убер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uber/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Aug 2023 15:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uber/ 32 32 „Убер“ за прв пат оствари профит: „Ќе го прошириме нашиот бизнис во патувања за одмор…“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/uber-za-prv-pat-ostvari-profit-ke-go-proshirime-nashiot-biznis-vo-patuvana-za-odmor/ Wed, 02 Aug 2023 15:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=667979

Дигиталната платформа за транспортни услуги објави дека го затворила вториот квартал со добивка, првпат откако е основана, и најави дека планира да го прошири својот бизнис во патувања за одмор.

Приходите на Убер пораснале за 14 отсто во периодот од април до јуни, на 9,2 милијарди долари, јави Би-Би-Си.

Во Европа, Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и азиско-пацифичкиот регион тој скокнал за околу 30 отсто. Во САД и Канада, пак, порасна за само четири отсто поради слабите резултати во товарниот транспорт.

Секторот за такси услуги повторно забележа силен раст на приходите, за 40 отсто во однос на истиот период лани, по слабиот пандемски период и проблемите со недостигот на возачи. За 30 проценти се зголемени и приходите во одделот за испорака на храна.

Компанијата за прв пат го затвори кварталот со оперативна добивка од 326 милиони долари. Во истиот период лани работеше со оперативна загуба од 713 милиони долари.

Во периодот од април до јуни забележале вкупно 2,3 милијарди возења, 22 отсто повеќе од лани. Дневниот просек беше 25 милиони возења.

Извршниот директор Дара Косрошахи сака да ја прошири понудата на апликацијата за да вклучи патување за одмор.

„Патувањето е многу важен екосистем за нас (...) па рековме, еј, зошто да не влеземе на пазарот на тур-оператори?“, рече Хосрошахи.

„Во основа, развиваме услуги кои, според нас, треба да им конкурираат на традиционалните туроператори“, додаде тој.

 

The post „Убер“ за прв пат оствари профит: „Ќе го прошириме нашиот бизнис во патувања за одмор…“ appeared first on Република.

]]>

Дигиталната платформа за транспортни услуги објави дека го затворила вториот квартал со добивка, првпат откако е основана, и најави дека планира да го прошири својот бизнис во патувања за одмор. Приходите на Убер пораснале за 14 отсто во периодот од април до јуни, на 9,2 милијарди долари, јави Би-Би-Си. Во Европа, Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и азиско-пацифичкиот регион тој скокнал за околу 30 отсто. Во САД и Канада, пак, порасна за само четири отсто поради слабите резултати во товарниот транспорт. Секторот за такси услуги повторно забележа силен раст на приходите, за 40 отсто во однос на истиот период лани, по слабиот пандемски период и проблемите со недостигот на возачи. За 30 проценти се зголемени и приходите во одделот за испорака на храна. Компанијата за прв пат го затвори кварталот со оперативна добивка од 326 милиони долари. Во истиот период лани работеше со оперативна загуба од 713 милиони долари. Во периодот од април до јуни забележале вкупно 2,3 милијарди возења, 22 отсто повеќе од лани. Дневниот просек беше 25 милиони возења. Извршниот директор Дара Косрошахи сака да ја прошири понудата на апликацијата за да вклучи патување за одмор.
„Патувањето е многу важен екосистем за нас (...) па рековме, еј, зошто да не влеземе на пазарот на тур-оператори?“, рече Хосрошахи. „Во основа, развиваме услуги кои, според нас, треба да им конкурираат на традиционалните туроператори“, додаде тој.
 

The post „Убер“ за прв пат оствари профит: „Ќе го прошириме нашиот бизнис во патувања за одмор…“ appeared first on Република.

]]>
Македонка во Нов Зеланд еден од најдобрите возачи во „Убер“ во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/makedonka-vo-nov-zeland-eden-od-najdobrite-vozachi-vo-uber-vo-svetot/ Sat, 06 Aug 2022 08:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=537289

69-годишната Македонка Марика Шутиновска е еден од најдобрите возачи во „Убер“ во светот, со совршен рејтинг од 5 ѕвездички. Kaко што пренесува новозеландскиот портал „Стаф“, тоа најверојатно се должи на нејзиното трпение, љубезност, пријателски муабет со секој муштерија.

Марика, која во Македонија работела како архитект, се преселила со семејството во Оклeнд, Нов Зеланд во 2000 година, но не можела да продолжи со својата професија, бидејќи дипломата не ѝ била признаена.

Таа вози веќе 13 години, од кои 8 за „Убер“.

Повеќе тука

The post Македонка во Нов Зеланд еден од најдобрите возачи во „Убер“ во светот appeared first on Република.

]]>

69-годишната Македонка Марика Шутиновска е еден од најдобрите возачи во „Убер“ во светот, со совршен рејтинг од 5 ѕвездички. Kaко што пренесува новозеландскиот портал „Стаф“, тоа најверојатно се должи на нејзиното трпение, љубезност, пријателски муабет со секој муштерија. Марика, која во Македонија работела како архитект, се преселила со семејството во Оклeнд, Нов Зеланд во 2000 година, но не можела да продолжи со својата професија, бидејќи дипломата не ѝ била признаена. Таа вози веќе 13 години, од кои 8 за „Убер“. Повеќе тука

The post Македонка во Нов Зеланд еден од најдобрите возачи во „Убер“ во светот appeared first on Република.

