убиство кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kochani/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 12:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиство кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kochani/ 32 32 Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dozhivoten-zatvor-za-mazhot-koj-so-40-ubodi-od-nozh-ubi-majka-na-tri-detsa-od-kochani/ Thu, 18 Apr 2024 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=767552

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/

Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>
МВР за убиствата во Кочани и Куманово: Постапивме по сите пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-ubistvata-vo-kochani-i-kumanovo-postapivme-po-site-prijavi/ Wed, 27 Sep 2023 13:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=685671

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите, како што нагласуваат, изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово. Напротив, се наведува во демантот, од страна на МВР е постапено по секоја пријава.

Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности, и во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово се поднесени пет кривични пријави против Д.Ј. за сторено кривично дело по член 130 ст. 2 од Кривичниот законик, во кои оштетено било лицето Е.А.. Во врска со случајот во Кочани, во ОВР Кочани на 16.05.2023 во 11.30 часот Т.М. пријавила дека подолг период У.Р., со кого биле во љубовна врска, ја уценувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во НК за КР – ОВР Кочани е постапено по пријавата и на 31.05.2023 до ОЈО Кочани е доставен поднесок – известување, со службен материјал во прилог, а на 05.06.2023 до надлежното Обвинителство е доставено и дополнување на известувањето, со службен материјал во прилог, појаснуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, стои во демантот, секогаш постапува по добиените пријави и се преземаат мерки и активности во координација со другите надлежни институции. Од МВР апелираат да не се пласираат дезинформации.

The post МВР за убиствата во Кочани и Куманово: Постапивме по сите пријави appeared first on Република.

Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/peeva-da-se-istrazhi-zoshto-institutsiite-shto-treba-da-ja-zashtitat-zhrtvata-ne-go-pravat-toa/ Tue, 26 Sep 2023 17:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=685385

Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/

Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно внимание за заштита на жртвата. Пеева смета дека семејството на жртвата сега може да ги тужи и институциите. Според теренските активности на ЕХО, институциите во одредени општини постапуваат несериозно и со должно внимание, но, како што вели има иннституции во голем број општини кои веднаш реагираат и ги заштитуваат жртвите.

Нема да генерализирам, бидејќи не станува збор за сите институции во сите општини. Меѓутоа ние можеме да детектираме општини, каде што навистина ова е огромен проблем и каде што институциите треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа, не се однесуваат професионално и не се однесуваат со должно внимание. Токму поради ова доаѓа до вакви последици, навистина трагични, за коишто со години наназад предупредуваме дека се случуваат и ќе се случуваат, вели Пеева.

Невладината „ЕХО“ работи со жртвите кои трпат насилство без разлика дали тоа е физичко, психичко, економско или некое друго. Вчерашното убиство на жената пред прагот на нејзиниот дом во раните утрински часови е фемицид или родово базирано убиство на жена.

Пеева вели дека според анализите од 2018 до 2022 година имаат регистрирано и докажано вкупно 17 фемициди, убиства на жени заради тоа што се жени. Нашата земја нема ваков регистер, но според неа, позитивното е тоа што од март годинава фемицидот е инкриминиран. Согласно измените во Кривичниот законик сторителите на фемицид се соочуваат со повисоки и построги затворски казни, кои се движат од 10 години до доживотна казна затвор.

The post Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа appeared first on Република.

]]>

Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/ Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно внимание за заштита на жртвата. Пеева смета дека семејството на жртвата сега може да ги тужи и институциите. Според теренските активности на ЕХО, институциите во одредени општини постапуваат несериозно и со должно внимание, но, како што вели има иннституции во голем број општини кои веднаш реагираат и ги заштитуваат жртвите.
Нема да генерализирам, бидејќи не станува збор за сите институции во сите општини. Меѓутоа ние можеме да детектираме општини, каде што навистина ова е огромен проблем и каде што институциите треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа, не се однесуваат професионално и не се однесуваат со должно внимание. Токму поради ова доаѓа до вакви последици, навистина трагични, за коишто со години наназад предупредуваме дека се случуваат и ќе се случуваат, вели Пеева.
Невладината „ЕХО“ работи со жртвите кои трпат насилство без разлика дали тоа е физичко, психичко, економско или некое друго. Вчерашното убиство на жената пред прагот на нејзиниот дом во раните утрински часови е фемицид или родово базирано убиство на жена. Пеева вели дека според анализите од 2018 до 2022 година имаат регистрирано и докажано вкупно 17 фемициди, убиства на жени заради тоа што се жени. Нашата земја нема ваков регистер, но според неа, позитивното е тоа што од март годинава фемицидот е инкриминиран. Согласно измените во Кривичниот законик сторителите на фемицид се соочуваат со повисоки и построги затворски казни, кои се движат од 10 години до доживотна казна затвор.

