уапсени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uapseni/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уапсени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/uapseni/ 32 32 Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-uapseni-17-litsa-povrzani-so-skvernavene-na-natsionalni-simboli-apeliram-da-go-pochituvame-zakonot-i-edni-so-drugi/ Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=843468

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата. Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.
Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.
Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол. Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.
Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.
Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник. Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.
Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.
Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.
Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.
Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.
„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.
Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела. Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/deneska-ke-se-odluchuva-za-pritvorot-za-12-uapseni-poradi-tragedijata-vo-novi-sad/ Fri, 22 Nov 2024 09:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=840726

Сите уапсени поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани, објави српски Блиц. Како што јавуваат, после тоа судот ќе донесе одлука за евентуален притвор.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 12 лица во врска со трагедијата во Нови Сад, кога падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, а вкупно 15 лица го загубија животот, додека двајца се тешко повредени.

Меѓу уапсените се Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, потоа Анита Димовски, в.д. помошник министер за железници и интермодален транспорт и Јелена Танасковиќ, до неодамна вршител на должноста директор на „Српска железничка инфраструктура“. Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември, додека Јелена Танасковиќ во средата.

Порталот Република јавува дека меѓу уапсените е и Небојша Шурлан, поранешен директор на „Српската железничка инфраструктура“, кој на оваа функција беше до март годинава, кога поднесе оставка.

The post Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Сите уапсени поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани, објави српски Блиц. Како што јавуваат, после тоа судот ќе донесе одлука за евентуален притвор. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 12 лица во врска со трагедијата во Нови Сад, кога падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, а вкупно 15 лица го загубија животот, додека двајца се тешко повредени. Меѓу уапсените се Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, потоа Анита Димовски, в.д. помошник министер за железници и интермодален транспорт и Јелена Танасковиќ, до неодамна вршител на должноста директор на „Српска железничка инфраструктура“. Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември, додека Јелена Танасковиќ во средата. Порталот Република јавува дека меѓу уапсените е и Небојша Шурлан, поранешен директор на „Српската железничка инфраструктура“, кој на оваа функција беше до март годинава, кога поднесе оставка.

The post Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/11-litsa-se-uapseni-poradi-tragedijata-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad/ Thu, 21 Nov 2024 08:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=840190

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при падот на настрешницата на железничката станица во тој град.

По деталната анализа на сета потребна документација, разговори со поголем број граѓани, како и по извршеното вештачење за утврдување на причината и околностите под кои паднала натстрешницата, кои се доставени до обвинителството на 20.11.2024 година и запознавање со наодите и мислењето на вештак од градежната струка, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, на 21.11.2024 година се уапсени и приведени вкупно единаесет лица поради тешко дело против општата сигурност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело предизвикување општа опасност од чл.278 ст.2 од Кривичниот законик.

Осомничените С.Н., М.Ј., Љ.М.М., М.С., Д.Ј., М.Г. и Д.Т. сториле кривично дело Тешко кривично дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Неправилно и неправилно извршување градежни работи од член 281 став 1 од Кривичниот законик, стои во објавата.

The post 11 лица се уапсени поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад appeared first on Република.

Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-zheni-krshele-vo-ugostitelski-objekt-gi-napadnale-i-gazdite/ Tue, 29 Oct 2024 11:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=832023

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41), трите од с. Пирок, тетовско.

Тие во СВР Тетово биле пријавени од М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 09:00
часот, додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект.

Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите appeared first on Република.

]]>

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41), трите од с. Пирок, тетовско. Тие во СВР Тетово биле пријавени од М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 09:00 часот, додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект. Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите appeared first on Република.

]]>
Македонски државјани уапсени во Саранда – на Гркинка и украле чантата со 2 мобилни и 3 пара очила https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjani-uapseni-vo-saranda-na-grkinka-i-ukrale-chantata-so-2-mobilni-i-3-para-ochila/ Sun, 25 Aug 2024 09:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=809906

Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.