]]>
Maкрон вмешан во нова афера: Му помагал на „Убер такси“ полицијата да нема пристап до нивните софтвери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-vmeshan-vo-nova-afera-mu-pomagal-na-na-uber-taksi-policijata-da-nema-pristap-do-nivnite-softveri/ Mon, 11 Jul 2022 07:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=526831

Илјадници протечени датотеки открија како „Uber такси“ во Франција им се додворувал на врвните политичари во Франција и колку се потребни за да се избегне правдата.

Компанијата  голема поддршка  добил о претседателот Емануел Макрон и поранешниот еврокомесар Нили Круз.

Докуменрите покажуваат како поранешен шеф на такси компанијата лично наредил употреба на „безбедносен прекинувач“ за да се спречи полицијата да пристапи до компјутерите.

Датотеките на Uber се збирка од повеќе од 124.000 записи, вклучувајќи 83.000 е-пошта и 1.000 други кои покриваат разговори од 2013 до 2017 година.

Додека француските таксисти организираа  насилни улични протести против Uber, францускиот претседател, бил во контакт со контроверзниот шеф на Uber, Тревис Каланик, и му ветил дека ќе ги реформира законите во корист на компанијата.

Uber вели дека  „безбедносен прекинувач“ е дизајниран да ги спречи регулаторните истраги насекаде во светот.

Датотеките на Uber се протекување на 124.000 записи, вклучително и е-пошта и текстуални пораки откриваат разговори и состаноци помеѓу директорите на Uber и јавните функционери додека такси-компанијата управувана од технологијата се обидувала да го прошири својот бизнис.

The post Maкрон вмешан во нова афера: Му помагал на „Убер такси“ полицијата да нема пристап до нивните софтвери appeared first on Република.

]]>

Илјадници протечени датотеки открија како „Uber такси“ во Франција им се додворувал на врвните политичари во Франција и колку се потребни за да се избегне правдата. Компанијата  голема поддршка  добил о претседателот Емануел Макрон и поранешниот еврокомесар Нили Круз. Докуменрите покажуваат како поранешен шеф на такси компанијата лично наредил употреба на „безбедносен прекинувач“ за да се спречи полицијата да пристапи до компјутерите. Датотеките на Uber се збирка од повеќе од 124.000 записи, вклучувајќи 83.000 е-пошта и 1.000 други кои покриваат разговори од 2013 до 2017 година. Додека француските таксисти организираа  насилни улични протести против Uber, францускиот претседател, бил во контакт со контроверзниот шеф на Uber, Тревис Каланик, и му ветил дека ќе ги реформира законите во корист на компанијата. Uber вели дека  „безбедносен прекинувач“ е дизајниран да ги спречи регулаторните истраги насекаде во светот. Датотеките на Uber се протекување на 124.000 записи, вклучително и е-пошта и текстуални пораки откриваат разговори и состаноци помеѓу директорите на Uber и јавните функционери додека такси-компанијата управувана од технологијата се обидувала да го прошири својот бизнис.

The post Maкрон вмешан во нова афера: Му помагал на „Убер такси“ полицијата да нема пристап до нивните софтвери appeared first on Република.

]]>
„Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uber-trpi-zagubi-od-milijardi-i-pokraj-zazivuvanjeto-na-ovoj-vid-prevoz/ Thu, 05 May 2022 15:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=498152

Американската транспортна компанија „Убер“ објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата.

Нето загубата на компанијата изнесува 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД.

Акциите на „Убер“ паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување.

Приходите на „Убер“ се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна „Итс“ (Eats) во споредба со истиот период пред една година.

The post „Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз appeared first on Република.

]]>

Американската транспортна компанија „Убер“ објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата. Нето загубата на компанијата изнесува 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД. Акциите на „Убер“ паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување. Приходите на „Убер“ се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна „Итс“ (Eats) во споредба со истиот период пред една година.

The post „Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз appeared first on Република.

]]>
Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pijana-majka-porachala-taksi-do-ukraina-za-da-pomogne-mamurna-ja-razbudil-povikot-od-bankata/ Sat, 19 Mar 2022 09:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=475291

Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по „чашка повеќе“ нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од вртоглав трошок е што немала доволно пари на сметката - иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари.

Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола.

За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти (oколу 337 илјади денари), но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката.

Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка.

Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.

Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.

Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.

Веднаш ми се јавија за да ме однесат во Украина, но не ми одговорија на повикот да ме однесат во куќа оддалечена 10 минути, вели бесно таа.

„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.

The post Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката appeared first on Република.

]]>

Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по „чашка повеќе“ нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од вртоглав трошок е што немала доволно пари на сметката - иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари. Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола. За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти (oколу 337 илјади денари), но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката. Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка. Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.
Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.
Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.
Веднаш ми се јавија за да ме однесат во Украина, но не ми одговорија на повикот да ме однесат во куќа оддалечена 10 минути, вели бесно таа.
„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.

The post Пијана мајка порачала такси до Украина „за да помогне“, мамурна ја разбудил повикот од банката appeared first on Република.

]]>