убиени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubieni/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 15:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubieni/ 32 32 Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesar-za-pravda-najmalku-177-ukrainski-voeni-zarobenitsi-ubieni-vo-rusija/ Wed, 23 Oct 2024 15:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=830259

Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во Стразбур за време на дебатата во Европскиот парламент за воените злосторства на Русија.

- Минатата недела добивме извештај дека девет украински воени затвореници биле застрелани близу Курск од руските војници. На 1 октомври започна истрага за убиството на уште 60 воени затвореници кои се предале во Доњецк, изјави Рејндерс пред европратениците.

Тој додаде дека украинските заробеници биле изложени на физичко насилство, сексуални злоупотреби, понижување и глад, што е неприфатливо.

- Русија не го почитува меѓународното право и особено меѓународното хуманитарно право. ЕУ ја повикува Руската Федерација да се придржува до меѓународното хуманитарно право, да го запре убивањето и тортурата на украинските воени заробеници и да обезбеди хуманитарен пристап до нив, нагласи Дидие Рејндерс.

Тој ја изрази поддршката на ЕУ за Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина да спроведе истрага за воените злосторства извршени од Русија во Украина.

- ЕУ инсистира на свикување специјален трибунал за овие злосторства, додаде европскиот комесар за правда и вети поддршка за напорите за враќање дома на незаконски приведените.

Потоа следеа говори на европратеници од различни политички групи.

Сандра Калниете од Европската народна партија исто така повика сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата.

- Украина мора да победи. Затоа, апелираме да се укине забраната за Украинците да користат ракети со долг дострел. Затоа што мораме да ставиме крај на сите овие закани, рече таа.

Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите исто така побара одговорните да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд.

- Западна Европа отсекогаш одржувала добри односи со империјална Русија. И таму, се чини, наивно веруваат во една убава слика на Русија, веројатно како резултат на тоа што за време на Втората светска војна сојузниците работеа заедно со Русија. Но, мора да знаеме дека во Русија има ужасно многу оружје, вклучително и боеви глави, кои се натрупани околу границата, а таквите ѕверства ќе ги гледаме уште долго, изјави Томаш Бучек од „Патриоти за Европа“.

„Руската армија систематски убива украински воени заробеници. Во моментов има над 110 познати случаи. Ова е геноцид извршен од Русија врз Украинците. Ова треба да биде казнето со меѓународното право. Секој убиец на воен заробеник мора да биде кривично гонет, коментира Петрас Аустревичиус од „Обнови Европа“.

Сергеј Лагодински од групата Зелени исто така изрази мислење дека она што се случува е во спротивност со сите правила на меѓународното и военото право.

- Смртта во такви услови во затворите е убиство. Пред да повикаме на ослободување на овие луѓе, мора да повикаме да останат живи, додаде тој.

The post Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс во Стразбур за време на дебатата во Европскиот парламент за воените злосторства на Русија. - Минатата недела добивме извештај дека девет украински воени затвореници биле застрелани близу Курск од руските војници. На 1 октомври започна истрага за убиството на уште 60 воени затвореници кои се предале во Доњецк, изјави Рејндерс пред европратениците. Тој додаде дека украинските заробеници биле изложени на физичко насилство, сексуални злоупотреби, понижување и глад, што е неприфатливо. - Русија не го почитува меѓународното право и особено меѓународното хуманитарно право. ЕУ ја повикува Руската Федерација да се придржува до меѓународното хуманитарно право, да го запре убивањето и тортурата на украинските воени заробеници и да обезбеди хуманитарен пристап до нив, нагласи Дидие Рејндерс. Тој ја изрази поддршката на ЕУ за Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина да спроведе истрага за воените злосторства извршени од Русија во Украина. - ЕУ инсистира на свикување специјален трибунал за овие злосторства, додаде европскиот комесар за правда и вети поддршка за напорите за враќање дома на незаконски приведените. Потоа следеа говори на европратеници од различни политички групи. Сандра Калниете од Европската народна партија исто така повика сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата. - Украина мора да победи. Затоа, апелираме да се укине забраната за Украинците да користат ракети со долг дострел. Затоа што мораме да ставиме крај на сите овие закани, рече таа. Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите исто така побара одговорните да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд. - Западна Европа отсекогаш одржувала добри односи со империјална Русија. И таму, се чини, наивно веруваат во една убава слика на Русија, веројатно како резултат на тоа што за време на Втората светска војна сојузниците работеа заедно со Русија. Но, мора да знаеме дека во Русија има ужасно многу оружје, вклучително и боеви глави, кои се натрупани околу границата, а таквите ѕверства ќе ги гледаме уште долго, изјави Томаш Бучек од „Патриоти за Европа“. „Руската армија систематски убива украински воени заробеници. Во моментов има над 110 познати случаи. Ова е геноцид извршен од Русија врз Украинците. Ова треба да биде казнето со меѓународното право. Секој убиец на воен заробеник мора да биде кривично гонет, коментира Петрас Аустревичиус од „Обнови Европа“. Сергеј Лагодински од групата Зелени исто така изрази мислење дека она што се случува е во спротивност со сите правила на меѓународното и военото право. - Смртта во такви услови во затворите е убиство. Пред да повикаме на ослободување на овие луѓе, мора да повикаме да останат живи, додаде тој.

