп се околу 10 000 ученици.

The post Во Прилеп помалку запишани првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-na-7-septemvri-ke-bidat-odobreni-i-poslednite-uchebnitsi-za-shesto-oddelenie/ Fri, 01 Sep 2023 10:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=677846

Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение.

Во период од една година успеавме во основното образование да одобриме и истовремено да печатиме и доставиме до училиштата повеќе од 50 наслови на учебници. За оваа учебна година ги завршивме сите постапки во рок од девет месеци од доставување на сите нови (наставни) програми за трето одделение, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово, кој денеска го посети заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Министерот соопшти дека на 7 септември е наредниот состанок на Националниот совет за учебници и тогаш, рече, ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение кои чекаат на одобрување и потоа веднаш ќе се испечатат.

Исто така, оваа учебна година имаме постапка и за дигитални скратени помошни материјали кои покрај печатени учебници во најбрзо време ќе ги имаат сите основци. Во средното образование, во период од една година, а по повеќе од 20 години, има печатени учебници во стручното образование. За една година одобривме повеќе од 150 наслови, а и натаму треба да продолжи одобрувањето, рече Шаќири.

Посочи дека пред 30 дена до училиштата и нивните раководства од МОН се доставени упатства како треба да се организира наставата во однос на спојувањето предмети, за што, како и вчера, повтори дека се работи само за шесто одделение во кое, согласно новата концепција, по предметот Општествени науки првпат се спојуваат предметите Историја, Географија и Граѓанско образование.

Тоа се однесува само на шесто одделение, што значи дека Географија продолжува како предмет во седмо, осмо и во деветто одделение. Најдено е решение како да се организира наставата за да нема проблеми во распоредите и кажани се сите чекори. Со синдикатот ќе разговараме и како тоа да се реши во платата. МОН е отворено за секој што смета дека концепцијата треба да се унапреди или да се коригира. Ги повикувам сите – освен што објавуваат за проблеми, нека достават и предлог-решенија, сериозно ќе ги разгледаме сите. Знаеме дека беше потребно реформа во основното образование, таа реформа се одвива, во добра насока е, но потребни се некои корекции за да биде подобра во наредниот период. Сите заедно може да придонесеме таа да биде поуспешна, рече Шаќири.

The post Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение appeared first on Република.

Андева: СДСМ вложува во квалитетно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andeva-sdsm-vlozhuva-vo-kvalitetno-obrazovanie/ Fri, 01 Sep 2023 09:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=677835

Први септември секогаш симболизира нов почеток, нови предизвици и нови перспективи за сите чинители во образовниот процес, рече на денешната прес-конференција по повод почетокотна учебната година Марина Андева, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.

Сите ние се наоѓаме пред многу предизвици оваа учебна година! Ако пред некоја година се соочувавме со пандемија и се изборивме учениците да не останат без образование кое е гарантирано со закон, оваа учебна година сме мета на разните дезинформации и шпекулации, изјави и пораки кои јасно го отсликуваат елементарното непознавање на образовниот процес со кои се шири страв кај сите наставници, а и родители. Овие критики се со единствена цел да се создаде хаотична и безизлезна состојба и сето тоа на сметка на нашата иднина - нашите ученици. Затоа, вие, просветните работници, одговорно, како што е и одговорна вашата благородна професија која се стекнува со труд, љубов кон знаењето, љубов кон младите и децата, овозможете им на нашите деца мирна и плодна средина за учење. Да создадеме здрави и општествено изградени личности, затоа што тие се нашата иднина, иднината на нашата држава. Влогот во учениците е влог за светла иднина на сите. Важно е, децата да одат во училиште за да стекнат соодветно образование во чекор со европските вредности, и да создадеме квалитетни кадри квалификувани за пазарот на трудот. Еднакво важно е да ги научат и основните животни, морални и етички вредности неопходни за секојдневното функционирање. На учениците им треба образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат можностите да станат среќни, здрави, успешни и корисни - чинители на општествениот развој и промени кои ќе се случуваат чекорејќи кон европската иднина, рече Андева.

Според неа, „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во своето делување се залага за вложување во децата и младите, бидејќи тоа е вложување во иднината“.

