уцена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ucena/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 13:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уцена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ucena/ 32 32 29-Годишник уценувал малолетничка, уапсен е https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/29-godishnik-utsenuval-maloletnichka-uapsen-e/ Wed, 02 Oct 2024 12:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=821794

Вчера во 14.10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово.

Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, велат од МВР.

The post 29-Годишник уценувал малолетничка, уапсен е appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите. И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, велат од МВР.

The post 29-Годишник уценувал малолетничка, уапсен е appeared first on Република.

]]>
Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mesetsi-siluvana-i-utsenuvana-18-godishna-devojka-od-bitola/ Wed, 24 Jul 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=799777

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ од член 186 став 4 во врска со став 1, како и „уцена“ предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед, соопшти Јавното обвинителство.

Преку профил на социјална мрежа, како што е наведено во соопштението, тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

The post Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ од член 186 став 4 во врска со став 1, како и „уцена“ предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.
Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед, соопшти Јавното обвинителство.
Преку профил на социјална мрежа, како што е наведено во соопштението, тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

The post Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола appeared first on Република.

]]>
Со крим-технички обработени пари фатен на дело уценувач од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-krim-tehnichki-obraboteni-pari-faten-na-delo-utsenuvach-od-skopje/ Wed, 26 Jun 2024 13:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=790964

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје вчера во населба Ченто го привеле А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

МВР соопшти дека 20-годишна девојка вчера во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени од крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

The post Со крим-технички обработени пари фатен на дело уценувач од Скопје appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје вчера во населба Ченто го привеле А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ. МВР соопшти дека 20-годишна девојка вчера во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал. На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени од крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода. Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

The post Со крим-технички обработени пари фатен на дело уценувач од Скопје appeared first on Република.

]]>
34-годишник следел и уценувал малолетничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/34-godishnik-sledel-i-utsenuval-maloletnichka/ Sun, 04 Feb 2024 15:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=740241

Вчераво 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Според пријавеното, тој ѝ го одзел и мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 

The post 34-годишник следел и уценувал малолетничка appeared first on Република.

]]>

Вчераво 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина. Според пријавеното, тој ѝ го одзел и мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post 34-годишник следел и уценувал малолетничка appeared first on Република.

]]>
Малолетник од Косово уценувал девојка од Тетово, ѝ барал пари за да не објави експлицитни фотографии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-od-kosovo-utsenuval-devojka-od-tetovo-baral-pari-za-da-ne-objavi-eksplitsitni-fotografii/ Thu, 21 Dec 2023 10:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=725199

Полициски службеници на СВР Тетово, на 20 декември околу 20 часот и 30 минути во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово.

Тој во 19 часот бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека и се заканувал дека на социјалните мрежи ќе објавел нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му платела одредена сума пари.

По целосно документирање на случајот на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.

The post Малолетник од Косово уценувал девојка од Тетово, ѝ барал пари за да не објави експлицитни фотографии appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, на 20 декември околу 20 часот и 30 минути во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово. Тој во 19 часот бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека и се заканувал дека на социјалните мрежи ќе објавел нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му платела одредена сума пари. По целосно документирање на случајот на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.

The post Малолетник од Косово уценувал девојка од Тетово, ѝ барал пари за да не објави експлицитни фотографии appeared first on Република.

]]>
Хамас до жителите на израелскиот град: Напуштете го до 17 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-do-zhitelite-na-izraelskiot-grad-napushtete-go-do-17-chasot/ Tue, 10 Oct 2023 12:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=689909

Вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот.

Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва, изјави Ал Камас од Хамас.

Тие ова предупредување го објавија на социјалните мрежи.

Ашкелон е град на југот на Израел, северно од Појасот Газа.

The post Хамас до жителите на израелскиот град: Напуштете го до 17 часот appeared first on Република.

]]>

Вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот. Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва, изјави Ал Камас од Хамас. Тие ова предупредување го објавија на социјалните мрежи. Ашкелон е град на југот на Израел, северно од Појасот Газа.

The post Хамас до жителите на израелскиот град: Напуштете го до 17 часот appeared first on Република.

]]>
ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-ubienata-kochanka-podnela-prijava-za-utsena-no-ne-i-za-zakani-i-za-nasilstvo/ Mon, 25 Sep 2023 16:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=685040

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Појаснувањето на обвинителството доаѓа откако медиумите објавија дека 46 годишната жена која денеска до смрт беше избодена од 59 годишен кочанчанец претходно го имала пријавено осомничениот и во полиција и во обвинителство затоа што ѝ се заканувал дека ако не му даде пари тој ќе објави компромитирачки фотографии од неа.

Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено, велат од Јавното обвинителство.