The post Еврокомесар за правда: Најмалку 177 украински воени заробеници убиени во Русија appeared first on Република.

]]>
Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubieni-tri-zheni-vo-anglija-britanskata-politsija-traga-po-26-godishen-mazh/ Wed, 10 Jul 2024 12:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=795381

Во тек е интензивна потрага по Кајл Клифорд (26), кој е осомничен дека е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел.

Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по Клифорд.

Надлежните апелираа граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција.

Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.

Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.

Засега не се знае кои се починатите жени и како биле убиени.

 

The post Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж appeared first on Република.

]]>

Во тек е интензивна потрага по Кајл Клифорд (26), кој е осомничен дека е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел. Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по Клифорд. Надлежните апелираа граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција. Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.
Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.
Засега не се знае кои се починатите жени и како биле убиени.  

The post Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж appeared first on Република.

]]>
Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvorenitsite-koi-drzhea-zatvorski-chuvari-kako-zalozhnitsi-vo-gradot-rostov-se-ubieni/ Sun, 16 Jun 2024 10:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=788075

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета.

Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.

Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени“, соопшти Федералната затворска служба на Русија.

Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава.

 

The post Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени appeared first on Република.

]]>

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета. Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.
Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени“, соопшти Федералната затворска служба на Русија.
Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава.  

The post Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени appeared first on Република.

]]>
Од 7 октомври досега во Газа се убиени најмалку 9.000 жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-7-oktomvri-dosega-vo-gaza-se-ubieni-najmalku-9-000-zheni/ Fri, 08 Mar 2024 14:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=752741

Најмалку 9.000 жени се убиени во Појасот Газа од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска локалното Министерство за здравство.

Како што е наведено, околу 60.000 бремени жени во Газа страдаат од „неухранетост, дехидрација и недостаток на соодветна здравствена заштита“.

Околу 5.000 трудници месечно раѓаат во „тешки, небезбедни и нездрави услови“.

Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (UNRWA) објави на платформата X дека во таа мала енклава дневно се убиваат во просек по 63 жени.

Во објавата се вели дека на Меѓународниот ден на жената „жените во Газа продолжуваат да ги трпат последиците од бруталната војна“.

Генералниот комесар на УНРВА Филипе Лазарини оцени дека е потребно повеќе да се работи за поддршка и заштита на жените и дека „итниот прекин на огнот е минимум“.

30.878 луѓе се убиени во израелските воени операции и борби во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас, соопштено е денеска.

 

The post Од 7 октомври досега во Газа се убиени најмалку 9.000 жени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 9.000 жени се убиени во Појасот Газа од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска локалното Министерство за здравство. Како што е наведено, околу 60.000 бремени жени во Газа страдаат од „неухранетост, дехидрација и недостаток на соодветна здравствена заштита“. Околу 5.000 трудници месечно раѓаат во „тешки, небезбедни и нездрави услови“. Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина (UNRWA) објави на платформата X дека во таа мала енклава дневно се убиваат во просек по 63 жени. Во објавата се вели дека на Меѓународниот ден на жената „жените во Газа продолжуваат да ги трпат последиците од бруталната војна“. Генералниот комесар на УНРВА Филипе Лазарини оцени дека е потребно повеќе да се работи за поддршка и заштита на жените и дека „итниот прекин на огнот е минимум“. 30.878 луѓе се убиени во израелските воени операции и борби во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас, соопштено е денеска.  

The post Од 7 октомври досега во Газа се убиени најмалку 9.000 жени appeared first on Република.

]]>
Додека чекаа хуманитарна помош: Убиени најмалку 104 лица, 760 се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dodeka-chekaa-humanitarna-pomosh-ubieni-najmalku-104-litsa-760-se-povredeni/ Thu, 29 Feb 2024 16:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=749745

Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра истакна дека повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа.

Според сведоците, израелските војници стрелале и врз медицинските тимови и цивили кои им помагале на повредените.

