убавите жени на мојот народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubavite-zeni-na-mojot-narod/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 07:41:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убавите жени на мојот народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ubavite-zeni-na-mojot-narod/ 32 32 Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на Славчо Максимовски патува во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-ubavite-zheni-na-mojot-narod-na-slavcho-maksimovski-patuva-vo-zagreb/ Fri, 19 May 2023 07:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=642518

Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на академскиот сликар Славчо Максимовски од Тетово на 29-ти мај ќе биде поставена во Загреб, во културно-општествениот центар на македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ (сала „Тоше Проески“), со почеток во 19 часот.

Со поддршка на Македонско – хрватското друштво од Тетово, концептот за „Убавите жени“ инспириран од песната на Блаже Конески, кој содржи 29 фотографии на македонски жени, ќе биде претставен и пред хрватската јавност.

Станува збор за комбинација на класична фотографија, цртеж во комбинирана техника и дигитална обработка односно фото манипулација. Димензиите на сите фотографии се 50/70см. Изборот на жени неслучајно е направен и е составен од жени од различни професии и различна возраст. Минатата година оваа изложба беше претставена во септември и октомври пред публиката во Тетово и Скопје.

Замислата е да се даде почит кон жените и да се претстават жени кои преку психологијата на нивните ликови ќе ја појаснат убавината, односно суштината на жените кои живеат тука, успешни, без бариери и предрасуди. Жените мора да се столб на едно општество. Притоа, не се мисли само на физичката убавина туку на поривот за истрајност, борбеност, мистика, страст, херојство, непокорност на патот кон успехот, и секако жената како центар на светот, изјави авторот Максимовски.

Академискито сликар е роден 1988 година. Има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовна уменост во Скопје. Досега има изложувано во Тетово, Скопје, Гостивар, Куманово, Велес, Битола, како и надвор од државата – во Италија, Србија, Финска и Мексико.

The post Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на Славчо Максимовски патува во Загреб appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на академскиот сликар Славчо Максимовски од Тетово на 29-ти мај ќе биде поставена во Загреб, во културно-општествениот центар на македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ (сала „Тоше Проески“), со почеток во 19 часот. Со поддршка на Македонско – хрватското друштво од Тетово, концептот за „Убавите жени“ инспириран од песната на Блаже Конески, кој содржи 29 фотографии на македонски жени, ќе биде претставен и пред хрватската јавност. Станува збор за комбинација на класична фотографија, цртеж во комбинирана техника и дигитална обработка односно фото манипулација. Димензиите на сите фотографии се 50/70см. Изборот на жени неслучајно е направен и е составен од жени од различни професии и различна возраст. Минатата година оваа изложба беше претставена во септември и октомври пред публиката во Тетово и Скопје.
Замислата е да се даде почит кон жените и да се претстават жени кои преку психологијата на нивните ликови ќе ја појаснат убавината, односно суштината на жените кои живеат тука, успешни, без бариери и предрасуди. Жените мора да се столб на едно општество. Притоа, не се мисли само на физичката убавина туку на поривот за истрајност, борбеност, мистика, страст, херојство, непокорност на патот кон успехот, и секако жената како центар на светот, изјави авторот Максимовски.
Академискито сликар е роден 1988 година. Има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовна уменост во Скопје. Досега има изложувано во Тетово, Скопје, Гостивар, Куманово, Велес, Битола, како и надвор од државата – во Италија, Србија, Финска и Мексико.

The post Изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на Славчо Максимовски патува во Загреб appeared first on Република.

]]>
„Убавите жени на мојот народ“ – концептуална изложба на фотографии во НУБ „Св. Климент Охридски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ubavite-zheni-na-mojot-narod-kontseptualna-izlozhba-na-fotografii-vo-nub-sv-kliment-ohridski/ Tue, 07 Mar 2023 13:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=616942

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира изложба на фотографии од Славчо Максимовски, насловена „Убавите жени на мојот народ“.

Изложбата ќе биде отворена вечерва, на 7 март, во холот на НУБ и ќе трае во наредните неколку денови.

 

The post „Убавите жени на мојот народ“ – концептуална изложба на фотографии во НУБ „Св. Климент Охридски“ appeared first on Република.

]]>

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира изложба на фотографии од Славчо Максимовски, насловена „Убавите жени на мојот народ“. Изложбата ќе биде отворена вечерва, на 7 март, во холот на НУБ и ќе трае во наредните неколку денови.  

The post „Убавите жени на мојот народ“ – концептуална изложба на фотографии во НУБ „Св. Климент Охридски“ appeared first on Република.

]]>
„Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ubavite-zeni-na-mojot-narod-od-slavcho-maksimovski-vo-kic/ Fri, 02 Sep 2022 08:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=546638

Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје.

Според Валентина Матовска, песната „Убавите жени“ на Блаже Конески за Славчо Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела.

Следејќи го академскиот пат на Славчо Максимовски низ мојата перцептивна призма преточена низ збор, неоспорна е забелешката за присуството на енергијата на жената, на женското тело и феминината природа во неговите дела, вели Валентина Матовска за изложбата.

Славчо Максимовски е роден во 1988 година во Скопје. Во 2007 година во Скопје завршил средно уметничко училиште, насока графика. Во 2011 год. дипломирал на Факултетот за хумани науки и уметност при Универзитетот во Тетово, насока графика, во класата на проф. м-р. Нафи Јашари. Во 2018 год. магистрирал на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Сликарство во класата на проф. м-р Јован Шумковски.

Се усовршувал и преку стручни престои во Франција и Шпанија. Своите ликовни дела ги изложувал во земјава и странство, на самостојни и групни изложби. Неговите ликовни дела се дел од приватни колекции во земјава, во Србија, Словенија, САД, Канада и Еквадор. Покрај сликарство и графика, неговиот интерес вклучува и фрескоживопис, едукација, дизајн и филм.

Изложбата ќе биде отворена до 14 септември 2022 година.

 

The post „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје. Според Валентина Матовска, песната „Убавите жени“ на Блаже Конески за Славчо Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела.
Следејќи го академскиот пат на Славчо Максимовски низ мојата перцептивна призма преточена низ збор, неоспорна е забелешката за присуството на енергијата на жената, на женското тело и феминината природа во неговите дела, вели Валентина Матовска за изложбата.
Славчо Максимовски е роден во 1988 година во Скопје. Во 2007 година во Скопје завршил средно уметничко училиште, насока графика. Во 2011 год. дипломирал на Факултетот за хумани науки и уметност при Универзитетот во Тетово, насока графика, во класата на проф. м-р. Нафи Јашари. Во 2018 год. магистрирал на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Сликарство во класата на проф. м-р Јован Шумковски. Се усовршувал и преку стручни престои во Франција и Шпанија. Своите ликовни дела ги изложувал во земјава и странство, на самостојни и групни изложби. Неговите ликовни дела се дел од приватни колекции во земјава, во Србија, Словенија, САД, Канада и Еквадор. Покрај сликарство и графика, неговиот интерес вклучува и фрескоживопис, едукација, дизајн и филм. Изложбата ќе биде отворена до 14 септември 2022 година.  

The post „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски во КИЦ appeared first on Република.

]]>