тв-дуел Мицкоски - Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tv-duel-mitskoski-kovachevski/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Apr 2024 08:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тв-дуел Мицкоски - Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tv-duel-mitskoski-kovachevski/ 32 32 Костов: Мицкоски беше конкретен, а чудно ми е што планот што вчера го изнесуваше Ковачевски за Македонија не бил спроведен досега од него https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostov-mitskoski-beshe-konkreten-a-chudno-mi-e-shto-planot-shto-vchera-go-iznesuvashe-kovachevski-za-makedonija-ne-bil-sproveden-dosega-od-nego/ Thu, 04 Apr 2024 08:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=762019

Чуден, но интересен беше дуелот меѓу експремиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски во дуелот изнесуваше конкретни податоци, но Ковачевски одбиваше да ги види. Планот што го изнесуваше Ковачевски за Македонија за мене беше чудно што не бил спроведен досега од него како лидер на Владата. Кога ќе го споредам овој дуел со дуелот на Георгиевски-Црвенковски би рекол дека тоа беше стандард на дуел по кој започнаа промените. Сите три претходни дуели на Заев со Мицкоски беа подобри од овој. Ковачевски едноставно не се снаоѓа во ваков вид комуникација. Среќна околност е што подмладокот на партиите умеат на позитивен и конструктивен начин да дебатираат што го гледав подоцна во еден подкаст. Младите покажаа дека може да се дискутира без навреди, а другата страна да не се гледа низ нишан. Исклучивоста и без алтернативноста на Ковачевски не водат никаде. Но, на крајот битни се гласачите и тие ќе го дадат својот конечен збор, вели политичкиот аналитичар Сотир Костов во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Очигледно нè очекува голема борба во претседателската предизборна кампања. Не сум задоволен од атмосферата. До пред три дена се менуваше Изборниот законик но не според препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Освен тоа, ДИК се комплетираше дури минатата недела. Трето, имаме црна кампања иако самите кандидати се уште не влегле во тоа ниво. Говорот на омраза е многу присутен на социјалните мрежи оти таму е најлесно да се плука по луѓето. Сите овие политичари, претседателски кандидати се луѓе од кариера и тоа треба да се почитува без оглед на крајните резултати. За жал, кај нас се загуби категоријата независен претседател, сите се партиски, вели Костов.

Во однос на одѕивот на претседателските избори, Костов вели дека има 1,3 милиони гласачко тело присутно во земјата, па ако излезат на гласање 800-900 илјади гласачи, тоа не е мал квантум на гласови, иако изборниот законик калкулира со запишаните гласачи.

The post Костов: Мицкоски беше конкретен, а чудно ми е што планот што вчера го изнесуваше Ковачевски за Македонија не бил спроведен досега од него appeared first on Република.

]]>

ВО ЖИВО: Прв дуел на Мицкоски и Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-prv-duel-na-mitskoski-i-kovachevski/ Wed, 03 Apr 2024 16:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=761785

Следете го во живо дуелот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, прв пред почетокот на изборните кампањи за престојните претседателски и парламентарни избори:

The post ВО ЖИВО: Прв дуел на Мицкоски и Ковачевски appeared first on Република.

Ковачевски пред дуелот: Може да им ветам на граѓаните дека ќе работам ден и ноќ за Македонија да влезе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pred-duelot-mozhe-da-im-vetam-na-graganite-deka-ke-rabotam-den-i-nok-za-makedonija-da-vleze-vo-eu/ Wed, 03 Apr 2024 16:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=761791

Суштината на европска Македонија е да има подобар стандард, помалку корупција, подобар живот, рече денеска лидерот на СДСМ Димитрар Ковачевски пред дуелот на „Канал 5“ наречен „Дуелот за Македонија“, каде ќе се соочи со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иако дел од македонските граѓани чувствуваат замор од приемот на Македонија во ЕУ, сепак , нема друга алтернатива освен земјава да влезе во ЕУ, рече лидерот на СДСМ. Може да им ветам на граѓаните дека ќе работам ден и ноќ за Македонија да влезе во ЕУ , за да стане Македонија држава по европски стандарди каква што сакаат и очекуваат, рече Ковачевски.

https://youtu.be/c7ubXbw9xDQ?si=3sxGEe_zNnjRQ3Dh

The post Ковачевски пред дуелот: Може да им ветам на граѓаните дека ќе работам ден и ноќ за Македонија да влезе во ЕУ appeared first on Република.