Според израелската армија инцидентот почнал околу четири часот наутро, кога триесетина камиони со хуманитарна помош пристигнале на брегот на градот Газа, за да достават храна до Палестинците. Илјадници Палестинци ги опколиле камионите откако го поминале контролниот пункт на израелските безбедносни сили (ИДФ) во центарот на Газа, што довело до стампедо, при што загинале десетици Палестинци, а стотици повредени, а некои биле прегазени од камионите.

Портпаролот на израелската Влада, Ави Химан изјави дека „трагедијата“ била предизвикана од возачите на камиони со хуманитарна помош, кои „налетале“ на толпата, при што загинале „десетици луѓе“.

Неименуван израелски претставник изјави дека војниците отвориле оган кон „неколку луѓе“ откако насобраниот народ ги опколил камионите со хуманитарна помош.

Високиот член на Хамас, Изат Ал-Ришек предупреди дека убиството на луѓето кои чекале помош може да доведе до неуспех на тековните разговори, кои имаат за цел ослободување на заложниците и прекин на огнот.

– Преговорите не се отворен процес. Нема да дозволиме преговорите да бидат покритие за континуираните злосторства на непријателот врз нашиот народ во Појасот Газа, истакна Ал-Ришек.

И Палестинското претседателство го осуди „грдиот масакр“. Канцеларијата на претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас го осуди „грдиот масакр извршен од израелската окупаторска армија“.

Убиството на голем број невини цивилни жртви кои ја ризикуваа својата егзистенција е составен дел од геноцидната војна извршена од окупаторската влада против нашиот народ. Израелските окупациски власти сносат целосна одговорност и ќе одговараат пред меѓународните судови, се наведува во соопштението.

Белата куќа соопшти дека ги разгледува извештаите за израелскиот напад врз Палестинците, кои чекаа помош, опишувајќи го како „сериозен инцидент“.

– Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства. Ова ја нагласува важноста од проширување и одржување на протокот на хуманитарна помош во Газа, вклучително и преку потенцијален привремен прекин на огнот, изјави портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност.

The post Додека чекаа хуманитарна помош: Убиени најмалку 104 лица, 760 се повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра истакна дека повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа. Според сведоците, израелските војници стрелале и врз медицинските тимови и цивили кои им помагале на повредените. Според израелската армија инцидентот почнал околу четири часот наутро, кога триесетина камиони со хуманитарна помош пристигнале на брегот на градот Газа, за да достават храна до Палестинците. Илјадници Палестинци ги опколиле камионите откако го поминале контролниот пункт на израелските безбедносни сили (ИДФ) во центарот на Газа, што довело до стампедо, при што загинале десетици Палестинци, а стотици повредени, а некои биле прегазени од камионите. Портпаролот на израелската Влада, Ави Химан изјави дека „трагедијата“ била предизвикана од возачите на камиони со хуманитарна помош, кои „налетале“ на толпата, при што загинале „десетици луѓе“. Неименуван израелски претставник изјави дека војниците отвориле оган кон „неколку луѓе“ откако насобраниот народ ги опколил камионите со хуманитарна помош. Високиот член на Хамас, Изат Ал-Ришек предупреди дека убиството на луѓето кои чекале помош може да доведе до неуспех на тековните разговори, кои имаат за цел ослободување на заложниците и прекин на огнот. – Преговорите не се отворен процес. Нема да дозволиме преговорите да бидат покритие за континуираните злосторства на непријателот врз нашиот народ во Појасот Газа, истакна Ал-Ришек. И Палестинското претседателство го осуди „грдиот масакр“. Канцеларијата на претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас го осуди „грдиот масакр извршен од израелската окупаторска армија“. Убиството на голем број невини цивилни жртви кои ја ризикуваа својата егзистенција е составен дел од геноцидната војна извршена од окупаторската влада против нашиот народ. Израелските окупациски власти сносат целосна одговорност и ќе одговараат пред меѓународните судови, се наведува во соопштението. Белата куќа соопшти дека ги разгледува извештаите за израелскиот напад врз Палестинците, кои чекаа помош, опишувајќи го како „сериозен инцидент“. – Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства. Ова ја нагласува важноста од проширување и одржување на протокот на хуманитарна помош во Газа, вклучително и преку потенцијален привремен прекин на огнот, изјави портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност.

The post Додека чекаа хуманитарна помош: Убиени најмалку 104 лица, 760 се повредени appeared first on Република.

]]>
Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-luge-se-ubieni-vo-pukane-vo-brodska-kompanija-blizu-atina/ Mon, 12 Feb 2024 13:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=743260

Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.

