У-19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/u-19/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Oct 2023 15:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png У-19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/u-19/ 32 32 Загуби и македонската репрезентација до 19 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/zagubi-i-makedonskata-reprezentatsija-do-19-godini/ Sat, 14 Oct 2023 15:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=691251

 Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од фаворитот Германија со 3-1 (0-0), но и покрај очекуваниот пораз остан во игра за место во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Избраниците на селекторот Тони Јакимоски беа резултатски рамноправен противник на дуелот во полскиот град Будгожч до 57. минута, кога Германија дојде во водство со голот на Џенан Пејчиновиќ.

Македонката репрезентација го израмни резултатот преку Мартин Ѓорѓиевски во 63 минута, по што уследија два гола на Том Бишоф во 67. и 75. минута за конечен триумф на Германците.

Претходно денеска во рамки на второто коло во квалификациската група 5, домаќинот Полска го совлада Казахстан со 3-0.

По воведните две кола, македонските фудбалери се на второто место со три бодови по триумфот во средата над Полска (2-0) и за сигурен пласман во пролетната елитна рунда во евроквалификациите ќе им биде потребна победа во вторник над последнопласираниот Казахстан.

Пласман во елитната квалификациска фаза ќе обезбедат двете најдобро пласирани селекции од 13-те групи, како и најдобрата третопласирана репрезентација.

Домаќин на Европското првенство до 19 години, кое од 15 до 28 јули ќе се одржи идната година, ќе биде Северна Ирска

The post Загуби и македонската репрезентација до 19 години appeared first on Република.

]]>

 Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од фаворитот Германија со 3-1 (0-0), но и покрај очекуваниот пораз остан во игра за место во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на селекторот Тони Јакимоски беа резултатски рамноправен противник на дуелот во полскиот град Будгожч до 57. минута, кога Германија дојде во водство со голот на Џенан Пејчиновиќ. Македонката репрезентација го израмни резултатот преку Мартин Ѓорѓиевски во 63 минута, по што уследија два гола на Том Бишоф во 67. и 75. минута за конечен триумф на Германците. Претходно денеска во рамки на второто коло во квалификациската група 5, домаќинот Полска го совлада Казахстан со 3-0. По воведните две кола, македонските фудбалери се на второто место со три бодови по триумфот во средата над Полска (2-0) и за сигурен пласман во пролетната елитна рунда во евроквалификациите ќе им биде потребна победа во вторник над последнопласираниот Казахстан. Пласман во елитната квалификациска фаза ќе обезбедат двете најдобро пласирани селекции од 13-те групи, како и најдобрата третопласирана репрезентација. Домаќин на Европското првенство до 19 години, кое од 15 до 28 јули ќе се одржи идната година, ќе биде Северна Ирска

The post Загуби и македонската репрезентација до 19 години appeared first on Република.

]]>