The post Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа appeared first on Република.

]]>
Планирано го зел ножот од дома, добро знаел по кој пат таа се движи: Истрага и притвор за убиецот од Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/ Tue, 26 Sep 2023 14:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=685376

Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое се сомничи дека сторило кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/

Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на место.

Наредбата за спроведување истражна постапка за лицето поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ ја донесе Основното јавно обвинителство Кочани.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

The post Планирано го зел ножот од дома, добро знаел по кој пат таа се движи: Истрага и притвор за убиецот од Кочани appeared first on Република.

]]>

Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое се сомничи дека сторило кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/ Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на место. Наредбата за спроведување истражна постапка за лицето поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ ја донесе Основното јавно обвинителство Кочани.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

The post Планирано го зел ножот од дома, добро знаел по кој пат таа се движи: Истрага и притвор за убиецот од Кочани appeared first on Република.

]]>
„Јас нема да живеам, ама нема ни таа“: Пријавата на убиената кочанчанка не била сфатена сериозно https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/ Mon, 25 Sep 2023 13:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=684990

Службените лица од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово настрада во грозоморното убиство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/

На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи - Кочани постапено е по пријавата. На 31. мај до Основното јавно обвинителство - Кочани е доставен поднесок - известување со службен материјал во прилог. Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година, истакнуваат од СВР – Штип.

Споредлувајќи ги сведоштвата од пријателите на убиената жена, од ТВ Стар споделуваат и дека убиецот, кој наводно бил тешко болен од рак, ѝ се заканувал и зборувал дека тој нема да живее, но „нема ни таа“.

Од Основното јавно обвинителство - Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот и се истражуваат мотивите за убиството.

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите, истакнуваат од ОЈО – Кочани.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nasheto-potfrlane-se-polnat-grobishtata-detsa-rastat-ko-siratsi/

Граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено жените, нагласуваат дека надлежните институции тешко ги препознаваат заканите и можните последици.

Не се препознава ризикот од фемицид. Институциите, односно полицијата и центрите за социјална работа, имаат правилници кои им укажуваат како да прават проценка на ризикот за секоја пријава што доаѓа кај нив. Некогаш пријавите ги регистрираат како поплаки и не преземаат ништо, иако се должни да направат проценка колкав е ризикот за безбедноста и сигурноста на жената која пријавува каков било обид за насилство. Агонијата на жената од Кочани траела седум години, а нејзината пријава не била сфатена сериозно. Ако се прави подобра проценка на ризикот, ќе можеме да ги антиципираме случаите каде што постои опасност од фемицид, односно убиство, истакна Благица Кирова од Едукативно-хуманитарната организација ЕХО од Штип.

Според законските одредби уцената се смета за сериозно кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

The post „Јас нема да живеам, ама нема ни таа“: Пријавата на убиената кочанчанка не била сфатена сериозно appeared first on Република.

]]>

Службените лица од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово настрада во грозоморното убиство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/
На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи - Кочани постапено е по пријавата. На 31. мај до Основното јавно обвинителство - Кочани е доставен поднесок - известување со службен материјал во прилог. Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година, истакнуваат од СВР – Штип.
Споредлувајќи ги сведоштвата од пријателите на убиената жена, од ТВ Стар споделуваат и дека убиецот, кој наводно бил тешко болен од рак, ѝ се заканувал и зборувал дека тој нема да живее, но „нема ни таа“.
Од Основното јавно обвинителство - Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот и се истражуваат мотивите за убиството.
Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите, истакнуваат од ОЈО – Кочани.
https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nasheto-potfrlane-se-polnat-grobishtata-detsa-rastat-ko-siratsi/ Граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено жените, нагласуваат дека надлежните институции тешко ги препознаваат заканите и можните последици.
Не се препознава ризикот од фемицид. Институциите, односно полицијата и центрите за социјална работа, имаат правилници кои им укажуваат како да прават проценка на ризикот за секоја пријава што доаѓа кај нив. Некогаш пријавите ги регистрираат како поплаки и не преземаат ништо, иако се должни да направат проценка колкав е ризикот за безбедноста и сигурноста на жената која пријавува каков било обид за насилство. Агонијата на жената од Кочани траела седум години, а нејзината пријава не била сфатена сериозно. Ако се прави подобра проценка на ризикот, ќе можеме да ги антиципираме случаите каде што постои опасност од фемицид, односно убиство, истакна Благица Кирова од Едукативно-хуманитарната организација ЕХО од Штип.
Според законските одредби уцената се смета за сериозно кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