Полицијата кажа дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.

Инцидентот се случи во Глифада, 12 километри јужно од Атина. Вооружениот маж, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, упаднал во зградата, по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.

The post Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина appeared first on Република.

]]>

Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.
Полицијата кажа дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.
Инцидентот се случи во Глифада, 12 километри јужно од Атина. Вооружениот маж, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, упаднал во зградата, по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.

The post Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина appeared first on Република.

]]>
Десетици луѓе убиени во Појасот Газа изминатата ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desetitsi-luge-ubieni-vo-pojasot-gaza-izminatata-nok/ Sun, 04 Feb 2024 09:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=740143

Десетици луѓе беа убиени минатата ноќ низ Појасот Газа, откако Хамас изјави дека му треба повеќе време да го разгледа предлогот за воспоставување примирје во војната со Израел на опколената палестинска територија, пренесе Бета.

Министерството за здравство во Газа рано утринава соопшти дека загинале 92 лица, меѓу кои и раселени Палестинци кои се засолниле во градинка во Рафа, во јужниот дел на Појасот.

Загриженоста за потенцијален израелски копнен упад во градот на египетската граница расте во последните денови, каде стотици илјади раселени луѓе избегаа од конфликтот и живеат во импровизирани засолништа и шатори.

Градот кој некогаш имал 200 илјади жители сега е дом на повеќе од половина од населението на Газа (2,4 милиони луѓе), според ОН.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во четвртокот предупреди дека армијата, која ја започна својата копнена инвазија во северниот дел на Газа на крајот на октомври и постепено напредуваше кон југ, ќе стигне и до Рафа.

Во меѓувреме, меѓународните посредници прават напори да го усвојат предлогот за прекин на огнот направен минатата недела во Париз.

Високиот функционер на Хамас во Либан, Осама Хамдан, вчера рече дека предложениот рамковен договор нема некои детали и дека на организацијата и треба повеќе време за „да ја објави својата позиција врз основа на желбата што е можно поскоро да се стави крај на агресијата“ што ја предизвикува палестинскиот народ да страда.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во наредните денови ќе го посети Блискиот Исток, негова петта од почетокот на војната, за да изврши притисок за усвојување на предлогот за прекин на огнот, соопшти Стејт департментот.

Во регионот ќе пристигне и министерот за надворешни работи на Франција Стефан Сежурн, најави неговиот портпарол.

Извор близок до Хамас рече дека предлогот вклучува шестнеделна пауза во конфликтот за време на која ќе биде доставена поголема помош до Газа во замена за ослободување на некои израелски заложници за палестинските затвореници кои ги држел Израел.

Лидерот на Хамас, со седиште во Катар, Исмаил Ханије, рече дека секој прекин на огнот мора да доведе до целосно повлекување на израелските трупи од Газа.

Војната меѓу Израел и Хамас предизвика засилени тензии во регионот и чести напади од организации поддржани од Иран во знак на солидарност со Газа, што доведе до контранапад од клучниот израелски сојузник САД.

The post Десетици луѓе убиени во Појасот Газа изминатата ноќ appeared first on Република.

]]>

Десетици луѓе беа убиени минатата ноќ низ Појасот Газа, откако Хамас изјави дека му треба повеќе време да го разгледа предлогот за воспоставување примирје во војната со Израел на опколената палестинска територија, пренесе Бета. Министерството за здравство во Газа рано утринава соопшти дека загинале 92 лица, меѓу кои и раселени Палестинци кои се засолниле во градинка во Рафа, во јужниот дел на Појасот. Загриженоста за потенцијален израелски копнен упад во градот на египетската граница расте во последните денови, каде стотици илјади раселени луѓе избегаа од конфликтот и живеат во импровизирани засолништа и шатори. Градот кој некогаш имал 200 илјади жители сега е дом на повеќе од половина од населението на Газа (2,4 милиони луѓе), според ОН. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во четвртокот предупреди дека армијата, која ја започна својата копнена инвазија во северниот дел на Газа на крајот на октомври и постепено напредуваше кон југ, ќе стигне и до Рафа. Во меѓувреме, меѓународните посредници прават напори да го усвојат предлогот за прекин на огнот направен минатата недела во Париз. Високиот функционер на Хамас во Либан, Осама Хамдан, вчера рече дека предложениот рамковен договор нема некои детали и дека на организацијата и треба повеќе време за „да ја објави својата позиција врз основа на желбата што е можно поскоро да се стави крај на агресијата“ што ја предизвикува палестинскиот народ да страда. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во наредните денови ќе го посети Блискиот Исток, негова петта од почетокот на војната, за да изврши притисок за усвојување на предлогот за прекин на огнот, соопшти Стејт департментот. Во регионот ќе пристигне и министерот за надворешни работи на Франција Стефан Сежурн, најави неговиот портпарол. Извор близок до Хамас рече дека предлогот вклучува шестнеделна пауза во конфликтот за време на која ќе биде доставена поголема помош до Газа во замена за ослободување на некои израелски заложници за палестинските затвореници кои ги држел Израел. Лидерот на Хамас, со седиште во Катар, Исмаил Ханије, рече дека секој прекин на огнот мора да доведе до целосно повлекување на израелските трупи од Газа. Војната меѓу Израел и Хамас предизвика засилени тензии во регионот и чести напади од организации поддржани од Иран во знак на солидарност со Газа, што доведе до контранапад од клучниот израелски сојузник САД.