The post ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Појаснувањето на обвинителството доаѓа откако медиумите објавија дека 46 годишната жена која денеска до смрт беше избодена од 59 годишен кочанчанец претходно го имала пријавено осомничениот и во полиција и во обвинителство затоа што ѝ се заканувал дека ако не му даде пари тој ќе објави компромитирачки фотографии од неа. Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено, велат од Јавното обвинителство.

The post ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство appeared first on Република.

]]>
Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenitsi-od-idrizovo-utsenuvale-majka-na-drug-zatvorenik-dobile-skoro-15-000-evra/ Thu, 10 Aug 2023 16:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=670869

СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.

Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра“, наведе МВР.

Тие ѝ побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.

 

The post Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.
Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра“, наведе МВР.
Тие ѝ побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.  

The post Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на друг затвореник: Добиле скоро 15.000 евра appeared first on Република.

]]>
Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pishuvala-deka-e-grda-i-debela-lubovnitsa-osudena-za-voznemiruvane-na-soprugata-a-mazhot-so-godini-kriel-deka-imaat-dve-detsa/ Tue, 01 Aug 2023 08:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=667510

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“.

Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна".

Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал.

Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија.

Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“.

Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“.

Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>

Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“. Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна". Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал. Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија. Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“. Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“. Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.

The post Ѝ пишувала дека е грда и дебела: Љубовница осудена за вознемирување на сопругата, а мажот со години криел дека имаат две деца appeared first on Република.

]]>
Тинејџер со татко му уценувал скопјанец со експлицитни видеа, паднаа со крим-технички обработени банкноти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-so-tatko-mu-utsenuval-skopjanets-so-eksplitsitni-videa-padnaa-so-krim-tehnichki-obraboteni-banknoti/ Wed, 24 May 2023 16:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=644316

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РСМ.

На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи се дека доколку не му даде пари, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.05. му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје.

Откако на оштетениот му се дадени претходно крим технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на бул. „К.Ј. Питу“. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги земале парите, веднаш се лишени од слобода од полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје и во службен разговор го признале кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од КЗ.

The post Тинејџер со татко му уценувал скопјанец со експлицитни видеа, паднаа со крим-технички обработени банкноти appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РСМ. На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи се дека доколку не му даде пари, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.05. му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје. Откако на оштетениот му се дадени претходно крим технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на бул. „К.Ј. Питу“. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги земале парите, веднаш се лишени од слобода од полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје и во службен разговор го признале кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 од КЗ.

The post Тинејџер со татко му уценувал скопјанец со експлицитни видеа, паднаа со крим-технички обработени банкноти appeared first on Република.

]]>
Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-utsenuvale-so-kompromitirachki-fotografii-dal-18-630-evra-da-ne-gi-objavat/ Tue, 07 Feb 2023 10:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=605872

Полициски службеници во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.

З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.

The post Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско. Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.

The post Го уценувале со компромитирачки фотографии: Дал 18.630 евра да не ги објават appeared first on Република.

]]>
Уценувачи се претставуваат како полицајци, велат дека имаат компромитирачки педофилски материјали против вас https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utsenuvachi-se-pretstavuvaat-kako-politsajtsi-velat-deka-imaat-kompromitirachki-pedofilski-materijali-protiv-vas/ Tue, 10 Jan 2023 11:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=595346

Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи. Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во последно време до физички и правни лица од тетовско-гостиварското подрачје зачестено се испраќаат пораки од лица кои во пораките им се претставуваат како наводни функционери на српското Министерство за внатрешни работи и ги известуваат дека против нив се покренати наводни судски постапки за педофилија, сајбер порнографија или други кривични дела. Покрај ова, во испратените пораки од нивните приматели се бара во рок од 72 часа да контактираат со испраќачите за да не бидат процесуирани кај Јавен обвинител, да не бидат регистрирани како сексуални претстапници и да не бидат медиумски експонирани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Граѓаните да не ги отвораат ваквите пораки, апелира СВР Тетово, а ако веќе ги отвориле, да се обратат во најблиската полициска станица за преземање соодветни мерки.

The post Уценувачи се претставуваат како полицајци, велат дека имаат компромитирачки педофилски материјали против вас appeared first on Република.

]]>

Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи. Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.
-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во последно време до физички и правни лица од тетовско-гостиварското подрачје зачестено се испраќаат пораки од лица кои во пораките им се претставуваат како наводни функционери на српското Министерство за внатрешни работи и ги известуваат дека против нив се покренати наводни судски постапки за педофилија, сајбер порнографија или други кривични дела. Покрај ова, во испратените пораки од нивните приматели се бара во рок од 72 часа да контактираат со испраќачите за да не бидат процесуирани кај Јавен обвинител, да не бидат регистрирани како сексуални претстапници и да не бидат медиумски експонирани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Граѓаните да не ги отвораат ваквите пораки, апелира СВР Тетово, а ако веќе ги отвориле, да се обратат во најблиската полициска станица за преземање соодветни мерки.

