убиен полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubien-politsaets/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиен полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubien-politsaets/ 32 32 Тинејџер на „Тик ток“ повикувал да се убиваат полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tinejdher-na-tik-tok-povikuval-da-se-ubivaat-politsajtsi/ Fri, 01 Nov 2024 10:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=833029

Полициски службеници на Федералната полициска управа вчера под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина го идентификуваа лицето кое во изминатиот период преку социјалните мрежи „Тик ток“ и „Фејсбук“ објавуваше различни содржини, меѓу кои имаше повици за убиство на полицајци, јавуваат локалните медиуми.

Лицето е кривично процесуирано во просториите на Федералната полициска управа во Сараево, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело, соопштија од полицијата.

Станува збор за Осман Малагиќ, роден 1996 година, со живеалиште во Сараево, пишуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

The post Тинејџер на „Тик ток“ повикувал да се убиваат полицајци appeared first on Република.

]]>

Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mnogu-oruzhje-i-dokumenti-na-arapski-zapleneti-po-apseneto-na-osum-litsa-povrzani-so-tinejdherot-koj-ubi-politsaets-vo-bih/ Sat, 26 Oct 2024 18:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=831313

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата.

Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик.

Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик.

https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/

Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата. Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик. Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик. https://republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/ Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>
15-годишник закла полицаец во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-zakla-politsaets-vo-bih/ Fri, 25 Oct 2024 05:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=830716

Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон.

Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец.

https://youtu.be/PKW7fSlSNuQ?si=8J1KWYCVXPRoSbnt

Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.

По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се 'поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ' (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година), изјави изворот за АТВ.

Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа.

Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

Како што е прецизирано, на фотографијата во позадина на профилот стои знамето на бригадата „Абдула Азам“, односно милитантна група која е дел од Ал Каеда во Либан.

На улиците на Босанска Крупа во текот на ноќта беа присутни голем број припадници на специјалната полиција, униформирана полиција, како и инспектори на МУП УСК.

The post 15-годишник закла полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>

Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон. Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец. https://youtu.be/PKW7fSlSNuQ?si=8J1KWYCVXPRoSbnt Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди за АТВ извор близок до истрагата.
По убиството на полицаецот, истражителите пронајдоа пораки во кои напаѓачот Елмир С. изјавил дека причините за нападот на полицијата се 'поддршка на ционистите, желбата за Европската унија, убиства на невини муслимани и убиство на шеикот Јусуф Барчиќ' (лидер и основач на движењето салафи во БиХ, кој загина во сообраќајна несреќа во Тузла во 2007 година), изјави изворот за АТВ.
Истиот извор наведува дека напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често е виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ. Како што е прецизирано, на фотографијата во позадина на профилот стои знамето на бригадата „Абдула Азам“, односно милитантна група која е дел од Ал Каеда во Либан. На улиците на Босанска Крупа во текот на ноќта беа присутни голем број припадници на специјалната полиција, униформирана полиција, како и инспектори на МУП УСК.

The post 15-годишник закла полицаец во БиХ appeared first on Република.

]]>
Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prvpat-ubil-na-15-godini-za-politsaetsot-koristeshe-pishtol-so-uchk-koj-e-ubietsot-faton-hajrizi/ Fri, 19 Jul 2024 16:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=798539

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на неговиот колега во Лозница, Србија, е убиен денеска по околу 40 часа потрага, откако, според него, пукал во српските полицајци и одбил да се предаде.

Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина во околината на Лозница и да пребегне во Босна и Херцеговина, но не успеал, па се сокрил во делот на напуштен фабрички комплекс, каде мигрантите кои доаѓаат таму од Прешево во последните години се кријат, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина.

Откако Министерството за внатрешни работи на Србија порано објави фотографија од осомничениот, еден од мештаните од областа Лозница пријавил дека видел лице со таков опис. Припадниците на МВР на Србија пристигнале во голем број, го блокирале целиот простор, а потоа го ликвидирале Хајризи.

Хајризи користел пиштол на чија дршка е врежано логото на УЧК.

[caption id="attachment_798542" align="aligncenter" width="1000"] фото: Курир.рс[/caption]

Ноќта од среда кон четврток во Лозница е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет е неговиот 50-годишен колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска проверка на таксито во кое се наоѓал Фатон.

Околу еден час по полноќ, Крсмановиќ и Илиќ на контролниот пункт запреле такси, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот.

Полицајците сакале да ги идентификуваат мажите, па полицаецот го замолил Фатон да ја покаже својата чанта. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците.

На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските власти на име Артан Хајризи и германска лична карта на исто име.

