убиство кале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kale/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Mar 2023 06:05:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиство кале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kale/ 32 32 Спасовски за убиството на Кале: Мотивите се пресметки меѓу криминални групи или внатре во криминална група https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-za-ubistvoto-na-kale-motivite-se-presmetki-megu-kriminalni-grupi-ili-vnatre-vo-kriminalna-grupa/ Sun, 26 Mar 2023 17:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=623919

Во интервјуто за Радио Слободна Европа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.

Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.

Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.

Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски.

Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај.

Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ - да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.

The post Спасовски за убиството на Кале: Мотивите се пресметки меѓу криминални групи или внатре во криминална група appeared first on Република.

]]>

Во интервјуто за Радио Слободна Европа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста. Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата. Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски.
Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај.
Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ - да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.

The post Спасовски за убиството на Кале: Мотивите се пресметки меѓу криминални групи или внатре во криминална група appeared first on Република.

]]>
Убиениот Енис Исени избегал од Холандија каде чекал судење за убиство и пукање на плажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ubieniot-enis-iseni-izbegal-od-holandija-kade-chekal-sudene-za-ubistvo-i-pukane-na-plazha/ Thu, 16 Mar 2023 10:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=620217

Еден од ликвидираните мажи во барот „Шиша“ во Старата скопска чаршија во пукањето на 6 март, бил бегалец од правдата. Како што пренесуваат холандските медиуми, тој е еден од неколкумина осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, Холандија, кои успеаја да ѝ избегаат на правдата во одреден момент во изминатите две години.

Осомничениот илегално допатувал во Македонија, каде беше убиен.

Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин. Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили.

Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија, пишува NH Nieuws. Во март во Малага Енес Исение е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето во Холандија, но не смее да ја напушта државата.

Не е познато како без пасош влегол во Македонија.

Судењето за убиството во Берген ан Зи започна во вторникот.

The post Убиениот Енис Исени избегал од Холандија каде чекал судење за убиство и пукање на плажа appeared first on Република.

]]>

Еден од ликвидираните мажи во барот „Шиша“ во Старата скопска чаршија во пукањето на 6 март, бил бегалец од правдата. Како што пренесуваат холандските медиуми, тој е еден од неколкумина осомничени за убиство на плажата во Берген ан Зи, Холандија, кои успеаја да ѝ избегаат на правдата во одреден момент во изминатите две години. Осомничениот илегално допатувал во Македонија, каде беше убиен. Исени со уште неколку други лица во февруари 2021 година на среде бел ден на влезот на плажата во Берген ан Зи се обидува да киднапира Колумбиец како одмазда за наводна измама со кокаин. Пресметката завршува со пукотници, Колумбиецот е погоден и подоцна умира. Криминална банда бега со оружјето со неколку автомобили. Неколку недели подоцна, првоосомничениот е уапсен во Холандија, а полицијата добива информации дека останатите се кријат во Шпанија, пишува NH Nieuws. Во март во Малага Енес Исение е уапсен и екстрадиран во Холандија. Поминува 10 месеци во притвор, по што со одземен пасош е пуштен од слобода да го чека судењето во Холандија, но не смее да ја напушта државата. Не е познато како без пасош влегол во Македонија. Судењето за убиството во Берген ан Зи започна во вторникот.

The post Убиениот Енис Исени избегал од Холандија каде чекал судење за убиство и пукање на плажа appeared first on Република.

]]>
Најдени околу 50 чаури во „Шиша бар“, речиси сите куршуми завршиле во телата на Јетон Кривањева и Енес Исеинов https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/najdeni-okolu-50-chauri-vo-shisha-bar-rechisi-site-kurshumi-zavrshile-vo-telata-na-jeton-krivaneva-i-enes-iseinov/ Sat, 11 Mar 2023 19:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=618583

Во однос на двократното убиство што се случи на почетокот од неделава во угостителски објект во Старата скопска чаршија, шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста и дека предистрагата на ОЈО не може да премине во истрага се додека е непознат идентитетот на убијците. Засега за мотивите на убиството, рече не може ништо да каже, освен што, како што вели, се искристализирува дека се работи за позиции на нарко пазарот.

Кога би дошле до сознание кои се извршители и кои се евентуално нарачатели на ова кривично дело, во тој случај веќе се отвора истрагата и продолжува формалната постапка што си има свои посебни правила на постапување, рече тој и додаде дека откако е запалено возилото нема повеќе информации, зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор.

Тој наведе дека околу 50 чаури се пронајдени околу телата на двајцата убиени, но колку завршиле во нивните тела треба да потврди извшетајот од судска медицина кој се уште не го добил.

Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“, изјави Бубевски во емисијата.

Убиството е извршеное во понеделникот, вечерта, кога неколкумина маскирани лица влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутирале Јетон Кривањева и Енес Исени.

