у19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/u19/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 19:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png у19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/u19/ 32 32 Во борба за првото место во Б-дивизијата: Женската У19 репрезентација тесно поразена од Украина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-borba-za-prvoto-mesto-vo-b-divizijata-zhenskata-u19-reprezentatsija-tesno-porazena-od-ukraina/ Mon, 30 Oct 2023 19:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=696426

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години загуби од Украина со 2:1 (2:1) во натпреварот за првото место на квалификацискиот турнир во рамки на Б-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА.

Македонските фудбалерки својата шанса за место во елитната А-дивизија и продолжување на квалификациите за Европското првенство 2024 во Литванија ќе ја чекаат по комплетирањето на сите квалификациски групи во Б-сегментот по што ќе биде познато која најдобро второпласирана репрезентација ќе ги продолжи евроквалификациите.

Избраничките на селектор Астрит Мерко, на натпревар одигран во ерменскиот град Армавир дојдоа во рано водство со голот на Веса Села во 5. минута, по што противникот дојде до целосен резултатски пресврт преку Викторија Радионова (17м, пенал) и Лилијана Сербук (28).

Во завршните минути од натпреварот поради втор жолт картон беше исклучена Ива Јованоска.

Македонската репрезентација го заврши настапот на квалификацискиот турнир од групата Б4 во Ерменија на второто место со шест бодови, совладувајќи ги убедливо во воведните две кола Луксембург (4-0) и Ерменија (6-0).

The post Во борба за првото место во Б-дивизијата: Женската У19 репрезентација тесно поразена од Украина appeared first on Република.

]]>

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години загуби од Украина со 2:1 (2:1) во натпреварот за првото место на квалификацискиот турнир во рамки на Б-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА. Македонските фудбалерки својата шанса за место во елитната А-дивизија и продолжување на квалификациите за Европското првенство 2024 во Литванија ќе ја чекаат по комплетирањето на сите квалификациски групи во Б-сегментот по што ќе биде познато која најдобро второпласирана репрезентација ќе ги продолжи евроквалификациите. Избраничките на селектор Астрит Мерко, на натпревар одигран во ерменскиот град Армавир дојдоа во рано водство со голот на Веса Села во 5. минута, по што противникот дојде до целосен резултатски пресврт преку Викторија Радионова (17м, пенал) и Лилијана Сербук (28). Во завршните минути од натпреварот поради втор жолт картон беше исклучена Ива Јованоска. Македонската репрезентација го заврши настапот на квалификацискиот турнир од групата Б4 во Ерменија на второто место со шест бодови, совладувајќи ги убедливо во воведните две кола Луксембург (4-0) и Ерменија (6-0).

The post Во борба за првото место во Б-дивизијата: Женската У19 репрезентација тесно поразена од Украина appeared first on Република.

]]>