Меѓутоа, набргу било утврдено дека полицајците всушност биле застрелани од братот на Артан, Фатон, кој неодамна избегал од затвор во Косово, а за време на бегството го користел пасошот на неговиот брат издаден од косовските власти.

Хајризи беше во бегство од 6 јули, кога од слободниот викенд не се врати во затворот Смрековница. Тоа беше негово деветто бегство од затвор, со што стана рекордер во Косово. На социјалните мрежи тој објасни дека мотивот за неговото бегство било злоставувањето кое го претрпел во затвор.

Го напуштив Косово затоа што бев прогонуван. Бев психички малтретиран, не можев повеќе. Нема да се вратам во затвор во оваа држава. Таму страдаат затворениците, не се дава кауција, не се третираат сите исто, изјави Хајризи.

Фатон Хајризи на јавноста ѝ е познат од 2000 година, кога на само 15 години уби руски војник, припадник на КФОР. За тоа убиство е осуден на 27 години затвор.

The post Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на неговиот колега во Лозница, Србија, е убиен денеска по околу 40 часа потрага, откако, според него, пукал во српските полицајци и одбил да се предаде. Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина во околината на Лозница и да пребегне во Босна и Херцеговина, но не успеал, па се сокрил во делот на напуштен фабрички комплекс, каде мигрантите кои доаѓаат таму од Прешево во последните години се кријат, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина. Откако Министерството за внатрешни работи на Србија порано објави фотографија од осомничениот, еден од мештаните од областа Лозница пријавил дека видел лице со таков опис. Припадниците на МВР на Србија пристигнале во голем број, го блокирале целиот простор, а потоа го ликвидирале Хајризи.
Хајризи користел пиштол на чија дршка е врежано логото на УЧК. [caption id="attachment_798542" align="aligncenter" width="1000"] фото: Курир.рс[/caption]
Ноќта од среда кон четврток во Лозница е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет е неговиот 50-годишен колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска проверка на таксито во кое се наоѓал Фатон. Околу еден час по полноќ, Крсмановиќ и Илиќ на контролниот пункт запреле такси, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот. Полицајците сакале да ги идентификуваат мажите, па полицаецот го замолил Фатон да ја покаже својата чанта. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците. На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските власти на име Артан Хајризи и германска лична карта на исто име. Меѓутоа, набргу било утврдено дека полицајците всушност биле застрелани од братот на Артан, Фатон, кој неодамна избегал од затвор во Косово, а за време на бегството го користел пасошот на неговиот брат издаден од косовските власти. Хајризи беше во бегство од 6 јули, кога од слободниот викенд не се врати во затворот Смрековница. Тоа беше негово деветто бегство од затвор, со што стана рекордер во Косово. На социјалните мрежи тој објасни дека мотивот за неговото бегство било злоставувањето кое го претрпел во затвор.
Го напуштив Косово затоа што бев прогонуван. Бев психички малтретиран, не можев повеќе. Нема да се вратам во затвор во оваа држава. Таму страдаат затворениците, не се дава кауција, не се третираат сите исто, изјави Хајризи.
Фатон Хајризи на јавноста ѝ е познат од 2000 година, кога на само 15 години уби руски војник, припадник на КФОР. За тоа убиство е осуден на 27 години затвор.

The post Првпат убил на 15 години, за полицаецот користеше пиштол со УЧК – кој е убиецот Фатон Хајризи appeared first on Република.

]]>
Убиен еден полицаец: На граница запреле „мерцедес“, Косовар им излегол со пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubien-eden-politsaets-na-granitsa-zaprele-mertsedes-kosovar-im-izlegol-so-pishtol/ Thu, 18 Jul 2024 08:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=797954

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ потврди дека во текот на ноќта во Лозница еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, а припадниците на МВР на местото на пукањето пронашле косовски пасош на осомничениот на име Хајзири Артан (1991) и германска лична карта, јави дописникот на МИА од Белград.

Вечерва околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возилото на пункт во Липнички Шор, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес со регистарски таблички од Тутина, во кој имало две лица, стои во соопштението на МВР.

При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол во градите на полицаецот Никола Крсмановиќ (1990), и во рамото на полицаецот Вјекослав Илиќ (1974), по што избегал.

Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите.

Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, на терен се полициски службеници од МВР Шабац, како и од Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, а покренати се и беспилотни летала и хеликоптери, се наведува во соопштението на МВР.

На местото на престрелката полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции на Косово на име Хајзири Артан (1991).