The post Најдени околу 50 чаури во „Шиша бар“, речиси сите куршуми завршиле во телата на Јетон Кривањева и Енес Исеинов appeared first on Република.

Се случуваат убиства со автоматски пушки на 300 метри од центарот на Скопје затоа што МВР е ортак со криминалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-sluchuvaat-ubistva-so-avtomatski-pushki-na-300-metri-od-tsentarot-na-skopje-zatoa-shto-mvr-e-ortak-so-kriminaltsite/ Thu, 09 Mar 2023 13:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=617744

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната негова посета во струмичкиот регион посочи дека кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот и кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овде тогаш е нормално да криминалот си има своја држава.

-Кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот, кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овдека, тогаш е нормално да криминалот си има своја држава, и за жал тоа е нашата Македонија. Затоа велам колку побргу заминат толку побргу ќе дојде крајот на ова девијантно однесување, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со убиството кое се случи пред некој ден потенцираше дека сето ова се случува затоа што во Македонија тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот.

-Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, многу прецизно луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не 1 туку 4, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, нити во најлошите и нај би рекол кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал големина очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе на 300 метра од центарот на главниот град во Скопје. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот, додаде Мицкоски.

The post Се случуваат убиства со автоматски пушки на 300 метри од центарот на Скопје затоа што МВР е ортак со криминалците appeared first on Република.

Груби го осуди убиството во Чаршија: Немам допирна точка со тој свет на дрога, дилерство и криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-go-osudi-ubistvoto-vo-charshija-nemam-dopirna-tochka-so-toj-svet-na-droga-dilerstvo-i-kriminal/ Wed, 08 Mar 2023 07:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=617078

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди двојното убиство на Кале и ги охрабри институциите интензивно да делуваат за што поскоро да ги откријат сторителите.

Тој вечерва во телевизиско гостување рече дека нема повеќе информации во врска со немилиот настан од оние што се соопштени во јавноста.

Според Груби, иако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на еден од двајцата починати во престрелката со Талат Џафери, никој од функционерите на ДУИ нема никаква врска со убиениот.

Не ги знам ниту жртвите, не ги познавам, ниту некогаш сум се сретнал со нив. Жалам за тоа што се случи, се слушнав со министерот Спасовски синоќа неколку пати. Навистина е страшно тоа што се случи, апсоултно е неприфатливо и најостро ги осудувам ваквите криминалните дела. Истрагата ќе покаже кој стои зад ова, ги охрабрувам МВР и Јавното обвинителство што е можно поскоро да ги најдат сторителите. Со дрога, дилерство и криминал апсолутно немам допирна точка. Сакам институциите да делуваат, да го истражат случајот што поскоро, истакна Груби во гостувањето на Телевизија 24.

The post Груби го осуди убиството во Чаршија: Немам допирна точка со тој свет на дрога, дилерство и криминал appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го осуди двојното убиство на Кале и ги охрабри институциите интензивно да делуваат за што поскоро да ги откријат сторителите. Тој вечерва во телевизиско гостување рече дека нема повеќе информации во врска со немилиот настан од оние што се соопштени во јавноста. Според Груби, иако на социјалните мрежи осамнаа фотографии на еден од двајцата починати во престрелката со Талат Џафери, никој од функционерите на ДУИ нема никаква врска со убиениот.
Не ги знам ниту жртвите, не ги познавам, ниту некогаш сум се сретнал со нив. Жалам за тоа што се случи, се слушнав со министерот Спасовски синоќа неколку пати. Навистина е страшно тоа што се случи, апсоултно е неприфатливо и најостро ги осудувам ваквите криминалните дела. Истрагата ќе покаже кој стои зад ова, ги охрабрувам МВР и Јавното обвинителство што е можно поскоро да ги најдат сторителите. Со дрога, дилерство и криминал апсолутно немам допирна точка. Сакам институциите да делуваат, да го истражат случајот што поскоро, истакна Груби во гостувањето на Телевизија 24.

The post Груби го осуди убиството во Чаршија: Немам допирна точка со тој свет на дрога, дилерство и криминал appeared first on Република.

]]>
Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-im-veruvame-na-institutsiite-veli-talevski-od-sdsm-za-vcherashnite-ubistva-sred-skopje/ Tue, 07 Mar 2023 13:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=616930

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје.

Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.

Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски.

The post Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје appeared first on Република.

]]>

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје. Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.
Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски.

The post Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје appeared first on Република.

]]>
Видео од опожареното „ауди“ во кое вчера избегаа убијците од Стара чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/video-od-opozharenoto-audi-vo-koe-vchera-izbegaa-ubijtsite-od-stara-charshija/ Tue, 07 Mar 2023 11:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=616838

Петте лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата чаршија, потоа избегале со автомобил. Како што соопшти денеска МВР, околу 20.30 часот, односно 20-тина минути по нападот, било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.