Во време полно со предизвици од сите страни, образованието треба да биде алатка која ќе ги надмине. Оваа учебна година учениците и наставниците во 55 училишта ќе ја започнат новата учебна година со значително подобрени услови за настава. Се инвестираат над 4,5 милиони евра обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука, за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти. Поставени се енергетски ефикасни фасади и еколошки системи за греење во училиштата со што училиштата веќе нема да стравуваат од студени зими. Учениците и оваа учебна година од одделенска настава ќе продолжат да работа со тандем наставници по физичко и здравствено образование со што е овозможено правилен раст и развој од најмала возраст. Се овозможува ученичко организирање во рамки на училиштата со цел да се слушне мислењето и потребата на учениците. Се обезбедува редовна исплата и поголем број и повисоки ученички стипендии. Децата со попреченост се вклучени во редовната настава повеќе години со образовни асистенти во училиштата. Со укинување на екстерното тестирање, ги ослободивме учениците и наставниците од стресни ситуации, рече Андева.

Додаде дека на наставниците „со закон им е овозможено кариерно напредување во звања и зголемување на коефициентот за плати, а со тоа е обезбедено квалитетно менторирање на новите наставници-приправници“.

Наставниците во основните и средните училишта веќе применуваат модерни и современи нагледни/наставни средства и информатичка технологија со кои успешно можат да го пренесат знаењето на новите генерации. Се намали педагошката администрација и со тоа овозможивме повеќе време на наставниците за креирање на успешни наставни часови. Се зголеми платата на наставниците за 55 % во периодот од формирање на Владата на СДСМ. Наставниците кои се опфатени со новата Концепција ќе имаат месечни примања во висина на цела плата, а покрај задолжителните наставни часови ќе имаат можност својата креативност, компетенции и вештини да ги пренесат на учениците преку воннаставни и слободни часови. Во средното стручно образование со новите програми и Учење преку работа кај работодавач овозможивме стекнување на работни односно практични компетенции на учениците. Владата предводена од СДСМ формира три регионални центри за стручно образование и обука каде учениците односно граѓаните покрај формалното образование, ќе можат да се доквалификуваат и преквалификуваат, рече Андева.

Таа рече дека „владата предводена од СДСМ и коалицијата и понатаму ќе се грижи за квалитетно образование кое ќе ги следи актуелните состојби, и ќе биде во тренд со општествените промени, кои ја наметнуваат примената на дигитализацијата во секојдневниот живот“.

Ќе нуди соодветни решенија за обезбедување на образование што ќе изгради личности кои ќе ги почитуваат и негуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите, ќе се воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот и ќе се оспособат за позитивен одговор на побарувачката на пазарот на труд. Ќе се работи во иднина на предизвиците и ќе се наоѓаат решенија за надминување на тековните проблеми во образовниот процес, за што истакнуваме дека е потребна соработка со сите засегнати страни. Среќна и успешна учебна 2023 - 2024 година почитувани наставници, ученици, родители!, порача Андева.

The post Андева: СДСМ вложува во квалитетно образование appeared first on Република.

Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toa-shto-nema-uchebnitsi-e-samo-del-od-santata-mraz-so-problemi-vo-obrazovanieto/ Fri, 01 Sep 2023 09:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=677833

Две години оваа епски неспосбна власт на СДС и ДУИ не може да отпечати учебници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека да беа европска, како што не се, денес на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена.

Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одгвоорност. Тие уште безобразно вината ја префраат кај други, а не ја гледаат кај себе. Тоа е целосно потценување на интелегенцијата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека денес почнува нова учебна година со огромни проблеми.

Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието. Наставниците не се задоволни со своите права, учениците не се задоволни со недостатокот на учебници, сите заедно не се задоволни што во образовната инфраструктура не се поместува ништо на подобро. Новата концепција која оваа власт ја тера напротив укажувањата на експертите е сосема друга лоша приказна. Политиките на оваа влада создаде таква каша попара во која наставници по билогија ќе предаваат наставни единици поврзани со хемија, а од друга страна во ист предмет ќе предаваат тројца наставници, по историја, географија и граѓанско општетсво и за тоа треба соодветно да оценат. Хаосот кој оваа власт на СДС и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок. Оваа власт го уништи образованието, а нација со уништено образование е нација со уништена иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието appeared first on Република.