– Две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, се приведени од полицијата во Саранда, објави Ора њуз.

Според полицијата овие лица во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.

– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Македонија, соопшти полицијата.

Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело „кражба“, извршено во соработка.

The post Македонски државјани уапсени во Саранда – на Гркинка и украле чантата со 2 мобилни и 3 пара очила appeared first on Република.

Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-dve-litsa-zateknati-pri-nezakonska-secha-na-drva-za-ogrev/ Fri, 09 Aug 2024 12:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=804959

Вчера во 07 часот во село Селце, штипско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција, Регионален центар за гранични работи Југ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – СПО и Секторот за внатрешни работи Штип, во координирана акција ги лишиле од слобода 43-годишниот И.А. и 19-годишниот Е.А., двајцата од село Селце, извести МВР.

Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума, соопшти МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=kHEGzo6JW3A&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmtm.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ

Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.

Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели, се наведува во соопштението на МВР.

The post Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев appeared first on Република.

]]>

Вчера во 07 часот во село Селце, штипско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција, Регионален центар за гранични работи Југ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – СПО и Секторот за внатрешни работи Штип, во координирана акција ги лишиле од слобода 43-годишниот И.А. и 19-годишниот Е.А., двајцата од село Селце, извести МВР.   Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума, соопшти МВР. https://www.youtube.com/watch?v=kHEGzo6JW3A&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmtm.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.   Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.   По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели, се наведува во соопштението на МВР.  

The post Уапсени две лица затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев appeared first on Република.

]]>
Лекови, чанти, кафе, парфеми: Косовски државјани криумчареле стока без соодветна документација во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lekovi-chanti-kafe-parfemi-kosovski-drzhavjani-kriumcharele-stoka-bez-soodvetna-dokumentatsija-vo-makedonija/ Wed, 24 Jul 2024 15:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=799905

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.

При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

The post Лекови, чанти, кафе, парфеми: Косовски државјани криумчареле стока без соодветна документација во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово. При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација. Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

The post Лекови, чанти, кафе, парфеми: Косовски државјани криумчареле стока без соодветна документација во Македонија appeared first on Република.

]]>
Приколка полна дрога во охридски автокамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prikolka-polna-droga-vo-ohridski-avtokamp/ Wed, 24 Jul 2024 11:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=799822

Вчеравечер во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, велат од МВР.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приколка полна дрога во охридски автокамп appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, велат од МВР. Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приколка полна дрога во охридски автокамп appeared first on Република.

]]>
Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poradi-begstvoto-na-zatvorenikot-repki-od-batintsi-se-uapseni-17-zatvorski-politsajtsi/ Mon, 15 Apr 2024 14:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=766350

Затвореникот, за чие бегство, денеска беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во „Идризово”, е Зулќуфли Нуредини, познат под прекарот Репки, од скопското село Батинци, објави „Фокус” од доброупатени извори од затворот.

Бегството на Нуредини било организирано лани во октомври, кога осуденикот бил однесен на лекување во приватна болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/

The post Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци appeared first on Република.

]]>

Затвореникот, за чие бегство, денеска беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во „Идризово”, е Зулќуфли Нуредини, познат под прекарот Репки, од скопското село Батинци, објави „Фокус” од доброупатени извори од затворот. Бегството на Нуредини било организирано лани во октомври, кога осуденикот бил однесен на лекување во приватна болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/

The post Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци appeared first on Република.

]]>
Уапсени уште тројца осомничени за нападот во концертната сала близу Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-ushte-trojtsa-osomnicheni-za-napadot-vo-kontsertnata-sala-blizu-moskva/ Thu, 04 Apr 2024 16:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=762228

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург и Омск уапсила двајца странски државјани и еден руски државјанин, кои биле вклучени во финансирање и регрутирање терористи кои учествувале во нападот, што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус“, во близина на Москва.

Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми.

ФСБ откри дека „двајца од уапсените префрлиле пари за набавка на огнено оружје и возила користени во терористичкиот напад, а третиот бил директно вклучен во регрутирање соучесници во терористичкиот напад и финансирање на неговите извршители“

The post Уапсени уште тројца осомничени за нападот во концертната сала близу Москва appeared first on Република.

]]>

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург и Омск уапсила двајца странски државјани и еден руски државјанин, кои биле вклучени во финансирање и регрутирање терористи кои учествувале во нападот, што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус“, во близина на Москва. Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми. ФСБ откри дека „двајца од уапсените префрлиле пари за набавка на огнено оружје и возила користени во терористичкиот напад, а третиот бил директно вклучен во регрутирање соучесници во терористичкиот напад и финансирање на неговите извршители“  

The post Уапсени уште тројца осомничени за нападот во концертната сала близу Москва appeared first on Република.

]]>
Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-apsi-litsa-povrzani-so-id-dosega-privedeni-147-osomnicheni-vo-30-turski-provintsii/ Tue, 26 Mar 2024 09:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=758799

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.

Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

The post Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции appeared first on Република.

]]>

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции. Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

The post Турција апси лица поврзани со ИД , досега приведени 147 осомничени во 30 турски провинции appeared first on Република.

]]>
Објавени првите фотографии од терористите и возилото со кое се обиделе да избегаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-prvite-fotografii-od-teroristite-i-voziloto-so-koe-se-obidele-da-izbegaat/ Sat, 23 Mar 2024 12:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=757777

Терористите кои убија повеќе од 90 луѓе во Москва се обиделе да побегнат во Украина, пренесува рускиот канал ШОТ!

Околу 3 часот во областа Карачин во областа Брјанск, полицијата пукала во белиот „симбол на Рено“ со кој терористите избегале по нападот на концертната сала Крокус. Автомобилот беше прегазен, гумите беа дупнати, а предниот дел се вртеше поради огромната брзина со која се движеше.

Двајца терористи веднаш биле поразени, додека другите двајца побегнале во шумата, но по кратка потрага биле лоцирани и уапсени.

Уапсени се државјани на Таџикистан. Медиумите ги пренесуваат нивните наводни фотографии, но засега не е официјално потврден идентитетот на осомничените.

Најмладиот меѓу нив наводно е Мухамедсобир Фајзов (19), кој при апсењето бил ранет и поради оштетувањето не може да го затвори окото. Моментално е во болница каде е опериран. Фаизов се обиде да пука за да ги држи безбедносните сили подалеку, но беше ранет.

По нападот, терористите поминале околу 400 километри и им останале помалку од 100 километри за да стигнат до границата.

Инспекторите на Рускиот истражен комитет почнаа да ги испрашуваат осомничените за терористичкиот напад на Крокус.

– Специјалните служби во областа Брјанск, недалеку од границата со Украина, приведоа четворица осомничени меѓу оние кои извршија терористички напад во концертната сала Крокус – се наведува во соопштението на Истражниот комитет.

Според ФСБ, терористите ќе бидат префрлени во Москва. И руската тајна служба тврди дека уапсените имале намера да избегаат во Украина.

– По терористичкиот напад имале намера да ја преминат границата на Руската Федерација и Украина, а имале релевантни контакти на украинска страна – велат од ФСБ, а пренесуваат руските медиуми.

The post Објавени првите фотографии од терористите и возилото со кое се обиделе да избегаат appeared first on Република.