The post Десетици луѓе убиени во Појасот Газа изминатата ноќ appeared first on Република.

]]>
Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-7-oktomvri-dosega-ubieni-25-490-palestintsi-vo-gaza/ Tue, 23 Jan 2024 11:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=735882

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети.

Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството.

Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела се уште не се вброени меѓу жртвите бидејќи се под урнатините низ цела Газа.

 

The post Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети. Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството. Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела се уште не се вброени меѓу жртвите бидејќи се под урнатините низ цела Газа.  

The post Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа appeared first on Република.

]]>
Во Газа досега убиени 22.722 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-gaza-dosega-ubieni-22-722-luge/ Sun, 07 Jan 2024 19:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=730486

Најмалку 122 Палестинци се убиени, а 256 се ранети во изминатите 24 часа во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Вкупниот број на загинати во палестинска енклава од почетокот на судирите меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, досега изнесува 22.722, а на ранетите 58.166.

The post Во Газа досега убиени 22.722 луѓе appeared first on Република.

]]>

Најмалку 122 Палестинци се убиени, а 256 се ранети во изминатите 24 часа во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Вкупниот број на загинати во палестинска енклава од почетокот на судирите меѓу Хамас и Израел на 7 октомври, досега изнесува 22.722, а на ранетите 58.166.

The post Во Газа досега убиени 22.722 луѓе appeared first on Република.

]]>
Шест Палестинци и една израелска полицајка убиени на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-palestintsi-i-edna-izraelska-politsajka-ubieni-na-zapadniot-breg/ Sun, 07 Jan 2024 10:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=730625

Шест Палестинци загинаа во израелски воздушен удар рано утрово во окупираниот Западниот Брег, а израелска полицајка беше убиена кога нејзиното возило удри во бомба покрај патот, велат извори во обете страни.

Насилството на Западниот Брег ескалираше уште од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Израелските сили често навлегуваат во окупирана територија, вклучително и упориштето на екстремистите Џенин и блискиот бегалски камп.

-Во бомбардирањето на окупаторите врз група граѓани во Џенин загинаа шест лица, соопшти Министерството за здравство на палестинската управа со седиште во Рамала.

Една израелска полицајка е убиена за време на операција во бегалскиот камп Џенин, соопшти армијата, додавајќи дека уште тројца полицајци се ранети.

Не е јасно дали Палестинците и Израелката загинале за време на истата операција.

Палестинските медиуми објавија дека големи израелски сили се распоредени во Џенин и дека шест Палестинци, од кои четворица браќа, биле убиени во напад на израелско беспилотно летало.

Нападите на израелската војска во Џенин често предизвикуваат судири меѓу војниците и палестинските екстремисти. Војската тврди дека цели на „терористи“ во рациите, а палестинското Министерство за здравство вели дека многу од жртвите се цивили.

жОд почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство, најмалку 327 луѓе се убиени на Западниот Брег.

The post Шест Палестинци и една израелска полицајка убиени на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Шест Палестинци загинаа во израелски воздушен удар рано утрово во окупираниот Западниот Брег, а израелска полицајка беше убиена кога нејзиното возило удри во бомба покрај патот, велат извори во обете страни. Насилството на Западниот Брег ескалираше уште од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Израелските сили често навлегуваат во окупирана територија, вклучително и упориштето на екстремистите Џенин и блискиот бегалски камп. -Во бомбардирањето на окупаторите врз група граѓани во Џенин загинаа шест лица, соопшти Министерството за здравство на палестинската управа со седиште во Рамала. Една израелска полицајка е убиена за време на операција во бегалскиот камп Џенин, соопшти армијата, додавајќи дека уште тројца полицајци се ранети. Не е јасно дали Палестинците и Израелката загинале за време на истата операција. Палестинските медиуми објавија дека големи израелски сили се распоредени во Џенин и дека шест Палестинци, од кои четворица браќа, биле убиени во напад на израелско беспилотно летало. Нападите на израелската војска во Џенин често предизвикуваат судири меѓу војниците и палестинските екстремисти. Војската тврди дека цели на „терористи“ во рациите, а палестинското Министерство за здравство вели дека многу од жртвите се цивили. жОд почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство, најмалку 327 луѓе се убиени на Западниот Брег.