Екипата на Клан М денеска го снимаше местото каде целосно изгоре автомобилот „ауди“:

Јавен обвинител вчера излегол на лице место на местото на злосторот и по негова наредба телата се дадени на обдукција. Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

Изгорениот автомобил ќе се даде на вештачење.

The post Видео од опожареното „ауди“ во кое вчера избегаа убијците од Стара чаршија appeared first on Република.

]]>

Петте лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К.(37) и Е.И.(28) во локал во Старата чаршија, потоа избегале со автомобил. Како што соопшти денеска МВР, околу 20.30 часот, односно 20-тина минути по нападот, било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари. Екипата на Клан М денеска го снимаше местото каде целосно изгоре автомобилот „ауди“: Јавен обвинител вчера излегол на лице место на местото на злосторот и по негова наредба телата се дадени на обдукција. Од МВР велат дека со насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството. Изгорениот автомобил ќе се даде на вештачење.

The post Видео од опожареното „ауди“ во кое вчера избегаа убијците од Стара чаршија appeared first on Република.

]]>
Албански медиуми: Јетон Кривањева беше мафијаш, ама и хуманист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albanski-mediumi-jeton-krivaneva-beshe-mafijash-ama-i-humanist/ Tue, 07 Mar 2023 11:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=616835

Убиениот во Старата скопска чаршија во Скопје, Јетон Кривањева беше мафијаш, ама и хуманист, пишува информативниот портал на албански јазик „Шќипмедиа“.

Јетон Кривањева пред извесно време им подари четири станови на сиромашни луѓе, кои имаа потреба од помош.

Оваа вест медиумот ја придружува и со видео-снимка со изјава на семејство, кое „добило еден од тие станови“.

The post Албански медиуми: Јетон Кривањева беше мафијаш, ама и хуманист appeared first on Република.

]]>

Убиениот во Старата скопска чаршија во Скопје, Јетон Кривањева беше мафијаш, ама и хуманист, пишува информативниот портал на албански јазик „Шќипмедиа“. Јетон Кривањева пред извесно време им подари четири станови на сиромашни луѓе, кои имаа потреба од помош. Оваа вест медиумот ја придружува и со видео-снимка со изјава на семејство, кое „добило еден од тие станови“.

The post Албански медиуми: Јетон Кривањева беше мафијаш, ама и хуманист appeared first on Република.

]]>
Ѓурчевски: Ова се лица заштитени од полицијата, неказнива елита со врски во власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gurchevski-ova-se-litsa-zashtiteni-od-politsijata-nekazniva-elita-so-vrski-vo-vlasta/ Tue, 07 Mar 2023 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=616756

Станува збор за профил на лица кои се доста добро познати на службата кај нас и се дел од организираните криминални групи и тоа во оној повисок слој на командување и раководење со тие групи, посебно трговијата со наркотици во градот Скопје, вели во разговор за „Локално“, поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи и помошник-директор на Криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески за двојното свирепо убиство во Старата скопска чаршија која ја потресе јавноста.

Ѓурчески ги потврдува дека едниот од сега загинатите Јетон Кривањева – Жила бил дел од пресметката во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

Некои информации кои кружат во медиумите се приближно до вистината поради тоа што станува збор за продолжување на нарко-пресметките меѓу криминалните групи уште од 2010 година. Точно е дека „Жила“ беше жртва на пресметката во хотелот „Александар Палас“. Таму се зборуваше и дека еден полицаец му помогнал во неговото спасување. Факт е дека сите организирани криминални групи и кланови се дел од врската со политичките елити кои се дел од власта. Оттука се зборува дека добиваат одреден степен на државно-политичка заштита и им се овозможува неказнивост, како за ниту една од престрелките од 2010 година, како на пример во Синѓелиќ кога беше убиен Џељо (Џељадин Ајети), вели Ѓурчески.

Целиот разговор на „Локално

The post Ѓурчевски: Ова се лица заштитени од полицијата, неказнива елита со врски во власта appeared first on Република.

]]>

Станува збор за профил на лица кои се доста добро познати на службата кај нас и се дел од организираните криминални групи и тоа во оној повисок слој на командување и раководење со тие групи, посебно трговијата со наркотици во градот Скопје, вели во разговор за „Локално“, поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи и помошник-директор на Криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески за двојното свирепо убиство во Старата скопска чаршија која ја потресе јавноста. Ѓурчески ги потврдува дека едниот од сега загинатите Јетон Кривањева – Жила бил дел од пресметката во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.
Некои информации кои кружат во медиумите се приближно до вистината поради тоа што станува збор за продолжување на нарко-пресметките меѓу криминалните групи уште од 2010 година. Точно е дека „Жила“ беше жртва на пресметката во хотелот „Александар Палас“. Таму се зборуваше и дека еден полицаец му помогнал во неговото спасување. Факт е дека сите организирани криминални групи и кланови се дел од врската со политичките елити кои се дел од власта. Оттука се зборува дека добиваат одреден степен на државно-политичка заштита и им се овозможува неказнивост, како за ниту една од престрелките од 2010 година, како на пример во Синѓелиќ кога беше убиен Џељо (Џељадин Ајети), вели Ѓурчески.
Целиот разговор на „Локално

The post Ѓурчевски: Ова се лица заштитени од полицијата, неказнива елита со врски во власта appeared first on Република.