]]>

Две години оваа епски неспосбна власт на СДС и ДУИ не може да отпечати учебници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека да беа европска, како што не се, денес на 1-ви септември министерот за образование и наука ќе депонираше оставка и истата веднаш ќе беше прифатена. Но, ниту министерот има грам интегритет, ниту премиерот Ковачевски има храброст да побара одгвоорност. Тие уште безобразно вината ја префраат кај други, а не ја гледаат кај себе. Тоа е целосно потценување на интелегенцијата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираат дека денес почнува нова учебна година со огромни проблеми.
Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието. Наставниците не се задоволни со своите права, учениците не се задоволни со недостатокот на учебници, сите заедно не се задоволни што во образовната инфраструктура не се поместува ништо на подобро. Новата концепција која оваа власт ја тера напротив укажувањата на експертите е сосема друга лоша приказна. Политиките на оваа влада создаде таква каша попара во која наставници по билогија ќе предаваат наставни единици поврзани со хемија, а од друга страна во ист предмет ќе предаваат тројца наставници, по историја, географија и граѓанско општетсво и за тоа треба соодветно да оценат. Хаосот кој оваа власт на СДС и ДУИ го донесе во образованието носи несогледливи последици на долг рок. Оваа власт го уништи образованието, а нација со уништено образование е нација со уништена иднина, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Тоа што нема учебници е само дел од сантата мраз со проблеми во образованието appeared first on Република.

]]>
4 битни новини во Србија на стартот на новата учебна година, еве како е утрово пред „Рибникар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/4-bitni-novini-vo-srbija-na-startot-na-novata-uchebna-godina-eve-kako-e-utrovo-pred-ribnikar/ Fri, 01 Sep 2023 09:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=677828

Во Србија започна новата учебна година, а во училишните клупи ќе седнат 760.000 основци и средношколци. Како што претходната учебна година не заврши вообичаено, поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“, кога ученик од тоа училиште уби девет ученици и еден чувар, така и новата учебна година нема да започне како и порано. Министерството за образование испрати насоки до училиштата како да работат со учениците и воведе неколку новини во воспитно-образовниот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Според тие насоки првата недела нема да има предавања, туку ќе биде посветена на разговори со учениците, работилници и советувања на тема солидарност, меѓусебно почитување и вредности.

Воведен е нов изборен предмет „Доблестите и вредностите како животен компас“ кој треба активно да се занимава со животните вредности и човечките доблести и кој на наставникот ќе му даде слобода да ги одредува темите на дискусија.

Во 95 основни и средни училишта ќе има повеќе часови по физичко, во секое училиште ќе дежура училишен полицаец, и сите училишта ќе имаат педагог или психолог.

Како е утрово пред ОУ „Владислав Рибникар“?

Тажна е сликата на влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“, не се слуша училишно ѕвонче, ниту детски џагор. Влезот во училиштето каде што се случи масовното убиство е затворен и се чека реконструкција на тој дел од зградата.

Сите ученици ќе следат настава во делот на училиштето каде што се влегува од друга страна. Тој дел од училиштето беше реновиран во текот на летото. Објектот се бојадиса, заменети се олуците,уредени училниците.

Учениците на ова училиште, како и на сите други училишта во Србија, денеска ќе се запознаат со програмата за тоа што ги очекува оваа учебна година. Учениците од 8/2 и 8/4, кои беа сведоци на трагедијата, вчера имаа подготовка за враќање на училиште. Тие и понатаму ќе имаат психолошка поддршка.

Владата на Србија усвои збир на образовни закони со кои се воведуваат неколку новини во образовниот систем.

Со измените на законите се предвидува од второ одделение оценките на ученикот за дисциплина да влегуваат во просекот на оценките на крајот на полугодието и на крајот на годината, потоа можноста за отстранување на ученик од часови минимум пет дена во случај на сериозно прекршување на обврските на ученикот.

Измените носат и можност за зголемена воспитно-образовна работа со ученици кои вршат насилство или покажуваат проблематично однесување надвор од училишните простории, можност за општествено корисна работа и ангажирање на учениците во рамки на зголемена воспитно-образовна работа, скратени рокови за покренување и спроведување дисциплински постапки во случаи на тешки прекршувања на училишните обврски.

Новина е и намалувањето на бројот на ученици во паралелката од следната учебна година на најмногу 28 ученици.

Од 1 септември најавено е и воведување информациски систем во сите училишта за следење на физичкиот развој на децата. Наставниците по физичко образование ќе ги тестираат учениците, ќе ги внесат податоците во софтверот и врз основа на резултатите ќе препорачаат кои вежби треба да ги прават учениците на училиште и дома.

Во некои училишта мобилните телефони се забранети поради се почестото дигитално насилство.

Во наредната учебна година основците и средношколците ќе имаат по четири распусти-есенски, зимски, пролетен и летен одмор.

Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ на сите ученици од прво одделение од основното училиште им го честиташе почетокот на наставата и им посака успех во новата учебна година на сите ученици од основните и средните училишта, како и на наставниците и сите вработени, соопшти Министерството.

Почитувајте ги вашите наставници, другите ученици во училиштето, бидете чувствителни на различностите, бидејќи така ќе покажете дека се почитувате себеси, рече министерката.

The post 4 битни новини во Србија на стартот на новата учебна година, еве како е утрово пред „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Во Србија започна новата учебна година, а во училишните клупи ќе седнат 760.000 основци и средношколци. Како што претходната учебна година не заврши вообичаено, поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“, кога ученик од тоа училиште уби девет ученици и еден чувар, така и новата учебна година нема да започне како и порано. Министерството за образование испрати насоки до училиштата како да работат со учениците и воведе неколку новини во воспитно-образовниот процес, јави дописникот на МИА од Белград. Според тие насоки првата недела нема да има предавања, туку ќе биде посветена на разговори со учениците, работилници и советувања на тема солидарност, меѓусебно почитување и вредности. Воведен е нов изборен предмет „Доблестите и вредностите како животен компас“ кој треба активно да се занимава со животните вредности и човечките доблести и кој на наставникот ќе му даде слобода да ги одредува темите на дискусија. Во 95 основни и средни училишта ќе има повеќе часови по физичко, во секое училиште ќе дежура училишен полицаец, и сите училишта ќе имаат педагог или психолог.
Како е утрово пред ОУ „Владислав Рибникар“? Тажна е сликата на влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“, не се слуша училишно ѕвонче, ниту детски џагор. Влезот во училиштето каде што се случи масовното убиство е затворен и се чека реконструкција на тој дел од зградата. Сите ученици ќе следат настава во делот на училиштето каде што се влегува од друга страна. Тој дел од училиштето беше реновиран во текот на летото. Објектот се бојадиса, заменети се олуците,уредени училниците. Учениците на ова училиште, како и на сите други училишта во Србија, денеска ќе се запознаат со програмата за тоа што ги очекува оваа учебна година. Учениците од 8/2 и 8/4, кои беа сведоци на трагедијата, вчера имаа подготовка за враќање на училиште. Тие и понатаму ќе имаат психолошка поддршка.
Владата на Србија усвои збир на образовни закони со кои се воведуваат неколку новини во образовниот систем. Со измените на законите се предвидува од второ одделение оценките на ученикот за дисциплина да влегуваат во просекот на оценките на крајот на полугодието и на крајот на годината, потоа можноста за отстранување на ученик од часови минимум пет дена во случај на сериозно прекршување на обврските на ученикот. Измените носат и можност за зголемена воспитно-образовна работа со ученици кои вршат насилство или покажуваат проблематично однесување надвор од училишните простории, можност за општествено корисна работа и ангажирање на учениците во рамки на зголемена воспитно-образовна работа, скратени рокови за покренување и спроведување дисциплински постапки во случаи на тешки прекршувања на училишните обврски. Новина е и намалувањето на бројот на ученици во паралелката од следната учебна година на најмногу 28 ученици. Од 1 септември најавено е и воведување информациски систем во сите училишта за следење на физичкиот развој на децата. Наставниците по физичко образование ќе ги тестираат учениците, ќе ги внесат податоците во софтверот и врз основа на резултатите ќе препорачаат кои вежби треба да ги прават учениците на училиште и дома. Во некои училишта мобилните телефони се забранети поради се почестото дигитално насилство. Во наредната учебна година основците и средношколците ќе имаат по четири распусти-есенски, зимски, пролетен и летен одмор. Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ на сите ученици од прво одделение од основното училиште им го честиташе почетокот на наставата и им посака успех во новата учебна година на сите ученици од основните и средните училишта, како и на наставниците и сите вработени, соопшти Министерството.
Почитувајте ги вашите наставници, другите ученици во училиштето, бидете чувствителни на различностите, бидејќи така ќе покажете дека се почитувате себеси, рече министерката.

The post 4 битни новини во Србија на стартот на новата учебна година, еве како е утрово пред „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-ne-pochna-za-detsata-upateni-vo-vospitno-popraven-dom/ Fri, 01 Sep 2023 08:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=677804

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.

Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.

Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово.

Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово.

Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати.

Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование.

Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.

Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.

Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>

Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните домови, одговори дека тоа ќе се разгледува на некоја од наредните седници.
Информацијата со предлог за преземање мерки испратена од страна на Народен правобранител е доставенa до Владата на 27.07.2023 година и истата ќе се разгледа на една од наредните владини седници, информираа од Владата за МИА, од каде дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено известена кога ќе биде донесена одлуката.
Директорот на Волковија, Даниел Антовски, во изјава за МИА денеска рече дека децата од ВПД, наместо прв училишен час, во моментов се на еднодневна екскурзија во Охрид, а додека се донесат законските измени, тие се во преговори за онлајн настава преку проект финансиран од УНИЦЕФ. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Во информацијата до Владата на Република Македонија, Народниот правобранител наведува дека очекува Владата сериозно да ја разгледа оваа Информација и да се изнајде привремено, соодветно решение за непречено образование на децата/младите од ВПД Волковија, Тетово, до евентуално донесување на предложените законски измени, односно воспоставување на формален образовен процес и континуитет на истиот за штитениците во ВПД Тетово. Дисконтинуитетот во образованието за штитениците во ВПД-Тетово, каде се сместуваат машки деца кои дошле во судир со законот, не е новина, а истото важи и за женските деца, кои се сместуваат во Идризово. Во серијата стории, кои МИА и „Само Прашај“ ги објавија за состојбата во домот констатирано е дека штитениците во Волковија имаа прекин во образованието во повеќе наврати. Станува збор за основно образование на повозрасна група деца, кои од различни причини пред да се упатат во домот не успеале да го завршат задолжителното основно образование. Во ВПД-Тетово се упатуваат деца кои се судриле со законот на возраст од 14 до 21 година, поради тоа што и нивното образование мора да се прилагоди на возраста, како и на степенот на подготвеност кој го имаат. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Основното образование за штитениците во Волковија своевремено се спроведуваше преку проект на Министерството за образование и наука и УНДП, пракса, која се применува изминативе години. Решението е ад-хок, од година за година, процесот е непостојан, а по завршувањето на школската година тие деца не добиваат класични дипломи, туку потврди за завршен одреден степен на образование, кои немаат важност на јавна исправа. За трајно решавање на овој проблем потребни беа законски измени.
Правото на образование е уставно загарантирано право. Членот 44 од Уставот пропишува дека секој има право на образование. Образованието е достапно за сите под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. Согласно Законот за средно образование, средното образование е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови, утврдено со овој закон, нагласи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која, исто така, утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“.
Според Правобранителот, ваквата состојба, која ја образложи и во својата информација до Владата, е загрижувачка, и претставува повреда на правото на образование за кое МИА веќе подолго време пишува и бара одговорност од надлежните институции.

The post Учебната година не почна за децата упатени во воспитно-поправен дом appeared first on Република.

]]>
Можно е учебната година да почне со штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mozhno-e-uchebnata-godina-da-pochne-so-shtrajk/ Sun, 27 Aug 2023 08:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=676237

Учебната година можно е да почне со штрајк, вели во интервју за Радио слободна Европа Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука.

Апсолутно станува збор за огромно незадоволство коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски 10 проценти од страна на владата преку општиот колективен договор. Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме и да ги окрупниме силите за да ја оствариме таа цел. Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори, вели Гиевски во интервју за РСЕ.

The post Можно е учебната година да почне со штрајк appeared first on Република.

„Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ste-bile-vo-uchilnitsa-vo-juni-ministre-roditelite-gnevni-na-odlukata-za-raspust-kaj-shakiri-izbrishani-site-loshi-komentari/ Wed, 26 Jul 2023 12:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=665540

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.

По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем.

Во дел од коментарите се вели:

Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки? 

Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!

Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?

Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.

Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.

Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

The post „Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари appeared first on Република.

]]>

Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.
По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем. Во дел од коментарите се вели:
Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски - од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки?    Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!   Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?
Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.
Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.
Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.

The post „Сте биле во училница во јуни, министре?“: Родителите гневни на одлуката за распуст, кај Шаќири избришани сите лоши коментари appeared first on Република.

]]>
Владата пресече: Учебната година ќе почне на 1 септември, ќе трае до 17 јуни, а ќе има и пролетен распуст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-preseche-uchebnata-godina-ke-pochne-na-1-septemvri-ke-trae-do-17-juni-a-ke-ima-i-proleten-raspust-od-29-april-do-5-maj/ Tue, 25 Jul 2023 16:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=665221

Учебната година и понатаму ќе почнува на 1 септември, а ќе трае до 17 јуни. Од новата учебна 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

На својата седница, Владата, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, вели МОН.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на 19 јуни најави дека три предлози се дискутираат со синдикатите за почетокот на учебната година 2023/2024.