The post Шест Палестинци и една израелска полицајка убиени на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-20-000-palestintsi-se-ubieni-vo-vojnata-megu-izrael-i-hamas/ Fri, 22 Dec 2023 08:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=725521

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната во Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти на оваа територија под контрола на Хамас. додека расте меѓународниот притисок врз израелското раководство да се намали бројот на цивилни жртви во офанзивата врз енклавата.

Бројот на загинати е речиси еден процент од предвоената популација и е само еден показател за уништувањето во 11-неделниот конфликт, од кој се раселени речиси 85 отсто од 2,3 милиони жители и се срамнети големи делови од малата крајбрежна енклава.

Министерството за здравство на Газа досега документирало 20.057 жртви од конфликтот, но не соопштува колку од нив се цивили.

Претходно беше објавено дека две третини од жртвите се жени и малолетници.

Министерството наведува дека во офанзивата се ранети 53.320 Палестинци.

По ненадејниот напад на екстремистите на Хамас врз Израел, на 7 октомври, кој загинаа над 1.200 и беа киднапирани околу 240 лица, следниот ден израелското раководство објави војна против оваа милитантна група, која од 2007 година ја има власта во Газа.

Во овој период на спроведување на воената операција, прво на северот, а сега и на југот од енклавата, Израел изврши илјадници воздушни напади и почна жестока копнена офанзива во обид да ги уништи воените капацитети на Хамас.

The post Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната во Појасот Газа, соопштија денеска здравствените власти на оваа територија под контрола на Хамас. додека расте меѓународниот притисок врз израелското раководство да се намали бројот на цивилни жртви во офанзивата врз енклавата. Бројот на загинати е речиси еден процент од предвоената популација и е само еден показател за уништувањето во 11-неделниот конфликт, од кој се раселени речиси 85 отсто од 2,3 милиони жители и се срамнети големи делови од малата крајбрежна енклава. Министерството за здравство на Газа досега документирало 20.057 жртви од конфликтот, но не соопштува колку од нив се цивили. Претходно беше објавено дека две третини од жртвите се жени и малолетници. Министерството наведува дека во офанзивата се ранети 53.320 Палестинци. По ненадејниот напад на екстремистите на Хамас врз Израел, на 7 октомври, кој загинаа над 1.200 и беа киднапирани околу 240 лица, следниот ден израелското раководство објави војна против оваа милитантна група, која од 2007 година ја има власта во Газа. Во овој период на спроведување на воената операција, прво на северот, а сега и на југот од енклавата, Израел изврши илјадници воздушни напади и почна жестока копнена офанзива во обид да ги уништи воените капацитети на Хамас.

The post Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Поразувачка статистика: Над 19.450 луѓе загинаа од почетокот на војната во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/porazuvachka-statistika-nad-19-450-luge-zaginaa-od-pochetokot-na-vojnata-vo-gaza/ Mon, 18 Dec 2023 16:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=724356

Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопшти дека 19.453 лица загинале во израелските воени операции на палестинска територија од почетокот на војната на 7 октомври.

Владата на Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, исто така соопшти дека се ранети 52.286 луѓе. Во претходните соопштенија за билансот на жртвите пишуваше дека две третини од загинатите се жени, деца и малолетници.

Во претходниот извештај, во петокот, беше објавено дека загинале 18 илјади луѓе.

Над 1.200 луѓе беа убиени во Израел, повеќето цивили, на 7 октомври, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас го нападнаа Израел.

Тогаш беа земени и околу 240 заложници. Се верува дека 129 сè уште се приведени во Газа. Во израелските копнени операции во Газа загинаа 127 војници.

The post Поразувачка статистика: Над 19.450 луѓе загинаа од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопшти дека 19.453 лица загинале во израелските воени операции на палестинска територија од почетокот на војната на 7 октомври. Владата на Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, исто така соопшти дека се ранети 52.286 луѓе. Во претходните соопштенија за билансот на жртвите пишуваше дека две третини од загинатите се жени, деца и малолетници. Во претходниот извештај, во петокот, беше објавено дека загинале 18 илјади луѓе. Над 1.200 луѓе беа убиени во Израел, повеќето цивили, на 7 октомври, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас го нападнаа Израел. Тогаш беа земени и околу 240 заложници. Се верува дека 129 сè уште се приведени во Газа. Во израелските копнени операции во Газа загинаа 127 војници.