The post Уценувачи се претставуваат како полицајци, велат дека имаат компромитирачки педофилски материјали против вас appeared first on Република.

]]>
Погба платил 100.000 евра на лица кои му се закануваат https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pogba-platil-100-000-evra-na-lica-koi-mu-se-zakanuvaat/ Tue, 30 Aug 2022 09:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=545534

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и француски репрезентативец, Пол Погба, кој побара отворање истрага за „обид за изнуда“, веќе платил значителна сума пари, односно 100.000 евра за да се обиде да се договори со своите изнудувачи.

Погба не ги има откриено сите свои тајни за овој случај. Жртва на закани и обиди за изнуда од неговиот постар брат и другарите од детството, како што напомена за време на сослушувањето со полицијата по отворањето на истрагата во август, на криминалците им платил 100.000 евра.

Според „Франс инфо“ сумата била платена во март 2022 година, кога изнудувачите му се заканиле на фудбалерот на маргините на меѓународна средба на селекцијата на Франција.

Според француските новинари, кои имале пристап до досието, Погба, соочен со инсистирањето на неговите пријатели од детството, кои барале 13 милиони евра за „остварена услуга“ од кои три да бидат веднаш исплатени, се обидел да ја повлече оваа сума. Но, неговите банкари одбиле, по што Погба, сепак успеал да повлече 100.000 евра пред да им ги даде на своите напаѓачи. Тој потпишал и документ за да се обврзе да го плати остатокот од сумата

Соочен со оваа критична ситуација, играчот од средниот ред на „триколорите“ потоа иницираше отворање истрага за „обиди за изнуда на организирана банда“.

The post Погба платил 100.000 евра на лица кои му се закануваат appeared first on Република.

]]>

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и француски репрезентативец, Пол Погба, кој побара отворање истрага за „обид за изнуда“, веќе платил значителна сума пари, односно 100.000 евра за да се обиде да се договори со своите изнудувачи. Погба не ги има откриено сите свои тајни за овој случај. Жртва на закани и обиди за изнуда од неговиот постар брат и другарите од детството, како што напомена за време на сослушувањето со полицијата по отворањето на истрагата во август, на криминалците им платил 100.000 евра. Според „Франс инфо“ сумата била платена во март 2022 година, кога изнудувачите му се заканиле на фудбалерот на маргините на меѓународна средба на селекцијата на Франција. Според француските новинари, кои имале пристап до досието, Погба, соочен со инсистирањето на неговите пријатели од детството, кои барале 13 милиони евра за „остварена услуга“ од кои три да бидат веднаш исплатени, се обидел да ја повлече оваа сума. Но, неговите банкари одбиле, по што Погба, сепак успеал да повлече 100.000 евра пред да им ги даде на своите напаѓачи. Тој потпишал и документ за да се обврзе да го плати остатокот од сумата Соочен со оваа критична ситуација, играчот од средниот ред на „триколорите“ потоа иницираше отворање истрага за „обиди за изнуда на организирана банда“.

The post Погба платил 100.000 евра на лица кои му се закануваат appeared first on Република.

]]>
Маж уценувал девојка: Или ќе бидеш моја или ќе објавам слики https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maz-ucenuval-devojka-ili-kje-bidesh-moja-ili-kje-objavam-sliki/ Tue, 12 Jul 2022 20:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=527808

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од село Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Во период од неколку месеци, пријавениот, преку лажни профили на социјални мрежи, испраќал пораки со непристојна содржина и уценувал 25-годишна девојка од гостиварско дека доколку не биде со него, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

 

The post Маж уценувал девојка: Или ќе бидеш моја или ќе објавам слики appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од село Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во период од неколку месеци, пријавениот, преку лажни профили на социјални мрежи, испраќал пораки со непристојна содржина и уценувал 25-годишна девојка од гостиварско дека доколку не биде со него, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.  

The post Маж уценувал девојка: Или ќе бидеш моја или ќе објавам слики appeared first on Република.

]]>
Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sopstvenik-na-firma-mu-se-zakanuval-na-gradonachalnikot-na-jegunovce-pa-go-prijavil-vo-policija/ Thu, 06 Jan 2022 14:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=441342

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.

Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот.

Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор.

Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше.

Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот.

Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал.

Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце.

Почитувани,

Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене.

Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури.

За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

The post Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.
Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.
Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот. Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше. Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот. Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал. Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце. Почитувани, Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене. Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури. За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

The post Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>