The post Убиен еден полицаец: На граница запреле „мерцедес“, Косовар им излегол со пиштол appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ потврди дека во текот на ноќта во Лозница еден полицаец е убиен, додека друг е тешко ранет, а припадниците на МВР на местото на пукањето пронашле косовски пасош на осомничениот на име Хајзири Артан (1991) и германска лична карта, јави дописникот на МИА од Белград.
Вечерва околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возилото на пункт во Липнички Шор, полициски службеници од Граничната полициска станица Трбушница запреле мерцедес со регистарски таблички од Тутина, во кој имало две лица, стои во соопштението на МВР.
При излегувањето од возилото, едно лице пукало од пиштол во градите на полицаецот Никола Крсмановиќ (1990), и во рамото на полицаецот Вјекослав Илиќ (1974), по што избегал. Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Крсмановиќ им подлегнал на повредите. Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, на терен се полициски службеници од МВР Шабац, како и од Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, а покренати се и беспилотни летала и хеликоптери, се наведува во соопштението на МВР. На местото на престрелката полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од институции на Косово на име Хајзири Артан (1991).

The post Убиен еден полицаец: На граница запреле „мерцедес“, Косовар им излегол со пиштол appeared first on Република.

]]>
Косовската претседателка итно ја прекинува посетата на САД по убиството на полицаец во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-pretsedatelka-itno-ja-prekinuva-posetata-na-sad-po-ubistvoto-na-politsaets-vo-severno-kosovo/ Sun, 24 Sep 2023 07:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=684573

Косовската претседателка, Вјоса Османи, изјави дека нападот врз косовската полиција во северно Косово, во кој еден полицаец е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“.

По инцидентот што се случи рано утрово во селото Бањско во Лепосавиќ, од кабинетот на Османи соопшти дека таа ги прекинала сите активности во Њујорк, каде што престојува во официјална посета, и веднаш ќе се врати во земјата.

Убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец на северот на Косово, планирано, оркестрирано и изведено од српските криминални банди, е напад врз законот и редот на северот на земјата, тоа е напад врз Косово, се цитира Османи во соопштението.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/

Османи вели дека овие напади ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија.

Овие напади уште еднаш ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија, кои долго време, како што се покажа и со нападите врз членовите на КФОР, новинарите и граѓаните го дестабилизираат Косово и регионот, вели Османи.

Според неа, „нападите врз силите на редот на Република Косово се напади против суверенитетот на Република Косово“.

Таа изјави дека очекува сојузниците да ја осудат „отворената агресија на Србија кон Косово“ и „да го поддржат Косово во неговите напори да воспостави ред и ред и да го зачува суверенитетот во секој дел на Републиката“.

Претседателката изрази сочувство до семејството на убиениот полицаец и порача дека сторителите нема да можат да и избегаат на правдата.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец и ги уверуваме дека извршителите на овие терористички акти нема да можат да и избегаат на правдата. Ги повикувам сите граѓани, институции и политички субјекти да останат обединети во ова време кога отворено се оспоруваат територијалниот интегритет, безбедност и суверенитет на нашата Република. Како претседател на Републиката имам целосна доверба во нашите момчиња и девојки од косовската полиција, порача Османи.

Косовскиот премиер Албин Курти, кој преку неговиот Фејсбук ја објави веста за убиството и ранувањето на полицајците, исто така го посочи официјален Белград како одговорен за нападот извршен од, како што рече, професионалци кои биле маскирани и употребиле тешко оружје.

Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите, напиша Курти.

The post Косовската претседателка итно ја прекинува посетата на САД по убиството на полицаец во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка, Вјоса Османи, изјави дека нападот врз косовската полиција во северно Косово, во кој еден полицаец е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот што се случи рано утрово во селото Бањско во Лепосавиќ, од кабинетот на Османи соопшти дека таа ги прекинала сите активности во Њујорк, каде што престојува во официјална посета, и веднаш ќе се врати во земјата.
Убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец на северот на Косово, планирано, оркестрирано и изведено од српските криминални банди, е напад врз законот и редот на северот на земјата, тоа е напад врз Косово, се цитира Османи во соопштението.
https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/ Османи вели дека овие напади ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија.
Овие напади уште еднаш ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија, кои долго време, како што се покажа и со нападите врз членовите на КФОР, новинарите и граѓаните го дестабилизираат Косово и регионот, вели Османи.
Според неа, „нападите врз силите на редот на Република Косово се напади против суверенитетот на Република Косово“. Таа изјави дека очекува сојузниците да ја осудат „отворената агресија на Србија кон Косово“ и „да го поддржат Косово во неговите напори да воспостави ред и ред и да го зачува суверенитетот во секој дел на Републиката“. Претседателката изрази сочувство до семејството на убиениот полицаец и порача дека сторителите нема да можат да и избегаат на правдата.