The post Поразувачка статистика: Над 19.450 луѓе загинаа од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/denot-koga-maskirani-teroristi-na-ovk-zverski-ubija-shest-srpski-momchina-vo-panda-kafe-vo-pek/ Thu, 14 Dec 2023 07:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=721951

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца.

Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност.

На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и
Трифовиќ Драган (17).

Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ.

Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.

 

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца. Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност. На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и Трифовиќ Драган (17). Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ. Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.  

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати во Газа достигна 770 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-vo-gaza-dostigna-770/ Tue, 10 Oct 2023 10:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=689847

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 770 луѓе во Појасот Газа откако Израел почна со воздушни напади како одговор на нападот на Хамас.

Повредени се 4.100 луѓе.

Во меѓувреме, Франција ја потврди смртта на уште двајца граѓани во Израел, со што бројот на француски државјани убиени во нападите на Хамас се искачи на четири.

Француските власти нагласија дека немаат информации за 13 француски државјани „чија ситуација се смета за многу загрижувачка, од кои некои најверојатно се киднапирани“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди заканата на Хамас за киднапирање заложници, доколку Израел изврши воздушни напади без предупредување.

- Уцената од Хамас по терористичките дејствија е одвратна и неприфатлива, рече тој.

The post Бројот на загинати во Газа достигна 770 appeared first on Република.

]]>

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 770 луѓе во Појасот Газа откако Израел почна со воздушни напади како одговор на нападот на Хамас. Повредени се 4.100 луѓе. Во меѓувреме, Франција ја потврди смртта на уште двајца граѓани во Израел, со што бројот на француски државјани убиени во нападите на Хамас се искачи на четири. Француските власти нагласија дека немаат информации за 13 француски државјани „чија ситуација се смета за многу загрижувачка, од кои некои најверојатно се киднапирани“. Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди заканата на Хамас за киднапирање заложници, доколку Израел изврши воздушни напади без предупредување. - Уцената од Хамас по терористичките дејствија е одвратна и неприфатлива, рече тој.

The post Бројот на загинати во Газа достигна 770 appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ima-izveshtai-deka-nekolku-amerikantsi-se-ubieni-vo-izrael/ Sun, 08 Oct 2023 14:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=689253

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и официјални лица се обидуваат да ги потврдат тие информации.

Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во Јом Кипур во 1973 година. Според него сепак постоела фундаментална разлика.

Тоа беше војна меѓу држава-држава, држава-земја, војска-армија. Ова е масовен терористички напад кој ги убива израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме тие буквално влечат луѓе преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеал холокаустот и е во инвалидска количка, жени и деца. Така, можете да замислите какво влијание има ова низ Израел и светот треба да биде револтиран од она што го виде“, рече Блинкен.

The post Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и официјални лица се обидуваат да ги потврдат тие информации. Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во Јом Кипур во 1973 година. Според него сепак постоела фундаментална разлика.
Тоа беше војна меѓу држава-држава, држава-земја, војска-армија. Ова е масовен терористички напад кој ги убива израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме тие буквално влечат луѓе преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеал холокаустот и е во инвалидска количка, жени и деца. Така, можете да замислите какво влијание има ова низ Израел и светот треба да биде револтиран од она што го виде“, рече Блинкен.

The post Блинкен: Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати во Израел е над 600, во Појасот Газа има најмалку 370 загинати и 2.200 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-vo-izrael-e-nad-600-vo-pojasot-gaza-ima-najmalku-370-zaginati-i-2-200-povredeni/ Sun, 08 Oct 2023 14:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=689243

Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 600 луѓе, објави денеска Тајмс оф Израел, додавајќи дека повеќе од две илјади се ранети, а десетици се киднапирани.

Од палестинска страна, потврдно е дека најмалку 370 Палестинци загинале во Појасот Газа, додека други 2.200 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Израел соопшти дека извршил повеќе од 400 напади врз Појасот Газа, инсистирајќи дека целта на нападите била инфраструктурата на Хамас , а премиерот Бенјамин Нетанјаху ги предупреди граѓаните во Појасот да го напуштат регионот.

