убиство кај мавровка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kaj-mavrovka/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 13:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиство кај мавровка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubistvo-kaj-mavrovka/ 32 32 ОЈО со нови детали околу убиството кај „Мавровка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-novi-detali-okolu-ubistvoto-kaj-mavrovka/ Wed, 21 Aug 2024 13:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=808705

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот кој на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровска“ вчера усмрти едно лице.

Како што информираат од ОЈО Скопје, осомничениот се товари за кривично дело убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

На 20 август, со пиштол марка „ГЛОК“ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, позади ТЦ „Мавровка“, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „Ауди“ без регистарски ознаки, стои во соопштението од Обвинителството.

Оттаму дополнуваат дека на местото пристигнало и второ возило „Цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило.

Автомобилот „Цитроен“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот „Ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат, се дополнува во соопштението.

Четворицата полициски службеници, како што наведуваат од ОЈО Скопје, во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот, додека, другото лице се дало во бегство и по него се трага.

Од ОЈО велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post ОЈО со нови детали околу убиството кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот кој на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровска“ вчера усмрти едно лице. Како што информираат од ОЈО Скопје, осомничениот се товари за кривично дело убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
На 20 август, со пиштол марка „ГЛОК“ со калибар 9 милиметри, што го поседувал без дозвола, осомничениот на паркинг просторот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, позади ТЦ „Мавровка“, со умисла и од користољубие лишил од живот едно лице, по што од сопругата на жртвата одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „Ауди“ без регистарски ознаки, стои во соопштението од Обвинителството.
Оттаму дополнуваат дека на местото пристигнало и второ возило „Цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило.
Автомобилот „Цитроен“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот „Ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат, се дополнува во соопштението.
Четворицата полициски службеници, како што наведуваат од ОЈО Скопје, во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот, додека, другото лице се дало во бегство и по него се трага. Од ОЈО велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post ОЈО со нови детали околу убиството кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>
Како изгледаше претресот и потрагата по третиот осомничен за убиството кај „Мавровка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-izgledashe-pretresot-i-potragata-po-tretiot-osomnichen-za-ubistvoto-kaj-mavrovka/ Wed, 21 Aug 2024 07:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=808510

Министерството за внатрешни работи вчера презеде низа мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое беше извршено на паркинг простор пред ТЦ „Мавровка“, соопштија оттаму, додавајќи дека мерките и активностите продолжија и во текот на вечерта.

Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. Извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови. Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје. Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице. По целосното расчистување на случајот, МВР соодветно ќе ја информира јавноста, соопшти МВР вчера.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, пак, oбјави видео од дел од акцијат.

Полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи. Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи.
Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури.
Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис.
Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа.
Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град.
Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно, порача тој.

The post Како изгледаше претресот и потрагата по третиот осомничен за убиството кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи вчера презеде низа мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое беше извршено на паркинг простор пред ТЦ „Мавровка“, соопштија оттаму, додавајќи дека мерките и активностите продолжија и во текот на вечерта.
Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. Извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови. Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје. Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице. По целосното расчистување на случајот, МВР соодветно ќе ја информира јавноста, соопшти МВР вчера.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, пак, oбјави видео од дел од акцијат.
Полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи. Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните. Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи. Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури. Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис. Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа. Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град. Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно, порача тој.

The post Како изгледаше претресот и потрагата по третиот осомничен за убиството кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>
Пукале и кон полицијата: Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukale-i-kon-politsijata-dve-litsa-uapseni-za-ubistvoto-kaj-mavrovka-se-traga-po-tretiot-osomnichen/ Tue, 20 Aug 2024 10:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=808253

Две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое починало на местото. Од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.

Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.

На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.

Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-najverojatno-e-advokat-pokraj-teloto-ima-elektrichen-trotinet-detali-za-pukaneto-kaj-mavrovka/

Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.

На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.

Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пукале и кон полицијата: Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен appeared first on Република.

]]>

Две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое починало на местото. Од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство. Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.
Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-najverojatno-e-advokat-pokraj-teloto-ima-elektrichen-trotinet-detali-za-pukaneto-kaj-mavrovka/ Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот. Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.
На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.
Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пукале и кон полицијата: Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен appeared first on Република.

]]>
Автомобилот од кој е пукано кај „Мавровка“ пронајден во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-od-koj-e-pukano-kaj-mavrovka-pronajden-vo-gazi-baba/ Tue, 20 Aug 2024 09:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=808230

Голем број на полициски екипи и амбулантно возило во моментот се на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде утрово едно лице беше убиено со огнено оружје.

Според неофицијални информации, станува збор за скопски адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет.

Се очекуваат официјални информации од МВР, од каде пак во потрагата по пукачот е вклучен и хеликоптер.

Во меѓувреме, ТВ21 објави фотографија од автомобилот од кој е пукано, а кој е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.

The post Автомобилот од кој е пукано кај „Мавровка“ пронајден во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Голем број на полициски екипи и амбулантно возило во моментот се на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде утрово едно лице беше убиено со огнено оружје. Според неофицијални информации, станува збор за скопски адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет. Се очекуваат официјални информации од МВР, од каде пак во потрагата по пукачот е вклучен и хеликоптер. Во меѓувреме, ТВ21 објави фотографија од автомобилот од кој е пукано, а кој е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.

The post Автомобилот од кој е пукано кај „Мавровка“ пронајден во Гази Баба appeared first on Република.

]]>