]]>

Терористите кои убија повеќе од 90 луѓе во Москва се обиделе да побегнат во Украина, пренесува рускиот канал ШОТ! Околу 3 часот во областа Карачин во областа Брјанск, полицијата пукала во белиот „симбол на Рено“ со кој терористите избегале по нападот на концертната сала Крокус. Автомобилот беше прегазен, гумите беа дупнати, а предниот дел се вртеше поради огромната брзина со која се движеше. Двајца терористи веднаш биле поразени, додека другите двајца побегнале во шумата, но по кратка потрага биле лоцирани и уапсени. Уапсени се државјани на Таџикистан. Медиумите ги пренесуваат нивните наводни фотографии, но засега не е официјално потврден идентитетот на осомничените. Најмладиот меѓу нив наводно е Мухамедсобир Фајзов (19), кој при апсењето бил ранет и поради оштетувањето не може да го затвори окото. Моментално е во болница каде е опериран. Фаизов се обиде да пука за да ги држи безбедносните сили подалеку, но беше ранет. По нападот, терористите поминале околу 400 километри и им останале помалку од 100 километри за да стигнат до границата. Инспекторите на Рускиот истражен комитет почнаа да ги испрашуваат осомничените за терористичкиот напад на Крокус. – Специјалните служби во областа Брјанск, недалеку од границата со Украина, приведоа четворица осомничени меѓу оние кои извршија терористички напад во концертната сала Крокус – се наведува во соопштението на Истражниот комитет. Според ФСБ, терористите ќе бидат префрлени во Москва. И руската тајна служба тврди дека уапсените имале намера да избегаат во Украина. – По терористичкиот напад имале намера да ја преминат границата на Руската Федерација и Украина, а имале релевантни контакти на украинска страна – велат од ФСБ, а пренесуваат руските медиуми.

The post Објавени првите фотографии од терористите и возилото со кое се обиделе да избегаат appeared first on Република.

]]>
Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-se-dvajtsa-napagachi-za-teroristichkiot-napad-vo-moskva-pri-pretresot-na-avtomobilot-bile-pronajdeni-pasoshi-na-drzhavjani-na-tadhikistan/ Sat, 23 Mar 2024 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=757740

Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин.

Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан.

Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС).

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

The post Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан appeared first on Република.

]]>

Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин. Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан. Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС). Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“. Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата. Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот. Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

The post Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан appeared first on Република.

]]>
Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-se-chetvoritsa-teroristi-osomnicheni-za-masakrot-vo-moskva-tvrdi-shefot-na-ruskata-tajna-sluzhba/ Sat, 23 Mar 2024 08:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=757677

Шефот на руската тајна служба го информирал претседателот Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости.

Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени.

Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.

Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.

„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој.

Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.

Потрагата по другите продолжува, рече тој.

Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

The post Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската тајна служба го информирал претседателот Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости. Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени. Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.
Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.
„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој. Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.
Потрагата по другите продолжува, рече тој.
Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.

The post Уапсени се четворица терористи осомничени за масакрот во Москва, тврди шефот на руската тајна служба appeared first on Република.

]]>
Уапсени двајца осомничени за нападот во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-dvajtsa-osomnicheni-za-napadot-vo-moskva/ Sat, 23 Mar 2024 08:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=757673

Две лица осомничени за синоќешниот напад кај Москва, во кој загинаа повеќе од 60 лица, се уапсени во руската област Брјанск, по бркотница со автомобил, напиша пратеникот Александар Хинштајн на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека останатите осомничени побегнале во блиската шума пеш.

Вооружени мажи синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени 145 луѓе.

The post Уапсени двајца осомничени за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>

Две лица осомничени за синоќешниот напад кај Москва, во кој загинаа повеќе од 60 лица, се уапсени во руската област Брјанск, по бркотница со автомобил, напиша пратеникот Александар Хинштајн на Телеграм, пренесува Ројтерс. Тој изјави дека останатите осомничени побегнале во блиската шума пеш. Вооружени мажи синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени 145 луѓе.  

The post Уапсени двајца осомничени за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>
Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predizvikuvach-na-soobrakajka-i-kradets-barani-so-poternitsa-vchera-uapseni-vo-tetovsko/ Mon, 18 Mar 2024 10:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=755818

Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.

Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција.

Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово.

The post Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.
Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција. Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово.

The post Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско appeared first on Република.

]]>
Уапсени насилниците кои со нож нападнаа скопјанец на Бит Пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-nasilnitsite-koi-so-nozh-napadnaa-skopjanets-na-bit-pazar/ Sat, 09 Mar 2024 16:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=753067

МВР соопшти дека се лишени од слобода насилници од Скопје кои на подрачјето на Бит Пазар нападнале сограѓанин и му нанеле тешки телесни повреди.

Се работи за скопјанецот М.А. (33) кој од насилниците бил нападнат со остар и тврд предмет.

Како што наведува МВР, синоќа, во 19.40 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје најпрво го лишиле од слобода С.Е.(30), а денеска во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23).

По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

The post Уапсени насилниците кои со нож нападнаа скопјанец на Бит Пазар appeared first on Република.

]]>

МВР соопшти дека се лишени од слобода насилници од Скопје кои на подрачјето на Бит Пазар нападнале сограѓанин и му нанеле тешки телесни повреди. Се работи за скопјанецот М.А. (33) кој од насилниците бил нападнат со остар и тврд предмет. Како што наведува МВР, синоќа, во 19.40 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје најпрво го лишиле од слобода С.Е.(30), а денеска во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23). По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.  

The post Уапсени насилниците кои со нож нападнаа скопјанец на Бит Пазар appeared first on Република.

]]>
На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-protest-za-klima-vo-amsterdam-uapseni-17-aktivisti/ Sat, 24 Feb 2024 17:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=747913

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

The post На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам. Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“. Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти. Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10. Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.  

The post На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти appeared first on Република.

]]>
Уапсени татко и малолетен син од Скопје, тепале сограѓанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-tatko-i-maloleten-sin-od-skopje-tepale-sograganin/ Sat, 13 Jan 2024 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=732672

Денеска (13.01.2024) во 11.10 часот во Скопје, во Полициското одделение Шуто Оризари полициски службеници го лишиле од слобода С.Ф.(37) поради тоа што тој, неговиот малолетен син и А.И.(24) сите од Скопје.

На 12.01.2024 околу 23.30 часот на подрачје на oпштина Шуто Оризари поради претходна расправија физички го нападнале Е.М.(43) од Скопје“.

По целосно расчистување случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Уапсени татко и малолетен син од Скопје, тепале сограѓанин appeared first on Република.

Уапсени пет луѓе во Германија поради планирање напад на катедралата во Келн https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-pet-luge-vo-germanija-poradi-planirane-napad-na-katedralata-vo-keln/ Tue, 26 Dec 2023 21:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=726940

Полицијата приведе пет мажи во Везел во западна Германија поврзани со можни терористички напади на катедралата во Келн.

По претресот на објект во Везел на Бадник, полицијата приведе пет лица, а по распитот едно лице е задржано во притвор до 7 јануари“, соопшти полицијата.

Како што беше дополнително соопштено, во притвор е 30-годишен маж од Таџикистан, за кого властите „имаат сознанија поврзани со закана по државната безбедност“.

„Полицијата ги користи сите законски средства за да ги заштити граѓаните, катедралата и претстојната новогодишна прослава“, изјави директорот на градската криминалистичка полиција во Келн, Михаел Есер по апсењата во Везел. Во саботата вечерта, по дојава за можен бомбашки напад, полицијата со кучиња ја пребарала катедралата во Келн, но во таа прилика не бил пронајден експлозив.

Според германските медиуми, има информации од тајните служби дека авганистанскиот огранок на Исламската држава подготвува напади во Европа за време на божиќните и новогодишните празници. Полицијата во Келн во вторник одлучи да ја задржи безбедносната мерка затворање на Келнската катедрала за сите посетители, со исклучок на учесниците на литургиските служби.

The post Уапсени пет луѓе во Германија поради планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.