The post Бројот на загинати во Израел е над 600, во Појасот Газа има најмалку 370 загинати и 2.200 повредени appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел надмина 600 луѓе, објави денеска Тајмс оф Израел, додавајќи дека повеќе од две илјади се ранети, а десетици се киднапирани. Од палестинска страна, потврдно е дека најмалку 370 Палестинци загинале во Појасот Газа, додека други 2.200 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Израел соопшти дека извршил повеќе од 400 напади врз Појасот Газа, инсистирајќи дека целта на нападите била инфраструктурата на Хамас , а премиерот Бенјамин Нетанјаху ги предупреди граѓаните во Појасот да го напуштат регионот.

The post Бројот на загинати во Израел е над 600, во Појасот Газа има најмалку 370 загинати и 2.200 повредени appeared first on Република.

]]>
Сине, сине, како мајка те дочекува: Денеска погреб на Србите убиени во Бањска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sine-sine-kako-majka-te-dochekuva-deneska-pogreb-na-srbite-ubieni-vo-banska/ Sun, 01 Oct 2023 07:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=686737

Солзи и плач од семејствата, пријателите и соседите кои денеска треба да ги погребат тројцата убиени Срби во Бањска.

Денеска тажните поворки во Врњачка Бања и Лепосавиќ, треба да ги испратат во вечното почивалиште  Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ,

Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.

Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.

Инаку Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.

Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.

Сине, сине,како мајка те дочекува - запомагала една мајка, додека најблиските ги превземале телата од судска медицина во Приштина вчера околу 15 часот.

Во конфликтот во Бањска загина и Африм Буџаку, припадник на косовската полиција.

The post Сине, сине, како мајка те дочекува: Денеска погреб на Србите убиени во Бањска appeared first on Република.

]]>

Солзи и плач од семејствата, пријателите и соседите кои денеска треба да ги погребат тројцата убиени Срби во Бањска. Денеска тажните поворки во Врњачка Бања и Лепосавиќ, треба да ги испратат во вечното почивалиште  Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот. Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ. Инаку Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија. Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан. Сине, сине,како мајка те дочекува - запомагала една мајка, додека најблиските ги превземале телата од судска медицина во Приштина вчера околу 15 часот. Во конфликтот во Бањска загина и Африм Буџаку, припадник на косовската полиција.

The post Сине, сине, како мајка те дочекува: Денеска погреб на Србите убиени во Бањска appeared first on Република.

]]>
Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krajbezhnata-strazha-ubi-dvajtsa-turisti-na-skuter-na-voda-vo-alzhir/ Fri, 01 Sep 2023 07:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=677765

Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода.

Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа.

Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво.

Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето.

Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.

The post Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир appeared first on Република.

]]>

Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода. Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа. Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво. Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето. Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.

The post Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир appeared first on Република.

]]>
Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ubistvoto-na-zashtitenite-kafeavi-mechki-e-posleditsa-na-nefunktsioniraneto-i-negrizhata-na-np-mavrovo-i-opshtinata-mavrovo-rostushe/ Wed, 30 Aug 2023 17:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=677368

Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/

Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува.

Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат од институциите ОЈО, МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за целосно расчистување на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!

The post Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>

Убиството на заштитените со закон кафеави мечки е директна последица на нефункционирањето и негрижата на Националниот парк Маврово под раководството на партискиот кадар на власта Семир Адини и општината Маврово Ростуше Медат Куртовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/
Комуналното претпријатие на општината во континуитет, и покрај апелите на жителите на Мавровско Реканскиот крај не реагира на создавањето на бројните диви депонии кои меѓудругото привлекуваат диви животни. Од друга страна Националниот парк Маврово наместо кон заштита на животната средина е ориентирано кон правење на бизнис, прекумерна и криминална сеча на дрва, како и ловокрадство пред кое во континитет се замижува. Секаде во светот кафеавите мечки се заштитуваат, само во Македонија тие се убиваат. Секаде во светот Националниот парк ја штити природата, само во Македоника се прави бизнис од нејзиното уништување. Националниот парк Маврово оваа влаат го направи бизнис машина за интересите на локални моќници. Јавна тајна е дивата сеча на дрва во најзелените краеви на Македонија. Сегашните власти треба да знаат дека ќе одговараат за сите сомнежи за криминал и незаконско работење. Нивната неспособност и криминогеност е на штета на сите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат од институциите ОЈО, МВР и Инспекторатот за заштита на животна средина, да бидат превземени сите мерки за целосно расчистување на случајот, со цел да не ни се побторуваат вакви или слични ситуации!

The post Убиството на заштитените кафеави мечки е последица на нефункционирањето и негрижата на НП Маврово и општината Маврово Ростуше appeared first on Република.

]]>
Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/ Wed, 30 Aug 2023 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=677271

Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција претстави извептај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.

Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.

The post Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница appeared first on Република.

]]>

Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.
Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција претстави извептај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.
Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.

The post Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница appeared first on Република.

]]>