тв-серија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tv-serija/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 19:14:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тв-серија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tv-serija/ 32 32 Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/argentinskiot-pretsedatel-ukrade-govor-od-tv-serija-za-da-se-obrati-vo-obedinetite-natsii/ Sat, 12 Oct 2024 19:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=825842

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“.

Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.

„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“

 

„Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“

 

„Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“

 

„... Преку дипломатија, економија и пари“

Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии.

Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, го „украде“ говорот што го одржа во Обединетите Нации од ТВ серијата „Западното крило“. Како што коментира аргентинскиот весник „Ла Масион“, Милеи речиси дословно ги повтори репликите на главниот лик од серијата во 15-тата епизода од четвртата сезона.
„Ние веруваме во слобода на говор за сите. И за слобода на вероисповед за сите“   „Сега сè што се случува во една земја влијае на другите. Значи ние сме за ослободување од тиранијата и угнетувањето“   „Без разлика дали се работи за политички прогон, економско ропство или верски фанатизам. Оваа фундаментална идеја не може да остане неоснована! Треба да се потврди“   „... Преку дипломатија, економија и пари“
Изданието забележува дека ова не е првпат аргентинскиот лидер да цитира ликови од ТВ серии. Конкретно, Мајли употребил фрази од ТВ емисии за време на неговото инаугуративно обраќање, како и во едно од неговите обраќања до нацијата.

The post Аргентинскиот претседател „украде“ говор од ТВ серија за да се обрати во Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Објавени номинациите за „БАФТА“, ТВ-серијата „Круна“ со најголем број номинации https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaveni-nominatsiite-za-bafta-tv-serijata-kruna-so-najgolem-broj-nominatsii/ Thu, 21 Mar 2024 09:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=756938

Објавени се номинациите за престижните британски „БАФТА“ телевизиски награди. Главни фаворити се ТВ-сериите „Круна“ (The Crown), „Среќната долина“ (Happy Valley) и „Црно огледало“ (Black Mirror).

„Круна“ влезе во потесниот избор во осум категории, што значи и најголем број номинации за ТВ-серијата што раскажува за британското кралско семејство. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 28 април, а свеченото доделување ќе се одржи на 12 мај.

Следат некои од поважните номинации...

За најдобар глумец номинирани се: Брајан Кокс (за улогата во „Следоред“ / „Succession“), Доминик Вест („Круна“), Кејн Робинсон, „Топ момче“ / „Top Boy"), Папа Есиеду („Проектот Лазарус“), Стив Куган („The Reckoning“) и Тимоти Спал (за „Шестата заповед“).

Номинирани за главна женска улога се: Ањана Васан (за „Црно огледало“), Ен Рид („Шестата заповед“), Бела Ремзи („Последниот од нас“), Хелена Бонам Картер („Ноли“), Сара Ланкашир („Среќната долина“) и Шерон Хорган („Најдобри интереси“ / Best Interests“).

Во трката за најдобра драмска серија се: „Златото“ (The Gold) и „Среќна долина“ - и двете на продукциската куќа „Би-би-си уан“, „Бавни коњи“ (Slow Horses) (на „Епл ТВ плус“), „Топ момче“ (Нетфликс), „Големите момчиња“ (Канал 4), „Сонувајќи во црно“ (Dreaming Whilst Black), „Храбри девојки“ (Such Brave Girls) („Би-би-си три“) и „Извонредно“ (на „Дизни плус“).

За наградата за најдобра серија на светско ниво, на списокот се наоѓаат: „Мечката“ - на „Дизни плус), „Beef (Говедско)“ и „Class Act“ (Нетфликс), „The Last of Us (Последниот од нас)“ (Скај атлантик), „Љубов и смрт“ (Ај-ти-ви-ексд), „Следоред“ и „Емердејл“ (Ај-ти-ви-1).

 

The post Објавени номинациите за „БАФТА“, ТВ-серијата „Круна“ со најголем број номинации appeared first on Република.

]]>

Објавени се номинациите за престижните британски „БАФТА“ телевизиски награди. Главни фаворити се ТВ-сериите „Круна“ (The Crown), „Среќната долина“ (Happy Valley) и „Црно огледало“ (Black Mirror). „Круна“ влезе во потесниот избор во осум категории, што значи и најголем број номинации за ТВ-серијата што раскажува за британското кралско семејство. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 28 април, а свеченото доделување ќе се одржи на 12 мај. Следат некои од поважните номинации... За најдобар глумец номинирани се: Брајан Кокс (за улогата во „Следоред“ / „Succession“), Доминик Вест („Круна“), Кејн Робинсон, „Топ момче“ / „Top Boy"), Папа Есиеду („Проектот Лазарус“), Стив Куган („The Reckoning“) и Тимоти Спал (за „Шестата заповед“). Номинирани за главна женска улога се: Ањана Васан (за „Црно огледало“), Ен Рид („Шестата заповед“), Бела Ремзи („Последниот од нас“), Хелена Бонам Картер („Ноли“), Сара Ланкашир („Среќната долина“) и Шерон Хорган („Најдобри интереси“ / Best Interests“). Во трката за најдобра драмска серија се: „Златото“ (The Gold) и „Среќна долина“ - и двете на продукциската куќа „Би-би-си уан“, „Бавни коњи“ (Slow Horses) (на „Епл ТВ плус“), „Топ момче“ (Нетфликс), „Големите момчиња“ (Канал 4), „Сонувајќи во црно“ (Dreaming Whilst Black), „Храбри девојки“ (Such Brave Girls) („Би-би-си три“) и „Извонредно“ (на „Дизни плус“). За наградата за најдобра серија на светско ниво, на списокот се наоѓаат: „Мечката“ - на „Дизни плус), „Beef (Говедско)“ и „Class Act“ (Нетфликс), „The Last of Us (Последниот од нас)“ (Скај атлантик), „Љубов и смрт“ (Ај-ти-ви-ексд), „Следоред“ и „Емердејл“ (Ај-ти-ви-1).  

The post Објавени номинациите за „БАФТА“, ТВ-серијата „Круна“ со најголем број номинации appeared first on Република.

]]>