Првиот ТВ дуел помеѓу Ковачевски и Мицкоски е на 3 април на Канал 5 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prviot-tv-duel-pomegu-kovachevski-i-mitskoski-e-na-3-april-na-kanal-5/ Wed, 21 Feb 2024 22:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=746762

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија поканата нивните лидери, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски да се соочат во ТВ дуел на Канал 5 на 3 април во 18.45 часот.

Ова ќе биде прво соочување на двајцата лидери,а во пресрет на изборите. И од владејачката СДСМ и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изразија задоволство за можноста Ковачевски и Мицкоски да ги споредат ставовите во дебата.

Канал 5 ТВ организира прво ТВ соочување на лидерите на главната владејачка и главната опозициска партија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на 3 април, ден пред стартот на кампањата за двојните избори, наречена „ТВ дуел за Македонија“.

Во писмените покани што денеска беа упатени до претседателите на партиите, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, накратко се објаснети принципите и правилата на ТВ дебатата, која според предвиденото ќе трае 2 часа на актуелни теми од изборната програма, домашната и надворешната политика, уставните измени и евроинтергациите, борбата со криминалот и корупцијата, економијата…

Позитивен одговор на поканата е добиен и од двете партии.

Благодариме за Вашата покана упатена до претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, за телевизиско соочување со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ве известуваме дека претседателот Ковачевски со задоволство ја прифаќа поканата, предложениот термин (03.04.2024, 18.45 ч) одговара согласно неговата работната агендата и сметаме дека е соодветно избран во пресрет на изборната кампања. Оттука и граѓаните ќе имаат одлична можност да ги споредат политичките концепти и ставови, одговорија од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски се отворени за дебата секогаш и секаде кога е во прашање јавниот интерес и интересот на граѓаните.

Ја поздравуваме и прифаќаме поканата за дебата, а со оглед на фактот што досега и покрај јавните повици за ТВ Дуел Димитар Ковачевски ги одбегнуваше, сметаме дека најпосле е добро да се охрабри и да се соочи на дебата каде ќе мора да одговори на прашањата кои целата јавност ги поставува, како на пример зошто системот не функционира, каде е животот кој го ветуваа, зошто има хаос и безредие на секое поле…и редица други теми од јавен интерес“, е наведено во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Првиот ТВ дуел помеѓу Ковачевски и Мицкоски е на 3 април на Канал 5 appeared first on Република.

]]>

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија поканата нивните лидери, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски да се соочат во ТВ дуел на Канал 5 на 3 април во 18.45 часот. Ова ќе биде прво соочување на двајцата лидери,а во пресрет на изборите. И од владејачката СДСМ и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изразија задоволство за можноста Ковачевски и Мицкоски да ги споредат ставовите во дебата. Канал 5 ТВ организира прво ТВ соочување на лидерите на главната владејачка и главната опозициска партија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на 3 април, ден пред стартот на кампањата за двојните избори, наречена „ТВ дуел за Македонија“. Во писмените покани што денеска беа упатени до претседателите на партиите, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, накратко се објаснети принципите и правилата на ТВ дебатата, која според предвиденото ќе трае 2 часа на актуелни теми од изборната програма, домашната и надворешната политика, уставните измени и евроинтергациите, борбата со криминалот и корупцијата, економијата… Позитивен одговор на поканата е добиен и од двете партии.