]]>
Една слика 1000 зборови https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/edna-slika-1000-zborovi/ Tue, 07 Mar 2023 08:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=616714

The post Една слика 1000 зборови appeared first on Република.

]]>

The post Една слика 1000 зборови appeared first on Република.

]]>
За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-da-imash-presmetka-od-vakva-dimenzija-treba-da-imash-kriminaltsi-koi-uzhivaat-partiska-politichka-i-politsiska-zashtita/ Tue, 07 Mar 2023 07:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=616673

За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита, коментира Ивор Мицковски по вчерашното пукање во кафуле во Старата скопска чаршија, во која беа убиени две лица.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-vo-tsrno-i-so-fantomki-na-litsata-izlegle-od-audi-i-pukale-avtomobilot-potoa-go-zapalile/

2 убиени, 7 ранети во престрелка на две крими групи.
Сега ќе излезе Обиџуко со статистика како се намалени сообраќајните прекршоци.
За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита, коментира тој.

The post За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита appeared first on Република.

]]>

За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита, коментира Ивор Мицковски по вчерашното пукање во кафуле во Старата скопска чаршија, во која беа убиени две лица. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-vo-tsrno-i-so-fantomki-na-litsata-izlegle-od-audi-i-pukale-avtomobilot-potoa-go-zapalile/
2 убиени, 7 ранети во престрелка на две крими групи. Сега ќе излезе Обиџуко со статистика како се намалени сообраќајните прекршоци. За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита, коментира тој.

The post За да имаш пресметка од ваква димензија треба да имаш криминалци кои уживаат партиска, политичка и полициска заштита appeared first on Република.

]]>
Детали од ЈО за престрелката на Кале https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-od-jo-za-prestrelkata-na-kale/ Tue, 07 Mar 2023 07:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=616648

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи извршија увид во угостителскиот објект во Старата скопска чаршија, каде штш две лица беа застрелани, а едно е повредено.

Од Јавното обвинителство информираат дека според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на самото место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите, се вели во соопштението од ЈО.

Полициските екипи го обезбедуваат местото во Старата скопска чаршија каде се случи престрелката во која починаа две лица, а едно е повредено.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegle-od-tsrno-audi-i-pukale-avtomobilot-potoa-go-zapalile/

Пристапот кон Скопското кале и Старата скопска чаршија од синоќа се блокирани од полицијата.

Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-dvojnoto-ubistvo-vo-stara-charshija-pukano-e-kon-tri-litsa-dvajtsa-pochinale-na-litse-mesto/

Од Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски за МИА потврдија дека едно лице со две прострелни рани е донесено во оваа клиника синоќа во 20.15 часот со приватно возило. Констатирана му е прострелна рана во пределот на левото стапало и поголема рана во пределот на десната потколеница.

Како што изјавија за  МИА, на лицето му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување.

Нагласуваат дека досега во оваа клиника е донесено само едно лице.

Од МВР засега нема нови официјални информации и детали. 

The post Детали од ЈО за престрелката на Кале appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи извршија увид во угостителскиот објект во Старата скопска чаршија, каде штш две лица беа застрелани, а едно е повредено. Од Јавното обвинителство информираат дека според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на самото место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.
Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите, се вели во соопштението од ЈО.
Полициските екипи го обезбедуваат местото во Старата скопска чаршија каде се случи престрелката во која починаа две лица, а едно е повредено. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegle-od-tsrno-audi-i-pukale-avtomobilot-potoa-go-zapalile/ Пристапот кон Скопското кале и Старата скопска чаршија од синоќа се блокирани од полицијата. Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-dvojnoto-ubistvo-vo-stara-charshija-pukano-e-kon-tri-litsa-dvajtsa-pochinale-na-litse-mesto/ Од Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски за МИА потврдија дека едно лице со две прострелни рани е донесено во оваа клиника синоќа во 20.15 часот со приватно возило. Констатирана му е прострелна рана во пределот на левото стапало и поголема рана во пределот на десната потколеница. Како што изјавија за  МИА, на лицето му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување. Нагласуваат дека досега во оваа клиника е донесено само едно лице. Од МВР засега нема нови официјални информации и детали. 

The post Детали од ЈО за престрелката на Кале appeared first on Република.

]]>