Доколку одлучиме да почне на 1 септември, ќе почне, тоа е петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа ќе биде во средината на септември, не би сакал да зборувам за датуми. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, изјави Шаќири на 19 јуни.

The post Владата пресече: Учебната година ќе почне на 1 септември, ќе трае до 17 јуни, а ќе има и пролетен распуст appeared first on Република.

]]>

Учебната година и понатаму ќе почнува на 1 септември, а ќе трае до 17 јуни. Од новата учебна 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). На својата седница, Владата, на предлог на МОН, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.
Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, вели МОН.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на 19 јуни најави дека три предлози се дискутираат со синдикатите за почетокот на учебната година 2023/2024.
Доколку одлучиме да почне на 1 септември, ќе почне, тоа е петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа ќе биде во средината на септември, не би сакал да зборувам за датуми. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, изјави Шаќири на 19 јуни.

The post Владата пресече: Учебната година ќе почне на 1 септември, ќе трае до 17 јуни, а ќе има и пролетен распуст appeared first on Република.

]]>
Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-za-srednoshkoltsite-zavrshuva-utre-za-osnovtsite-na-14-juni/ Thu, 08 Jun 2023 08:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=649081

Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни.

Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата.

The post Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни appeared first on Република.

]]>

Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни. Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари. Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата.

The post Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни appeared first on Република.

]]>
Дали поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-poradi-odlozheniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie-uchebnata-godina-ke-zavrshi-na-14-ti-namesto-na-9-juni/ Mon, 16 Jan 2023 13:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=597533

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

The post Дали поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни? appeared first on Република.

]]>

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.
За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

The post Дали поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни? appeared first on Република.

]]>
Без маски и без тестови започнува учебната година во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bez-maski-i-bez-testovi-zapochnuva-uchebnata-godina-vo-grcija/ Mon, 12 Sep 2022 06:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=549869

Под изменет протокол и без задолжителна маска и задолжителни тестови, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата учебна година започнува за 1,3 милиони ученици во забавиштата, основните и средните училишта.

Оваа година, укината е задолжителната маска како за учениците, така и за професорите и наставниците.

Укината е и досегашната пракса за време на пандемијата, селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба да бидат задолжителни за следење настава, а единствено ќе се тестираат невакцинираните просветни работници и административниот персонал во училиштата.

За нив, задолжително е еднаш седмично да достават негативен резултат од ПЦР или рапид тест.

The post Без маски и без тестови започнува учебната година во Грција appeared first on Република.

]]>

Под изменет протокол и без задолжителна маска и задолжителни тестови, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина. Новата учебна година започнува за 1,3 милиони ученици во забавиштата, основните и средните училишта. Оваа година, укината е задолжителната маска како за учениците, така и за професорите и наставниците. Укината е и досегашната пракса за време на пандемијата, селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба да бидат задолжителни за следење настава, а единствено ќе се тестираат невакцинираните просветни работници и административниот персонал во училиштата. За нив, задолжително е еднаш седмично да достават негативен резултат од ПЦР или рапид тест.

The post Без маски и без тестови започнува учебната година во Грција appeared first on Република.

]]>
Таравари бара учениците да не учат во декември и јануари поради енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-bara-uchenicite-da-ne-uchat-vo-dekemvri-i-januari-poradi-energetskata-kriza/ Wed, 07 Sep 2022 07:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=548134

Градоначаланикот на Гостивар Арбен Таравари доставил предлог ЗЕЛС и МОН во кој препорачува продолжена пауза за оваа учебна година која би траела во декември и јануари. Идејата е да се заштеди на трошоци и да се надмине енергетската криза.

Токму во овој период е најстудено, а се отвора можност да заштедиме енергија за затоплување. Во контакт со повеќе градоначалници, добив нивна поддршка и тие сметаат дека трошоците за струја ќе влијаат сериозно врз работењето на општините. Централната власт мора да се земе предвид овој предлог, бидејќи во зимскиот период овие трошоци ќе пораснат и ќе бидат сериозен удар врз државната буџетска каса, која е празна, рече Таравари.

The post Таравари бара учениците да не учат во декември и јануари поради енергетската криза appeared first on Република.