The post „Јас нема да живеам, ама нема ни таа“: Пријавата на убиената кочанчанка не била сфатена сериозно appeared first on Република.

]]>
Поради нашето потфрлање се полнат гробиштата, деца растат ко сираци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nasheto-potfrlane-se-polnat-grobishtata-detsa-rastat-ko-siratsi/ Mon, 25 Sep 2023 11:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=684951

Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка, реагира Божидар Божиновски по веста за свирепото убиство на жена во Кочани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/

Убиcтво во Кочани, ја избoдел со нож, 41 пат и го оставил безживотното тело на улица. Убиенaтa е мајка на три деца, три деца кои сега ќе растат сами, со трауми и болки, со празнина.
Од друга страна yбиецот бил пријавуван во полиција од страна на жртвата, за закани и изнуда. Полицијата, очигледно, не презела многу. Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка. На сите полиња потфрламе, а поради нашето потфрлање се случуваат трагедии, се полнат гробиштата, деца растат ко сираци, вели Божиновски.

The post Поради нашето потфрлање се полнат гробиштата, деца растат ко сираци appeared first on Република.

]]>

Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка, реагира Божидар Божиновски по веста за свирепото убиство на жена во Кочани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/
Убиcтво во Кочани, ја избoдел со нож, 41 пат и го оставил безживотното тело на улица. Убиенaтa е мајка на три деца, три деца кои сега ќе растат сами, со трауми и болки, со празнина. Од друга страна yбиецот бил пријавуван во полиција од страна на жртвата, за закани и изнуда. Полицијата, очигледно, не презела многу. Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка. На сите полиња потфрламе, а поради нашето потфрлање се случуваат трагедии, се полнат гробиштата, деца растат ко сираци, вели Божиновски.

The post Поради нашето потфрлање се полнат гробиштата, деца растат ко сираци appeared first on Република.

]]>
Убиената кочанчанка неколкупати барала помош од полицијата поради напаѓачот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/ Mon, 25 Sep 2023 09:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=684925

Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-na-tri-detsa-utrovo-40-pati-probodena-so-nozh-pred-nejziniot-dom-vo-kochani/

Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.

Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.

Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.

Увид во настанот извршиле екипа на ОВР - Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Убиената кочанчанка неколкупати барала помош од полицијата поради напаѓачот appeared first on Република.

]]>

Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-na-tri-detsa-utrovo-40-pati-probodena-so-nozh-pred-nejziniot-dom-vo-kochani/ Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.
Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.
Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита. Увид во настанот извршиле екипа на ОВР - Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Убиената кочанчанка неколкупати барала помош од полицијата поради напаѓачот appeared first on Република.

]]>
Мајка на три деца утрово 40 пати прободена со нож пред нејзиниот дом во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-na-tri-detsa-utrovo-40-pati-probodena-so-nozh-pred-nejziniot-dom-vo-kochani/ Mon, 25 Sep 2023 09:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=684920

Свирепо убиство утринава се случило во Кочани. Според првичните информации на ТВ Стар 56-годишниот У.Р. пред домот ја заклал 43 годишната Т.М., инаку мајка на три деца.

Според првичните неофицијални информации на Радио Кочани, пак, жителите од околните куќи околу 6:15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место. Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани.

Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.

The post Мајка на три деца утрово 40 пати прободена со нож пред нејзиниот дом во Кочани appeared first on Република.

]]>

Свирепо убиство утринава се случило во Кочани. Според првичните информации на ТВ Стар 56-годишниот У.Р. пред домот ја заклал 43 годишната Т.М., инаку мајка на три деца. Според првичните неофицијални информации на Радио Кочани, пак, жителите од околните куќи околу 6:15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место. Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани. Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.

The post Мајка на три деца утрово 40 пати прободена со нож пред нејзиниот дом во Кочани appeared first on Република.

]]>